Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родителите не го одобруваат мојот дечко од различна култура (Араб)

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од stefani3, 18 јуни 2017.

  1. stefani3

    stefani3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Секако дека „приказната„ нема континуитет затоа што неможам сите мои интимни податоци да ги набројам, односно не сакам. А и да би сакала да кажам која сум, каква сум итн. тоа би било како цел есеј, и тоа не е поентата на овој форум колку што знам. Јас сум сигурна во врската, и баш заради тоа и ова го напишав затоа што психичкиот притисок што го добивам од родителите е неподнослив веќе.
    Хаха не не сакам да ве прашам дали да се омажам со него, ако сакав тоа да ве прашам ќе ве прашав директно. тоа што го напишав е така како што се чувствувам.
    Од каде ти дојде идеата дека не сум стабилна и на стојам на свои нозе? затоа што се грижам за тоа што моите родители мислат за мојот потенциален животен партнер? па извини ама тоа е многу нормално. за мојот живот, и тоа каква сум не барав јас одговор, јас барам само помош за оваа дилема.
    За тоа дали го сакам за неговиот статус или за него, одговорот е него, не е некој шеик па да си помислите дека сум и јас некоја шпонзоруша што е заедно со некој заради пари. Живеам во високо развиена земја, и сега за сега немам проблем со финансии.

    Јас би сакала само да го слушнам вашето мислење, дали е правилно да не се послушаат родителите. се чувствувам многу истоштено и виновно што и создавам додатен стрес и вознемирувања на мајка ми, и некако неможам да разберам како може едно чисто нешто (љубов, врска) да направи да се чувствувам толку виновно наспрема моите родители.

    Фала ти за мислењето.
    Точно е, а моите родители за жал се расисти, затоа што на пример исто не сакаат црнци и се плашат малце од нив.. многу ме чуди тоа, добри луѓе се но незнам како да им го променам ова мислење дека само затоа што е арап не значи дека сега ќе ме тера да носам шамија, ќе ми го украде детето, ќе ме злоставува.
    Кога се запознаа со дечко ми сакав да им покажам колку мирен и нежен е, баш спротивно од нивното мислење за арапите, но не помогна тоа.. ми рекоа: колку и да е добар човек, арап е, и тоа нас не плаши.
    ајде да беше муслиман, па да разберам затоа што тогаш би требало да ја менувам религијата ако сакам да се омажам со него, но не е муслиман. не е ни религиозен...:/

    Фала ти многу за одговорот.
    Тоа и го правам овие две години, го следам моето срце и не дозволувам само заради нечив став мојата врска да пропадне. Ама некако се надевав дека со текот на времето моите родители ќе го прифатат. ама тоа уште не се случува. Па си мислам, како ќе биде во иднина ако се земеме. зарем нема да доаѓаат да ме посетат само затоа што он е таму, зарем нема да ги прифатат нивните внуци затоа што се 50% арапи? тоа ми плаши многу..
     
    Последна измена од модератор: 19 јуни 2017
    На Linn1, Someonespecial, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.484
    Допаѓања:
    165.871
    Пол:
    Женски
    Себично би било од страна на родителите ако стојат на патот на твојата среќа.
    Мој предлог е, доколку навистина момчето е добро, тогаш нека го видат твоите повеќе пати. Нека биди свој и нека видат на што се. Дали твоите родители ќе го прифатат безразлика на неговата култура. Обично се вели дека не се сакаат мешани бракови поради религијата, но како што напомена, од тој аспект проблемот е решен.
    Едно гледање во две години за некој кој не го прифаќаат е малку, доколку ти гарантираш за него дека е навистина добар. Затоа, најискрено ти препорачувам да се обидиш да ги запознаеш подобро, лично, а не преку муабети.
     
    На cresa-jagoda, Sar-Ste, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  3. stefani3

    stefani3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Фала ти за одговорот.
    - Јас имам 24-години, од оваа година сум дипломиран доктор, и сега сум во тек на барање работа. Дечко ми е 25-годишен вработен инжењер. он доволно заработува за него, јас до сега бев подржувана од моите и државата, затоа што студирав.
    - живеам постојано во странство, ама доаѓам од време на време да ги посетам.
    -Неговите родители ме прифаќаат, и им се допаѓам, немаат никаков проблем со мене, ама и не му се мешаат многу во животот.
    -Што подразбирам под тоа родители или дечко е дали заради моите родители да раскинам со него или пак да си го послушам срцето и да останам со него ризикувајќи ја врската и блискоста со моите родители?
     
    На daylight и Mari* им се допаѓа ова.
  4. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.793
    Пол:
    Женски
    Кога родителите повеќе нема да ти бидат на овој свет, ќе се каеш што си сама или во врска со некој што не го сакаш колку овој..
    А тогаш ќе ти треба најголема поткрепа..
    Сепак, ако им дозволиш на твоите да видат дека сте среќни заедно, сигурна сум дека ќе ве поддржат.
    Мислам дека треба да ги поканиш кај вас на некое време, да се запознаат подобро :)
     
    На faye, manako1, Belabelinakinder и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Значи одиш со човек кој те сака и поштува, али оти е од друга држава, твоите те тераат да бираш меѓу нив и него, и плус ти го перат мозокот дека ти нив ќе ги оставиш?

    Баш напротив, они тебе те оставиле уште на почетокот.
    Баш оди и кажи им го истово, и прашај ги какви родители се кога среќата на комшиите им е побитна од среќата на детето...
    Не идеш да живееш у заедница на ИСИС па да се филмаат до толку.

    А за овие што по никоја цена не одат и не би оделе против родителите, прашај ги дали виделе бел ден во животот.
     
    На Oneo, Ingvild, stranger2 и 32 други им се допаѓа ова.
  6. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Прочитав различни мислења и со некој се согласувам,но со некој не.

    Се работи за твојата среќа,за твојата љубов,за твојот живот,факт е дека твојте родители ти мислат добро,и се плашат како би ти било во брак со него,и како би живееле таму нели нормално е,но еден совет ке ти дадам.

    Она што срцето ти го зборува тоа и прави го,остај ти коментарите абе тато и мама не ги оставам,од тоа тато и мама не ги оставам,живеат по 20 души во една куќа,во еден стан,се разведуваат послем 2-5 год брак,затоа што се 20 души во една соба,па неможеле да живеат комотно,па све им смета,нервози,напетост,свекрвата вака,сверквата така,ама битно тато и мама биле среќни што они им го избрале МАЖО.И на крај кој пати најмногу?децата го јадат за сите стапот,тој филм тргни го од глава.

    Животот е сега и животот се живее еднаш,реприза за него за жал нема.Сега што ке одлучиш тоа и ке ти остане цел живот.

    Родители ко родители секогаш ке се грижат за тебе,сакале,нејќеле еден ден ке го прифатат верувај,само за да те гледаат тебе,а ако те остават со него и те избришат како нивно дете,тие не ни ти биле родители тоа да ти биде јасно.
     
    На P.S.love, Sar-Ste, realGirl и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    11.626
    Пол:
    Женски
    @stefani3 види, зошто не разговараш отворено со нив. Седни ги, кажи им како се чувствуваш. Кажи им дека нив ги сакаш и почитуваш, но исто и дечко ти, и не сакаш да бираш помеѓу нив. Кажи им го тоа што го напиша и овде, дека се плашиш тие да не те отфрлат на некој начин ако стапиш во брак со него. Но секако пред да правиш планови за брак и деца, мислам дека треба да се разбереш со твоите родители. Ако видиш дека не можеш ништо да промениш, терај натаму, живеј како ти одговара. Тие те пораснале, изгледале, ти овозможиле се, да, но сепак сега е твој ред да изградиш СВОЕ семејство. Мислам дека на крај сепак ќе прифатат, зошто нели среќата на детето е најбитна, но како што има секакви родители, којзнае..
     
    На Sar-Ste му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    Опалаа :party: еве ми тема да се изјаснам,ова ти е од прва рака :!:

    Јас сум мажена за човек со слична националност како твојот дечко :inlove:
    Пред се:
    Тој е добар човек
    Тој е добар сопруг со кој имаме разбирање,несебична и неизмерна љубов
    Прекрасен татко :inlove:
    Ме почитува и мене и сите околу мене
    Го почитувам и јас луѓето околу него
    Преминавме преку милион препреки и предрасуди :emo:
    Сите,буквално цел свет беше против нас :(
    Се боревме до крај
    И еве не денес,имаме супер односи и со неговите и моите родители
    Се радуваат за секој наш успех :party:
     
    На Ingvild, Annath, anonymous16 и 24 други им се допаѓа ова.
  9. stefani3

    stefani3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Леле многу ме радува ова!
    Како успеавте да дојдете до супер односи меѓу вашите родители? Баш би ми помогнало ако имаш некој тип да ми дадеш :)
     
  10. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    Упорноста,и се боревме заедно
    Не ме остави ни секунда сама во тие моменти,она да морам сама да се трудам да им објаснувам и докажувам работи кои тој треба да ги направи
    Со татко ми беше најтешко а сега го сака премногу :inlove:
     
    На elimkd, realGirl, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.593
    Допаѓања:
    39.619
    Пол:
    Женски
    Многу добро кажано и во се' се согласувам. Погледнете ја само темата Свекрвите и снаите и се' ќе ви биде јасно. Колку само жени пишуваат дека на мажите побитни им се мајките и нивното мислење, отколку сопругата и детето. Колку само мислења дека некои мажи се мамини синчиња, не заслужуваат да се женат, па и развод се спомнува. А ваму пишуваат мислења дека родителите се едни и не би им свртиле грб за некој кој го сакаат. Контрадикторности .
    @stefani3 послушај си го срцето. Не дозволувај родителите да те уценуваат. Ако тој е човекот што го сакаш и те сака, човекот со кого се гледаш во иднина, со кого планираш семејство и деца бори се за него. Па макар и против твоите родители. Твојата среќа нека ти биде поважна од желбата на родителите.
     
    На Belabelinakinder, P.S.love, Sar-Ste и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    13.307
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против ако и моето дете се најде во слична ситуација, не ми е важна националноста па и верата до негде.. Се додека имаат почит, разбирање, отворени карти и љубов не постои ниедна пречка да не бидат заедно. Мој совет ти е да договараш средби се почесто, да го запознаат твоите многу поубаво да не биде тоа само од твоите кажувања. Не си ставај товар на главата, родители се да ама што после нив? Ќе бидеш сама? Колку случаеви имам во фамилија па и во комшии ехее... па се каат до ден денес. Затоа гледај си ја твојата среќа и слушај си го срцето.
     
    На Sar-Ste, Dust и Mari* им се допаѓа ова.
  13. Lavander

    Lavander Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    91
    Навечер ти цел живот ќе си легнуваш до него и ќе заспиваш мирно до него, не твоите. Затоа гледај си сопствената среќа и мир. Кога ќе дојдат внучињата се е поинаку.
     
    На Sar-Ste, mira.mira и Mari* им се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Кога млад човек, наводно неискусен вели дека не прифаќа луѓе од различна вера, националност, религија, култура тогаш е навредуван. Ама ако родител каже дека не прифаќа зет или снаа од друга религија или култура тогаш е оправдано и му мисли добро на своето дете....
    До кога ќе се оди со тоа дека секој родител разумно размислува и дека детето не смее да му врти грб?
    Ако засакам човек што е различен по нешто од наведениве, ама ме сака и почитува, не гледам како ги разочарувам моите. Тоа што тие би биле разочарани од мене, всушност не е до мене, туку до нивните ставови и размислувања.
    Да, ме хранеле и образувале, ама за да му пружат среќа на детето не се доволни финансиите само. Ако не ми дозволуваат да сум среќна зошто се грижат што ќе кажат комшиите, џабе ми е искрено и лебот што ми го давале.
     
    На Puppy lover, faye, Chica.Loca и 17 други им се допаѓа ова.
  15. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    7.323
    So toa sto sama zivees i ucis vo stranstvo znaci roditelite ti ovozmozile se za ti da bides srekna.Veruvam deka i srekata tvoja e i nivna sreka. Predrasudi za vera i nacionalnost se izvetvena rabota. Mislam deka toa sto e arap ne e edinstvena pricina za neodobruvanje.Razgovaraj so niv za nivnite stravovi i potrudise da im pomognes za da gi sovladaat. Tvojot izbor na soprug e samo tvoj izbor, no i odgovornosta i posledicite se samo tvoi.
     
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.105
    Допаѓања:
    163.624
    Пол:
    Женски
    Стефани, поентата е дека воопшто не треба да бираш меѓу него и родителите. Треба да им покажеш на твоите родители дека не правиш ништо лошо и погрешно, не ти е намерата да ги направиш тажни и не им вртиш грб со изборот на дечкото, па и како иден сопруг.
    А предрасудите од останатите луѓе воопшто ни на момент немој да ги земаш во предвид како некаков фактор, небитни се :)

    @Mari*, ако не се лажам твое беше маченцето (како што го вика Сунчица наша :lol:) во мода за клинци? :sun::hug:
    Ете доказ за сите што се потресуваат за мешање на нации и раси, каков преубав и прекјут резултат дава таква генетика :D Браво, многу ми е мило за вас :)
     
    На Ingvild, cresa-jagoda, Sar-Ste и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    Мое е мачето :inlove: ти благодарам :hug:
    Многу ми е мило кога гледам дека постојат луѓе на кои не им е битна нација,вера и раса :f:
    Тоа е најмалку битно кога се работи за нечија среќа :sun:

    Никогаш,во ниеден момент не се имам покаено што го имам одбрано него :inlove:
    @stefani3 покажете им колку сте среќни заедно,колку си значите еден со друг
    Доколку на родителите целта им е да си среќна ке прифатат :*
     
    На Ingvild, mode-kristina, P.S.love и 6 други им се допаѓа ова.
  18. wowwy12

    wowwy12 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2017
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    и јас имав дома иста таква ситуација јас имав дечко муслиман и мојте не одобруваа
     
    На Sar-Ste му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sar-Ste

    Sar-Ste Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    2.537
    Пол:
    Женски
    Ти не го одбираш дечко ти за родителите туку за себе. Ако тоа е вистинска љубов се ќе победи и предрасуди и пречки и стереотипи. А тие ти се родители колку и да не им се допаѓа твојот избор ќе попуштат има време.
     
    На LadyInTheDark и Mari* им се допаѓа ова.
  20. wowwy12

    wowwy12 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2017
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Da ama tie ne go razbiraa toa i ne dozvoluvaa ama pak si bevme zaedno nie :D
     
    На Sar-Ste му/ѝ се допаѓа ова.