1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родители и дечко

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од anagjorgjievska1, 18 април 2016.

  1. anagjorgjievska1

    anagjorgjievska1 Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2014
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Со дечко ми сум веќе една година,завршувам четврта година и премногу го сакам моите родители се запознаа со него како и јас со неговите се беше во ред го сакаа но кога дојде време да одам на факултет настана проблем....немам желба да студирам и им кажав тие одеднаш го сменија односот со мене започнаа да го навредуваат и ми вршат притисок на секој начин да сум го оставила и да сум одела на факс.
    Мене не ми се иде и немам желба сакам да сум со него и да живеам со него исто така планирам да одам наредна година на факс ама вонредно од кај него.Моите ме ставаат во ситуација да бирам меѓу нив и него,сигурна сум дека ќе биде тој мојот избор ама сепак некако тешко ми е поради ова,родителите знам дека не ми мислат лошо но постојано ми вршат притисок за секоја моја одлука која не им се на нив допаѓа,до сега секоја нивна одлука сум ја прифатила без да се противам,но ова е веќе премногу..Па сакам да ве прашам за совет и ваше мислење секое ваше мислење за мене е добредојдено.
     
    На Ljubopitnataa77 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.051
    А дали би сакала да студираш и да живееш со него? Пример, ако има таква опција. Милам не ми јасно дали нејќеш да студираш за да не се разделите или тоа е твој став дека не сакаш понатамошно образование? Ако е првото ваљда има решение а ако е второто објасни им го тоа на твоите и кажи им ги твоите планови за животот во иднина за работа, финансии, живеалиште па може ќе се смират.
     
    На anagjorgjievska1 и Gerbera им се допаѓа ова.
  3. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @anagjorgjievska1 Ана, факултетот е искуство што би ти рекла да не го пропушташ. Сега си во најубавите години, и мислам да идеш на факултет и да уживаш, притоа и да одржуваш баланс и со семејството и со дечкото. Но, прашањето овде ми е исто како на членката погоре. Дали не сакаш факултет затоа што мислиш дека негативно ќе се одрази на твојата врска?
    И исто така, сакам да прашам, бидејќи го наведе ставот на родителите, кој е ставот на дечко ти? Што тој мисли?
     
    На LivingGlam, Waka-waka, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Ко прво родителите не треба нејзе да ја тераат да бира, тоа е многу лоша идеа, и знам како е, пред неколку години и јас бев во таква ситуација, го избрав факултетот а не дечкото, од една страна се покаав за тој чекор бидејќи знаев дека ќе ме чека многу подобраа иднина настрана, ќе можев и да се осамостојам и да бидам среќна со дечкото, ама не знам што ме натера да се одлучам за тој чекор.
    Луѓе. факултетот не е којзнае каква работа, не е големо достигнување, порано беше да, но сега секој може да заврши и да има диплома.
    Нека размисли подобро и да донесе конечна одлуика за да не страда на крајот, ако ја сака дечко и ќе и даде време и ќе ја подржи во секоја одлука, ако не ја сака и нема разбирање знае што да напави..
    Родителите секогаш ни мислаат добро но поради тоа знаат и често да не повредуваат и да не мислат во нашите чувства, а и не секогаш се во право.
     
    На Ljubopitnataa77, kjukli и anagjorgjievska1 им се допаѓа ова.
  5. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @JustFun Така е, не е и за секој факултетот, но во нејзината ситуација неодењето на факултет би требало да биде бидејќи има други амбиции и сонови зацртано, друга работа и план, а да не биде оти еднаш дечкото и рекол ако иде на факс, со нив е готово, бидејќи ги има и такви. Затоа, ја и прашав кој е неговиот став.
     
    На Marossa и anagjorgjievska1 им се допаѓа ова.
  6. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Јас сфатив дека родителите ја натерале да бира помеѓу нив и дечкото.. Како и да е, никој нема право да поставува услови, се работи за иднината на девојчето а доколку донесе погрешна одлука притисната од родителите, еден ден лошо ќе и се одрази.
     
    На anagjorgjievska1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @JustFun А океј е ако донесе одлука притисната од дечкото? Таа никаде не напиша тој што мисли, затоа го чекам нејзиниот одговор :D
     
    На joy1 и anagjorgjievska1 им се допаѓа ова.
  8. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    772
    @anagjorgjievska1 , твоите се плашат дека одлуката за факултет ти е под негово влијание донесена и дека со него би имала деструктивна врска по самата себе. Ќе престанат да интервенираат во такви ситуации еден ден кога и со самиот тек на времето, сама ќе почнеш да ги класифицираш ситуациите по критериум конструктивни, наспроти деструктивни по тебе. Ги разбирам, се изнагледале многу такви примери. И јас исто. Паузирањето со студии не секогаш е лоша идеја, не секогаш значи засекогаш затворање на таа книга во животот (страв на многу родители чии деца сакаат да паузираат), ама доколку не си вработена или не планирате веднаш деца да имате, зошто да биде вонредно? За се има време. Ја коа завршив средно и го имав најдолгиот летен распуст во животот, немав дечко тој период, ниту пак некој кој влијае врз мене, ама добив фина понуда за работа според моето дотогашно образование. Смачено ми беше од учење, за факултет нејќев ни да слушнам. Потоа се предомислив. Предомислувањево го ставам во една од најдобрите одлуки кои некогаш сум ги донела. Знаат тој период да се случат кризи, целиот тој притисок, учење, трчање по оценки, барање по списоци знае да направи на млад човек ненавикнат на животни стресови да му се смачи од сите тие работи. Но, да се вратам назад, пак би ја одбила таа понуда. Некогаш, ни самиот не знаеш дали си за факултет, додека еднаш не почнеш. Можно е по некое време, да сфатиш дека во таква средина ужасно добро се пронаоѓаш и снаоѓаш. :)
     
    На calliope, SuperGirl24, eloves и 5 други им се допаѓа ова.
  9. anagjorgjievska1

    anagjorgjievska1 Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2014
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Тој мене не ми брани и неговиот став е повеќе за да одам вонредно пошто онака би биле во различни градови што не би ни дозволувало да се гледаме на пример како сега,сака и тој да завршам факс еден ден ама моментално сум во тесно пошто мене искрено не ме влече едноставно таков живот од тоа како што би сакала да бидам самостојна,моите до сега во животот се сум ги слушала и никогаш за ништо им се немам протовено,да не навлегувам во детали ама поглавно би издвоила друштво што се дружев не им одговараше,вакви биле онакви,дечко до сега што сум имала за ни еден добар збор немаат кажано сега со овој што идам прв пат запознавам некој со нив и првин беше се океј одеднаш почнаа против него и се повеќе како раснам сваќам дека на нив се ни е во парите,да бил богат ова да имал она а не сваќаат дека колку толку има и се труди за нас утре да имаме некој добар живот и да бидам среќна.Нон стоп ако нешто кажам спротовно од нивното веднаш не сакаат да ми даваат пари,да ми купуваат нови работи и матура нема да славам ни па да ми дадат пари за да сум купила нешто за таа вечер пошто не сум заслужила,цел живот е како они се кажат а кога дојде време да одлучам сама нешто одма напнуваат и започнуваат со уцени како што е сега во моментот.
     
    На Gerbera, мкд98 и rose60 им се допаѓа ова.
  10. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @anagjorgjievska1 А зошто да одиш вонредно? И да одиш редовно, пак ќе имаш безброј можности да си доаѓаш, да се видиш со сите. Одењето на факултет е стекнување независност. Малку да видиш како е да се грижиш сам за себе, да излезеш од комфор зоната. Но, сепак одлуката е твоја :)
     
    На rose60, SuperGirl24, eloves и 2 други им се допаѓа ова.
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Слушај си ги родителите, многу ќе се каеш ако заради дечко што може да ти се скара во секој момент не се запишеш на факултет. Запиши се на факултет, пак ќе можеш да се гледаш со него, не знам во што е проблемот. Ако се сака се се може, ќе можеш и да учиш и да се гледаш со него
     
    На 123ppp, Victorian, sparklie и 12 други им се допаѓа ова.
  12. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Еј еј,една година сте заедно и одма знаеш дека тој е тој,јас ти викам да студираш и да не правиш работи за инат на твоите родители.Подобро оди студирај,на факултет ќе запознаеш повеќе луѓе и можеби ќе си најдеш подобар дечко од овој :emo:
    Извини ако те навредив со нешто во постот :)
     
    На Victorian, Quuen, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    772
    ^^^
    Bеројатно не сакаат врска на далечина (иако доколку градот е близу Скопје каде претпоставувам ќе студира може да се регулира тоа со патување и е многу поисплатливо), но да беше така, не верувам дека тука ќе се пишуваше за тоа воопшто. Полека, нема потреба од брзање. Четири парови знам што почнале со врска дури помали од вас, па дури по повеќе од 10 години врска се земаа. Ни факултет ни ништо не направило да раскинат. Мој совет, ако дефинитивно не сакаш факултет, фати некој занает, не знам таму нокти правење, фризирање, ги има разни. Другарка моја колешка на факултет, по дипломирање со занаетот најде работа, не со дипломата. Кој како си ја нареди. Ана, што и да одлучиш, не дозволувај некој друг да ти врши притисок и не се оставај без по некој ас во ракавот.

    И како што вика Самер, стекни искуство на самостоен живот, тоа многу ќе ти помогне, а башка и кога еднаш ќе станеш самостојна, ќе видиме дали и колку ќе функционираат наградите и казните од родителите. Од каде знаеш дека истите не им се стратегија за да видат дали си ти спремна за таков живот или не?

    Друго прашање. Може момчево да проба да најде работа каде што ќе студираш ти? Ем цимери ќе бидете, помали трошоци и сл. ем цимер ќе ти биде познат човек, нема да мора да се прилагодуваш од нула на нечиј карактер.
     
    Последна измена: 18 април 2016
    На cresa-jagoda, rose60, eloves и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    1.051
    Твоите какви такви лошо на своето дете не може да му посакуваат. Да, сакаат да имаш, кој не сака, можеби на нападен начин ама ете не ги слушај за тоа. Изгради се како самостојна личност, школувај се и ќе заработуваш место да бараш богат дечко ко што те тераат, па да видиш дечко ти како ќе трча по тебе до кој било друг град на студии или не. Вака ти ќе трчаш по него, ти ќе бидеш зависната. Јас разбирам: матурантка, заљубеност, постар дечко, идеално :D :inlove: искрено идеално, но за овие години, да не речам за ова лето и тоа е тоа. После те чека реаланоста. Размисли убаво. Многу си млада сигурно и полетна и убава и се за да идеш на некој куќа да му чистиш. Сурово е последново но тоа е. сори.
    Ако те кани он за заедничко живеење, може ли да живеете заедно и да студираш во исто време? Тоа е Супер опција, ем да видиш како би ви идел заеднички живот ем си се школуваш ем си ок со твоите. И најискрен совет: вондредно студирање заеби! ( ако те интересира зашто пиши)
     
    На rose60, SuperGirl24, Waka-waka и 3 други им се допаѓа ова.
  15. anagjorgjievska1

    anagjorgjievska1 Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2014
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам за советите,ќе размислам убаво повторно :)
     
    На sugarlips, joy1, Summerlover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.599
    Пол:
    Женски
    Сега можеби мислиш дека е важна само љубовта и дека и со малку ке се крпите како така.Утре здравје ке увидиш дека е и те како важно да имаш школо,работа,самостојност.

    Јас би се упишала на факс,би пробала.Па ако видиш дека стварно не е тоа ,тоа отпиши се.А он работи ли нешто,учи ли?
     
    На 123ppp, Quuen, mami blue и 3 други им се допаѓа ова.
  17. anagjorgjievska1

    anagjorgjievska1 Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2014
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Да, работи он
     
  18. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Најголемата грешка ти е ако го одбреш дечкото,а не родителите.
    Можеш да избереш и родители и дечко зошто да не одиш на факултет? Може тоа им е животна желба нивното дете да стане академски граѓанин не им го одземај тоа право!
     
    На Victorian, rose60, anagjorgjievska1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.805
    Пол:
    Женски
    Мислам редно е родителите да сфатат дека „закани“ од типот: „или ние или тој“ се сериозно дебилни.
    Како и да е, за проблемот, сфаќам до негде како ти е, демек ти си потчинета кон него и толку го сакаш што правиш како што тој сака него како ти што сакаш. Како што беше пишано и погоре, родителите имаат страв дека ете, детето нема да продолжи со студиите ако еднаш ги прекини (ова повеќе од искуство го зборувам зошто јас не сакав одма да запишам или воопшто да продолжам, и моите веднаш заклучија дека е ради дечко ми, а он лично ме носеше на факултет само да сум учела, убо било, ама шта чеш, родители).
    Мое мислење е да седниш и да им ги кажиш твоите гледишта. Дека знаеш што е најдобро за тебе и дека ако не сакаш да одиш на факултет можиш да направиш како да биди пропадната инвестиција и дека неможат да ти се мешаат (исто имам пример во блиската фамилија за 4 години пропаднати на факултет од непотребен притисок на родителите така да моите мислем некако отворија очи после тоа ... накратко: неположени испити од 2,3,4 год. без никој да знај, а детето стигнато за дипломирање - ама не го учеше тоа што го сака, беше принуден дури и кога молеше да прекини, а упорно му уплаќаа).
     
    На JustFun, anagjorgjievska1 и Gerbera им се допаѓа ова.
  20. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.263
    Допаѓања:
    8.669
    Мислам дека во случајов ти бираш меѓу себе и дечкото,а не меѓу твоите родители и него.
     
    На mirjana96, Goody, mimiiiii и 7 други им се допаѓа ова.