А што би правела ти за таа година кога нема да студираш? Како ќе се издржуваш сама со дечко во стан? Планираш да работиш?
И што ако заврши факултет? Тоа не е никаква гаранција за убав живот. Викаш дека не те влече да одиш на факултет, веројатно и да одиш не би знаела што да одбереш. Одлуката е твоја, ако сакашш да бидеш со дечко ти остани си со него. Времето колку сте биле во врска не игра никаква улога, и за 3 месеци некогаш знаеш дека тоа е тоа. Родителите немаат право да одлучуваат за тебе и да те стават во таква ситуација да бираш меѓу нив и него. Тоа е само твој личен избор и никој нема право да ти каже што е во ред а што не. Подобро да идеш за тоа што го сакаш одколку да се каеш цел живот и да се прашуваш дали си згрешила. А за факултет никогаш не е касно, кога сакаш можеш да се запишеш.
Moze roditelite ne bile vo red koga rekle da bira megu niv i deckoto i da odlucuvaat vo nejzino ime no imaat pravo da se mesaat vo zivotot na nivnata seuste ne polnoletna kerka koja ja finansiraat i zivee pod niven pokriv. Sigurno i mislat poubavo otkolku site nie ovde. Toa sto te ucenuvaat za garderoba,matura ne go opravduvam,no mozebi se isplaseni deka ja rizikuvas idninata. Ostaj ovde sto ti vikaat deka fax ne e biten zasto sekoj eden ima fakultet toa e tocno no ti ke nemas fakultet tuku ke si so sredno. Tie muabeti deka odgodina ke se zapises i toa vonredno ke ti bidat mozebi dalecni.Malku se tie sto se izdrzuvaat sami i se skoluvaat. Vikas deka fakultetot ne te vlece.Sedni i zaprasaj se dokolku ne si so nego dali bi sakala da studiras. Ako odgovorot ti e da togas ke svatis deka go elimeniras fakultetot zaradi toa sto se plasis deka ke go zagubis. Ako se sakate so deckoto ke opstanete.
Да жртвуваате образование за дечко,кој што не знаеш дали утре ќе бидеш со него стварно не разбирам. Критикувајте ме колку сакате,ама самата својата иднина треба да си ја согледаш што утре ти треба да бидиш. Треба да си сам свој човек,ваљда нема цел живот да живееш од љубов и да се храниш од бакнежи. Ако зрело седнеш и размислиш ќе сфатиш колку голема грешка праиш шо не сакаш да студираш,ама твое право на мислење е тоа. Сите летаме во таквите години,па така да...донекаде те разбирам
Ако се откажуваш од факултетот конкретно заради дечкото- големо НЕ! А ако и така и вака не ти се учи веќе- океј. Мораш да бидеш искрена кон самата себеси оти подоцна ќе се каеш. Заради дечко не се откажува нешто толку важно како образование.
Кажи дека не ти се учи , те мрзи , ти се мажи и ти се раѓа и крај ! Не се упропасувај , еден од најубавите периоди се студнетски денови. Јас паралелно и запишав факултет , тогаш и во врска влегов, еве ме сега втор завршувам (мастер) па имам време и за дечко и за учење и за другарки ! Родителите не ти мислат лошо , биди благодарна зашто некој плаче за да продолжи студии а нема средства! Не ти бега ни дечко , ни брак ни деца. Има денови кога ќе си жртвуваш шеткања за книга , ама секоја жртва се исплати . Размисли де ,полнолетна си . Јас секогаш го ставав образованието и кариера на прво место , партнерот е сега тука , утре којзнае што ќе го мавне по глава па ќе го снема , ќе си се обвинуваш самата.
А што ќе работиш? Зошто да паузираш, да ти тргне животот во друга насока? Види ги огласите за работа прво. Остај тоа 'денес со врски се вработуваат'.... дипломата и знаењето никогаш неможе да ти ги земат. Расчитај низ темите колку е потребно за самостоен живот, треба да се плаќаат сметки, да се јаде, да се живее.. тек деца ко ќе дојдат... Јас сум секогаш на страната на љубовта, но мора да се гледа од сите аспекти и пред се долгорочно
Чекајте бе луѓе малку, ја праша ли нејзе некој што сака? Дали навистина сака да оди да студира? Не е само поента да се запише а да нема желба да учи и да троши пари. Не е само желбата на родителите, во прашање е и дали таа навистина е подготвена. Ако постојано за се и сешто ја условуваат пиши пропало.. Тие закани се сосема непотребни. И во бракот ќе и се мешат? И едно прашање до сите вас - Дали некогаш сте биле уценувани од страна на родителите? Јас да, ако не се не знаете како е чувството, лесно е да се каже од страна.
Некои доволно трезвено размислуваат и на 18 и знаат што сакаат. Ај па родителите нека и одлучат оти мала е она.
Завршила средно. Дечкото незнам колкав е, ссмата вели ќе оди на факс вонредно од кај него. Тоа кошта пари пред се, од каде ќе им се... Ќе живеат со неговите?? Читајте низ темите брачни проблеми, снаи и свекрви, барање работа, неопходни нешта за бебе, кредити и сл... па после ќе разговараме.
@anagjorgjievska1 нема да должам, имам да ти кажам само едно: Слушај си ги и почитувај си ги родителите. Имаш 18 години и пред тебе е цел живот. Немој да ти биде криво ѕа факултетот после неколку години ако се скарате и не сте заедно. Родителите те финансираат, посакуваат најдобро за тебе, послушај ги. Сакај си го, бидете си заедно, ама биди си СВОЈА и со фамилијата. ЈАС згрешив што не ги послушав кога бев колку тебе. 25 години се каам поради тоа.
@JustFun Таа како и секоја заљубена матурантка го сака идиличното, со дечкото together forever. Oвде, не станува збор за несакање факултет, не станува збор за лоши родители, туку oчигледна овде работата е дечкото. Да не раскинат, да не бидат одвоени. А, еве, јас и сите тука можат да кажат дека, и малата одвоеност е добра за една врска. Се да се заедно, 24/7 ќе си станат досадни еден на друг. Еден партнер, треба, без разлика на се, секогаш тој до него да го турка кон врвот, да го прави амбициозен и да го тера да напредува. Тој нејзе и вели вонредно. Вонредното треба да биде крајна опција, тоа е поскапо, а тука го испушта и искуството, дружење, материјал, голем дел од атмосферата. Самата спомена дека сака да биде малку независна од родителите, па факултетот и е супер прилика.
@anagjorgjievska1 Прво, една работа е да те форсираат родителите да студираш,а ти не сакаш.Разбирам како е да те притискаат родителите,сум била таму, еден ден ќе препукнеш. Е сега,кога сме кај тоа, ти на првата страна си рекла дека не сакаш да одиш на факултет,дека тој живот не е за тебе и слично.Малку погоре рече дека сакаш пауза сега откога ќе завршиш средно.Што значи покасно факултетот сепак би бил опција за тебе или ова само за задоволување на родителите? Друга работа, дечкото колкав е, каква врска имате? Не ми се допаѓа неговиот став, демек се залага да учиш,ама вонредно. Ма немој,што се мисли тој? Тоа на крај е твоја одлука , нема никакви права да ти влијае на образованието. Едно сфатив од твоите постови ,ти многу лесно потпаѓаш под влијание. Дали на дечко или на родители.Јас ти советувам да си седнеш сама,да си размислиш што сакаш во животот. И знај, ако тој твојот те сака и почитува како личност, ќе те поддржи каква и одлука да донесеш.
Јас сметам дека во денешно време да останеш без образование е кочница за понатамошен живот. Но , ако некој не сака да студира, родителите не би требало да вршат притисок. Се постигнува контра-ефект и после ги пишуваме по форуми. Брат ми не сакаше да учи, уште како прваче се лигушеше и паѓаше од столици кога пишуваше домашна со татко ми! Го натераа да се запише на факултет затоа што „сите одат на факултет, ти ќе останеш без образование“ - пиша 2 пати квадрат на прва година и се отпиша. Едноставно, No Va, а потроши еден куп пари за пријавувањето, па испити, ова она. Е, сега работи во приватна фирма, и океј му оди, си зема плата, помага дома, аха, сега е океј. Во случајов, ми мириса дека нејзините другарки ќе одат во Скопје да студираат, нејзините родители сакаат девојката да се осамостои и да оформи образование и да си најде работа по струка и нели, сите родители тоа го посакуваат, па овие ептен вршат притисок. А таа е млада и заљубена и смета дека одењето на факултет ќе предизвика разделба со саканиот. Не душо, ако не ти се учи, подобро запиши некаков курс, некаков занает, отколку да фрлаш пари за факултет на кој не ти се оди. Верувај, повеќе ќе ти се исплати. А ако сакаш да одиш на факултет, никој не треба да ти биде пречка, особено не дечкото. Има време, ќе си доаѓаш дома за викенд, ќе се гледате, ќе ти доаѓа на гости, не е крај на светот.