Сакам да му помогнам да не се дрогира

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од tvrodoglava, 14 декември 2010.

  1. tvrodoglava

    tvrodoglava Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Devojki Ve molam za pomos!!!

    Vaka zaljubana sum vo eden decko veke 7 godini... na pocetokot toj i jas bevme mnogu dobri prijateli... no otkako jas mu priznav deka go sakam toj se odaleci od mene... na pocetokotne znaev zosto no podocna od moite bratucedki doznav deka toj e narkoman, i deka se odalecil od mene samo za da me zastiti od samiot sebe... so nego nemav komunikacija 6 god (se do pocetokot na maj/2010)... od togas jas i toj sme povtorno prijateli no vo poslednite dva meseca toj pocnada mi se otvara, pocna da mi kazuavekoj raboti za negoviot zivot... a i da ne zaboravam toj seuste se drogira ... sakam da ve zamolam za sovet jas navistina go sakam i spremna sum na se samo da mu pomognam da se otrgne od toa sr*nje... barav na internet i najdov nekolku centri za lekuvanje od droga... e sega problem mi e da mu kazam stav mi e deka pak ke go izgubam... ve molam za pomos
    [mod-kirilica:3kzb6v6x][/mod-kirilica:3kzb6v6x]
     
  2. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    499
    Па штом сте толку блиски и ти се отворил, ти кажал некои работи за животот, тогаш и ти биди отворена кон него и кажи му што мислиш. Не верувам да те сфати лошо, сепак тоа е за негово добро, не за твое.
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.361
    Искрен совет да ти дадам јас како што мислам според една приказна на која бев сведок.

    Доколку тој не пројави желба не можеш ти ништо ... Мора тој да сака. Во спротивно секој твој труд ке биде залуден и ке се сведува на поголеми нервози.
     
  4. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.624
    Морам да се согласам со тедибеар.....Мора он да сака да престане...Ако он нема желба, ти што и да правиш залудно е, само ти ќе се нервираш, он ќе си го тера ќефот, и шо е најлошо ќе ти каже оди е.и се, неможеш ти на мене да ми кажеш шо да праам, иако му мислиш само најдобро, а тоа верувам тебе ќе те скрши. Мора да има он желба, а ако ја изрази он таа желба, најдобро нешто што можеш е да бидеш покрај него...

    HOPE IT WORKS OUT !!!
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    499
    Јас сепак мислам дека треба да разговараш. Друго е да знае дека има поддршка од некого, да знае дека некој верува во него и дека сака да се тргни од тој порок, а друго е да знае дека е сам, оставен сам на себе.
    Едит: се разбира ако не сака, тоа е веќе негов проблем, тука ти ништо не можеш, но како блиска личност мислам дека вреди да пробаш.
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.887
    6-7 години се дрогира и уште е жив ? Добро мислам, ако е на лесна дрога да сфатам, ама ако е така си можела поинаку да го ставиш насловот. Како и да е, има ваква тема.
     
  7. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    121
    Пол:
    Женски
    јас мислам дека треба да се обидеш да му помогнеш, со то шо ќе му предложиш да оди во некоја установа, а тоа со јутуп се глупости, заради то шо добро познавам еден ист таков човек кој проба со некои бабини-деветтини ама не успеа и си го побара спасот во здравствена установа и исто да ти напоменам дека е мн тешко на почетокот(доколку сака да се излечи) можи да има кризи и да гледаш одвратни `слики`, мораш да го бодриш и цело време да си до него и кога ке ќе почни со минимално извлекување од тоа сра*е да верваш во него, а воедно и да му го покажиш то. позз и среќно
     
  8. sexylingerie

    sexylingerie Нов член

    Се зачлени на:
    29 декември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    [mod-reklama:10wqw0il][/mod-reklama:10wqw0il]
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.922
    Допаѓања:
    6.296
    Пол:
    Женски
    борисе со него до крај верувам дека ќе вреди и дека ќе успеете ви посакувам среќа...
     
  10. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.998
    Аха да,сигурно дека твојата љубов ќе го промени |(
    Како што кажа Офи веќе постои ваква тема,ама ајде да не бидам оф топик ќе кажам,не ми е јасно ,не ми е сфатливо од толку мажи на куглава земска,ти се фати за некој што освен штета нема никакво друго значење во општеството.Ич не го жалам,нит него ни пак другите како него.Да е гладен,да е жеден да го жалиш ама кога некој во здрава нога сам си става трн и во 21 век кога ако ништо друго барем некоја документарна програма некогаш зачекал и видел што значи дрогата,односно нејзината константна употреба и упорно изиграва Господ (сам си го одзема животот што некој друг му го дал) епа немам жал ама ич.

    А ти,ако мислиш да трошиш залудно време надевајќи се дека твојата помош ќе му ги отвори очите,дека вашата љубов ќе ја победи неговата зависност-бујрум!Само кога еден ден ќе ги отвориш очите и ќе се освестиш како обидувајќи се да го управиш него си заглавила ти,т.е. животот ти поминува во ноу сенс мисии ништо чудно да биде премногу касно.

    Еееее абе на старци од 90 год им е мил животот,секое сабајле у први редови се пред Зегин,а на млади ,полетни момци/девојки кои се во цутот на младоста,наместо да го зграпчуваат секој следен ден полни со воља и елан,они го ставаат животот на коцка од бес и аздис.Пу јазк бре :puke:
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    817
    Луѓе на никој не сме во душа да знаеме зошто и како почнал со дрога. Не сакам да правдам никој, ама сепак во ова лудо време не сите имаме среќа да бидеме правилно воспитани и социјализирани. Околу ова со помошта јас мислам да разговараш со отворени карти со него..нема овде средина..или ке оди да се лечи или ќе умре..Колку и да е сурово тоа е вистината.. ако се одалечи од тебе значи не сака да престане да се дрогира и ти овде за жал не можеш ништо..тоа е тоа..јас пробав секако да му покажам на мој близок дека е време да се сопре малку, до душа тој беше само на марихуана, но секојдневно..сега и незнам до каде е со тоа срање,ме избегнува после разговорот. Пробав да му кажам не сфати..крај на приказната, колку и да ми е криво..Исто и ти, ако тој сам не сака да се исчисти се е попусто...
     
  12. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    32
    освен со поддршка нема друг начин ти да му помогнеш. но ако сака :(
    пробај , убаво е да се прават добри дела во животот! но имај на ум дека ако тргнеш на тој пат со него
    можеби ќе му помогнеш , но себе и тоа како ќе си го згорчиш и искомплицираш животот! :^) па сега тој дали вреди за тоа и дали во иднина ќе го цени процени сама
    .....малку офф....еднаш се најдов во ситуација со таков дечко , јас бев спреман и сакав да да му помогнам но тој сам не :^) и сега не можеш да замислиш колку ми е мило и колку сум среќна што не испадна како јас што сакав!
    ....инаку и јас познавам излечени сега имаат бебе :) но тоа многу ретко се случува
    ..........па пиши ни што ќе се случи
     
  13. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    31
    Тврдоглава, дали проба нешто да му помогнеш или пак да му речеш, заедно да се потрудите?
    Дали он сака воопшто?,
    А родителите знаат ли, оти можат и тие да ти помогнат околу ова работа?,
    Дали знаеш точно каде да го носиш, во која установа?

    јас сепак мислам дека треба прво да бидеш спремна на овие работи, „да го спремаш теренот„ со други зборови, и да започнеш......

    па обиди се малку, може ќе успееш....и дај боже да успееш