Една тема со многу, многу мислења за ова. Не е дека сакаат да мирисаат. Да не им правиме понепријатно. https://forum.femina.mk/threads/Непријатно-потење-под-пазувите.1692/ И уште една https://forum.femina.mk/threads/aнтиперспиранти.1548/ И уште една https://forum.femina.mk/threads/Неуредни-девојки.19266/page-28#post-4418651 И уште многу... и сите овие се пред да ги додадам темите за ментално здравје. На ова па скроз се заборава! ____________________ Ова не требаше да биде дебата.
Ако си воопшто сериозна, your point is? По втор пат: не сме на форум да судиме, дијагностицираме и шејмаме. Си има доктори за формирање дијагноза. Форум е за мислење и да се даде поддршка за оние кои имаат проблеми, не е твое да дијагностицираш што му е на некој, особено ако не ни прашал.
Абе има едни кавгаџии што си се зачлениле на форумов и еден збор да кажеш они од тоа прават дебата. Како што читам на објавите од пред 5-6 години нема толку глупости. Во оваа тема ќе си каже кој што има да каже и никој не го цитира, ретко таква работа. А сега... На раат да не можеш да пишеш нешто. Одма ќе ти се закачат како змии. Ти едно ќе кажеш, они 1000 додаваат. Јас не знам како некој може да има толку слободно време да дебатира на форум, да се расправа со анонимни, да шири пропаганди. Тоа го прават само некои што се ептеееееннн ограничени во мозокот и што не се ни грам зрели во тиквата.
Не е цитирањето толку проблем како што однесувањето не е на место, од мравка до слон, до утре сабајле рекла казала муабети како баби на селска чешма
Па тоа де. Еве пример ќе пишам дека не сакам да го чистам дечко ми, тие сѐ нешто ќе ми изнапишат. Себична, ти не сакаш дечко, ти сакаш некој што сѐ ќе ти купува, а ти ништо да не му купиш... И што ли уште не, и ако му вратам со: „Ај не замарајте бе“, после предупредување во лп дека ќе бидам банирана. Абе ај...! Банирајте ги тие што ви го по*раа форумов, не мене што само мислење си кажувам.
Девојче, јас не сум некој којзнае колку постар член (по години), ама ти не си ни била родена кога биле најголемите драми на форумов. Значи и на форумов мора да го има синдромот на „ееее во старо време се беше поубаво“.
Се согласувам со ова. Освен за едно: на форум треба да има дебата. Ама да биде дебата, не навреди и „твоето мислење не е точно“ придружено со судења, хејт и дијагнози. Плус и како што напиша: на додадени 1000 други работи кои не се ни споменати. Впрочем, конкретно за ова има толку многу теми. Пишав и таму мислење ама изгледа тие теми не постојат, само оваа е. Темава се вика „сакам да кажам“ и напишав што сакав да кажам. Ако има некој што мисли дека треба да не ги сакаме и треба да ги стигматизираме луѓето кои се испотиле - негово право што не значи дека треба да се согласам со тој „избор“. Јас сметам дека е крајно ограничено и плитко да се суди некој зошто му се случила најнормалната работа - се испотил. На 40 степени и тоа. Со трчање по автобуси и слични тешкотии и случки. И мене ми е непријатно ако некој во јавен превоз препотен се фати за рачки, а јас до него ама од каде знам што ден имал? 0 толеранцја и разбирање за туѓи тешкотии. Да повторам: девојчиња и момчиња што сега влегуваат во пубертет ми е жал што читаат, џабе си набиваат комплекс од некои кои би требало да им служат како примери.
Вчера, колешката која е на возраст како мајка ми, кажа еден поразителен факт: во одделението на внуката само 4 деца живеат со двајца родители, на останатите 20 се разведени. Јас , ваква, кога го рече тоа... Каде се изгубија семејните вредности, зар младите брачни парови не знаат за компромис, почит и меѓусебно разбирање и доверба? Разбирам некаде да мора поради семејно насилство, пороци, ама толкава бројка?
Па како така збориш, си листала по темите, порано членките не се карале, сега почнале да се караат и да цитираат. Логично дека повеќето од непристојните дебати се избришани и нема да ги најдеш, ама дојде да солиш памет како порано било топ, а не си ни била тука. Форумов е по природа за дебата, мешање нос во туѓи работи (советување) и оговарање... и неколку убави и позитивни теми. Мене воопшто не ми одговараат некои работи ама вие со вашите свети мислења кои никој не смее да ги цитира затоа што е „форум и секој може што сака да си каже слободно“... па и јас можам слободно да дебункирам.
Летно време кога имаш обврски до град, се шеташ по тоа жешко, нормално дека ќе испотиш. И сигурно откога ќе испотиш нема на јагоди да мирисаш, туку на пот.
Сѐ супер, нека се дебатира, ама зошто мора да има навреди во дебатата? Толку ли е тешко да си ја воздржиш устата (раката во случајов де ) од навреди? Подобро место за живот (лол ) би бил форумов доколку само се разменуваат мислења, а не како некои жени на пазар да оговараат, да се расправаат и да употребуваат навреди што удираат на психа. И сѐ уште си стојам на тоа дека немало до толку глупости на форумов до пред неколку години, кажувам од тоа што го имам листано овде. Ај допрете го сунгерот што го ставив како наслов на спојлер. Spoiler: Сунѓер Ајде сега оди измиј садовите доста дремеш на форумов.
Укажи ми како навредив, ама најискрено прашувам. Јас знам да бидам жестока во пишување ама најсмирен човек сум на свет, стварно.
Непријатен мирис пречи, ама не е за осуда. Не знаеме за секој низ што поминува. Волку да се замаравте за побитни нешта во државава, милијарда пати поарна ќе беше и фотелјопоседниците немаше да прават што сакаат.Ама, Стојанка што усмрдена се качила во автобус е проблем...
Како најчесто сретнувана причина не се ниту насилство ниту пороци туку финансии. Овде читаат различни профили на луѓе и можеби ова ќе делува како нешто нереално, ама да, голем дел тешко опстануваат макар и со една плата. За пријатен и мирен живот сепак придонесуваат повеќе фактори или само од љубов не се живее. Поразителен е фактот, а сите не сме далеку од него.
Го сменив потписот после долги години, ама засекогаш ќе го поштувам овој цитат што ми беше. Еве да го оддбележам за последен пат.