Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родители и дечко

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од anagjorgjievska1, 18 април 2016.

  1. Сега Те Спржив

    Сега Те Спржив Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Машки
    Факултетот во Македонија, да бидеме реални, можеби не е толку битен, но кога ке дојде да се бира помегу некој што има завршено средно и некој што има завршено факултет... мислам, одлуката е очигледна. Исто така, и искуството кое ке го стекнеш е незаменливо. Ке ти се прошири кругот на пријатели и ке искусиш вистински млад живот.

    Ти и дечко ти сте само 1 година заедно, тоа не значи дека ке бидете засекогаш заедно. Не знам дали имаш план што ке правиш во случај да раскинете. Конфиктни мислења, дури и мали недоразбирања можат да прекинат врска. Ако си 100% сигурна дека ке можеш самата да се издржуваш ако се случи несаканото, тогаш пресели се кај дечко ти; ама, ако не успееш самостојно да живееш, не очекувај твоите да те поддржуваат кога ке се вратиш плачејки.

    Јас да сум на твое место би продолжила на факлутет. Иако сите многу го омаловажуваат факултетот. Дипломата навистина многу шанси ке ти се отворат (многу повеке отколку само со средно). А твоите мора ли да знаат дека си со него? Едноставно, можеш да си тераш тајна врска додека студираш и кога ке завршиш и успееш во животот, можеш на твоите да им покажеш среден прст и да им кажеш дека не требало да те тераат да бираш помегу нив и него.

    Ова е само мое мислење, ако се согласуваш, направи го ова, ако не, прави како мислиш.

    Зз :*
     
    На theowndemon, anagjorgjievska1 и mirjana96 им се допаѓа ова.
  2. mirjana96

    mirjana96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    @anagjorgjievska1 Devojce, nikogas nemoj da si dozvolis nekoj drug da ti e na prvo mesto vo zivotot namesto samata ti. Od toa sto go zboris mene taka mi se cini.:| Nikoj na svetot ne ti misli podobro od roditelite. Sedni gi na masa, zboruvajte oci vo oci so site otvoreni karti. Bidi iskrena sprema sebesi i sprema niv.
    Te sfakjam, ti leta pametot, zaljubena si do usi i celiot tvoj svet e decko ti:headbang:.(y) Vo slicna situacija sme samo sto razmisluvanjata i pogledite kon zivotot ni se totalno razlicni. I mene na 18 god me vikase i se uste me vika, decko mi da se zememe, da si dojdam so kuferceto kaj nego, nema potreba da rabotam bidejki zarabotuva kolku za tri familii, kje ideme na vikendi vo stranstvo i zitotot kje ni bese bajka. Sovrsentsvo neli? No sekako deka toa ne dozvoliv da se sluci. Uste sme zaedno, go sakam so celo moe srce i praime planovi za zaednicka idina. No se vo svoe vreme. :inlove:Ne si dozvoluvaj ljubovta i naivnosta da ti gi zaslepi ocite. Spored mene najbitno od se e obrazovanieto(faxot). Toa kje ti pomogne da se oformis kako nezavisna licnost koja kje ja cenat i voshituvaat na postignetiot uspeh. Nemoj toa bogatstvo koj nikoj nema da moze da ti go odzeme da go otfrlas samo zaradi zelbite na decko ti. Ne vredi! :tmi:Ako stvarno te saka kje te poceka, dalecinata neka ne vi bide problem za gledanje, podobro da si zafalite nekolku dena nego li 24/7 da ste zaedno. Fakt e deka taka kje si zdosadite i razdelite.
    Ako navistina ne sakas sega da studiras, zapisi kurs, izgugjal i rasprasaj se koi ti se realno opciite za seriozna rabota. Jas seto toa go imam istrazeno i izborot e strasno beden na 18god bez iskustvo ni skolo. Se nadevam deka na rabota ne pomisli za kelnerka, hostesa bidejki samo za toa skolo ne ti treba.:smoke:
    Da ne bese sega so decko ti, kje se zapisese li na fax? Dali sebesi se zapostavuvas radi nego? Ako ne se preselis kaj nego, on kje ostane li so tebe? Te podrzuva za raboti koi samo ne nego mu odgovaraat, ili saka da se izboris za najdobrata verzija od sebe?
    Razmisli trezveno so cista glava. Se raboti za tvoj zivot!;)
     
    На biGirl, anagjorgjievska1, iskraFem и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. corapka

    corapka Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2016
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    109
    Пол:
    Женски
    Види, јас сакам да идам на факултет. Иако не се чувствувам способна, со најниско ниво на самодоверба дека ке го завршам, сакам да идам. Ама ни дечкото ни родителите не ми го дозволуваат тој факултет. Сакаат да учат нешто што јас не сакам. Така да одлучив не запишувам факултет за да бидат и тој и моите задоволни. Или ќе учам што сакам јас или ништо. Така да за твојава ситуација ти си знаеш што ќе направиш, таа одлука ќе влијае врз твојот живот не врз туѓ.
     
  4. Hopelessgirl

    Hopelessgirl Нов член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2017
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Zdravo zdravo...nova sum na forumov pa valjda ke se snajdam ne znaev kade da go pisam mojov problem i mislam tuka e pravillno...vaka znaci imam decko ama za zall e mnogu mnogu daleku od mene zaedno sme skoro 2 godini i mn go sakam za nikoj nemam custvuvano nishto dollgo vreme odkako raskinav so bivshiot no ete uspea da go zameni ama roditelite mi se meshaat ne saakat jas da sum so nego demek mnogu daleku e nema shansi ako odam ke se otkazele od mene da sum odbirala niv ili nego stvarno ne znam koj pat da fatam poradi niv pocnav i so nego loso da se odnesuvam i eve veke edna nedela kako ne zborvime...a tie ustvari sakaat za drug decko so jas ne mozam da go podnesam ni da go gledam ne da sum so nego ama tie uporno toj ili nema drug a vamu da sum zaboravela deka postoi stvarno ne znam so da pram..
     
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Albanka li si?
     
    На TokiMoki му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hopelessgirl

    Hopelessgirl Нов член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2017
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Da..
     
  7. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Имам проблеми со моите родители.
    Врската ми одеше добро со мојот партнер се додека моите родители, односно мојот татко не се вмеша.
    Тие се уште се немаат запознаено а мојот татко уште од почетокот нема доверба во мојот избраник.
    Што како и зошто јас не знам.
    Неколку пати се потрудив на мојот татко да го пофалам мојот партнер, да го убедам дека е добар човек но тој секогаш си тера по свое.
    Заради моите родители јас се почесто имам караници со мојот партнер и нивното строго однесување кон мене.
    Тој сака повеќе да поминувам време со него додека моите родители се секогаш со идеата да си ја гледам својата работа дома.
    Ме третираат како слугинка, не ми дозволуваат да си го живеам својот живот како сите мои врсници а и помали од мене, со други зборови јас сум "затворена" дома.
    Полека ме фаќа депресија, полека си ги расипувам односите и со мојот партнер се заради домашните каприци од моите родители.
    Не знам кај терам повеќе, се променив сосема поради нив, а јас не сакам да го загубам мојот партнер.
    Ве молам, не ми велете дека родител е, нормално е дека ќе се грижи затоа што нивното повеќе не е нормално.
    Јас се угушувам поради нивното однесување а што е најлошо со мојот татко не можам да најдам заеднички компромис затоа што секогаш завршува со караници.
    Како јас ќе го запознаам мојот партнер со моите родители кога тие предвреме имаат лош став околу сето тоа?
    Мојот партнер знае за сите овие случувања но еднаш при еден наш разговор јас бев сосема искрена со него а тој се навреди и ме праша зошто мојот татко нема доверба во него?

    Никој не може да ме сфати, од никој не можам да добијам правилен совет, затоа што секогаш ми велат не се замарај ќе помине сето тоа.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Сherry.girl

    Сherry.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Пробај да зборуваш со твојот татко зошто има таков став према твојот дечко. Можеби дознал нешто за него и не сака да бидеш повредена? Не велам дека твојот дечко е виновен во овој случај, ама пробај зборуваувај со твојот татко смирено без да се скарате.
    А како мислиш те третираат како слугинка? Не те пуштаат да излегуваш или? Според мое мислење не му кажувај на партнерот за мислењето на татко ти, затоа што тоа може да го повреди и да се чуствува како недоволен за тебе па да имате уште повеќе проблеми. Кажи му само дека твоите се строги и не ти дозволуваат толку многу да излегуваш. А колку години имаш?
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  9. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.147
    Допаѓања:
    50.526
    Пол:
    Женски

    Можеби со тек на време татко ти ќе омекне и ќе има доверба во твојот дечко.
    Не знам колку време одите, но ако сте на почетокот нормално е татко ти да не му верува, но ако сте подолго во врска не знам. Мора да има причина зошто нема доверба во него.
    Седнете убаво и разговарајте.
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.739
    Допаѓања:
    172.847
    Пол:
    Женски
    @JustFun
    Многу важен податок е и тоа колку години имате, не би дала ист совет на 16год и 26год луѓе :)
    И секако, колку време идете.. дали е доволно време за и ти целосно дс го запознаеш...
     
    На cresa-jagoda, theowndemon и biGirl им се допаѓа ова.
  11. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Милион пати разговарано, милион пати дојдено до караници и плачки.
    Веќе одамна е известен од моја роднина дека е дете од добра фамилија, и дека тој е добар, повлечен дечко.
    Некогаш кога почнам да зборувам на таа тема советувана од мајка ми како и што да му кажам, тој не ме слуша, си зјапа во компјутер, телефон или ќе излезе од собата и на крајот ништо, јас ќе останам со подзината уста и собирам нервози во себе.
    Ме третираат како слугинка бидејќи секогаш од мене очекуваат да ги извршувам домашните обврски, да не излегувам многу, да си ја гледам работата..
    Да земам еден пример - Пред извесен период требаше да се видам со пријателка со која се немав видено со години, му спомнав на татко ми доколку ми се јават нема да бидам дома туку со пријателка - следеше одговор - зошто таа не дојде кај тебе, ќе дојде некој ќе треба да бидеш дома, мораш да исчистиш, и уште илјадници изговори само за да не излезам од дома.
    Еднаш, кога дојде еден човек без да знам, јас бев излезена, тој ми се издра на телефон каде сум, зошто ме немало, и илјадници други примери како овие.
    Ми дојде крајот на нервите, попуштив при што почнав со сите да се карам.
    И двајцата сме доста возрасни по 26-7 години.
    Заедно сме веќе 8 месеци, доаѓал кај нас, сум одела кај него и секогаш сум била пречекувано убаво од неговите.


    Заедно сме 8 месеци.
    Нема доверба тој во никого, од секогаш бил таков човек кој бара и влакно во јајцето и безпотребно ќе ги искомлицира работите.
    Не гледа дека ја уништува мојата среќа, и со тоа ме прави да се чувствувам тажна и нерасположена.
    Ми ги уништи сите планови а јас веќе кренав раце од се.
    Никогаш не ме прашале што е тоа што јас го сакам.
    И двајцата сме независни, не зависиме од родителите, но сето тоа е без коментар.
    Годините ми се сосема небитни бидејќи како што реков претходно мои врснаци и помали од мене си го тераат животот, а јас до сега ниту на еден одмор немам отидено, нит сум барала да отидам.

    @Dust по 26-7 години имаме, неговиот роденден е наскоро.
    И заедно сме 8 месеци.
     
  12. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Читајќи го ова а и она кое го имаш напишано подолу ми се создаде некоја претстава дека твоите родители во голема мера го искористуваат твојот труд и веројатно стравуваат дека со тоа што ти веќе си имаш некој, времето кое го посветуваш за да извршуваш разни обврски кои ти ги задаваат ќе се намали. Навикнати се да извршуваш домашни обврски, да пречекуваш и испраќаш гости... Не велам дека ништо не треба да помогнеш, се рабира дека живееш во тој дом, но и тие треба да имаат разбирање за твоите години и за потребите кои ги имаш. Што ќе ти направат ако почнеш да излегуваш и одбиеш дел од обврските? Ке те заклучат, ќе те тепаат? Не кажа дали работиш, ако не, веднаш побарај некоја работа. Така фино ќе почнеш поголем дел од времето да го минуваш надвор од домот. Дали сте размислувале за некоја можност да почнете да живеете заедно со дечкото? Возрасна си, не дозволувај некој да те команда, макар биле тоа и родителите.
     
    На Gosh, theowndemon и JustFun им се допаѓа ова.
  13. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Не, мене воопшто не ми пречи да ги извршувам домашните обврски, никогаш не сум се бунела против тоа, но ете доаѓа период кога јас сама сакам да си посветам време и на себе а и на мојот партнер, наместо по цел ден да трчам горе - долу само нив да им погодам.
    Од секогаш сум ги извршувала, дури и сама сум се нудела ако имало потреба за помош ама кога сакам јас да одвојам време за себе, тие ќе најдат некоја нова причина јас да не излезам од дома.
    Се запустив, не личам на себе, а сите дома ми наредуваат и ништо не прават.
    Инаку работам, одам прва смена, подоцна се враќам и веднаш триста обврски, а да живеам заедно со мојот партнер, за жал се уште не сме доволно финансиски способни за тоа.
     
  14. _minnie

    _minnie Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2017
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски




    Мислам дека веќе си доволно возрасна за твоите родители да можат толку да влијаат на тебе. Знам сепак ти се родители со нив си израснала и сето тоа, меѓутоа тоа што тие го прават, особено татко ти и неговите постапки вооошто не ги оправдувам. Немој да дозволуваш поради нив и нивното мислење дека е лош човек ( без притоа да ти дадат објаснување зошто така мислат и истото да го поткрепат со докази) да паѓаш во депресија и да си ги расипуваш односите со партнерот. Не си ти ничија слугинка и немој да им дозволуваш така да те третираат ( да не бидам погрешно сватена, родители ти се и секако ќе им помагаш ама треба да бидат благодарни за тоа што го правиш за нив). Јас би ти рекла да седнеш со нив и се отворено да им кажеш. Кажи им дека го сакаш и дека немаат право да ти се мешаат, да викаат дека е лош човек и не знам уште што без да ти кажат зошто така мислат и истото да го поткрепат со докази. Кажи им дека си доволно возрасна дека го сакаш и нема да дозволиш туку така да ве разделат. Обиди се да го омекнеш и партнерот и некако да ги запознаеш за да им го промениш мислењето на твоите. :)
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    31.200
    Пол:
    Женски
    Епа на тоа и јас мислам, заврши го она кое ти сметаш дека е потребно а потоа излези си без воопшто да се заморуваш со тоа што ќе речат твоите. Ако имаат потреба да се заврши и нешто дополнително тогаш самите нека си го средат, не си ти должна за се да ја жртвуваш својата слобода. Терај си по свое, онака како што ти мислиш дека треба а тие нека си зборат колку сакаат. Не значи дека секоја нивна желба и барање треба да им го исполниш. Ова ти го давам како совет затоа што си доволно возрасна. Ако дечкото ти значи и сакаш да бидете заедно ќе мора да одвоиш време и за излегување.
    Ќе заборавев да дополнам, твоите родители треба да бидат среќни и презадоволни поради тоа што ти го правиш за нив. На твои години има личности кои по цели денови се излежуваат и чекаат мајките да им однесат храна во кревет. Тоа што ти си вредна тие не треба да го злоупотребуваат.
     
    На Gosh, theowndemon, JustFun и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Баш затоа што сум доволно возрасна а тие си земаат право да ми се мешаат, и тоа не само од сега, туку од секогаш. Порано немав доволно храброст да се спротиставам, но сега како тече времето се полошо е.
    Доцна е за жал, јас веќе сум во лоши односи со партнерот, само заради татко ми. Веќе 2 месеци не сум била со дечко ми затоа што е во туѓина, сакав да отидам кај него на гости исто и кај моите роднини, се беше договорено се додека татко ми не искомплицира дополнително, што мене ме разочара дополнително.
    Јас кон него одамна ја изгубив почитта, не само од тоа, туку и од многу други проблеми кои ми ги создал без притоа да размислува дека ќе ми наштети.
    Дечко ми на почеток ме сфаќаше, ама сега се сменија работите, ладен е, не се однесува како порано, мисли дека татко ми е само изговор за да не отидам бидејќи одложувам само заради тоа што татко ми направи проблеми.

    Секогаш ги завршувам дури и предвреме, сите од комшилукот ме гледаат колку се мачам и колку гледам да погодам, тие дури ме фалат, но сето залудно е. На 40 степени, јас одам по жешко, за да им подготвам јадење, да пазарувам, да исчистам дома, па дури и да завршам нешто дополнително. Како што кажав тоа никогаш не било проблем, но сега... потешко ми е, затоа што не ми даваат подршка, поткрепа, и кога и да им побарам да одвојат време за мене секогаш наоѓаат изговор дека немаат. И ја губам надежта.. И многу ми значи партнерот, тие тоа го знаат, ама колку веќе се изморив да војувам против нив. зошто на крајот секогаш

    Фала ви од срце.
     
  17. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.341
    Пол:
    Женски
    Оф девојко , пробај разговарај со родителите , кажи им дека со дечкото си среќна и покрај тоа што е далеку . Кажи им дека дечкото за кој сакаат да те омажат ( гледам погоре Албанка си па претпоставувам сакаат да ти договорат брак со нивни избраник ) не го поднесуваш и дади им објаснување зошто е тоа така ( те иритира неговото однесување и сл ) . На дечкото што го сакаш кажи му ја вистината за она што ти се случува , сигурна сум дека ќе те разбере , и ќе ти прости за лошото однесување кон него , ќе сфати дека си била под притисок .. Ајде , се надевам ќе успееш да пронајдеш решение за ситуацијава што поскоро која ќе одговара за сите инволвирани страни .. Среќно :)

    П . С . Како можат бе вака некои родители , па јас мислев дека родителот се ќе стори само детето да му е среќно во животот ...
     
  18. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.608
    Допаѓања:
    167.245
    Пол:
    Женски
    @JustFun за разлика од тебе, јас сум поимпулсивна личност па ќе пишувам од тој аспект. Цени си ја слободата, мене да ми се јави да ми се дери татко ми оти не знај *неговите* гости сам да си ги пречека, нема ни да му зборам туку дирек ќе исклучам. Ако сакаш да помагаш, што е добро, прави кога си слободна, кога сакаш си закажуваш. Ти имаш живот надвор од куќата и си финансиски независна. Ако нешто те форсираат да правиш, ќе те казнат? Неможат. Кога ќе ти рече "напрај уште ова", врати му "кога ќе се вратам", "немам време сега", "толку можев денес".
    Прво среди си ги односите дома со татко ти пред да ги запознаеш со дечкото, инаку запознавањето нема да биди добро и добредојдено.
     
    На Gosh, JustFun и Yowannty им се допаѓа ова.
  19. Hopelessgirl

    Hopelessgirl Нов член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2017
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Sekoj den se obiduvam da im smenam mislenje vo vrska so nego no se e zaludno... decko mi dojde posle 2 godini tuka e my objasnav kako e situacija I deka nema shansi da dozvolat nikogash I nego mu e smaceno veke od se I rece samo da begam so nego a ako toa go napravam moja familija ke se otkazhi od mene zasekogash ☹ go sakam mnogu premnogu ne mozham da se zamislam so drug osven nego no ne sakam da ja izgubam I mojata familija
     
  20. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.341
    Пол:
    Женски
    Ќе мораш да избереш . Не е лесно знам , но приморана си :( верувај , во животот треба да го правиш она што ти го сакаш не она што ти е наметнато , во спротивно ќе бидеш несреќна . Не се обидувај да им го смениш мислењето . Тие одлучиле дека тој не е добар дечко за тебе . Ако ти си сигурна дека го сакаш и тој тебе те сака , мислам дека треба да одиш со него . Сепак ти најдобро ги познаваш и родителите и дечкото , да не биде дека ти наметнувам мислење да побегнеш . Не може да се откажат од тебе родителите . Сепак тие те одгледале и си дел од нив . Така велат бидејќи им го погазуваш зборот . Седни ги кога се смирени и двајцата , направи им кафе и прашај ги : Дали вие како мои родители , сакате јас да сум среќна и секогаш насмеана , или пак тажна и несреќна ? Сакате да напредувам во животот , или да тонам во бездна ? Ако сакате да бидам среќна , оставете ме да си бидам со мојот избраник , бидејќи со него сум многу среќна . Ако пак сакате да тонам , тогаш омажете ме за оној кој вие сте го избрале за мене . Ама да ве предупредам :!: немој после да кукате како сум несреќна и венеам :| тоа ќе биде ваша и само ваша вина .

    Јас живеам со албанци , турци , роми , македонци .. ама вакви родители не сум сретнала . Твоиве родители ме потсетуваат на диктатори :| . Чувај се , и добро размисли , разговарај со твојте за последен пат ( последен обид да го смениш нивното мислење за твојот дечко ) и остави ги нив нека мислат таа ноќ . Не чекај да ти дадат одговор , кажи им да размислат добро што ќе одлучат за твојот живот , а ќе ти кажат другото утро или пак кога ќе бидат спремни :| .

    П . С . Не те прашав , колку години имате , ако не е тајна ? Сигурноа сум дека ги знаеш законите , ако си малолетна може да те вратат со полиција и се тоа .. но ако си полнолетна ќе кажеш дека тоа е твој избор и толку . Се надевам ќе успееш да ги предомислиш што побрзо ро