Всушност таа не го сака затоа што неговите биле разведени и мисли дека тоа е лошо ( а и моите ќе беа но се смирија поради мене)
1год и 11месеци одам со дечко ми.Пола година ни беше се супер ном стоп бевме заедно иако моите се противеа на тоа и ми викаа еднаш неделно,пробавме и тоа,но најмногу издржавме 3 дена и не ги послушав се гледавме секој ден.Потоа ја славевме новата година за прв пат (сами скроз сами) и ја поминавме вечерта заедно ни беше супер па ни недостигаше да спиеме заедно и така после 1 месец почнавме да спиеме нон стоп тој кај мене 1 ден после јас кај него потоа почнавме на неколку дена.Кога почнавме на неколку дена јас ја чував баба му која беше болна ја туширав и правев јадење чистев во куќата бидејќи тој нема мајка и јас ги завршував обврските.После некое време таа почина и се тргна наопако.Татко му го истеруваше од дома и јас еден ден не можев да издржев како му се кара и го тера да си иде од куќата и се скарав со татко му и го донесов кај мене,но после некое време на моите тоа им пречеше нон стоп ми збореа да си оди дома и после некој време почнаа да кријат јадењето да не ни даваат ништо.Па почнавме сами да си купуваме и да живееме во една соба во нашата детска со сестра ми.Моите пак ми збореа зад грб како јас сум ја испадила сестра ми од собата она ова и јас после тоа се откажав од нив.Мајка ми не е способна да ме чува а татко ми е акохоличар и за мене и сестра ми се грижеа баба и дедо.Тешко ми е многу,а на никој нема да си ги кажам маките па решив да споделам овде да датете некој совет.Со баба ми не зборувам со дрдо онака.И денес баба ми прозборе да го оставам дека само не искористува што не е воопшто така дека семејството не му е домаќинско тоа е точно но тој е поразличен тој несака да биде со нив бидејќи татко му го мавал со камења го мачил,а чичко му е акохоличар и не се замара многу со него и тој има многу маки го воспитувале др како што тие сакале нон стоп работил како мал за да спечале за леб и они тоа го дознале и тоа е др причина зошто не ми дават со него бидејќи со многу идиоти и не истеруваат и од мојата куќа ми викат дека ни расипал куќата она ова.Викат дека тато сакал да вика полиција,незнам дали е точно.Луѓето им кажувале дека се лажал дека ќе направе куќа,а не е точно ние навистина планираме и тоа е мојата приказна и јас озбилно незнам што да направам што ќе правеме ако навистина не истерат и од оваа куќа ве молам дадете ми некој совет бидејќи навистина ми е потребен.Јас незнам како понатаму,а навистина се сакаме јас незнам зошто не ни веруваат.Благодарам однапред за советите
Па вработете се и обиеете се да се осамосталите.Јас ве подржувам никој не треба да биде пречка за љубовта.
Барам работа на за џабе оти сум малолетна.И ние мисл да се преселиме некаде под ќирија ама во Македонија тешко,а и па мали сме и мн ќе ни е тешко,а и вака не бива не се трпат
Не го разбирам конзервативното на моите (а, веројатно го има и кај повеќето) родители: Доколку те пуштат на одмор на 19 години со дечко, значи дека работата е готова, те виделе. На било колку години им е сфаќањево ама пример... Од друга страна, ме пуштаат на еден ден со него, ама со преспивање никако. Не можат да ме заштитат од некоја нормална појава, што сме ја направиле досега пример... ШТО ТОЛКУ ГИ БОЛИ ТАТКОВЦИТЕ ЗА ЌЕРКИТЕ? Зошто мајката не е таа што се бунтува околу одењето? Ужасно. Сте биле во ваква ситуација? Може мислењево е за ограничување од родителите ама сепак.
Со дечко ми сум 3 месеци во сериозна врска. Неговите родители се разведрни уште кога тој бил мал. Фамилијата од страна на татко му не се православни христијани а додека пак од страната на мајка му се православни христијани. Е сега пред да се венчаат татко му и мајка му,неговиот татко ја променил верата. Така да и дечкоми како и неговите 2 сестри се крстени во црква исто така и православни христијани. Мајками еднашка така го имаше видено од блиску и ништо не кажа но кога слушнаа за неговото презиме (поради тоа што се води под презимето на таткому) збеснаа и почнаа, остави го него уште кога е рано, тој не е наша вера, што ќе кажат луѓето,подобро оди без маж ама што ќе ти е таков ко не е наша вера.... и ред други работи што ме вадат од контрола ко ги пишам. Што е до мене јас го сакам па и да е навистина друга вера не би ми претставувало тоа проблем. Дури се сеќавам во еден момент на нервоза таткоми ми рече одбери помеѓу нас и него а јас молчев. И така остана тој муабет. Ама кога и да се спомне нешто одма за него се фаќаат. Мислам дека верата не треба да претставува проблем за двајца млади кои што се сакаат, а и од иста вера сме што повеќе сакаат? Сега ми немаат кажано ништо... јас и понатаму се гледам со него, и кога му објаснив за тоа што се деси со моите на дечкоми тој рече само пушти... ќе средам. Не ја знаат вистината и затоа избувнуваат,сега е рано но кога ќе дојде време јас ќе им објаснам. (Еднаш вака и објаснив на мајками дека е православен христијанин.... и дрн дрн дрн. Ама џабе,нејќе да верува). Помогнете ми ве молам, дајте ми совет...
Незнам што да ти кажам.Знам како е кога те напаѓаат луѓе за глупости.Има тука на форумов многу јаки верници очигледно уште постот ти го немат видено како хиени се.Ти најдобро знаеш како ќе постапиш никој неможе да ти помогне.Колку те држи храброста толку.
Испаѓа проблемот е во презимето и ништо друго. Штом неговиот татко сменил вера, а дечко ти е крстен и тој е православен христијанин. Што всушност му смета на твоите родители? Овие работи се решаваат со разговор. Не со расправии и викање, туку со искрен и отворен разговор. Објасни им се како е и прашај ги што конкретно им смета, бидејќи верата очигледно не е проблем.
Со дечко ми заедно сме 2 години. Сме поминале преубави моменти заедно. Падовите сме успеале да ги искачиме и сега сме се супер. Јас се знам со неговите повеќе од 1 година и се осеќам како дел од семејството. Мајка му е злато жена. Е сега тука се моите кои не го познаваат, а не ни изразиле желба да го запознаат. Сакам да го запознаам со мајка ми, но не знам како да го направам тоа, како да постапам. Мајка ми е малку останата назад со времето и неколку пати уз разговор за неа дечко е кога ќе е официјално и очигчедно смета дека нема потреба да го запознае сега дечко ми. Сметам дека 2 години љубов, почит и разбирање се доволни. Не треба да се чека да се верам со некој за таа дури тогаш да го запознае, нели? Ве молам за совет девојки! Редактирано: Да додадам дека за Нова година ќе сме 3-4 дена заедно. Првично рече "не знам што да речам", па потоа ме праша каде ќе одиме она ова. Значи дури и за вакви работи беше против, но пред 2 месеци доживеав ужасни работи психички (дури и обид за самоубиство имав), па од тогаш е пофина кон мене. Инаку имаме по 18 години, скоро 19.
Ја не би да се запознавам. И ја сум 19г, 2.5год у врска и не го имам запознаено со моите, ни ја со неговите. Онака знаат дека сме заедно и тоа е тоа. Мислам дека нема потреба од тоа, не ни сакам да седам и кафе да пијам со мајка му или он со мојата, ми личи безврска. Има време за тоа. И јас би сакала да ги упознаам или шо покасно или кога ептен ептен ќе е официјално. Да не си комплицираме за џабе со родители.
Не викам да одат по кафе и слично, доволно е само еднаш да се запознаат лично. Мислам дека мајка ми има грешно мислење. Тој ме прави среќна, нели е тоа доволно? Знам дека сеуште сме мали за венчавање (иако некои се земаат по средно), но сепак и двајцата осеќаме дека си одговараме и би сакале да имаме заедничка иднина.
Ако толку сакаш запознај ги. Јас ти кажав мислење ја како постапувам пошо сме слична возраст и слично време во врска. На крај сепак ти ќе одлучиш. Ја мислам нема зашо да брзате толку со фамилии и слично.
Па да ти кажам, после 2 години и треба веќе да се запознаат. Парови од неколку месеци веќе се знаат топтан фамилијарно, си одат на гости, не па вие само за едно запознавање. И прв пат гледам мајка да одбива да го запознае дечкото на ќерката. Ама ако толку не сака, не мора. Сите се запознаваат затоа што сакаат, ете ќе биде еден ден, не мора сега. Се' е до желбата.
Бидејќи имаш желба да ги запознаеш, разговарај со мајка ти и пробај да ја убедиш некако. Нека те земе од дома дечко ти кога ќе излегувате, и макар на врата било, нека си пружат рака само. Објасни и дека навистина би те усреќило тоа. Инаку дали е правилно или не ова со запознавање родители сметам дека за секого е субјективно. Ако јас се прашувам, и на веридба да ги запознаам неговите нема да ми е проблем .
Дома се збореше за мажење и женење. И оваа мајка ми ми вика "мала нема да ти дозволам да се мажиш ако избегаш за мене е исто како за шиптар да си мажена мртва ќе бидеш за мене скроз ќе те избришам од животов, ако не учиш факултет нема да се мажиш" вака така глупости. Јас не очекувам да ми рече иди мажи се.Сакам подршка да добијам да ми рече како и да одлучиш твој си е животот јас ќе ти кажам дали е правилно или не. А не да ми кажува ќе те избришам од животов и 300 глупости. Страв у петни жили ми наби. Ми направи уште толку да кријам работи од нејзе. Лака ми душа толку ќе речам..
Да имам доверба во нејзе. Нема да можам да и се доверам, ќе знам што ме чека ако и кажам "иам дечко".