Ако на таа 13 годишната и лета паметот, тој барем треба да биде паметен и зрел. Тој 26, таа 13, ем малолетна е, ем 13 години разлика се, ем тој има девојка. Па да е нормален нема да се допишува со таа 13 годишната, а не па да и праќа слики. Нејзе и да и лета паметот тој требало да ја блокира. Не знам девојкава со кој памет е уште во врска со таков педофил. Тој и сопствено дете скраја да е може да го силува штом се пали на 13 годишни девојчиња.
И јас го потенцирав тоа подоле во коментарот дека он е возрасен и треба да постапи разумно. Иако и во целост не можам да кажам дека го оправдувам девојчето без разлика дали она прва пратила или он и барал фотографија да му прати како и да е поентата ми беше да кажам дека денеска децата се помалце или воопшто не се контролирани од родителите за своето однесување конкретно за примеров на социјалните мрежи. И сама сум сведок на една ситација пред неколку години што искрено ми беше многу чудно и грозно некако во исто време, имам брат (кои тогаш беше малолетен сеуште) имаше така наречено секс парнерка и девојчето често идеше кај нас дома ама ми изгледаше многу малечко и го прашав колку години има, кога ми кажа 12 години се шокирав, па јас на 12 години играв ластик на улица и немав поима што е тоа секс. И затоа знаејќи ја оваа ситуација го напишав тоа, ама во никој случај не го оправдувам педофилов, да беше и он малолетен ајде океј до некаде, ама вака за 26 годишен возрасен маж ова ни малце не треба да му се прости на суд.
Девојче ти не си свесна што се случува околу тебе, а поради кои причини не знам. Две лоши работи направил од кои таа втората ми е гадна, и да би знаел или да ми била сестра тоа девојчето, првин неа ќе ја истепав, па потоа то педофилот. Прва работа, тој на некој начин прави будала од тебе, си споделува слики (голи), а голема е веројатноста и да чатува, и можно е и со други, САМО ТИ НЕ ЗНАЕШ. Втора работа обвинет е за малолетник и тоа 13 години, замисли напола помлада и помала од него..... Мислам дека грешиш многу и ќе згрешиш со оваа личност, не знам што е ама човек не е.
12 годишна секс партнерка? Родителите на девојчево очигледно потфрлиле, ама на твоите родители нормално им беше што синот им има секс со дете?
Значи бидејќи ти е брат и разликата во години не била толку голема ОК е и девојчето е криво или распуштено? Не сите созреваат умстено па и сексуално во исто време, и точно е дека има некои девојчиња што порано започнуваат, но тука се родителите и едукативниот систем што има потфрлено (вклучително и твоите родители). Престанете со 'денешните деца ово, денешните деца оно'. За девојката што е во двоумица само едно можам да кажам: те лажел, ТЕ ЛАЖЕ, и ќе те лаже. Прво тој е педофил зошто 1.) се допишува со 13 годишни, 2.) чисто сумњам дека девојчето од 13 години само му пишало и одма му праќало слики, 3.) како му веруваш во тоа дека тоа прво пратило гола слика? Или воопшто??? јас да сум ти родител ќе ти одржам еден куп лекции против малоумство.
А каде кажав јас дека е океј 12 годишно девојче да е сексуално активно, девојчето не беше ниту принудено на нешто ниту силувано сама доаѓаше секој ден, јас еднаш ја прашав добро ти не одиш на училиште, ми следуваше дрск одговор дека она оди кога сака. Само жално е што пример една во одделението ќе почне нешто (мување,секс) и одма сите мислат дека е тоа океј и они го прават истото, обично така функционира тоа. Можеби и од родителите се воспитувани поинаку, но они ги гледаат другарките што прават, уште по жалосно е што ова девојче не е единствениот пример, туку се се повеќе. Баш и пред брзо време на вести гледав имаше колку почесто малолетни девојчиња стануваат мајки, од кои најмалото девојче беше 11 години.
Во Македонија секое сексуално дело со личност помлада од 14 години се смета за полов напад на малолетник, баш затоа што личност од таа возраст не се смета за правно способна да даде согласност за истата. И да не користиме правни термини, 12 години девојче ни на крај памет не може да разбере во што се впушта, џабе она тебе што ти има кажано... Во главно во светот, па и во Македонија, луѓето стапуваат во сексуални односи постари од предходно и има се помалку малолетни родители. Дали мислиш дека девојчето што станало мајка на 11 години знае што му се случило или дека сакало? И да не зборам за кој и да е таткото...
Да можеби според закон личноста не се смета за правно способна да даде согласност за такво нешто, но додека порано ние на таа возраст мислевме дека не донел штркот, денес децата знаат се. Сите од уште најмала возраст имаат телефони и на интернет гледаат све и свашта, иако мислиш дека не се свесни во што се впуштаат, знаат и те како. Имам внука има 4 години, пред некое време кога дојде ми вика тете знаеш каде влегува к*рот, јас останав шокирана и се чудам што ми кажува детево, ја прашав кој те научи ова од кај знаеш ми вика во градинка ми кажаа.
Ти мислиш шо збораш??? Жртва секако не се обвинува, а за дете.. по дифолт е жртва. Нема тоа доволно развиен фронтален кортекс, па да размислува логички. Нагонски делуваат малолетниците. Во превод: животински. Разумот им е .. неразвиен.. Нормално за дете. Нема никакво оправдување за педофилот. И гола да шетала, и да легнела и да му речела: Еби ме! Тој требало да ја прибере, облечи и испрати кај нејзините... а не да и' праќа слика од неговиот полов орган. Манијак.. исто како оние што се покажуваат по паркови.. па уште на дете.. Педофил, со тапија. И да.. Ако има правда во државава, типов треба да лежи во затвор.
Ми даваш еден куп анегдотални аргументи кои се олчигледно пристрасни и всушност не ти го засилуваат твоето мислење. Моите родители никогаш не ме лажеле дека штрк ме донел или билошто, па знаев за тие работи и сметам дека е попроблематично кога родителите ги одбегнуваат тие теми. Тотално природно е и децата од 3-4 години да се љубопитни за тие делови од нивните тела, но тоа со ништо не докажува дека тие се свесни во целост за тежината на тие работи (како што на внука ти и е смешно и забавно нејзиното новостекнато знаење). Тоа што децата знаат да управуваат со технологијата на нивното време исто така не е показател дека се помалку наивни од децата во твоето време (сети се дека децата што знаеле да управуваат телевизори се исто така понапредни од децата во времето на нашите баба и дедовци). Твоето мислење е многу проблематично бидејќи ти ја префрлаш вината на ДЕЦАТА за сексуалносто насилство што се извршува врз нив. Без разлика дали 11 годишно девојче знае што влегува во што тоа е сепак 11 годишно и ниту има развиено доволно свест за што му се случува ниту пак може да се носи со последици од физичка и ментална гледна точка. Размислувањето дека доколку едно девојче е сексуално зрело (има менстурален циклус) тогаш е криво за тоа што ги возбуда машките околу него е трогателно. Знаеш ли колку девојчиња низ светот се присилно омажени на слични возрасти? Не сите од нив сфаќаат дека тоа не е нормално, бидејќи и нивните мајка и баба се биле. Поразително е тоа што во Македонија се случуваат тие работи, а луѓето околку нив имаат слични ставови како тебе.
Извини вака ама мене ми се има случено пред неколку години со другарка на братучеда ми, таа е 8 години помала од мене, значи то време јас имав 21, а тие 13. Бев кај тетка ми на гости, и братучеда ми со другарки,и после тоа ме адна на фб, ја прифатив, ама почна да ми пишува и лајкува сите слики. Ја известив тетка ми и братучеда ми за да се прибери и да не дојде до несакани проблеми. А исто така и типов мислам дека требало да реагира наместо да покажува полов орган на девојче, како и да е девојчето (што му е девојка) уште еднаш ќе пишам дека треба да се свести и и посакувам што побрзо сфати тоа подобро.
Никогаш не сум го имала овој проблем до душа таинствена сум кон сите и ретко да ги запознале моите, моите дечковци, а ако би го имала проблемот тогаш ке се обидам да ги испушам сепак повозрасни се и поискусни можеби се во право.
Секое нормално машко ако знае дека девојчето е 13 годишно нема слики да и праќа, него ќе ја блокне а и гола пред него да му се соблече треба да и врзе 2 шамара и да ја освести. Овој е изгледа психопат и педофил и треба да скапе во затвор, а и ти не знам како го оправдуваш, уште па и прашуваш дали да му се вратиш.