Сакам да ве поканам на свеченото отворање на глобалниот настан INKTOBER'19, во соодветната тема. Дата: од 1ви Октомври до 30ти Октомври. Време: од 00:00h на 1ви Октомври до 23:59h на 30ти Октомври. Планирани активности: цртање со мастило. Дрескод: има посебен збор за секој ден. Присуството: задолжително, за апсолутно сите (заинтересирани). Ве очекуваме!
Денес се присетив... Кога бев основно, втор јазик (покрај Македонски де) почнувавме да учиме во петто одделение. Во мото школо (како и повеќето во Битола), се учеше Руски и Англиски јазик. Уште од дома, бевме 'насочени', дека руски не ни треба, и нашите родители многу би сакале да учиме англиски.. затоа што рускиот бил 'бескорисен'. Кога се запишував во петто, бевме собрани сите петтачиња во спортската сала во школото.. А во тоа време, имаше 5 класови, со по скоро 40 деца... па скоро 800 деца бевме начукани во салата, плус родители, плус наставници. Таму не делеа кој-кој јазик ќе учи наредните четири години. Немате претстава колку хистерични плачки имаше од децата кои се плашеа да не им се падне да учат руски... ми инклудед... Сега да сум, не би плачела, јазик-е јазик.. а англискиот секако го научив и без школо од филмови на телевизија.. На крајот, испадна по успех да не делат... тие што се со подобар успех англиски, тие со полош руски. Во времето кога сеуште беше СФРЈ и квази комунизам (станува збор за 1988 година), веќе се знаеше на каде ќе се движи светот... #ВоМоеВреме
Додека го славите денот кога сте родени во исто време ја славите и смртта...затоа што сте 1 година поблиску до вечниот сон
познавам човек кој како дете така си добивал убав квалитетен ќотек од татко му се додека еден од комшиите не го пријавил. Кога дошле од детето да земаат изјава му рекоа да подразмисли што ќе каже,ако поднесе жалба за семејно насилство татко му ќе треба да плати казна од поголема сума на пари што тие место да се дадат како казна може да се потрошат дома за семејството и исто така детето ќе биде одземено од родителот. Дете ко дете се излажало да не пријави. Среќа па татко му си ја удри главата и подразмисли и веќе не му се повтори
Разлика меѓу ќотек и убав квалитетен ќотек која е? Второво е поквалитетно зашто подобро воспитува? Има ли и неубав ќотек? А и што ако им го одзеле детето? Мислам чим му давале убав ќотек значи не им требало тоа дете, рамно на ѓубре го сметале.
https://www.fakulteti.mk/news/14062...ihijatrija-se-povekje-deca-so-panichni-napadi Хрватска докторка на детска и адолесцентна психијатрија предупредува дека сè повеќе деца доаѓаат со панични напади, посебно при крајот на учебната година, поради притисок околу оценките и просекот. И кај нас не е нешто поразличен системот, а и менталитетот на многу родители. Запомнете, спокојот и безгрижното детство на вашите деца е поважно од нивните оценки. Нарушеното ментално здравје поради вашите нереални амбиции, форсирање и никогаш бивање задоволни со нивниот труд, никој после нема да им го врати.
Од Вардар извадиле 30 автомобилски гуми за пола саат. ---------------------- Читам у темата за магии, јорган, перница и останати работи од мртов човек се фрлаат во река или се горат. И после зошто реките ни се загадени, зошто воздухот е загаден...? Па луѓето се пазат од црни магии де. Ете зашо. ---------------------- Сега сум на мисла дали и гумите ги фрлаат како одбрана од магии?
Туку какви сѐ фобии имаме на форумов, ехее. Има такви кои се плашат дека секој пост е напишан за нив, има такви кои се плашат да прескокнат ден без да треснат глупост, некои се плашат да цитираат, некои да бидат цитирани, други се плашат да си признаат дека се хомофоби (додуша ова последново е веќе виша математика. Да имаш фобија да си признаеш дека имаш фобија. Како се вика ова чудо? .. Ај ќе изгуглам после. ) И јас си имам фобија. Се плашам да отворам Фемина Инстаграм, зашо знам дека ќе ми се јаде после. И така, зборот ми беше секој со своите стравови.
Ова беше тоа MOE TELO MOJ IZBOR MOJ ZIVOT MOE PRAVO или така нешто? Сакам да кажам дека отиде предалеку. Сѐ отиде предалеку! https://plusinfo.mk/рики-мартин-и-неговиот-сопруг-го-очеку/
Ако бе.. А што убави дебати има за ова по форумов.. Место да седнат да прочитаат и да не се повторуваме... на секој посебно треба да му објаснуваш