Родителите се против мојата врска

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Bianca, 17 декември 2009.

  1. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    ^^^^^ Не, не, не во никој случај не е љубоморен ни најмалку (веќе имам кажано во друга тема за тоа). Да му речам на полноќ излегувам ништо нема да ми рече, дури понекогаш чудно ми е тоа.

    Ама сите другарки имаат дечковци и ретко без нив излегуваат, а кога ќе и речам на мајка ми дека со нив ќе излегувам и ми вика `па како, нели тие имаат дечковци, а тебе како те влечкаат по нив, викаш немаш дечко`.
     
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.250
    Ех, глупо е тоа размислување, можеш да излегуваш со нив, тие имаат дечковци, ама дечковците имаат другари и другарки и така ќе се измешате сите и готово.
    А можеш и да си го прошириш кругот на пријатели запишувајќи се на некој курс или одење на некоја спортска активност- па ќе имаш и време да се ѕирнеш со него пред одење или после одење на тоа, не знам.
    Иако не ти го препорачувам ова криење на тие години- колку рече дека сте заедно, од 16?
    Па ти цел тинејџерски период си го поминала во криење.
    И размисли зошто сите се против него, ако сите зборат значи има нешто :) сите сме биле на твои години и сме искусиле вакви работи и најчесто родителите биле во право, ама ете тогаш ние сме викале ма која е она да ми соли памет, што знае таа што е љубов бла бла бла, и после, ќе минат години и ќе си кажеш леле кај ми бил паметот, која мочла сум била.
    Тоа е Лук.

    И дечкото не знам како го трпи тој притисок некој цело време да го понижува.
    Ти веќе толку ако сакаш да продолжиш со него има да покажеш заби и да си трпиш за да видат дека си озбилна, а вака со криење покажуваш дека и сама не си сигурна што сакаш.
    Има такви примери, мајката оди по ќерката, гледа дека оди со него- па се караат и ќерката пак продолжува, ама сигурна е дека тоа е тоа и со тек на време родителите попуштија, па ете ја испраќа и до дома.
    А ти тоа што го правиш е ептен безвеза, преиспрашај се што всушност сакаш и бори се за тоа, а вака со крење само ќе го продлабочиш проблемот и секој ден ќе има се повеќе повредени.
    И немој да дозволуваш никој за ништо да те уценува, тоа е најстрашната работа- ќе влезеш во дупка без дно, не си играј со такви работи.
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    11.182
    Пол:
    Женски
    Лук, немој да ме сфатиш погрешно, но јас мислам дека мајка ти, не треба да ја доживуваш како свој непријател, само сфати ја како многу повозрасна и поискусна другарка. Не постои мајка што му мисли лошо на своето чедо. Сите мајки се стремат своите деца да ги изведат на вистински пат и им го посакуваат најдоброто.
    Сега ти си вљубена и се ти изгледа идеално, не ти пречи ништо, а самото тоа што таа врска ти е забранета, ти станува уште поинтересна, затоа што во човечката природа е да го посакуваме она што ни е забрането, појди од самиот настанок на светот поврзан со Адам и Ева, заради забранетото јаболко биле протерани од рајот.
    Остави ги емоциите и лутината на страна и размисли со ладна глава. Размисли што би било кога би било?
    За мене љубовта е најважното нешто во животот, меѓутоа и таа треба да се негува и врз неа влијаат милион фактори. Жарта е најсјајна на почетокот додека е блиску до огинот, но кога ќе почне да тлее, преминува во јаглен. Сега си спремна се да жртвуваш за љубов, подготвена си да живееш ако треба и во беда, меѓутоа разочарувањето доаѓа подоцна, пропратено со доза на големо каење.
    Да претпоставиме дека ќе си ја спасиш врската и ќе си ги исполниш своите намери. И еден ден стануваш од постела и воопшто не те радува сончевото утро, го гледаш до себе сеуште поспан, но го нема она срцебиење како порано зашто си свесна дека и денешниов ден ќе помине исто како вчерашниот, дека соништата што ги има секој млад човек, ќе ти останат само соништа...А си имала шанса да бираш.
    Годините ќе те научат дека светот е сурово место, каде преживуваат само итрите и успешните.
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.626
    Допаѓања:
    40.935
    Од она што го прочитав до сега, потполно се сложувам со сесилија.
    Не ми е јасно како тоа сите другарки дечковци имаат, па само со нив излегуваат. Па ти зарем немаш никаква занимација освен тој? Зарем со никој друг не излегуваш, не се гледаш, не одиш на кафе?
    Гледам овде сите те подржуваат, се за љубов. Ама искрено јас не верувам во толкава љубов на таа возраст. И јас имав дечко, одевме долго, се сакавме лудо а у. И ја сум се криела од мајка ми, да. Сега кога ќе ми текне на тоа, колку глупаво ми изгледа. Не дека мајка ти е во право, никогаш не треба да цениш човек според неговото материјално богатство. Но, толку рано да се бориш за љубов, која може за 2 месеца туку така да ја снема, ми е стварно без врска.
    Јас би ти препорачала одма да си најдеш некое хоби, занимација, луѓе, друштво. Не се преоптеретувај толку млада со вакви проблеми. Само себе ќе си наштетиш, ќе си навлечеш депресии, стресови, болести. Излези и уживај, еднаш имаш 18. Сакај се себеси, не си штети и забавувај се. Животот е стварно убав, само треба да ги отвориш очите :)
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Јас во никој случај не ја доживувам мајка ми како непријател.
    Знам дека таа ми го мисли само најдоброто, и можеби не изгледа така ама јас многу ја ценам нејзината жртва за мене. Само мислам дека не треба животот толку да го гледа низ призмата на парите. Крај и краева со него можам да имам еден солиден живот (ако бидеме заедно), ама не таков каков што замислува таа.
     
  6. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.642
    Лук те читав и пред некое време кога имаше други проблеми, сте ги средиле, но еве сега повторно имаш проблеми, посериозни.
    Би те посоветувала малце пообјективно да ги разгледаш работите, зошто мислам дека овде не се само парите во прашање. Ако мајка ти е таков тип на човек, кој е заслепен од парите и тебе ќе те воспитала на таков начин додека си била помала, друго велиш цела фамилија е против вас, повторно ми е неверно сите да не го сакаат поради пари. Да живееме во друго време па ти да сиод аристократска фамилија а тој од равотничка класа би сфатила, ама денес ги нема веќе тие толку остри граници помеѓу класи, ретко кој гледа од тој агол, па затоа мислам дека твоите се против вашата врска од ХУ причини.

    Кога јас правев лоши избори мајка ми само ме предупреди, и остави сама да се изгорам и сфатам некои работи, за после мака да ми биде зошто не сум ја послушала.
    Убаво ти кажаа девојкиве, со лажење ништо не постигнуваш, само потешко и потешко ќе ти биде.
    Излегувај, шетај, запознавај нови луѓе, дистанцирај се малку од дечко ти, пробај да се зближиш со мајка ти, поразговарај отворено.
    Можеби сега се ти изгледа ајно и бајно но за некое време можеби нема да биде. Добро размисли дали вреди да се бориш за таа љубов, за да не се отуѓуваш од твоите за џабе и на крај да останеш и без него и без твоите.
     
    На Gea, Look и sesilija им се допаѓа ова.
  7. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    581
    Не можеш да знаеш ни ти, нити мајка ти, нити дечкото нити никој што животот ќе ти донесе. Може ќе живеете во палата за 10 години, може ќе се борите за една кришка леб. Може ќе си имате најнормален скромен живот. Ако е навистина само и САМО тоа причината тогаш објасни и го тоа. Може она да претпостави дека дечкото го чека таква и таква иднина, ама да биде сигурна во тоа не може. Па и да се омажиш за некој богаташ кој ти тврди дека за 5-6 години нема да изгуби се?
    Искрено и мене не ми се чини дека е само тоа, но ти најдобро си знаеш! Мајка ми кога се работи за дечковци никогаш не ми дала мислење нити совет едноставно не сака да ми се меша, иако мене неописливо полесно ми е кога преку муабети ќе дознаам дека има колку толку позитивно мислење за мојот партнер. Едноставно ми олеснува. Ама ако приметам дека некако не и е по мерак типот, ептен длабоко ќе се замислам, затоа што 99% ќе биде во право дека нешто не штима.
     
    На meckicka и tessie им се допаѓа ова.
  8. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.250
    Лук, јас веќе почнувам да се прашувам зошто воопшто ти реплицирам?
    Така беше и кога бевте скарани, сите ти враќавме, а ти упорно зборуваше нешто трето.

    Еве и сега, се држиш до тоа, а не одговараш зошто се` ти се врти околу него, од каде произлегува таа твоја несигурност, и не кажуваш како тој го издржува сето тоа и што мислат неговите.
    Има тука многу нејасности, ама тоа оставам ти ако сакаш да го споделиш, ако не ќе веруваме дека е само поради парите.

    И применувај си ја реченицата која ти стои во потпис, така ќе спасиш идни стресови.
    За дружење можеш да се дружиш и со девојките со кои си пишевте во темата за Кичево, и онака знаат многу за тебе од твоите постови тука, така што зошто не би се дружеле?

    Јас не знам дали ќе продолжам да реплицирам, некако ме умори и почна да ме нервираш- мислам дека и ти сама не знаеш што сакаш искрено.
    Поздрав
     
  9. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    ^^^Сесилија немора да одговараш, само немој да се нервираш, те молам.

    Не знам што повеќе да објаснам кога се` кажав.
    Не знам како повеќе да ви објаснам дека само ПАРИТЕ СЕ ВО ПРАШАЊЕ.

    Тој си трпи и ми вика дека се ќе се среди.

    Што треба повеќе да кажам?
    Ај да почнам да измислувам.

    И немора да пишувате, не пишувам и јас повеќе.
    Имам доволно свои проблеми, неможам да трпам осудувања како сум лажела.

    Нека се затвори ова прашање во врска со мене.

    Поздрав!
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.294
    Допаѓања:
    17.912
    Пол:
    Женски
    Toчно. Крај краева кој бил Аристотел Оназис пред да стане Аристотел Оназис ... дечко шо собирал пари за на воз да се качи...Јас познавам луѓе со слични приоритети и затоа лесно ми е да и` верувам на Лук дека само тоа ја мачи мајка и`.

    Ако е за тоа, сите мислеа дека јас и мм ќе пропаднеме, не сакаа да ни` помогнат, ни` ја чекаа пропаста, чекаа „онаа што продава лажна гордост и морал“ да клекне и да моли за еден ручек. Почнаа да зборуваат роднини за тоа како јас ќе сум останела без школо, како не ќе сум имала за едни чорапи, како дете ќе сум думкала затворена во 4 ѕида без никаква друга смисла и цел во животот...и што уште не. И сега...можам да кажам дека сме скалило повисоко од тие луѓе кои зборуваа така за нас, не само финансиски, туку и во самиот факт што ние сами створивме (за неполни три години) тоа што истите тие роднини чекале да го добијат во тестамент од мама и тате. И сега...сега најголема желба им е нивните деца да излегувале и да се дружеле со нас. Ама јас тогаш на тоа им реков: „Извинете, не се дружиме со пропалици“ и вакви останаа :o :D .
     
    На meckicka, Decapitated.Hanna и CrazyStupidLove им се допаѓа ова.
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.312
    Лук и јас забележав дека избегнувап некои битни прашања што Сесилија ги постави.
    Какво образование има, што работи, какво му е друштвото?
    Никој не ти мисли лошо, не викам дека не е само заради парите, но сепак може има и нешто плус за кое ти не си свесна.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SelenaGomez

    SelenaGomez Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    709
    Пол:
    Женски
    Имам сериозен проблем, мајка ми ми ја расипа врската буквално ми ја расипа, никогаш не сме ни скарале одиме година и пол се сложуваме нема како него нема никаде нема да најдам. разлика сме 3 години тој е на факултет во скопје јас сум средно, прави се за мене се за да ни биде интересно се за да се зачуваме но кога имам некој над мене како да правам јас? Не ме остава ни да се видиме во скопје не ме остава да отидам на викенд кај него не ме остава да прославиме заедно нова година сметала дека не сум зрела и врската дека не ни била зрела ало имам 18 години во септември ќе одам на факултет како тоа се понаша со мене како да имам 13 14 години, премногу го сакам да се разделиме но тоа и се случува а јас не можам да се помирам со тоа постојано гледам заеднички слики се сеќавам како си поминувавме лани ова време како се ни пројде ова една година и 6 месеци/ Проблемот е во тоа што тој е од село не сакала селани таа, правев муабет со неа милион пати но не сака да попушти, ми се лути секогаш кога ќе и кажам дека одам со него ми вика затоа што сум го попраќала на аввтобуска (и кажала некоја жена која ме видела) немам поддршка од никој.Јас го криев ова од него односно не сакав да дозволам тоа да ми ја уништи врската но дојде момент кога самиот виде што се случува со мене и моите, сега рековме да ги поминиме уште празниците заедно потоа да правиме пауза неколку месеци со надеж дека ќе се подобри нешто затоа што кога ке почне пак на факултет ќе биде истото монотоност, доаѓа, се гледаме на кафе одиме и толку, се плашиме од монотоност се плашиме дека тоа ќе доведи до крај на врската од друга страна ако правиме пауза што ако за тие неколку месеци се помириме со ситуацијата и едноставно се испари? Не можам да издржам секоја вечер плачам, тешко ми е немам за ништо волја никогаш не сум се чувствувала вака пред празници. Премногу го сакам што мислам дека пак ќе се вратам кај него еден ден но немаме повеќе ни надеж за нешто мотивот ни опадна и се. Се осеќам уништено.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.488
    Никако оставање ни на неколу минути а не па на месеци. Кажуваш дека ти е добро со него, дека е одличен дечко ... Штом е таков, тогаш биди искрена со него, не го лажи и кажи му ја вистината дека имаш притисок од мајкати и дека правиш се за да бидете срекни. Кажи му дека од него очекуваш разбирање и поддршка а не притисок за побрзо да го решиш проблемот. Од септември ке се гледате почесто штом и ти ке запишуваш факс, па така мајка ти нема да знае до колку си на предавања или дали си кај колешка на учење.
    Лажењето е лоша работа, ама кога се мора... тоа е.
    Е сега, тоа што дечкото е од село, не значи дека е сељак. Уствари има многу градски момси кои се сељаци, тоа кажи и го на мајка ти. Ете дечково сака да просперира во животот и студира и се труди. И тоа не значи дека ти ке живееш во село. Може утре да ви се пруќи прилика на двајцата па да заминете во др земја. Што ке каже мајка ти на тоа? Тогаш сигурно ке и одговара. Кажи и и дека овој од село има многу повеке одколку што имаат многу градски мамини синчиња. Абе барај секакви начини, само не се откажувај од убава врска. Тешко се најдува денес некој саглам човек.
     
    На SelenaGomez, eloves, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.891
    Допаѓања:
    171.740
    Пол:
    Женски
    @SelenaGomez времето е најдобар лек и решение за вашата ситуација. Мала си и ти а сеуште мал е и тој за да трезвено размислувате и се спротиставувате за вашата љубов. Затоа оставете на времето да покаже дали вие двајца сте еден за друг, дали вие двајца би успеале да преместите брда и планини низ животот, дали вие двајца ќе се изборите за вашата љубов и ќе останете заедно и покрај се. Сето ова се нарекува љубов и цврста врска, ако вие сето ова го проживеете и доживеете заедно како целина може и ќе успеете, но тоа не се знае, самото време сето ова ќе ви го покаже и докаже.
    Ако во вас двајца се крие таа потребна "хемија" и храброст за борба над сите ваши искушенија тогаш сте среќни и заљубени луѓе.
     
    На SelenaGomez му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    7.664
    Пол:
    Машки
    Да си ја слушате мајка шо вика...
     
  16. Tea2109

    Tea2109 Нов член

    Се зачлени на:
    27 септември 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Немаш 15 години па мајка ти да одлучува за твојот живот. Јас лично имам 17 и ова ми изгледа банално. Ти си таа што одлучува за твоите постапки и таа што е одговорна да ги сноси последиците. Секако ако те прави среќна живот со бивши затвореник и околности кои како што ги опиша не се баш сјајни за живеење. Тогаш само напред. Но колку и да е добар и фин дечко ти, иако причината за која е во затвор не ја знам, а не е ни битна, однесувањето на мајка ти е оправдано...
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Meri Blejn

    Meri Blejn Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2017
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo, nova sum na forumov i sakav da ve prasham za mislenje. Imam 17 godini i sum vo vrska so momche koe e 5 godini pogolemo od mene vekje 7 meseci. Za nashata vrska znaat site osven tatko mi... Pred nekolku meseci mu kazhav deka sum vo vrska, no ne sakashe nikako da go prifati toa bidejkji nemal fakultet i ne bil za mene... Sega ne znae za nas ili barem jas taka mislam... Ne znam zoshto ne mozhe da go prifati toa ili mozhebi e zatoa shto prv pat mu kazhuvam deka sum vo vrska... Se chuvstvuvam kako da mu rabotam zad grb i da go lazham. Mi treba vasheto mislenje dali treba da mu kazham povtorno ? Mislam deka nikako nema da go prifati toa.
     
  18. Leo girl

    Leo girl Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2019
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    77
    Zdravo na site nova sum na forumov no ocajno mi treba sovet!
    Vaka sega imam decko 3ipol godini no nasava e vrska na dalecina se znaeme znaci dodeka bese tuka non-stop bevme zaedno I premnogu go sakam a I toj mene duri I poveke ima napraveno raboti so nikoj drug ne bi gi napravil. No problem e mojata familija tie ne sakat da se mazam I da ziveam tolku daleku od niv samo poradi ova ne dozvoluvaat da sum so nego, premnogu ja sakam mojata familija I mnogu sum bliska so majka mi i se cuvstvuvam ocajno sto moram da biram pomegu niv I mojot decko! Toj mi predlozi da izbegam so nego zato sto nema sansi mojve da prifatat poradi taa dalecina . Ne znam sto da prasam na sredina sum pomegu dve nests sto mi znaacat najmnogu! Fala od napred za sekoj daden sovet backi
     
  19. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    547
    Допаѓања:
    1.778
    Пол:
    Женски
    Слушај си го срцето, пробај пак разговарај со твојте ќе им објасниш дека често ќе им одиш на гости и они кај тебе ќе идат, даличината не е толкав проблем сигурно нема да одиш на крајот на светот, претпоставувам дека е од Мк дечкото, но и доколку не е нема врска ќе ги утешиш речи им ефтини се сега картите :D
    А доколку и така не дозволуваат тогаш избегај, ќе ти бидат лути малце и ќе попуштат па ќе бидат среќни после за тебе.
    Ти посакувам среќа.:hug:
     
  20. Leo girl

    Leo girl Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2019
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    77
    Pa


    Veruvaj imam probano milion pati no bezuspesno e se ne I ne ako sum odela da zaboram deka imam familija nikogas nema da mi prostele!
    Negovite roditeli se or tuka no toj e roden I izrasnat vo Australia, znam deka e daleku no sto da pravam ne ocekuvav ni jas da se zalubam vo nego mislev deka ke bide samo edna letna avantura!