Чуствата кон бившиот ќе поминат кога тогаш, само не треба со сила да ги игнорирате и да ги истерувате бидејки така потешко ќе ви биде! Остајте време да помине, само олабавено и се ќе биде во ред. И секако, нов дечко! Ова ви го кажувам од искуство, со сила ништо не бидува!
Ај онака ... колку да ми олесни На почеток да напоменам дека немам чувства кон бившиот, сум имала ... некогаш .... се почна 11.11.11 супер дечко, супер врска, воедно и прва врска прво мување држење за рака првата слика ... И се беше супер и совршено јас мала и заљубена тој мангуп. Се траеше додека не почнав да слушам разни муабети за него, за кои нормално ме убедуваше дека се само муабети. Како и да е секакви притисоци решив да го завршам сето тоа, после тоа следуваа месеци на убедување, карање плачење, пишување графити ... Само што почнав да попуштам и се смиривме (после 5-6 месеци од како прекинавме) се измува со мојата најдобра другарка ..... Светот ми се сруши, во една вечер ги изгубив двајцата за кои живот давав, не бев сама ама сепак бев, душата ми се искина, како ѓаволи да ми ја распараат како обична крпа ... после 8 месеци од тоа ја исправ, душата ја исправ ја исчистив бела цутка нит трага ни глас за него. Тој никогаш не се откажа, ни сега после 2 години е тука пишува песни, стана попознат пеач има 2 авторски и ковер на нашата заедничка, да после 2 години сега јас имам дечко. Го сакам и некогаш мислам дека на другиот никогаш не сум го ни сакала, тој правеше многу сплетки се мешаше и се ама во ниеден момент не го дозволив тоа. Деактивирав фб, сменав број само 10 личности ми го знаеа и се се стиша. Со дечко ми одам година и пол, душа би дала за него, толку го сакам што му дозволив да ме поседува само него ... Малку е долго но сакам да ти кажам дека се поминува, јас уште плачам на неговите песни но не ми недостига тој, си недостигам јас таква каква што бев, мала чиста заљубена и чесна. Се поминува крени глава заврши со тоа бивш е со причина @evil_girl
Во право си Кога ќе се присетев на тие денови мислев дека не сум спремна повторно да ја искрепам таа болка. Сега кога ќе се присетам колку болка минала низ мене, знам дека сета среќа сум ја заслужила. Небаре избегав од мракот засекогаш, но во мојот живот дојде светлина со која легнувам и се будам Добра ноќ девојки
@JustBeYou ,Слична приказна..и он мангуп ..сепак бравос,се надевам и јас ќе го преболам целосно..еден ден ..иначе уште долго да си идете со дечкото ,се надевам дека тој те заслужува и те третира како што ТИ заслужуваш..Фала ти на разбирање и ДОБРА НОЌ !!