1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родителите не го одобруваат мојот дечко од различна култура (Араб)

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од stefani3, 18 јуни 2017.

  1. stefani3

    stefani3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Драги девојки/момчиња,

    Ве молам ако може некој да ми помогнем да донесам една тешка одлука. Родителите или дечкото?
    Дечкоми доаѓа од арапските земји, ама НЕ Е МУСЛИМАН, туку е исто како мене ортодоксен кристијан. Сепак, моите родители воопшто не се согласуваат што јас сум со него заедно.
    Веќе сме скоро две години заедно, и јас немам приметено дека он е тој „типичен арап„. 100% е вестернизиран.
    Јас во мојата врска немам проблеми на контрола и слично, но сепак моите родители се загрижени за мене. И незнам што веќе да правам.
    Сакам они да го прифатат таков како што е, иако доаѓга од арапска земја, не значи дека он е тој типичен арап. Али они тоа некако не го сфаќаат.
    Врската веќе е доста сериозна, збориме веќе и за венчавка но како што станува се посериозно притисокот дека моите родители не го прифаќаат е ОГРОМЕН.
    Незнам што да правам.
    Дали да го оставам за да не ги направам моите родители тажни, или пак да продолжам со него без оглед на предрасудите на моите родители но и од доста други луѓе?

    Ве молам за помош
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.584
    Допаѓања:
    79.080
    Пол:
    Женски
    Јас не би одела против своите родители. Можам само и тебе да ти го препорачам истото. Најразлични совети ќе добиеш и веројатно нема да ти биде лесно да одлучиш. Партнери доаѓаат и си одат, но родителите се едни. Ако го оставиш него секако ќе најдеш друг, а ако ги оставиш своите родители, таа празнина ништо нема да ја замени.
     
    На poenta, katencezlatence, La.loca и 3 други им се допаѓа ова.
  3. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.219
    Пол:
    Женски
    Оттука никој не може да одлучи наместо тебе.
    Некои ќе речат остави го, некои ќе речат остани со него, но сето тоа е џабе.
    Јас лично не гледам како нацијата е проблем, особено штом сте и иста вера. Јас лично немам ништо против врски меѓу личности од различни нации и/или раси, а знам дека и моите не би имале против. Но, ова е само мое лично мислење, кое на никој начин не може да ти помогне и да реши место тебе.
    Совет кој можам да ти дадам е воопшто да не ти е гајле што мислат сите останати, а за твоите родители, зошто не седнете еден ден ти, дечко ти, и твоите, и очи в очи да разговарате и да ги изнесете сите работи на маса? Можеби така ќе дојдете до некое нормално решение.
    На крајот на денот, само ти знаеш колку вашата врска е добра и колку таа може да вроди со убава иднина, па и брак и се останато, и само ти си таа која е во таа врска, не се твоите родители. Затоа, што и да одлучиш нека биде тоа нешто кое за тебе ќе е најдобар избор, а не за ничие друго мислење.
     
    На Luminary, Freyja, Oscar Lady и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Алонзо Лероун би рекол, речникот! (facepalm) Цел парадоксен кристијан си. Може ако гo земеш речникот, Мојсеј ќе го раздели "не" од "знам", во тоа незнам.
    На тема за проблемот, се запознале ли твоите со него воопшто?
    :d::drunk:
     
    На Cinderfakinrella, Lella, CameliaMiller и 16 други им се допаѓа ова.
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.108
    Пол:
    Женски
    Родителите треба да се поддршка, во никој случај не смеат да се пречка кога станува збор за животна одлука на своите деца па макар и била погрешна
     
    На CameliaMiller, Oscar Lady, La.loca и 13 други им се допаѓа ова.
  6. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.219
    Пол:
    Женски
    Англицизми, Самерке, интернационализми.
    Во вакви мешани врски мора да се отворат видици... и речници 8)
     
    На Cinderfakinrella, Lella, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
    Во врска со темата јас не би одела против моите родители, сепак тие се родители и водат грижа за нас. Многу е тешко да опстанеш во таква врска и да си уценет, јас сметам дека подобро би било да најдете некој баланс, нека направи некој гест дечкоти за твоите родители мала финта за придобивање.
    Сметам дека треба да си најдеш разбирање и од негова страна. Малку не ми е веродостојна приказната поради многуте грешки, но и да е вистина треба да им ги најдеш нивните пречки и нивните стравови и да ги споделиш со дечкото па заедно да се обидете да им докажете. Меѓутоа кога имам ваков избор дефинитивно родителите.
    На крај краева не е ни прв ни последен.
     
    Последна измена од модератор: 18 јуни 2017
    На poenta, Victorian, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  8. stefani3

    stefani3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    На тема речник, т.е. граматика: не знам. После долги години живеење во странство, за жал македонскиот јазик ми е зарѓан.
    Да, го имаат само еднаш запознато/видено.
     
    На Oscar Lady, Victorian, ♣ Alba Viduam ♣ и 2 други им се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ако е се вака како што кажуваш, ако не криеш ништо и твоите не го сакаат само врз национална основа, тогаш не гледам причина зошто да ги послушаш и да го оставиш. Ама, препоставувам дека си под 25 години, па не избрзувај со планови за венчавки.
     
    На CameliaMiller, LadyInTheDark, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.928
    Јас пак се согласувам со @Summerlover (ех да сум го имала тој памет кога требало)
    Ако врска не иде, раскини. Ако со некого имаш проблеми уште додека сте во врска, кај е бракот понатаму. Нели тој период треба да е веселиот, убавиот, безгрижниот? Која е поентата да се спасува нешто што не е убаво?
     
  11. stefani3

    stefani3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Со моите зборувам искрено, и знаат дека е добар човек итн. единствениот проблем им е неговата националност..
     
  12. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Лично јас никогаш не би им завртила грб на родителите заради дечко.
    Тие ме родиле, ме школувале, ме хранеле, ми купувале се што е во нивна моќ, ми ги задоволувале сите детски желби и сега јас да ги разочарам...Не бива.
    Премногу сум им благодарна што се жртвувале за мене, што вложиле во мене и сакам да ги направам горди, а не тажни.

    Ако се против мојата врска, значи нешто не чини...Нешто не е во ред.
    Тие се родители...Тие се позрелии и поискусни....Тие се единствени луѓе што ти мислат добро.
    Размислуваат со ладна глава, па знаат кога нешто не е добро за детето.
    Отворено ти кажуваат.

    Па колку и да го сакам, би размислила и би се повлекла од "љубовта".
     
    На Cinderfakinrella, poenta, Sar-Ste и 7 други им се допаѓа ова.
  13. ian somerhalder

    ian somerhalder Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2016
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Злато мило..види ако го сакаш и тој те сака незнам зошто твоите се пречка,неможам да сфатам ако те гледаат среќна со него зошто не ве прифаќаат? Кога би имала дете прво би гледала за неговата среќа па потоа за мене...единствено проблем е нашево општество каде сите чудно ќе те гледаат зошто баш него нели,ама ако си среќна ти ако мислиш дека ќе те прави горда што си го избрала него ја имаш мојата поддршка ќе биде тешко не велам не ама мора да се потрудите заедно...многу среќичка ви посакувам и на двајцата и дај боже натаму и дечиња да си дочекате :inlove::*
     
    На faye, Belabelinakinder, Linn1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @stefani3 Штом се запознале и го знаат, немало никакви проблеми при средбата, и плус тоа што викаш дека знаат дека тој е добра личност, повеќе гледај да разговараш со нив, зошто толку би им пречело националноста? Едноставно, не треба да бираш помеѓу родителите и дечкото, туку да гледаш да разговарате и сите заедно да ги надминете пречките. Нема потреба од бирање и карање, зошто утре сите заедно пак да не пиете кафе? Поразговарај со нив и едноставно покажи им дека неговата националност не би претставувала никаков проблем :)
    :d::drunk:
     
    На Linn1, Victorian, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  15. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    9.134
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да продолжиш со него,дај им шанса на твоите да го запознаат(нели само еднаш го имаат видено).Не знам како изминатите 2 години ти ја прифатиле врската.
    Ако ти си среќна со него,и твоите би требало да бидат. Сепак, твој живот. Не велам дека треба да им свртиш грб, сепак се родители, ама баш како родители, среќата на децата треба да им биде на прво место,нели?
    Среќно!:f:
     
    На Victorian и daylight им се допаѓа ова.
  16. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Аммм... секој ден слушам еден куп девојки како се се жалат за тоа дека дечковците не им ги одобруваат од дома. И чекај вака, вие паметни, школувани девојки би си останеле сами затоа што можеби на мама и тато нема да им се допаѓа националноста/верата/работата/тоа дали и колку е школуван или било што на дечкото што го сакате, со кого си ја гледате иднината и освен тоа немате никаков друг проблем?!
    ....
    Еве немам коментар.

    Седни ги твоите на муабет. Убаво поразговарајте. Не знам зошто на некој тоа би му сметало, ама какви се не случаеви сум чула... Никогаш во ниедна врска не ми се мешала мајка ми, сум имала неколку пропаднати врски, заради било што, но секогаш сама сум учела од своите грешки, ниеднаш не ми застанала на пат да ми рече - не може и еве среќа, па никој и ничие мислење не слушнав последниот пат и си ја најдов вистинаската љубовта до мене.

    Не гледам зошто некој не може да ја види и да ја цени среќата на своето дете. На мајка ми мотото секогаш и беше ако јас сум среќна и она е за мене. Ама ај...

    Биди си искрена, биди си своја, се надевам дека се ќе се среди. :hug:
     
    На Iva.T, stranger2, Priroden и 23 други им се допаѓа ова.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.200
    Допаѓања:
    4.245
    Како што не се исти сите врски така не се исти ниту сите родители. Некои своите деца ги одгледуваат правилно, други неправилно дури и ги злоставуваат. Ме изненадува на темава колкумина го генерализираат поимот „родители„ и мислат дека туѓите родители се исти со нивните родители.

    Родителите биле едни, а врските си доаѓале и оделе демек... а родителите кога ќе си отидат (еден ден сите луѓе починуваат) што ќе се прави?

    Што се однесува до твојата дилема, неколку прашања:

    - отприлика колкава возраст сте двајцата?
    - ти постојано живееш во странство или си со твоите родители тука?
    - работите и двајцата? заработувате доволно за самостоен живот?
    - што велат неговите родители за тебе? дали и како тие тебе те прифаќаат?
    - зошто ја поставуваш дилемата со зборовите „родителите или дечко ми?„ Што подразбираш поконкретно под тоа - дека ќе заминеш од дома? Или што?

    Родителите се родители, дечкото си е дечко. Не може дечко ти да ти биде родител, ниту пак родителите можат да ти бидат дечко. Тие имаат право на свое мислење, но ти исто така имаш право на свое мислење - особено кога се работи за твојот личен живот - но имај во предвид дека за последново, секој сам си ги сноси последиците - било да се тие последици добри, помалце добри или лоши - од сопствените ставови и одлуки, а не некој друг!

    Што точно треба да правиш ти со твојот живот, тоа никој не може да ти каже, бидејќи секој тргнува од своите претпоставки, искуства но и заблуди.

    Во секој случај, кога се во прашање животни одлуки од типот на брак, имање деца и сл. никогаш не треба да се избрзува ниту пак да се прават работите реда ради.
     
    На Puppy lover, Chica.Loca, the.vampire.girl и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.102
    Допаѓања:
    11.618
    Пол:
    Женски
    Гледам некои овде одговориле дека нема да одат против своите родители, ако тие не го одобруваат, ќе го остават. Во ред, секој со свој став, но што е со твојата среќа? Твоите права на избор, твојот живот? Никој, никогаш не може да донесува одлуки за тебе, па макар тоа биле и тоите родители. Јас ќе те советувам да го слушаш твоето срце, ако си среќна, сакаш иднина со него, и си сигурна во тоа, само напред. Разговарај со родителите, објасни им, не мора да одбираш помеѓу дечко и родители, не дека не мора туку не смееш. Можеби ќе биде тешко, ќе има безброј кавги и расправии, лоши зборови, но ако е тоа онаа што го сакаш бори се. Сигурна сум дека на крај и родителите ќе те разберат.
     
    На Belabelinakinder, Yowannty, Linn1 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ако е некој родител не значи дека треба да му кажува на детето како да живее. Велите некои дека не би оделе против своите родители...
    Заборавате дека има родители расисти, националисти кои не би го прифатиле дечкото само зошто е друга вера или националност. Да не заборавиме дека сретнавме и такви кои би се откажале од детето поради ова или ако детето им е геј.
    Така да, ако на некој родител навистина му е битна среќата на детето, ќе ги прифати неговите желби и планови без ограничувања.

    Инаку ако сѐ ви оди супер во врската и те сака и почитува, не гледам причина да го оставиш само заради ограничените размислувања на твоите. Пробај да разговараш со нив и убеди ги подобро да го запознаат.
     
    На faye, Linn1, Victorian и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.379
    Допаѓања:
    17.576
    Пол:
    Женски
    Ти си целата збунета. Изгледа сакаш да не прашаш дали го сакаш доволно за да се омажиш за него? Ти се сомневаш во вашата љубов а не во родителите. Иако си живеела толку години надвор од Мк ти сеуште не си стабилна и не стоиш на свои нозе. Како се запознавте со арапот и каде живеете? Си била ли ти кај него дома? Се запозна ли со неговите? Што работи тој? Дали си потполно сигурна во неговата љубов кон тебе?
    Дали го сакаш него или го сакаш тоа што е тој (пример работа, општествен статус, пари)
    Твоите воопшто не го прифаќале, сигурно има нешто тука штом не го прифаќаат. Треба и нив да ги послушаш, треба да имаш блискост со родителите и сериозно да разговарате на оваа тема, да ги изнесат сите факти зошто се против врската.

    Јас мислам дека ти имаш сомнежи, ти не си сигурна во врската, ти се двоумиш дали да продолжиш со него а бараш изговор во неприфаќањето од родителите.

    Една што ја познавам се омажи за арап, шеик, кој веројатно бил моќен и богат. Нејзините ја поддржаа, свадби ова она. А девојчето си беше спонзоруша, мајка и многу слично на неа. На сите им одговараше да се омажи за шеикот, полн пари, богата иднина. Ете ја завршила некој факултет таму, тој ја вработил, има се што ќе посака па има и љубов, љубов на продажба ама на никој не му смета.
    Мене би ми сметало. Но јас сум јас, она е она а која си ти во случајов?

    Целата приказна ти е вештачки нафрлана, нема никаква поврзаност, ниту континуитет, ниту објаснување што, како.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.