Родителите се против мојата врска

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Bianca, 17 декември 2009.

  1. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    166
    А добро девојче дали знаеш дека најважна си ти?
    Ако го сакаш да си останеш со него.
    Ако правиш онака како што ќе ти речат другите,да знаеш нема далеку да стасаш.
    Нема мајка ти да се мажи со него,туку ти!
    Затоа размисли добро дали го сакаш,дали ти е убаво со него итн...
    Само ти си знаеш и никој друг не смее да те команда.
     
  2. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    106

    ти благодарам срцулка ! :inlove:

    јас сакам, значи сакам и покрај се да останам со него, не сакам да замислим да бидам со друг бидејќи знам дека љубовта е чуство кое трае околу 2 години, после 2 години доаѓа една друга љубов, кога се приврзуваш кон личноста и не можеш без него/неа. знам дека се си има граница, нормално дека има работи што човек во брак не може да ги толерира а камоли во врска. но, ете јас сепак (!) сакам да продолжам со него, а ако го фатам на лице место дека ме изневерува и прави грди работи секако дека ќе му раскинам, не сум толку глупава да останам со него и покрај тоа. едно е да се сомневаш, друго е да видиш или откриеш, сеедно.позз. :*
     
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.294
    Допаѓања:
    17.910
    Пол:
    Женски




    Преглед: Мајка ми е против мојата врска

    Имав слична ситуација само што единствениот проблем на моите им беше шо не живее во ист град и шо неговите се финансиски послаби од моите. А иначе човеков е злато, што е најважно се сакаме и е премногу добар со мене, не дозволил никогаш јас да се замислам кај е, со кого е, не знам шо...и не дозволил да бидам тажна поради него.

    И неговите се супер, мошне добро ме прифатија и се тоа. Кога врската стана посериозна и нормално почесто се гледавме, ми се постави ултиматум или ќе престанам да се гледам со него или ќе ме избркаат од дома, за мене нема ни со прст да мрднат во животот не знам шо. Кај мене не само мајка ми, туку цела фамилија ми се нафрли. И детево коа разбра дека е таква работата ми рече кажи им дека доаѓаш со мене и им кажав и си заминав. Нема да навлегувам во детали шо се ми се случуваше, бев сама со него против сите.

    Што да направиш? Јас си заминав таму каде што сум посреќна и веќе трета година како сум со него. Моите добро знаат каде сум, но немаат образ да се појават на врата ,туку преку други луѓе сеуште прават планови да не разделат. Ние сме веќе во брак и не можам да бидам посреќна поради тоа.

    И покрај сите закани, дури и тепање од татко ми ПРЕД МАЖ МИ што го доживеав, доволно е какво е чувството сега да се будиш секое утро да ми стане јасно дека би ризикувала уште 1000 пати истото да го преживеам да останеме заедно.

    Значи, мој совет е да се избереш себеси, возрасна си веќе и ако твојот сакан навистина те сака и е доволно храбар, ќе се изборите за тоа што го сакате. Гледам поминало подолг период откако си пишала и баш ме интересира што се случи со тебе.

    Се најдобро, со тебе сме ;)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.822
    Нема што да се филозофира тука многу
    твој живот твоја ствар
    ако се зезнеш сама ќе си бидеш крива нема да ти биде крив некој друг
    сигурно ти на мајка ти не и си се мешала во врските па неможе и она тебе
    треба сами да си ги сносуваме животните одлуки
    кој век сме ? омг да не треба пак да се вратиме како порано таткото да и бара зет на ќерката
    нема врска таа дали е заљубена во некој друг и што мисли таа :doh:
    Родителите неможат да одлучуваат за нас -тие можат само да не советуваат ако побараме совет...
     
  5. viki85

    viki85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    21
    Јас мислам дека не е проблем мајка ти, него фактот што он е у затвор, а и целава приказна е драматична и малце неверојатна за 21 век, а и не живееме у Кувајт па мајка ти да ти договара брак. Зарем уште постојат вакви работи бре у денешно време? Кој век сме? Толку ли нееманципирани луѓе има? Едни се борат за правата на жената, други бракови договараат, па после се буниме нас жените не не почитувале :@
     
  6. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    121
    Пол:
    Женски
    Драга ти си во многу тешка ситуација.Ни под разно не го оправдувам присилувањето од дома.Мајка како мајка го бара најдоброто решение за своето чедо,но не гледа дека со тоа те повредува.Запрашај се ти дали би имала иднина со тој дечко што е во затвор?Оти не е се во љубовта,треба понатаму да имаш и живот со него и дали вреди он да се караш со мајка ти?
     
  7. macuska89

    macuska89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Znaci mnogu e bitno da znaeme sto sakame i drugarka mi imase problem od nejzina strana,ne go sakaa segasnot zet,no tie go pominaa toa i sega se zaedno,a domasnite se pomirija se razbira,samo mi e glupavo sto vo 21 vek se mesaat ,a na krajot koga dvajcata sto se sakaat ke se zemat,kako ke mozat da go poglednat vo oci???????????????e toa ne mi e jasno,a koj i da e nema da mozi da go zaboravi seto toa,no najbitno e toj covek so koj sakame da go pomineme zivotot,da bide navistina covek,da znaeme deka kolku i da e tesko deka imame nekoj koj e pokraj nas.Vo denesno vreme e mnoooogu tesok da se najde dobra decko ili soprug,megutoa ako toj e eden od takvite spored vas,slusajte go srceto a ne majkata :)))))srekno
    [mod-kirilica:f0r8eupf][/mod-kirilica:f0r8eupf]
     
  8. miamateva

    miamateva Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    21
    Ај неколку совети ве молам :(

    Јас имам 16 години и имам дечко шо има 18 (сеа ќе праи 19). У комшии живее,се знам со него од мала ама заедно сме 8 месеца. ПРЕМНОГУ го сакам а сигурна сум дека и он мене ме сака. Ама до пред Ноември јас имав многу проблеми во врската со него. Имаше и кренато рака на мене,изневерувања и од моја и од негова страна. Ама ние сето тоа си го простивме и решивме да почнеме од почеток и СУПЕР ни оди. Проблемот е што мајка ми не сака да бидам со него. Цело време ме навредува,не разговараме,го нарекува наркоман и слични работи. Пред една недела ми се закани дека ако не му се скарам ќе ме кажела на татко ми. А тато не ми дозволува да имам дечко до 3та година факултет |( Сеа може малце се зафркава ама стварно не дозволува сега. А и да дозволува кога мама ќе му каже колку години има дечко ми,дека пуши, дека се дрогира (а не се дрогира,она таков го прави :@ ) дека ме тепал (а не ме тепаше,само се замававме малце оти го изнервирав :!: ) тато не само шо ќе ми рече да прекинам туку можно е и да му отиде на врата. За сите вие работи дечко ми знае и секогаш ми вели дека треба да ги слушам родителите. Ама он така вика пошто он многу ги сака своите,ги почитува...Премногу е добар :| Не сакам мама му каже на тато за дечко ми :( Како да ја убедам дека не е таков каков што мисли дека е? 8 месеца се обидувам и не бива никако ! :@ И ме нервирааааааааа со зборовите шо ги вика за мене и за него ! Неможе она да кажуе каква е личноста ако одвај во живо ја има видено :@ Помагајте :( :sweat:
     
  9. kristaa

    kristaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    12
    Седни разговарај со мајка ти раскажи и дека се тоа поминало и сега вие почнувате нов почеток без тие претходни ствари... ако така не се убеди речи и дека сакаш да ги запознаеш да го види од блиску па да свати каков е дали е за тебе или не е :)
     
  10. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    628
    Пол:
    Женски
    Леле златна не знам од кај да почнам. Прво не ми се допаѓа дека кренал рака на тебе, па макар било и на шала.Второ сигурна ли си дека не се дрогира и од кај и такво мислење на мајка ти? Да не има слушнато таа муабети? Сепак сте комшии. Скоро сите на таа возраст го имаме истиот проблем со родителите, ама тоа е дека ни мислат добро, не дека сакаат да ни наштетат. Мене во средно ми бранеа за еден, што одевме две години, ама по сите перипетии, сега не можеш ни да замислиш колку сум им благодарна што биле во право за него, иако не раскинавме по нивна вина. На мајка ти пробај да и објасниш дека тоа е само детска љубов, онака другарски и дека нема цел живот да си со него. Можеби ќе попушти така со притисокот. Гледај работата да ја свртиш на шала. Среќно!
     
  11. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.822
    Кренал рака на тебе?
    Те изневерил?
    Сама размисли си дали сакаш и дали е во ред да останеш со него... :^)
    Можеби те нервира фактот дека мајка ти е против него па потсвесно за инает несакаш да ја прекинеш врската.
    Понекогаш и родителите се во право :)
    Сепак ти сама да си одлучиш
    ама според мене машко што кренал рака на женско еднаш - ќе се повтори пак тоа
    и тоа крева рака кога е во врска со некоја? ами кога ќе бидат во брак? тогаш претепување до смрт?
    ти си знаеш сепак како ти е ситуацијата
    и не се оддалечувај со мајка ти поради него
    таа сепак мајка ти е и го сака најдоброто за тебе
    и ти кога ќе бидеш мајка ќе ја советуваш ќерка ти да не оди со некои за кои има лош глас
    Сепак одлучи си сама и информирај не што се случило
    Некој можеби ќе се најде во слична ситуација па ќе му послужи тоа како пример
    поздрав ;)
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. miamateva

    miamateva Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    21
    значи скоро 24/7 сум со него и сум сигурна дека не се дрогира и + мрази такви работи. Нема така разбрано она ама едноставно он можеби така оти изгледа и она си помислила така. А за муабет со неа...не се праи. Не ме разбира едноставно. Понекоаш размислуам и да ја кријам врската од неа :(



    Имам размислувано околу 500 пати за тоа шо ме удри. Го преболев. А и не беше некој којзнае што удар. Ме изневери да...се нервирам ама шо да правам,простив. Ама и ја го изневерив. Јас дури повеќе го повредив него од колку он мене. Несакам да почнувам бидејќи е многу ама веруј дека јас сум единствената виновна. И мама го знае тоа ама пак не сака да бидам со него. Можеби заради тоа што родителите му беа разведени и татко му има ќерка од друга жена. Ама пак се заедно неговите. Он си живее со полусестрата...Може мисли дека и тој е таков. Може мисли дека нашата врска ќе биде како што беше со една од неговите бифши. Со неа одеше 2 години. И он изгледа ја тепал пошто се дрогирала. А она денес е најголемиот наркоман во градот. Затоа и прекинал со неа...
     
  13. macuska89

    macuska89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Многу е лошо ако уште сега крева рака на тебе,не е во ред тоа. А не сакам да се чувствуваш навредена ама знаеш какви се родителите сакаат да е од добра фамилија или незнам што,имав еден случај со тоа дека татко му и мајка му беа раведени и девојчето не го оставаа да биде со него,малку не е во ред тоа барем за мене,ама види преиспитај се дали навистина е добар човек,зошто ако крева и понатаму рака на тебе,ке биде полошо барем за тебе.позз
     
  14. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    122
    Еве мое мислење. Ако некој те сака и почитува во најголема нервоза не треба да помисли да крева рака на тебе. Значи ова потполно не го оправдувам. Мајка ти сигурно не измислува дека е наркоман, туку има нешто слушнато и разбрано па така ти вика. Родителите никогаш не ти мислат лошо во тоа биди сигурна. Ако мајка ти ти зборува така, а како што гледам и не си многу голема, добро е да послушаш некои совети од неа, бидејќи никој родител не сака да гледа како детето му се нервира, а најмалку од се некој да крева рака на него. Размисли си убаво за сето ова. Ти можеби затоа што си заљубена и не размислуваш така а работите и на она кревањето рака или наркоман гледаш со други очи. Но не треба така. Јас мислам дека ако тоа се случило еднаш ќе се случи пак. А не верувам дека би сакала да имаш таков живот. Според мене размисли убаво пред да ја осудуваш мајка ти. Размисли дали се гледаш така во иднина и дали таа личност заслужува после се да бидеш со неа!
     
  15. beautiful1

    beautiful1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Bianka ne se nerviraj i jas porano 5 mesca se muvav so edno tipce sto sega e vo dom ali tipceto stvarno nikad ama bas nikad vo tie 5 mesci ne mi imase zgreseno nisto taka da toa sto tvojot decko e vo zatvor ne znaci i deka ne e dobar covek i nekoj den probaj da i go objasnis toa na majka ti a ako nesaka da te poslusa imajte tajna vrska so decko ti dodeka da izleze od zatvor i dodeka da si gi podsredite malku rabotite kako sto treba. a za toj sto te mesti majka ti kako sto razbrav e bogatas pa kazi i deka ne e se vo parite sto ako ima pari a ne te saka i ti ne go sakas nego. Za segasniot decko i majka mi ne mi dozvoluva da odam so nego demek bil siromasen edvaj imal pari za leb kukata ke mu se srusela uste malku nemal nikakov karakter no jas ne se ni zamaram sto mi zboruva taa bidejki mene mi e ubavo so nego go sakam me saka i se e super i si teram po moe. Ako ti e ubavo tebe so nego ok ostani si so nego no ne misli odma na brak ima vreme...pozz
     
  16. miamateva

    miamateva Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    21
    Човек...значи разбирам вака викате пошто не го знаете. и моето мислење би било како вашето да не го познавав. мама вика дека е наркоман затоа што има такво друштво. а за тоа шо крена рака помина веќе...сигурна сум дека нема тоа да му се повтори.имам разговарано со него околу таа тема. ама не е битно веќе. јас разговарав со мама и конечно,незнам како...дали некое магаре умре,ја убедив и и го сменив мислењето за него. а шо е шо е се скарав со него ама нема веза. утре е петок,може ќе се смириме ако сакам ја...ама незнам дали сакам оти...ај тоа е веќе друга тема :D патем,фала на советите :*
     
  17. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    883
    Претходно имам кажано дека мајка ми е против мојата врска поради тоа што тој не е доволно богат како што сака таа. Јас три години врвев низ огромен стрес дома, се обиде на сите можни начини да не раздели, ме следеше,ми се закануваше, ми рече дека ќе се откаже од мене,го навредуваше со секакви погрдни зборови....
    Поради тоа бев приморана да ја лажам дека сме раскинале и викав дека единствено кога се гледам со него т.е навечер дека излегувам со една другарка (која е огромен лажливец).Сега таа другарка се вери, на лето ќе прави свадба, дури е бремена (ама тоа го крие од мене и од сите другарки, а цел град знае),така дознала и мајка ми. Вчера кога излегував ме фати во стапица и ме праша со кого ќе излегувам а јас и реков дека со таа другарката. Тогаш ми се изнаразвика, ми кажа дека се дознала за другарката, како сум можела да ја лажам, никогаш дури и да умре немало да дозволи да сум со него, дури се обиде и да ме удри. Ми се развикува за секоја ситница, за работи за кои што не сум воопшто виновна.

    Сега не можам ни од дома да излезам, немам со кого да се извадам. Многу ми е тешко. Не знам што ќе правам. ;( ;( ;(
     
  18. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.329
    Пол:
    Женски
    Пробај некако да и објасниш на мајка ти дека неможеш дома да седиш цело време, речи и дека си со другарки од училиште/ од населба, ако имаш некоја братучетка што би можела да и кажеш за ова, па она да доаѓа од дома да те вади некако :) знам дека не е тоа правилно решение да се лаже дома, но кога не разбираат, а ти си сигурна дека тој е вистинскиот за тебе, или пак барем ти е убаво со него, му веруваш и се тоа, тогаш..не ти преостанува ништо друго.. сигурно имаш некоја братучетка што би можела да и кажеш за ова,па таа да ти помогне :) ти посакувам многу среќа! :) :*
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Angela-2403

    Angela-2403 Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Ako si sigurna deka go sakas tolku mnogu vredi da se boris za toa.Moite za mojot decko sekogas velea deka ne bas od najdobra familija sto ni odogovara na nas no podocna koga go zapoznaa svatija deka ima nesto mnogu povazno od materijalnata strana sega go sakaat nekogas duri poveke i od mene :D Ubedi ja majka ti nekako da ja zapoznaes so nego mozebi togas ke svati.Ti posakuvam mnogu sreka i se nadevam deka ke go resis ovoj problem.Pozdrav
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    883
    ^^^ Не, не, не. Колку сака нека биде добар, нека биде најдобриот човек на светот таа никогаш ни за миг нема да попушти само поради тие пари.

    Знам дека не е убаво сопствениот родител да го лажеж, јас ни еден збор не знаев да излажам, а сега сум приморана, и јас на крај испаднав виновна како сум можела да ја лажам.

    Тој си има постојана работа и зема добра плата, ама нејзините критериуми се сосема поголеми.