Немој твојата иднина и твојот живот да го водиш по дечкото. НЕ можиш да знаеш шо би било утре, дали ќе останиш до крај со него. Ако сакаш факс запиши се, а не да го гледаш дечкото, немало да се гледате, какви врски на каква далечина успеале, а ако е судено да не бидете заедно и да си 24/7 нон стоп џабе. А ако не сакаш да студираш тоа е друго, можеш дома да му објасниш кaквa е работата, а не по дечкото да се водиш.
@anagjorgjievska1 Денес динамиката на живеење е толку поместена и поразлична од некогаш што времето за гледање е дискутабилно во секој поглед и релации меѓу луѓето. Ако не можеш во оваа ситуација да го организираш времето за твоите обврски и средбите со дечкото, тогаш што би требало да ги спречи оние што стапуваат во брак и денот го поминуваат на работното место, а зад себе имаат поголеми обврски и должности од твоите, па сепак успеваат да функционираат со такво темпо. Многу од нив продолжуваат да се доусовршуваат и ја градат кариерата со голем ентузијазам и поддршка од партнерите што значи дека никој и ништо не треба да биде пречка кога има разбирање и компромис. Твојот живот е твој избор и за тоа треба сама да одлучиш. Не се споредувај со никој затоа што секој е различен на свој начин. Тоа што си во врска не значи дека треба да бидете неразделни. Диши свој воздух и научи да се потпираш на сопствениот капацитет затоа што само така можеш да се изградиш како личност. Дај си време и смирено размисли за себе што би правела понатаму. Некои грешки се поправаат, но некои остануваат засекогаш. А кога ќе почнеш да се преиспитуваш што си направила и што би можела да направиш ако било поинаку, веќе е доцна.
Љубовта на млади години чуда прави, мислиш се што лета се јаде. Но не е така. Ако не ти се учи факултет, немој, не учи. Со сила убајна не бидува. земи си пауза 1 година, две..... моја роднина на 30 години се запиша на факултет. Па си заврши. Но најди си некоја работа, работи , пронајди се во таа работа. Менувај работи 1-2-3 додека не најдеш што сакаш. Но немој да се мажиш на 18 години само затоа шт мислиш дека си заљубена. Седни и разговарај со родителите, не одам на факс ама ке работам. нешто мораш да правиш во животот а да не е само дечко и дечко.
Види сега, ако не ти се учи, не учи. Јас тоа го зборувам цело време, има луѓе на кои едноставно не им се учи и тоа е тоа. Ама во твојот случај, јас мислам дека настојувањето на дечко ти дека е подобро да бидеш вонредно, да си живеете заедно, да си се сакате, да не се разделувате итн, ти влијае многу. Не мораш нас да ни признаеш, сама на себе признај си. Сите тука сме биле во врски и факт е, сакале признале или не, дека дечковците ни влијаат и дека ние им влијаеме во размислувањето. И тоа е нормално донекаде, здраво е да го земеш предвид и неговото мислење за некоја ситуација. Мада што овде зборувам за малце позрели и посериозни врски, не ме сфаќај погрешно, ама не знам колку ми биле зрели врските на тие години. Ама во твојава конкретна ситуација, кога станува збор за животна одлука, мораш пред се' да видиш ти што сакаш. Јасно е дека не е исто да се запишеш на 18 години и на 25, генерацијата избегала, па гужви, драмички. Па не ти се ни учи исто, сега пак, имаш колку-толку некоја си навика за учење, јас откако почнав да работам ми се лоши на самата помисла да треба да седнам и да учам, а тврдев дека ќе одам на магистерски и тоа веднаш. А и има разлика да отидеш малце и да видиш свет, студентски живот, малце да се истриеш... Се гледа разлика во однесување на некои 25 +/-, можеш да видиш кој е изживеан, кој уште лета со паметот. Е и друг момент, некогаш толку многу сакаме нешто, што буквално се заслепуваме од тоа. Јас мислам дека тоа во моментов е така со тебе, толку многу сакаш да си живееш со него, што не гледаш ништо околу тебе, ја гледаш само крајната цел. Јас можам да ти кажам најмалку три примера каде што и повозрасни девојки ја направиле истата грешка. Дури не можам да тврдам и дека јас не сум ја направила или нема да ја направам. Ама, размисли, што потоа? Еве, ќе живеете заедно. Ќе се сакате и ќе се сексате по цели денови, месец, два, три... Па пеперутки, па љубов, да бе. Извини, ама после и ебавањето не е ебавање кога ќе почне да ве притиска монотонија и тоа па тоа. Ти ќе переш, он ќе готви, ти ќе чистиш, он ќе спружира алишта (ако не е некој мачо, во тој случај ти се' ќе правиш), дома, работа, дома, по некој викенд, одморче и така во круг. Не викам дека и тоа си нема своја убавина и не викам дека и јас не сум заглавена во слично секојдневие, нормално дека животот по некое време на тоа се сведува... ама немој, не ти треба тоа уште од 18 години. За каде брзаш? Абре, јас какви одлуки сум носела, со дечко или без дечко, ако сакам да одам некаде, сум одела, ако не сакам, не сум одела. Ако сакам да бидам со тебе, ќе бидам, ако не, чао пријатно. Сега да знаеш какви одлуки треба да носам, кешки да беше проблемот за различни градови, макар и различни држави. Ако се ветреев по паметот на сите мои дечковци, ехее, којзнае кај ќе бев сега стасана. Љубов си е љубов, ама мора човек разумно да одлучува во животот и за љубовта.
Vidi duso, sedni rasciati so sebe prvo, sakas li da zavrsis fakultet ili ne, sakas da rabotis Ili sto sakas, sakas da se mazis ili kako i da e, pri toa realno pred samata sebe si rascisti si i sogoli gi nesatata. Dali go odlozuvas fakultetot zaradi deckoto, dali toj ti vrsi pritisok, kako realno stojat rabotite. Roditelite ne moze da ti mislat loso, vo toa bidi sigurna. Mene moitte me ostavija sama da si odlucam, jas izbrav da studiram vonredno, ne deka pomalku nauciv, no studentski zivot e studentski zivot. Zaradi deckoto ostanav vo mojot grad, on sakase da studiram vonredno, da sme bile zaedno, ne sakal da sme razdeleni drn drn. Posle tri godini od togas se razdelivme. Bevme vo vrska 6godini, ama toa e, jas si prodolziv so mojot on so negoviot zivot. Od iskustvo ti kazuvam, ne zboram na pamet. Taka da moj sovet ti e da si se zapises na fakultet, sega seuste mala, nesozreana za da nosis zdravi odluki.
Треба да станеш посериозна и да го сфатиш факултетот посериозно. Дечко ќе ти биде денес, утре може не. Ќе си направиш распоред на времето. Прво приоритет нека ти биде учењето, па после шетањето со него. Мора да си го средиш распоредот. Не може сите работи наеднаш, и дечко и факултет и родители и се.
Јас не можам да разговарам со моите иако сум 18 ипол години сепак татко ми избувлив човек е што ме има удрено и на овие години.Свесна сум дека не ми мислат лошо ама не ме сваќаат дека немам желба да студирам што не значи дека нема да завршам факс еден ден,тортурата е до дното,пари не ми даваат,матура да сум си најдела пари,од нив ништо и да не сум си сметала дека имам фамилија дома ми е исто како да сум на гости никој ништо не збори со мене а и татко ми не работи тука за се имаме зборувано на скајп ама за некоја недела доаѓа и не знам што ќе се случи....
Девојче седни и убаво зборувај со своите. Ќе го споделиш ти твојот проблем , а и тие ќе кажат што мислат. А не ти мислат лошо верувај ми. Родителите само сакат да те извадат на посветол пат. Ако си цврство решена дека не сакаш да студираш , кој е твојот план за понатака? Имаш ли стручно средно образование? Не ти е решение ако се преселиш кај дечко ти. Млада си и не избрзувај. Уживај во секој миг. Не мораш да студираш на страна. Види што нуди твојот град или некој во близина за да можеш да патуваш. Пробај една година. За кратко ќе го промениш мислењето. Ти посакувам среќа!
Можеби сум помала да коментирам на вакви теми ама според мене би требало да студираш. Ќе ти ја кажам приказната на брат ми. Значи он заврши средно за кувар и цврсто беше решен ,,Јас факултет, како да не! Ќе си работам јас по струка! Јас до сега не учев од сега ќе учам?'' еве вака викаше. Моите му дозволија да работи. Брат ми си најде работа по струка, работеше по 8 часа на нога, секој ден доаѓаше со мала исекотина, бидејќи немаше доволно искуство, секој ден се жалеше дека го болат нозе, а беше платен за ништо. Е кога свати дека така ќе треба цел живот да ,,рмба'' ко будала да безпари си се запиша на факс и да не го урочам, супер му оди. Еве сега трета ќе ја заврши, за година-две со диплома ќе излезе од факс. Можеби нема да најде работа одма, ама верувам дека трудот кој сега го вложува еден ден ќе се исплати За дечкото ќе имаш време и вака и така. Друг случај што имам е братучетка ми. Таа со средно си се омажи, ни факултет упиша ни ништо, па сега работи по продавници како касиерка. Не ја потценувам ама она си имаше соништа и панови да стане наставничка и оп, заради дечко она си остана на пола пат. Размисли уште еднаш, одлуката е твоја. Јас имав можност и најдоброволно ти кажав случки на кој сум била сведок. Можеби твоите не треба да ти вршат толку притисок, но не ти мислат лошо
Секој родител кога е доведено прашањето околу образованието на неговото дете ,има право да реагира бурно.Секој родител му посакува на своето дете најдобро нешто,да се дообразува,да стане самостално,да изгради кариера,да биде ценето во општеството.Се во свое време ќе си дојде. Јас лично сметам дека ниту една врска ,ниту еден дечко не треба да го ставиме пред сето ова.Ако се сака ќе се најде време буквално за се.Ниту пак сметам дека е паметно да се одложува студирањето.Еднаш ќе го одложиш ,втор пат и тука веќе се губи навика и желба и се околу тоа,а подоцна следува и каење. Треба да се има цел во животот ,без тоа ништо.А дечко нема никаде да избега. Конкретно моите родители ,иако сум скоро при крај со студирањето ,а со оглед на тоа што имам доста сериозна врска ,скоро секој ден слушам од нивна страна како не би сакале ,а и многу би се разочарале,ако не го завршам студирањето на време или не дај боже да го стопирам поради некои други планови во врската.Значи јас на ова не сум ни помислила ,но родители се ,се грижат и мораат да ни укажат.Но знам дека тоа е за мое добро го кажуваат ,се сложувам со тоа и сметам дека за се има време и секако се во свое време ќе си дојде. Мој совет ти е ,никако да не го одложуваш студирањето ,ниту пак да помислуваш воопшто да не го ни започнуваш.Постави си цели во животот,што сакаш да правиш ,во кој правец да одиш,а така и дечкото повеќе ќе те цени.
Не е лошо што несака да студира. Има луѓе како што рече Дузи, не им се учи. Има некои за домаќинки се створени. Лошо е што несака да учи за да на 18 години отиде да живее кај дечкото. Еве незнам. Сега тоа убаво ти звучи, ќе се будите заедно наутро, навечер ќе водите љубов, па утринската ерекција ќе му ја фатиш и тако даље, ама... 18 години имаш. Дете си. И не размислуваш што се носи заедничкиот живот. А носи многу нешта. И добри, и лоши. Се плашам дека со 18 години лошите работи не би можела да ги поднесеш...
Секоја работа во животот си има свои позитивни и негативни страни. Ама погледни ги работите и од другата страна. Дали ако не е дечко ти, да не бевте заедно, ти ќе сакаше да се запишеш на факултетот? Немаш никакви амбиции, каде се гледаш себеси по 10 години, пример? Во ред е ако ти несакаш да студираш и ако не те бива за учење, едноставно не ги бива сите и толку, нема некое правило дека треба сите со факултет да бидеме. Подобро да си кажеш отворено, отколку да се влечеш самата себе, па и родителите, и да трошиш пари за џабе. Ама јас ќе ти го кажам следното. Премногу си млада и не избрзувај со ништо. Ако сакаш да се запишеш на факултет, запиши си се. Со добра организација се постигнува се ако знаеш да си го организираш времето ќе имаш време и за дечкото и за учењето. Дечко ти ако те сака, ќе те разбере. Тоа што нема пари или работа сите не обрсхрабрува некогаш ама диплома да си имаш никогаш не е вишок. Ако ја одбереш втората опција, тоест живеење со дечкото, ме интересира дали си размуслувала каде, како, од што ќе живеете? Љубовта е битна, но не и најбитна. Сигурно не планирате од љубов да живеете и да се храните. Родителите не верувам да ти мислат лошо ама ти сама седни си и најдобро размисли си што сакаш од животот.
Не е толку трагично некој да не сака да учи, да паузира година или две или да се запише вонредно. Трагично е ако тоа е по туѓа желба. Забораваме кои сме додека се трудиме да ги задоволиме желбите на блиските. И на крај нешто пука, и пак никој не е среќен.
Баш така. Јас откако се вработив, се префрлив на вонредно. И мислам дека дополнителното натрупување на дневни обврски баш ми помогна да се организирам поубаво и побрзо спремав испити, а имав и колешка во иста ситуација што не и сметаше тоа и во иста сесија дипломиравме и двете. И знам баш се нервирав дали ќе постигнам, како ќе постигнам, а ми требаше многу работата. И самото секојдневно темпо направи поредовно да учам одошто кога единствена обврска ми беше факултетот и се трескав од земја повеќе од паника, отколку од реален неиздржлив напор. Работата е да не се дозволи некој друг да ти ги менува подесувањата како на телефон.
Јас кога почнав да работам, решив дека ќе го одложам дипломирањето за две години. Паралелно работам и слушам помалку предмети на факултет, за да можам да постигнам. И среќна сум, тоа беше моја одлука и никако нема да ми влијае на понатамошниот живот, освен евентуално позитивно.
Da saka da uci I da raaboti devojcevo mislite deka roditelite bi se bunele? Devojcevo saka da se maazi a ne pomisluva na fakultet. Vasive situacii sto gi sporeduvate se dva razlicni poima. Za nesto da uspees prvo vi treba zelba a ona ima zelba samo za mazacka se drugo e so sila I nema da bide nisto..
Родителите, родителите ..родителите. Навидум пишуваш како да си машала 30 годишна сакаш да се мажиш, работиш, стоиш на цврсти нозе ама пак родителите не те пуштаат. Бар така ова звучи, е ова убавото убаво ќе беше да беше вистина нели?! Ама, се сети дека ако заминеш со дечкоти каде ќе одите? Како ќе живеете и од што ќе се прехранувате и задоволувате вашите потреби. Јас те разбирам дека не сакаш да учиш ама меѓутоа ти не разбираш дека сеуште си мала за да ти текнуваат вакви фикс идеи поготово без никаква работа и сопствени финансии. Што очекуваш ти?! Дека тате и мама ќе ти праќаат пари за да живееш ти со дечкото сама далеку од сите?! Е многу сакаш. Абе многу гледате филмови.. Ако не сакаш да студираш повели најди работа запечали некој денар, стапни на свои нозе па ќе видиш како ќе ти се пренасочи паметот во друга насока, е дур тогаш замини со дечкото и правете што сакате.. Ама, вака 18 годишна со вакви фикс смешни идеи мислам дека ја претеруваш работата. Мислам од каде ги копате размислувањата..?!