1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родителите се против мојата врска

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Bianca, 17 декември 2009.

  1. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.409
    Допаѓања:
    42.734
    Пол:
    Женски
    Дали можеби претпоставуваш зошто твоите не ти дозволуваат?
    Инаку насилство во никој случај не е решение. Обиди се да разговараш со твоите, иако си само 18 години, објасни им како се чувствуваш и дека со сила ништо не бидува. Од друга страна и немој премногу да им се спротивставуваш, обиди се да најдеш некоја средина. Држи си се до тоа што сакаш но истовремено биди добра со твоите и обиди се на убав начин да им докажеш дека на крајот на краиштата и не правиш нешто лошо. :)
     
    На ane.bella, Feminka22 и Fgirl06 им се допаѓа ова.
  2. Fgirl06

    Fgirl06 Нов член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Знам зошто ме бранат, дека се скарани со некои од негова фамилија, дека е сиромашен ја ќе сум патела...не го сакаат ни него ни фамилијата. Сето тоа ни ја нарушува врската и сега си мислам никогаш нема да се среди, све е премногу искомплицирано. И он ми збореше против нив, дека не се нормални, вакви се такви се, сето тоа ме повредуваше. Од двете страни трпев. Ми иде само некаде да отидам и сама да останам, да не мислам на ништо...
     
  3. Fgirl06

    Fgirl06 Нов член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    @Dream-Girl Пробувам ете да им објаснам на моите, сакам да ме подржат да ми биде полесно али никако, не иде...се навредиле од негова страна и неможат да поминат преку тоа. А на дечко ми му кажав дека ме повредува кога збори лошо за нив и прекина да збори. Ја очекувам од него да ме разбере да ми помогне ама ни од него ништо...и тој само ги криви моите за се. Сега ништо не збори лошо за нив ама пак знам дека мисли лошо за нив и не ги сака. А мене ми се родители ипак. Ни они, ни он не ми помага..
    Све ми се руши..
     
  4. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Искрено колку и да сакам некој ако тој зборува лошо за мојте и ги навредува никогаш нема да му поминам преку тоа. Дечко може секој да ти биде, ама родителите се едни и во никој случај родител не може да му мисли лошо на своето дете, можеби во одредени ситуации не сфаќаме и мислиме дека сакаат да ни ја уништат среќата, но сепак го прават за наше добро тоа.
     
    На Dust и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Fgirl06

    Fgirl06 Нов член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    @Snowflake97 да во право си за тоа, ама моите многу лошо ни направија, многу не измачија, еве сега матура ми иде ми викаат нема да ти плаќаме ништо ако си со него...што да направам не знам...никој не ми помага, да ме разбере
     
  6. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    @Fgirl06 Во случајов не вреди да се бориш за дечко ти.

    Затоа што, наместо тој да ти биде поддршка и без разлика какви и да ти се родителите нема право тој да збори лошо за нив. Туку треба да се труди да им остави добар впечаток, а не вака, ти притисната од две страни.

    Тие ти се родители и ти го мислат само најдоброто, може не се објективни кога станува збор за дечко ти поради некоја си кавга во минатото, ама дечко ти нема право да се однесува така. Треба малку осет и култура да има, ем се постари, ем ти се родители.
    Јас таквиот дечко не би можела да продолжам да го сакам.
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Колку и да се нерационални, сигурно имаат некои релани причини зошто се испокарани фамилиите. Ако си во сериозна врска со некого, тогаш треба да размислуваш колкави се реалните шанси вие да сте заедно и треба да погледнеш подалеку од моменталните задоволства или препреки. Ако си со некого, тогаш си и со неговата фамилија, која во твојот случај е испокарана со твојата. Мислиш ли дека реално ќе можеш да одржуваш блиски и добри односи со двете страни, и тоа е доколку и твојот партнер вложува, а во твојот случај не вложува. Познавам многу случаеви каде што некому фамилијата не му дозволува или не се среќни со избраниот партнер, ама многу ретки се случаевите каде што е до степен како твојот. Ти препорачувам да уживаш во најдоброто доба, а не да си колатерална штета во кавгата помеѓу вашите фамилии.
     
    На Snowflake97 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Претерувате. Искрено, и јас да сум на местото на дечково, во импулс би можела да изустам дека родителиве не се нормални.
    Замислете на вашите сакани дома да им кршат телефони, да ги заклучуваат и тепаат (!!!), па згора на сѐ и вие закани да добивате? Тоа ги преминува секои некакви граници на мешање и неприфаќање партнер на дете, не, не е нормално и не личи на здраво „мислење добро“...
    Еве не знам, можда дека и општо ми е преку глава од стоење на страната на секакви родители...

    @Fgirl06, на кој начин и зошто се скарани вашите фамилии? Како тој се однесува кон тебе надвор од овој проблем, дали тебе (а не твоите насилни родители) те почитува доволно, те сака вистински и ти обрнува внимание? Размисли трезвено со свој ум за овие работи за да знаеш дали вреди да продолжиш да се бориш за него.
     
    На Leviosa2503, candy.cane, Ambitious и 6 други им се допаѓа ова.
  9. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Ако некој не ја почитува твојата фамилија не те почитува ни тебе искрено. Целиот живот ќе имаш проблеми и префрлања со кои ќе треба да живееш.
     
    На Snowflake97 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Па јас така не би мислела за родители што ме заклучуваат и тепаат, не би се поистоветувала со мислењето и почитта за нив. Мое мислење и перспектива, непопуларна можда ама таа е.
     
    На candy.cane, Nausicaa, ane.bella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Fgirl06

    Fgirl06 Нов член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    @Someonespecial Не се нешто сериозно скарани, мајка ми едноставно ги мрзи сите од таа фамилија. Ги вреѓа, зборува дека се цигани, вакви се, такви се...Н ие пред проблемиве бевме супер, ме сака искрено, цело време ми пишува, малку да ме нема се секира.
     
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.301
    Пол:
    Женски
    Твоите претеруваат,и навреди,тепање е за незрели личности.Па тие кои имаат предрасуди никогаш нема да се среќни.не е во парите и статусот лична среќа.На своето дете да му го сторам тоа нема шанси па во кој сака да се вљуби .Јас ќе ти дадам совет ако го сакаш и ако он тебе вистински те сака и цени,не се предавај без борба и не ги слушај твоите,тоа што ти го прават е малограѓанско,ниско и нехумано.Да се биде човек е голем збор ,како и да е го имам доживеано слично ова одамна мајката на мојот дечко со кој сакавме да се земеме не одобруваше и беше груба кон мене ,толку и сечело и најлошото либето не ме одбрани и го оставив а живеев кај него.Моите стоеа зад мене во секој момент на добро и зло и увидоа со какви луѓе си имам работа и рекоа дека на сила убавина не бидува.Така и ти,ако мислиш дека дечкото те сака и е добар за тебе не слушај неразумни работи дури ни од твоите:!:
     
    На Tan4ence, Someonespecial, Luminary и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Fgirl06

    Fgirl06 Нов член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Моите коа ме малтретираа, не комуницира со нив, се тргав на страна и они ме оставија така сама. Цело време бев со дечко ми и со неговите. Покрај се ова што ми се случуваше збунета сум. Одлучив да бидеме разделени некое време за да сфатам што ми се случува. Сакам да знам дали стварно го сакам или само се плашам да не останам сама. Што велите вие добро сум постапила?
     
  14. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Ти уште не си сигурна во своите чувства спрема дечкото, а си се откажала од твоите родители и си заминала кај него и неговите.
    Ако си постапила добро воопшто и немаше да го поставиш прашањево.
     
  15. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.253
    Пол:
    Машки
    Збунета си целосно и земи прибери се дома и не прави сцени. И овде сподели зошто не го сакаат дечкото, да не нагаѓаме овде..
     
  16. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.660
    Допаѓања:
    20.950
    Пол:
    Женски
    Мене некој да ми вреѓа фамилија, па и најлоша да е на светот, би го отерала у три лепе.

    Наместо да ти е поддршка, да не долева масло на огнот тој уште поќе те растревожува.
     
    На Feminka22, cresa-jagoda, Dust и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Иако сум секогаш за секој пар што е среќно заљубен да успее и да си ја одржува љубовта, ама во овој случај ќе морам да мрчам малку.


    Прво , премногу си млада и незрела за да бидеш толку сигурна во неговите, а и твоите чуства. Разбирам и сфаќам дека секој родител си го гледа најдоброто за своето дете, тие никогаш не можат да ти мислат лошо, туку само те заштитуваат.

    Тоа што било помеѓу вашите фамилии во минатото, најдобро да остане таму и да не се корнат стари корени.
    Поминало, животот оди напред.

    Дечко ти , треба да ти биде поддршка а не да ти ствара дополнителни тензии, со тоа и да ти го разматува главчето.

    Твоите кога тогаш , ако сметаат дека тој е најдоброто за тебе , ќе се навикнат и ќе го прифатат. Но , потребно е време.



    Друга работа, пак ќе се повторам. Премногу си млада за да ризикуваш со него, затоа што не знаеш што ќе биде утре.
     
    На Brinetka и Animali им се допаѓа ова.
  18. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.346
    Допаѓања:
    8.116
    Пол:
    Женски
    @Fgirl06 Да бидеме искрени, штом твоите се толку против него сигурно слушнале нешто што не треба и има нешто што не им се допаѓа, а па чим се и скарани има голема причина зошто не сакаат да завршиш во таа фамилија. А посебно се плашат од беља, па сакаат што поскоро да завршите.

    Не се трескај за џабе и не си уништувај красни години расчисти со дечкото, ке преболиш, ке најдеш друг.Знаеш и сама дека од вас нема ништо да биде, а посебно па вака почнато, кавги, вреѓања...Не дај боже во брак бетер ке биде.
     
    На Snowflake97 и Animali им се допаѓа ова.
  19. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    @Fgirl06, јас едно ќе ти кажам- на страна сум на дечко ти. Нема што он од култура да ќути кога не чинат твоите, зошто стварно не чинат. Почитта се заслужува, не се добива на готово. А твоите ни П не заслужуваат од почит. Жити се, како да премолчува и да биде фин кога знае дека твоите те тепаат и малтретираат?

    Еве и да не е тоа, како он да ги почитува кога мајка ти јаде бурек за него и за неговото семејство? Нели не е фер тоа кон него? Те сака тебе, ама нормално дека го боли кога некој ги вреѓа неговите најблиски. И немаш право да бараш од него да биде океј со навредите кон него и неговото семејство. Мислам, тебе ти смета што тој збори против нив, а што мислиш, како му е на него?

    Совет за тебе немам, освен да гледаш да најдеш работа и да се тргнеш од лудаците кои те тепаат.
     
    На Leviosa2503, candy.cane, Amellie13 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Чекајте малку другар(к)и, каде вие прво прочитавте дека девојката избегала од дома и живее со неговите? Рече само дека поминувала време со нив и ги поддржувале. Или јас на друг јазик ја читам приказнава, или вие најбитните работи сте ги прескокнале читајќи.

    Таа е млада, а дечкото треба само да смирува ситуација... па дечкото е само една година постар од неа колку што прочитав, таа 18 а тој 19. Мислите толку голема разлика е, и лесно е на 19 години да се справува со луѓе полни со предрасуди кон неговата фамилија, со нивните закани?
    А што е со неговата фамилија, со која имено проблемот бил дека се „цигани“ (сиромашни) и нејзините затоа ги мразеле, притоа никаков проблем не прават ниту во врскава?
    Дај отворете очи малку кога се работи за деца и родители, не е сè така црно-бело, по книга и по народни приказни!
    Ова е најважното, посебно последната реченица.
    Види мила, своите чувства ти и вие двајца најдобро ги знаете, размисли убаво. Но, што и да се случи со вашата врска, работи на тоа што побрзо да се осамостоиш и застанеш на свои нозе, оддалечувајќи се од таму. Пошто родители кои те тепаат и заклучуваат првенствено не ја заслужуваат твојата почит, а не пак на некого што го посочуваат со класни предрасуди и му се закануваат.

    Едит: фала богу некој да чита внимателно и реално, @Nausicaa како и секогаш - :bow:.
     
    На Leviosa2503, candy.cane, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.