СДК тоа е таа теткинска љубов, овојпат дел два Одам денес да ги носам резултатите кај матичната, и запна внуката да дојде, да гледала како ќе ми прави докторката боц боц, и велам нема да ми прави боц, ќе и носам само едни ливчиња, и се натажи оти немало да гледа кај што на тета и прават боц и дали ќе сум плачела, и викам нема да плачам, и' и светна во глава дека немало да плачам оти големите луѓе не плачеле кога им се прави боц Ах таа детска наивност, само да знае колку многу плачат големите луѓе во текот на целиот свој живот
На сите оние, коментирај под сликата и види што ќе се случи, да им се изгаси интернетот и да им се конфискува компјутер, лап топ и остала хај тек
Јас живеам во мал град па стално по улиците гледам бездомни расни кучиња.И тоа најчесто лабрадори и самоједи и чау чау, зошто тие раси во последниве години беа најактуелни и модерни да се купуваат. Значи ако не можете да ги чувате, ако ви се премногу скапи храната и одржувањето или ако ви се тешки за чување, оти тие раси баш најмногу бараат редовно трчање и тимарење поарно не ги купувајте.Мислам дека ги купуваат само за статус и додека се мали се слатки, а после кога се зголемуваат обврските, ги оставаат на улица. Тажно.
Уште се двоумам која е најголемата глупост истрескана на форумов, не знам дали најновиов бисер дека симпатиите кон ист пол не доаѓале меѓу нозе и дека доаѓаале од меѓу промените на полимеразите во ДНК-та, дали од Ангеле бисерот дека Маунт Рашмор настанал со спонтана ерозија на карпите и дека не бил комплексна градба или од Мамли фемина да го прости ко лупна дека 3 билиони жени влегувале во брак невини, а во Македонија 50% од жените исто така. Непребол.
Го прашуваат Милан Калинич да бира помеѓу млада девојка и повозрасна жена(го кажа како остварена жена, реализирана жена во животот, кариера, знае што сака) . И Милан му вика на водителов си бил со таква жена? Водителов вели не и Милан му вели е кога би бил ќе знаеш дека нема подобро од таква врска. Е тоа е Милан-све за љубав Значи поштувајте паталци не гаталци.
Доколку Ви се дискутира за Педофилија, повелете https://forum.femina.mk/threads/Педофилија.1164/ Рековме дека во СДК секој си кажува свои мислења.Ако имате спротивно мислење доволно е една реплика.Мудрувања и преписки до недоглед ја ,,шират,, темава во други правци. Ве молам, нека си има некој ред и овде Има постови кои се отстранети од темава, со цел да не се прошири непотребна дискусија овде.
Понекогаш на форумов навистина ми е интересен феноменот кога се обидувате да докажете поента и некој ве поддржи но притоа со тотално несоодветен речник и споредби кои се буквално out of control, сте во состојба да го издигнете на пиедестал и да замижете на напишаните глупости. Посебно во темава, во последно време кога и да отворам реакцијата ми е токму ваква.
СДК дека од секогаш била дискутабилна страста за докажување пред народот. -Многу тргнуваат од точката дека докажувањето е билдање на его. Во ред е се додека тоа билдање его не почне негативно да влијае врз другите.Често пати во докажувањето на сопствените вредности се загрозува туѓ идентитет и интегритет, па се наидува на отпор. -Други како основа ја користат внатрешната мотивација и желбата за аплауз. Јас мислам сосема поинаку. Мислам дека нарцисоидноста е ,,виновна,, за пораст на желба за докажување. Катализатор Потреба од докажување на сопствените вредности пред другите за да добиеш потврда дека вредиш нешто. Смешното е кога вредностите кои ги ставаш на излог се далеку одмината работа за сите
Без многу филозофии, страста за докажување некогаш е и од потребата за правда во случај кога е изоставена.
СДК сакајте го и грижете се за вашето физичко и ментално здравје, еден ден телото и мозокот, многу ќе ви бидат благодарни за тоа, исто не заборавајте дека тие ја паметат секоја ваша негрижа кон нив, и кога тогаш тие ќе ви го наплатат тоа. А кај мене ќе имаат дебела сметка за наплата
Легендата вели дека некој, некогаш успеал да изгледа филм онлајн без да му се појават најмалку 20 табови со лек за млитав к*р, сингл девојки, методи за зголемување на пенисот и плус 3-4 порно видеа..
Дефинитвно не го разбирам животов. Зошто сеуште не се случија работите што досега требаше да се случат. Врска, љубов... Свадба. I feel down, uninspired, depressed.
Толку ли се нема осет па се пишат пораки во време кога човек веројатно спие. Па мене ми е незгодно на близок да му пишам во 23.00 не пак некому за работа.
Не знаев на која тема но еве тоа во СДК ќе го објаснам. Симнав неколку апликации за андроид кои на плејстор коштаат по некој долар а јас ги начекав бесплатно. Нај корисната од нив е оваа, и кажете им збогум на вирусите и рекламите на андроид. Кажете им збогум на сите обиди да ви влезе некој в телефон, а тоа и те како е можно. Ја имам истата во апк формат, заинтересирани како каже, инбох