јас секогаш сум се водела по срцетоо, но кога ќе се работии за нешто посериозно мислам дека треба убаво да се размислии, зашто љубовта нема да трае цел живот...знам по бракот на моите
Ах душо... тешка ситуација жал ми е навистина. Преку глава ми е од таквите кои мислат дека парите го прават човекот, прости станува збор за твојата мајка но сепак мислам дека таа не е во право. А за излегување побарај некоја друга другарка на која можжеш да и се довериш, братучеда или слично. Крај краева речии дека еве денес излегуваш сама, зошто сакаш да си се посветиш сама на себе и сл... Инале не би можела да зборуваш со татко ти? Или не сте во нај нај односи. Ако стоиш подобро со него разговарај, можеби ќе ти помогне ќе проба да ја убади мајкати. ти посакувам среќа
^^^^ Имам една подобра другарка ама таа си има дечко и незгодно ми е така да и досадувам, да ме вади постојано од дома, никој не ми е должен така да ме трпи. Со татко ми одсекогаш сме имале мноооогу далечен однос, така да ни ќе ме сфати, ни ќе решам нешто туку во уште поголема беља ќе паднам. Сега како врв на сe' уште мене ме окриви и ме направи да имам грижа на совест, а јас немам друг излез. Јас ли сум виновна?
Офф бре душичке, коа ќе престанат секирацииве твои... Мислам дека е крајно време отворен муабет да направиш со мајка ти и да и` кажеш дека немаш намера да го оставиш и точка. Да те брка, сигурно не би те избркала, или нешто друго штом досега не го направила тоа. Седни ги и неа и татко ти (aко треба заедно и со дечкото) и отворено кажи/ете им дека не планираш да раскинеш и точка. Криењето и лажењето почнаа да даваат спротивен ефект. Edit До пред некое време и јас си мислев може поубаво ќе си поминев ако криев од моите до одреден момент кога нема да ми можат ништо, но верувај гледам се` појасно секој ден дека искреноста од прв ден и те како ми се исплатела. Со други очи ме гледаат, не ме караат и не ми се истресуваат за сенешто како порано, т.е. многу повеќе ме почитуваат и внимаваат.
Абе сонце, сите едно исто имаме да ти кажеме. Јас стварно посакувам овој твој кошмар да заврши. Знам од една страна како е, зашто моиве немаат проблем за сиромашен дечко ами имаат проблем ако нема факултет ... Ја искрено мислам дека да бидеш упорна со отворени муабети со мајка ти, незнам ако имаш брат сестра поразговарај со нив, или со некој близок родинина, Ама сепак у најмала рака да заврши нешто ок е битен разговорот. Она секако не може да ти забрани да не излезеш ама затоа после душата ке ти знае само што ти се дешава. Можда е подобро неколку дена да не излегуваш, туку да гледаш начин да зборие отворено. За грижа на совест, она ке ти префрла тебе мн работи, ама едно нешто треба да си знаеш. Дека не си крива што значи, немаш потреба да осеќаш грижа на совест. Само овие неколку дена биди упорна во разговорите. Стварно не ја знаеме што карактер е мајка ти , ама очигледно има тврд карактер чим е упорна у свои ставови, ама сепак мислам дека кога тогаш би омекнала сепак мајка е чоек на крај краева... Или пак. Више у краен случај ако не иде со разговор, а верувам дека си пробувала не велам не, ама некад не е доста знаеш., Тогаш у краен случај под рака некоја другарка, братучетка ко што ти предложија и преку нив, објасни им ја ситуацијава сепак би сватиле сигурно ... навистина ти посакувам ова више да престане кај тебе.
^^^^ Леле верувајте немам храброст. Можеби вака не изгледа толку страшно, ама еве кажувам ЌЕ ПОЛУДИ. Незнам, ќе ме затвори, ќе се обиде на сите можни начини да си ја истурка целта, ама со живот тврдам дека НЕМА ДА ПОПУШТИ. Таа ми рече- „Ако си со него, да знаеш цела фамилија ќе се откажеме од тебе и само на брат ти ќе си мислиме за се во животот‘‘. Толку е твдо убедена дека треба да се омажам за богаташ, па и да се влечам на коленици нема да попушти. Ја знам мајка ми особено за ова прашање. Брат ми одсекогаш бил на нејзина страна (иако е сеуште мал), преѓе ме сети дека сум плачела и ме праша дали плачам и јас му реков „да‘‘ и тој само ми рече „што се глупираш‘‘. Немам апсолутно никого, немам ни најмала поддршка.
Целосно те разбирам и те сфаќам. Не знам дали знаеш низ што се јас поминував, но никогаш не попушти. Џабе ти е што и да правиш нема да можеш да ги разубедиш. Ако си подготвена на секојдневни караници, никој да не ти зборува, да ти залетнува секое залче кога си на маса со твоите бори се за него. Јас не го оставив сеуште, пак понекогаш ми се одјадува, ми се одмилува и доаѓање дома. СЕга сум болна па ситуацијата некако е помирна, но тоа е сега за сега. Има некои родители кои никогаш нема да бидат задоволни со изборот на нивното дете. Мојава ниту еден дечко не го сметала за доволно добар за мене. Сите беа никакви, недостојни.
Можеби има некоја причина што таа не го сака освен парите... Секогаш бил добар со тебе?Не те лажел?Ти вика ли нешто да ова што се случува со мајка ти? Ме интересира неговото мислење за ова што ти се случува. Ако заслужува да се бориш за него, бори се.Не дозволувај мајка ти да одлучи со кого ќе си во животот.Имаш 18, голема си.
Лук, а нели тој тебе ти раскина, па после другарка ти му се јавуваше и тој рече дека е крај, или јас сум грешка ? Сега се смиривте? Глупо е да се криеш, на крај се ќе се дознае, ако толку си сигурна дека тој навистина вреди за тоа, спротивстави се, но немој да го идеализираш него и твојата љубов кон него од инает кон мајка ти, најпрво увери се дека тој е стабилен и сигурен човек, оти после можеш многу да се каеш. Направи си анализа, што ќе изгубиш, а што ќе добиеш од оваа врска оти животот не е како филмот Notebook, биди сигурна.
Јас имав слична ситуација односно сестра ми. Мајка ми и татко ми беа против нејзината врска, но не поради пари туку бидејќи дечкото беше криминалец. Се занимаваше со криминални дејствија, а сестра ми постојано се обидуваше да го претстави во убаво светло. Со што не се обидоа моите да ја сопрат, исто и таа за да го прифатат. На крај моите дигнаа раце, ја оставија сама да виде и оваа не помина долго време, ја прекина врската. Дечкото беше културен, ја сакаше и поштуваше, но со него таа немаше никаква иднина. Во овој случај мајка ми беше во право, а и јас не ја одобрував таа врска. Не секогаш родителите се во право кога се мешат во изборот на партнерот, ама често имаат право. Прекинувањето со контактите со родителите заради дечко не е секогаш правилен чекор. Прво види дали таа личност вреди за тоа, бидејќи не е мала работа да се бориш против мајка си. Доклку вреди и доколку вие планирате иднина, тогаш оди против сите, но прво работите стави ги на кантар и види која страна повеќе тежи. Изборот воопшто не е лесен.
Лук, ако си сигурна дека е вреден, бори се за него и не се откажувај. Тој може да ти биде најголема поддршка.Поради неговата љубов, ако си спремна избори се со се што те чека на патот. Помини ги сите пречки, но само ако е вреден. Ако си сигурна во вашата љубов и ако си сигурна дека никогаш нема да ти го сврте грбот, што и да се случи. Имаш 18 години така? Не си малолетна за да мајка ти се однесува така со тебе. Секако додека си под нејзиниот кров ќе прави со тебе што сака, но ти си голема девојка веќе и ти треба да одлучуваш за својот живот. Зборувај со другарката која што има дечко. Тоа не е досадување, тоа е барање помош. Кажи и колку ти е тешко, можеби ќе ти помогне некако, па другарка ти е. И јас мислам дека нема потреба што повеќе да се оправдуваш пред мајка ти или да зборуваш со неа за да свати. Ако си има поставено таа таква цел во животот, ти да бидеш со богат човек, колку сакаш и објаснувај мислам дека нема да свати. Затоа биди силна, ние сме овде со тебе, ќе ти помогнеме колку можеме и еден ден ќе излезеш од таа куќа и ќе бидеш среќна со него.
Да, имавме некои проблеми ние, ама зборувавме многу (тоа е долга приказна) и се' се разјасни. Сега тој е супер, од негова страна се' е како порано. Инаку причината се само парите, ништо друго.
Look, се гледа дека си решена да се бориш за вашата љубов. Ако си сигурна дека вреди, само напред. Убаво размисли што добиваш и што губиш, колку далеку си спремна да одиш. Не е убаво да лажеш и да криеш, но ете понекогаш таква е ситуацијата, и немој да имаш грижа на совест, штом тебе ти е убаво со него. Не си мала, свесна си за своите постапки и знаеш што сакаш. Јас искрено се надевам дека сепак се ќе се реши со разговор, колку и да е мајка ти упорна и црвста во своите ставови. Биди силна.
^ Не знам зошто мајка ти толку инсистира да се омажиш богато, или да имаш богат дечко. Велиш дека работи и има добра плата. Оваа обично го посакува секој родител. Реков дека често родителите се во право, но не и секогаш. Е сега колку вреди на 18 години да се бориш и да одиш против сите, не знам. И колку си заљубен. Јас со мојот дечко одам од 18 ипол години, ама во првата година воопшто не бев сериозна, но подоцна направив неколку избори и донесов неколку одлуки заради него. Среќна сум со него, да. Но се откажав од некои работи, како студирање во странство и живот надвор од Македонија заради него. Дали сум згрешила, сеуште незнам, а нема и да знам, бидејќи не отидов, останав овде. Ќе ја знам само едната страна. Јас ја одбрав љубовта, бидејќи за мене многу е битно семејството, а со него сакам да создадам семејство. Не секогаш во животот битни се парите. И овде имам пари, има убави услови за живеење, и овде се образував, и овде почнав да работам и тоа на струка, но овде е потешко, помалку платено но ете јас го избрав ова, а и се вратив во помал град. Ти се бореш против мајка ти, јас со самата себе. Што да одберам. Затоа и реков, на кантар. Да видеш дали за некоја личност вреди да се бориш и да останеш со нејзе.
Лук, не е добро што мајка ти го зазема тој став, треба да се пуштат децата сами да одберат со кого ќе се во врска бидејќи со мешање и изрични наредби се доаѓа до моменти како твојот. Јас искрено не верувам дека си ти толку заљубена и спремна да одиш против се` поради него- мислам дека само сакаш да им докажеш дека не се во право и те фаќа инает зошто се понашаат со тебе како со мало дете, а реално на 18 години човек и не е баш зрел (уште мислам дека треба и овде да се станува полнолетен на 21 година како во САД), тогаш човек е многу посвесен за своите постапки, т.е. за последиците од нив. Само немој толку да се возбудуваш и да се бунтуваш против сите и да мислиш дека сите те мразат и дека тој е решение на сите твои проблеми и треба да бидеш само со него, бидејќи лошо е кога цел свет ти се врти околу една личност, со тек на време ако ја снема сфаќаш дека ти немаш твој свет. Затоа полека, дружи се и со други другарки освен со таа што имала дечко, излегувај си, па можеш да одделуваш по некој час и за средби со него, гледајте се пред училиште ако си втора смена и така, полека, без брзање и ќе сфатиш што сакаш и дали тој вреди за сите жртви. Не велам дека мајка ти е во право, ама секој родител им мисли добро на децата иако сега во тоа не можеш да поверуваш, ама едноставно имаат интуиција која им кажува дека некогаш нешто или некој не е “добар“ за нивното дете. Не си го оптеретувај толку мозокот со мисли колку никој не те сфаќа колку си ти заљубена, еве 4та година средно си, мисли каде ќе студираш, за животот што те очекува, пак ќе кажам немој се да ти се врти околу него па после да сфатиш дека ти немаш твој живот. А мислам дека не ни кажуваш се` околу оваа врска, некако целава работа ми е нејасна и раскинувањето и смирувањето, се`. И не ми се верува дека е само поради богатството, можеби тој е од некоја озогласена фамилија, или не е од град (глупо сфаќање знам, ама и за тоа се бунат некои), или нема образование, не знам, само погодувам. Неговите што велат за ова? Во секој случај млада си девојко, за некоја година може сето ова да ти изгледа смешно и да си удриш една воспитна и да си кажеш- можно ли е да сум била толку “занесена“? Секое добро.
Look, Не викам дека мајка ти е во право, ама ич не иде со лажење и криење. На лагата и се кратки нозете, кога тогаш се дознава. Ете и самата си се уверила во тоа. Убаво ти кажаа девојките сите скоро добро те посоветуваа, незнам како да ти помогнеме, освен со совет да бидеш искрена. А мислам дека треба да зборуваш со мајка ти, знам дека си збореле милион пати и дека не прифаќа, ама обиди се да и го доловиш тоа дека не вреди да те нервира, и ако продолжи вака само ќе се разболиш, и ако толку тврди дека мисли се најдобро за тебе, а тоа пред се е твојето здравје и среќа треба да те остави сама да си избереш. Размилиси убаво, дали стварно вреди да удираш глава во ѕид и што ти рече Сесилија да се бориш со сите и сама да останеш. Знам дека е неправедно тоа што го прават, но сепак размили дали навистина е за тебе, дали имате иднина и види дали на мајка ти и е само заради тоа што не е богат или друго нешто има позади таа нејзин лутина и забранување. Разговорот е според мене секогаш најдобро решение, сите недоразбирање се разрешуваат со искрен разговор, па макар и да биде нешто што боли, биди искрена кажи и се на мајка ти во лице, како се чвстуваш за него, и предложи да го запзнае виситнки па да го процени! Или обиди се да збориш со некој кој те разбира, дали со тетка, тетин, вујко или пак татко ти, седнете сите на маса и обиди се со најискреност да и докажеш и кажеш што сакаш и да и ја докажеш твојата љубов. Мислам дека сепак се работи за твојата среќа и здравје, и ако не може и не сака да го прифати тоа, ќе се кае еден ден. Парите не носат среќа, мислам љубовта со пари не се купува и малите деца го знаат ова. Обиди се да и докажеш дека парите нема да те направат среќна ако нема љубов и хармонија и разбирање. Со среќа
Look, ти пак со проблеми. Да ти кажам од мое лично искуство, додуша во мојот случај татко ми беше тој противник на една едномесечна врска не мајка ми, тоа што го рекле до негде моите родители за некој - важи. Отсекогаш сум се прашувала што е тоа, како знаат, како секогаш се во право за тие нешта, но едноставен е одговорот. Поминале сито и решето, од префригани момци до културни и обратно. На татко ми му требаше 1 реченица да слушне од тој моронот за да знае дека не е за мене, а мене ми требаа 3 месеци за да се отргнам. Сега го молам Бога да го послушав татко ми во истиот момент кога тоа ми го кажа, а не да осеќам трауми до ден денес иако поминале 2 и пол години од тогаш ... Родителите едноставно го сакаат најдоброто за нас, дури и ако под тоа најдобро подразбираат пари. Моето семејство е скромно и научено и на повеќе и на помалку, и веројатно никогаш не би можеле да посакаат од мене да оставам некого ради парите, но доколку мислиш дека стварно вреди да се бориш за таа љубов и покрај сите препреки, ќе се бориш. Премногу си млада за да си го замараш мозочето со овие работи, но ете, и такви работи се случуваат. Едноставно, не може се да биде совршено. Можеби мојов случај нема да ти биде од големо значење, и можеби твојата врска не може да се спореди со тоа што го имав јас на времето, но ете во мојот случај, помогнал зборот на родителот, само во тие инаетски години, понекогаш правиме нешто од инат, а ни се враќа 360 степени полошо ... Искрено се надевам дека се ќе се реши!
Абе Лук, што е со твои роднини, братучеди и братучетки ?? Како стоиш со нив?? Дали има некој од нив што би можел да ти биде од помош ? Пример, ујко, тетка било кој, едноставно да зборнат со мајка ти, или сите заедно да се соберете да зборите, или од нив да побараш совет и мислење ??
^^^Кажав веќе дека сите тие се со потполно истиот став како мајка ми, а братучеди и братучетки немам многу, а тие што се, се во други градови и си имаат свој живот. Знам дека не бива со лажење и со криење (јас секогаш сум била најпротив лажењето) ама немам друг излез. Повеќето ми рековте можеби не се во прашање само парите- Да, живее на село, ако воопшто може да се нарече село (можеби некоја населба покрај градот), затоа што е на оддалеченост од 5 минути, а мајка ми пред да се омажи живеела таму. Но сега за неа тоа е село каде што живеат прости луѓе. Џабе е да зборувам со мајка ми, верувајте не можете да замислите колку е тврдо убедена. И на колена да застанам нема да попушти. Многу ми е тешко што морам вака да ја лажам сопствената мајка и што повеќе знаат другите за мене од нејзе, кои само оговараат и се ситат, ама што да правам.... Јас немам живот.. Можеби детски звучи ама додека сите другарки излегуваат, се забавуваат, одат на излети, на славење, додека раскажуваат како си поминале јас си слушам како теле. Единственото излегување ми е после школо и тоа во некое подзаскриено место, а за викенд ако излезам коските ми се тресат да не ме види некој и да не и каже утредента. Со страв влегувам дома низ врата. Секој момент се плашам да не дознала, да не ја започне таа тема, да не ме види некој и во тоа малку време што се гледаме. Буквално зависам од секого и од се`. И луѓе кои ми го направиле најлошото морам да ги трпам. И не знам зошто мислите дека тоа го правам од инает. Јас никогаш не терам инает, а уште помалку би си го упропастувала животот ради инает.
А зошто немаш друг живот? Немој да кажеш дека тој е љубоморен па не ти дозволува да се дружиш со други, оти тогаш би кажала дека си глупава што го правиш сето ова, а после секој твој пост веќе на пат сум да мислам така.