Така ти викаат за да те заплашат, ама родител како родител па ќе попушти. Бар сега со целава технологија полесно е и ќе се гледате и све.
I jas go imam istoto mislenje ne sakav da bidam sebicna da mislam samo za sebe no nemam drug izbor moram da go napravam ova za moja sreka I idnina. Fala ti ❤
Слушај се себе си и само себе си. Знам дека е претешко, но ти ќе страдаш и потоа твоите родители ќе сватат дека згрешиле бидејки ќе те гледаат несреќна. Тие се твои родители, претешко ќе им биде што си далеку знам, ама не си ни прва ни последна верувај. Мојата мајка требаше да оди во Австралија и брат ѝ (вујко ми) ја молеше, ама ете баш поради вакви причини остана овде и до ден денес де кае што си ја прокоцка среќата и аир не виде (наводно само ние децата сме и ја дале среќата овде). А вујко ми си отиде со саканата баш таму, и сега се среќни, со убав брак, со едно детенце и никој не им се меша.
Сигурно не е далечината само во прашање. Многу често родителите од своите деца кријат работи само да не ги повредат. Доколку тој те сака никогаш нема да те тера да бираш помеѓу него и твоите. Каков живот ќе започнеш доколку избегаш? Не е во МК па да решиш да се качиш на првиот автобус и да се вратиш доколку работите тргнат наопаку. Колку добро го познаваш?
Veruvaj samo dalecina e vo prasanje da go znam mnogu ubavo, toj se trudese so site sili da gi ubedi moite deka e vistinskiot za mene no ne uspea I toj ne sakase vaka da bide no nemame drug izbor napravivme se so mozevme da bide so ubavo no zaludno.
Јас сум за разумно решение не сте деца за да бегате, туку твоите да сфатат дека ти си го избрала човекот за себе ,и бори се бидејќи само така ќе те сфатат сериозно твоите и ако се е во ред освен далечината ќе се помират имав другарка која имаше ист проблем но нејзините се преселија во нејзиното место после години зошто таа се омажи во друг контитент.
Pa I jas treba da odam vo drug kontinent toa im smeta . Ne sme deca znam no koga toa e edinstven nacin♀️
Сепак без родителска поддршка и благослов не би заминала,дечко ти размислува незрело извини но бегање не е разумна постапка
Да правиш како што ти чини. Децата се за да ги родиш, ги израстиш, им подариш 'крилја' и да ги пуштиш да 'летнат'. Твоите се плашат да бидат без тебе. Ама ти не им си своина, свој човек си. Ќе омекнат... посебно ко ќе им трцнете едно внуче.
Ако си искрена со нас и ако единствената пречка за нив е тоа што треба да се преселиш на друг континент - да идеш и ич да не се мислиш. Можеби таму ти е среќата, не им дозволувај да ти упраавуваат со животот само затоа што ти го дале. Некои родители се научени децата да ги третираат како домашни миленичиња, блиску до нив и на ланец.
Samo poradi ovaa edna I edinstvena pricina dalecina bidejki sum edno zensko vo 3 maski I da sum bila blisku, im kazuvam deka ne sakam drug ne mozam ama zaludno. Mnogu sum bliska so majka mi no ne mozam samo poradi ova da se upropastam sebe si I da bidam so nekoj so ne sakam samo da sum blisku . Sepak fala ❣
Ти најдобро си го знаеш дечкото и ако мислиш дека сте спремни на заеднички живот, иди без ниедна брига. Родителите ќе се бунат извесен период, па ќе омекнат. Процесот за селење во Австралија е малце подолг и бара доста финансии, се надевам дечко ти ќе ти помогне околу тој дел. Додека трае процедурата, седни ги твоите и кажи им што си одлучила, направете фин муабет и мора да попуштат евентуално. Како и да е, ти одлучуваш за твојот живот. Боље да заминеш на твоја одговорност, отколку да останеш и цел живот да ги кривиш твоите пошто те задржале тука. Се најдобро )))
@Leo girl Ќе ти кажам нешто. Што ќе одлучиш е само твое, одлуката е само твоја. Со право феминките ти рекоа дека тие се родители и ќе се бунат, зошто ти мислат најдобро, според нив. Јас имав случај со мојата прва врска кај што не ја слушав мајка ми за мојот партнер што и ден денес се каам што ја немам слушано. Седни ги, кажи им дека се работи за твојата иднина, дозволи да го запознаат подобро, ако тој те сака навистина ќе издржи се, ако не, ќе попушти.
И порано имам пишувано, дека моите родители се против мојата врска... Со дечко ми, скоро 2години сме заедно.Ме сака, го сакам, се согласуваме, имаме добри спомени и се од тоа.Но, јас цело време сум под притисок, мислам дека моите го чекаат денот кога ќе им кажам дека јас и тој не сме веќе заедно. Кога ќе им кажам ќе идеме таму и таму со дечко ми, моите прават некои фаци и цело време се со изразите: Е зошто баш со него? Мора ли со него? Мора ли таму? Едноставно не можам да се опуштам доволно, цело време пазам тие да не испаднат од некаде и да не видат, или пак некои блиски. Од една страна си велам дека ми е доста од криење, нервози и стрес, но од друга страна не можам да го оставам. Не знам што да правам.
@Saraahh Седни и поразговарај со своите родители, прашај ги убаво што е причината за нивното негодување, а и не знам колку си години, можеби си тинејџер, па во тој период, на никој родител не му е по ќеф што детето му се впуштило во тие води Ако пак си доволно возрасна, секако поразговарај, но и тебе штом ти е добро во врската, немаш потреба да се криеш
Ја сум во многу тешка ситуација, во врска сум веќе 14 месеци, моите ми бранат да одам со дечко ми уште коа им кажав за него. На почеток многу се сакавме, бевме среќни, слободни...се додека моите не се замешаа. Нема ништо потешко од тоа коа родител ке ти пречи во врска. Многу е комплицирано. Неколку пати се криевме и не разоткрија. Мене многу ме малтретираја за да не бидам со него, ми го искршија тел.повеќе пати ме имаат тепано, затворано дома..потоа почнаа на него да му се закануваат, ја не се откажав од него. Имам само 18 години, тој има 19. Моите никако не прифаќаат да бидам со него, не знам што да правам веќе, во многу тешка ситуација сум