Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Родители и дечко

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од anagjorgjievska1, 18 април 2016.

  1. Hopelessgirl

    Hopelessgirl Нов член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2017
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Bash diktatori se po nivno ili nema shansa drugo...jas go sakam sigurna sum I toj mene imavme vrska na dalecina a sega koga e tuka ne mozham ni da go vidam☹ ke se obidam za posleden pat da razgovaram so niv ako I sega ne uspeam da gi ubedam deka samo nego go sakam a ne toj shto tie sakaat definitivno begam! inace jas imam 21 godina a toj 28 nema da ima problemi...i falla za pomoshta
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.341
    Пол:
    Женски
    Иста генерација сме јас и ти :) . Секако дека ќе изгубиш многу , но ако вреди за ризикот .. тогаш со среќа нека е . Сигурно нема да ти бидат доживотно лути , сега првите неколку години нормално ќе ти се лутат , ама ќе попуштат еден ден ;)

    П . С . Нема на што , повели и друг пат :)
     
  3. Epov88

    Epov88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Машки
    Еден мој другар со девојка му во врска се скоро една година, а таа сеуште се плаши да каже дома. Таа има 16 , а нејзините не и' давале да има дечко пред 19 години. Другар ми и девојка му се гледаат многу ретко (1-2 пати неделно) и тоа само на 5 - 10 минути. И на двајцата им е тешко но сепак се заедно и не се разделуваат. Другар ми ме праша за помош ама незнам што да му одговорам така да ако може некој нека ни помогне. Добродојден би бил и совет од некоја мајка овде на форумот :)
     
  4. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Според мене, а не мора да сум во право подобро да биде отворена со родителите отколку некој друг да им каже, а верувај кога тогаш се' се дознава.
    Ништо нема скришум денес. Подобро да биде отворена отколку случајно да дознаат па да ја изгубат довербата во нејзе, полошо ќе си направи, а и нека го запознае со нејзините.
     
    На Epov88 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ladybug81

    Ladybug81 Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2017
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Имам 16 год и идам со еден дечко(17) 3 месеци скоро им кажав на моите дали може да идам у кино со него и се налутија и ми рекоа да раскинам не ме ни пуштија...Јас и он учиме у исто школо и така се гледаме и евентуално некогаш ќе кажам дека искачам со друштво за да се видам со него пошо незнам како да им објаснам на моите дека знам што правам,несакаат да ме сфатат и сеуште ме третираат како дете од 10 години....Незнам што да павам ве молам за совет:worried::worried:
     
  6. sweety90

    sweety90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки :) ми треба Ваш совет и размислување: Што би направиле доколу сте среќни со дечко ви, има некои ситници што ви сметаат кај него, а од друга страна тие ситници, вашите родители прават да изгледат огромни и мислењето на родителите ве става во недоумица "дали лево или десно"? :|:|
     
  7. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Јас од многу мала бев во врска со мажот ми. Моите дома знаеја и ме пуштаја да излегувам со него.
    Дури сега се мислам како ме пуштале да излегувам со дечко толку мала а тој е поголем 4 год од мене.
    Јас да имам ќерка не би ја пуштила од тие години :tmi:
     
  8. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Какви ситници те нервираат и ти сметаат, и што е најважно зошто не се потрудиш да го прифатиш таков каков што е без оглед на тие маани?
    И од каде твоите родители знаат за тие ситници? Си разговарала со нив зошто е тоа така?
     
  9. Natasha555

    Natasha555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Девојки ајде малку за помош. Ситуацијата е следна.. тој е 35годишен маж и притоа разведен, а јас 21година. Причината за разводот нормално не сум била јас бидејќи тоа се случило одамна. Моите за тоа не сакаат да чујат и по секаква цена сакаат да ме оддалечат од него. Меѓу нас двата постои голема љубов, спремни сме да ја докажиме таа љубов. Меѓутоа јас сум растргана меѓу луѓето кои ги сакам најмногу т.е. тој и моите. Дајте ми било какво мислење. Се извинувам доколку постои ваква слична тема. Позз
     
    На Aniaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    850
    Допаѓања:
    8.360
    Пол:
    Женски
    Има многу недоречени работи во постот.
    Студираш или работиш?
    Деца има ли и каде се тие?
    Зошто се развел?
    Твоите родители го запознале ли?
    Инаку имаш иста ваква тема, немало потреба нова да отвораш.
     
  11. Natasha555

    Natasha555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Моментално факултетот ми е во мирување но работам. Деца нема од претходниот брак. Причината за развод бил паричен долг. Мајка ми го знае бидејќи и покажав слики на фб татко ми не, но не ни сакаат да го запознат и да разговарат со него.
     
    На Ticaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Possibility

    Possibility Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Со дечко ми сум веќе 1 година, но не сум соопштила на моите сеуште бидејќи знам дека ќе избрзуваат со секакви заклучоци и очекувања. Сум кажала само дека сум блиска и во добри односи со него. Но мајка ми секако насетила нешто, и постојано се распрашува. Каде е, како е, што прави, зошто не е со тебе, го споредува со дечковци од моите братучедки, истражува за неговото семејство, гради некој вид на конкурентски однос спрема нив, буквално се ја интересира, сака да биде чекор пред нив, да припрема подобри јадења и такви ситници, а тоа мене премногу ми смета. Од блиска личност дознав како размислува, во смисла што сите други парови веќе излегуваат на заеднички вечери со родителите а ние ја криеме врската, најверојатно немаме сериозни намери и такви глупости. Сум разговарала повеќе пати со неа, но залудно е. Ваквиот однос е она од што се плашев и затоа не сакам да соопштам дека сум во врска, мислам дека ќе биде уште полошо :(
     
    Последна измена: 1 јануари 2018
  13. TheGirl23

    TheGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски


    Јас мислам дека треба да и кажеш, така жената ќе биде посмирена. Сега не знае точно што се случува, нормално е да се грижи и распрашува родител е.
    Јас на мајка ми уште од првиот ден и кажав, а мала бев.
    Не криев ништо од неа, затоа сега ми верува и никогаш не се сомнева во мене.
     
  14. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.639
    Допаѓања:
    44.969
    Пол:
    Женски
    Со дечко ми сум заедно повеќе од година. Јас имам скоро 23, сега завршувам со факултет, моите се со многу конзервативни сфаќања, и ако нешто не е по нивно, имаме огромни проблеми, расправии, закани и доста полоши работи..На моите дома не им кажав поради тоа што не би ја одобриле врската поради причина што не им се допаѓала неговата фамилија. Уште на почетокот кога дознаа дека се дружиме мајка ми ми рече да не сум помислила да имам нешто со него, ние тогаш бевме заедно неколку месеци, а тоа со неговото семејство според мене не претставува никаква пречка или проблем (не би сакала јавно да споделам за што се работи). Знаат дека се дружам со него, дека сме од исто друштво и заедно излегуваме и сл. Помина толку време, врската ни стана доста посериозна, многу добро ни оди, тој е свесен за мислењето на моите итн. Кога тогаш ќе треба да дознаат дека сме заедно. Нема да биде добро кога ќе им кажам мислам, ќе има многу расправии и што уште не. Би сакала совет, како да им го соопштиме тоа? Дали јас да бидам сама? Дали да го викнам дечко ми кај мене и заедно да им кажеме? Било каков совет би ми помогнал. Благодарам однапред.
     
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.834
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба да бидеш сама. И не чекај повеќе штом сте веќе во сериозна врска.
    Потруди се да бидеш што е можно посмирена и сериозна, без солзи и расправии.
     
    На Dust, buba4e89, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.935
    Допаѓања:
    81.236
    Пол:
    Женски
    @Luminary, мислам дека најдобро да пробаш сама да разговараш со нив. Барем за почеток. Потоа во некоја наредна прилика може да го викнеш кај тебе па да се запознаат и така натаму.

    Каква е неговата фамилија и не мора да значи многу, што се однесува на твојата врска со него. Најважно пред сè е каков е вашиот однос и како вие се разбирате меѓу себе, зашто на крај - вие двајца сте заедно во врска и вам треба да ви биде убаво.
    Ако некој од фамилијата не им се допаѓа, не секогаш мора да значи дека дечкото е ист како сите нив.
    Пробај да им објасниш за почеток, јас сепак мислам дека ќе го променат мислењето за дечкото со тек на време, кога ќе сфатат дека навистина добро се сложувате.
     
    На buba4e89, DAngel, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.639
    Допаѓања:
    44.969
    Пол:
    Женски
    И јас мислев е подобро така. Но искрено се плашам малку да сум сама, имам лошо искуство од минатото со моите, исто се работеше за дечко, иако тогаш беше полоша ситуацијата, многу лошо реагираа и се плашам да сум сама некако,
    мајка ми поготово знае да претерува, тогаш и имаше кренато рака на мене, ме заклучуваше за да не искачам..
    иако бев помала тогаш, ми остана како траума.
    Се надевам ќе соберам доволно храброст за да им кажам, и дека тие ќе бидат малку барем разумни. Си одложувам само поради тоа, не сакам да бидеме пак во лоши односи и да ми прават стресови, да ми вршат притисок и слично.:doh:
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    @Luminary дефинитивно сама. Смирено, без плачење, без викање.
    И штом сте во озбилна врска, што поскоро - тоа подобро...
    Друго, и сама знаеш најдобро зошто не ја сакаат фамилијата на дечко ти, размисли дали тоа би ти влијаело во иднина. Ова ти го кажувам од искуство, бидејќи и јас бев во врска во која знаев дека не го оправдувам однесувањето на еден од родителите на дечко ми, ама искрено верував дека тоа не би било проблем, затоа што тој би ми бил иднината, а не неговите родители. Подоцна, неговата фамилија ми направи огромни проблеми. Затоа, четири отворени. Не мора да значи дека ако некој од неговата фамилија не е во ред дека на било кој начин тоа ќе влијае на дечко ти, ама размисли си како може да влијае и како тоа би влијаело на вашата врска.
     
    На Dust, Luminary, Harper и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Бугарката

    Бугарката Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Машки
    Имам 17 години , пред 2 години мојата мајка го изневери татко ми, пред мои очи и ми беше многу тешко , за жал тогаш мислев дека се ке се реши ако ме нема мене и испив многу апчиња дијазепам и сакав да умрам затоа што бев скршена. Тогаш пријател (сега момче) ме натера со сила да повратам за да ги исфрлам апчињата и ми го спаси животот. По 1 година ми стана момче и една вечер тој направи сообраќајка не знаевме дали ке преживее беше во кома но фала Му на Бога преживеа. Со скршена рака и нога отиде во село на прослава во еден манастир и свештениците му рекле за оваа година тој да е кум за прославата да ја организира и скршената рака да му оздрави и со неа да донесе девојче. А мене не ми даваат родителите . Чувствувам дека мора да одам но не знам како да ги натерам имате ли идеја?
    Ви благодарам
     
  20. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.623
    Допаѓања:
    9.037
    Пол:
    Женски
    Па ќе отидеш,и готово.а се смирија твоите или?си постапила лошо со тровење не се решават такви проблеми.Мој совет со мајка ти ако си поблиска убеди ја да те пушти