1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самодоверба

Дискусија во 'Психологија' започната од Schmetterling, 21 декември 2009.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.563
    Допаѓања:
    78.836
    Пол:
    Женски
    Еден период се соочував со тој проблем но сега се променив. Успеав така што најпрво почнав да работам на својот изглед, на своето тело и почнав да го сакам она што го гледам во огледало. Потоа, од мои блиски добив комплименти за некои мои карактеристики што ме охрабри уште повеќе. Денес знам дека сум личност која може да го постигне она што сака.
     
    На zokystanoevsky и Wahnsinn им се допаѓа ова.
  2. Колаче123

    Колаче123 Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2015
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Може ли помош? имам проблем токму со ова
     
  3. badgirl2

    badgirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Имам 17 години и навистина имам проблем со самодовербата. Не се чувствувам убаво во сопствената кожа, не се сакам воопшто. Вака лугето многу не забележуваат, но јас се чувствувам ужасно. Ако треба да изглегувам навечер, се спремам, се шминкам и додека се гледам во огледало сум задоволна од мојот изглед, но кога ќе излезам од дома, почнува несигурноста, ги гледам другите девојки,сите ми изгледаат поубави од мене, и цело време се местам, нешто некаде да не ми штрчи,да не ми е измрчкана шминката.Ако слушнам дека некој коментира нешто лошо за мене или пак ми кажат јас целата се стресувам. Ако некој ми даде комплимент,незнам да го прифатам, дечкото постојано ми вели дека сум убава и слично, а јас само си премолчувам бидејки мислам дека ни тој не го мисли тоа.Еве со дечко ми сум веке една година, тој ако ме фати за раката,а на раката ми подраснале влакнена, јас веднаш се тргам,секако неприметливо,а тој мисли дека сум дива и не сакам да се гушкам затоа така правам. Во училиште си правам со сите муабет но најопшто и до одредени граници, кога се дискутира за нешто, имам свое мислење кое сакам да го изкажам, но ми е страв како ке биде прифатено од другите... незнам што да правам како да го надминам ова. Поради мојата несигурност држам растојание од луѓето и немам многу другарки, па затоа некои што ме гледаам од страна ме сметаат за арогантна и ладна личност...
     
    На ShawtyGIRL му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Никoј не се рoдил без влaкнa пo телoтo, секoј ги имa и е сoсем нoрмaлнo. Сo другaрките честo знaеме дa свртиме нa темa зa влaкнa пo телoтo, бубулици, aкни, пoдoчњaци, мaсни кoси и дa се "жaлиме" зa истите. Кaј секoј се случувa дa бил зaфaтен, пa не мoжел дa јa измие кoсaтa, пa мрснa му е, или пaк дa oстaне целa нoќ буден и следниoт ден кaкo зoмби дa шетa низ улиците. Мене искренo не ме интересирa aкo некoј имa некoлку влaкнa пo рaцете, имaл мрснa кoсa и сл, тoa си е нивнa рaбoтa, a јaс требa зa себе дa гледaм. И немaм време дa гледaм други "пoсoвршени" девoјки oд мене и дa рaзмислувaм кaкo тoa сум билa кaтaстрoфaлнa... Oкеј, признaвaм декa се вoсхитувaм aкo имa некoјa дoтерaнa, среденa, нo никoгaш не би се спoредилa зaштo мoетo зa мене е нaјвреднo.

    И верувaј му нa дечкo ти кoгa ти дaвa кoмплименти, дa не гo мислел тoa вooпштo немaше дa ти кaжувaл. И јaс нa пoчетoк не знaев штo дa врaтaм кoгa ќе ми дaдaт кoмплимент, a сегa се зaблaгoдaрувaм, a aкo не гo мислaм истoтo, вртaм нa шегa (нa мoјa сметкa). Дечкo ми ме видел "oбрaснaтa", ме видел без грaм шминкa, ме видел кaквa кaтaстрoфa сум вo пмс (лицетo ми се вoспaлувa oбичнo) и пaк ме сaкa кaкo нa пoчетoкoт (дури и пoвеќе). Немaме грaм срaм еден премa друг, збoрувaме зa билo кaкви прoблеми/сoпствени мaни, a сaмo 5 месеци сме вo врскa и сме oбични децa вo пoчетoк нa пубертет. :D

    Ах, дa и мoите мoменти кoгa дремaм пред oгледaлo гoрдеејќи се сo телoтo. Буквaлнo вaквa сум:
    [​IMG]


    И рaзмислувaј вaкa
    [​IMG]

    Зa дa сaкaш, нaјдoбрo е дa пoчнеш сo себе. :wasntme:
     
    На ShawtyGIRL, teteks, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Тажно е колку ниска самодоверба имам, јбг. Од многу причини е, не само поради изгледот. Работам на тоа, но бавно оди. Решив в лето да почнам да вежбам и да се хранам здраво, да си ја средам психава, да се преиспитам. Сакам скроз да се променам. Овие неколку години беа кошмар упм. Само чекам да дојди денот и да се ослободам од тоа што ме измачува долго време, а блиску е. Аман, не сакам да кажам што е, ама ме упропасти. :)
     
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.213
    Допаѓања:
    162.681
    Пол:
    Женски
    Кога ги имав твоите години, се чувствував исто. Се мислам дека лежи во комуникацијата со луѓето. Према ова шо ми напиша јас сметам дека ти не си целосно опуштена со твојот дечко, се стегаш, се срамиш, се плашиш.
    Прва работа која врз која треба да работиш е комуникацијата со другите луѓе од проста причина што кога ти ќе имаш одредено ниво на контакт со одредени луѓе, до одредено ниво ќе бидиш и ти опуштена со тие луѓе пример: ќе зборувате на различни теми, ќе дискутирате, ќе споделувате проблеми, нема да се срамиш ако имаш влакно- две на рацете, ако имаш три мозолчиња на чело, малку стрии. Небитно. Ти ќе бидиш опуштена. Ова ќе ти цитирам мое мислење од друга тема (трема пред јавен настап) зошто сметам дека можеби ќе ти помогни.
    Порано, проблемот со зборување, ароганцијата, затвореноста, дивоста го имав. Мислам дека ова ми помогна и се каев што не почнав со овие вакви вежби малку порано, баш кога повеќе ми требаја.
    Обиди се.
    Втора работа врз која треба да работиш е останатото. Сите луѓе не сме задоволни од наши одредени карактеристики. Јас лично не бев задоволна од прекумерната тежина па сега стигнав до ниво кое е океј за мене, не идеално, но океј за мене. Види кои карактеристики не ги сакаш на тебе и менувај ги постепено, но секогаш знај - ти си ти, ти си најубава. Имаш дечко, имаш пријателки. Не ги оттргнувај од себе зошто неќам да те гледам во теми за љубовни проблеми и проблеми со пријателите зошто во ваков тежок период тие се тука за тебе, безразлика на тоа што ти ги оттргнуваш само поради ниската самодоверба тие се тука, но ако продолжиш да ги туркаш можат да си одат. Затоа обиди се да се релаксираш, да се опуштиш околу нив, а со тоа ќе ти се крени и самодовербата.
    Патем, исто така практикувај барем 10 минути гледање во огледало секој ден и не, немој да велиш додека се гледаш: „Ова ми е грдо, она ми е грдо“. Туку, „До сега немав забележано дека имам убави веѓи“ или „Еј, колку интересни усни имам“. И така секој ден ќе го анализираш своето лице, ќе видиш дека има многу убави работи на тебе, дека имаш пријатели и дека вреди да останиш со нив, да не си дива околу нив туку опуштена.
    Ако сега успееш да се опуштиш и да стекниш самодоверба, ќе си го олесниш животот понатаму.
    @LittlePinky ете и ти види прочитај шо напишав, ако сакаш можиме и да разговараме (ова важи и за двете, ако сакате да разговараме за некој дел одделно, а неќите јавно во темава), мене не ми е проблем. Битно е сите да сме среќни :hug: :sun:
    @badgirl2 заборавив да те означам, а се изнапишав, извини. :l:
     
    Последна измена: 24 јануари 2016
    На soffce, kolumnistot, deskarada и 5 други им се допаѓа ова.
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.955
    Допаѓања:
    219.246
    Пол:
    Женски
    Самите проживувани животни искуства со тек на годините ќе ве направат посилни, поотпорни и покарактерни. Самодовербата се гради врз основ на самите искуства низ животот и тоа е фактот. Човек што повеќе расте и созрева, што повеќе доживува и проживува се челичи пред предизвиците на животот. Едноставно опуштете се и живејте, сеуште сте мали за да сватите што се може да донесе животот, не се форсирајте за да пораснете и созреете прерано, секоја етапа во животот си носи нови предизвици и искушенија што сите ние луѓето треба да се потрудиме да ги решиме и да преминеме преку нив. Научете да не се срамите и плашите пред светот, потрудете се вие самите да изградите нешто што вие го сакате, не очекувајте премногу од било кој да ви помогне и да ви ги реши работите, наместо да се чека треба да се реагира. Оној што е упорен и што сваќа дека треба сам да си направи среќен и исполнет живот, што треба сам да се бори и да не очекува од другите, самодовербата тука се искачува на многу повисоко ниво кај овие луѓе, со текот на поминатите наназадни искуства.

    Кога човек се гради самиот себе, успева во своите трудови и борби, се бори и не се жали, сваќа дека во животот треба самиот себе си да се истакне за своја исполнетост тогаш тој човек гради самодоверба.

    Нема ништо подобро од човек кој се издигнал сам во животот, стои на цврсти нозе и работи, самодовербата е психолошка емоција која што се гради и прилагогува врз фунционалноста на нашите животи.
     
    На kolumnistot, teteks, Onyx и 3 други им се допаѓа ова.
  8. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.627
    Важна е,можеби најважна.Мислам дека денес ништо нема да постигнеш или пак да успееш ако немаш самодоверба.Човек без самодоверба е изгубен човек.Ќе се губи само низ толпата иако денес многу имаат високо мислење за себе,а се почесто тие што "летаат"Покрај нив луѓето стварно ќе се запрашаат што е со мене,а знаат дека вредат.Но, тоа не е вистинска самодоверба,тие најчесто се слаби и само сакаат да се покажат пред друштвото.Секој треба да работи на својата самодоверба,а не да се губи меѓу другите и сто пати да помисли пред да направи нешто.Луѓето лесно можат да го препознаат,па исмеваат итн.Затоа не дозволувајте.Знам како е да немаш самодоверба,но со цврста волја и истрајност верувам ќе достигнете некое ниво на самодоверба.
     
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.955
    Допаѓања:
    219.246
    Пол:
    Женски
    Самодовербата не означува поим за "високи мислења и перцепции за нас лично и нашето внатрешно и надворешно огледало" , самодовербата е поим за личност која што знае што сака засебе си и од животот, секогаш перцепира за своите можности и достигнувања и е убедена дека секогаш "може и повеќе" од она веќе постигнатото.
    Да се биде самоуверен значи да си доволно храбра и цврста личност во своите ставови и желби, да немаш срам и страв од она што го посакуваш за себе си и од својот живот.
     
    На rose60, R.o.s.e и Someonespecial им се допаѓа ова.
  10. Strawberry xxx

    Strawberry xxx Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Имам 21 година и се соочувам со истиов проблем. Како помала сметав дека тоа со текот на годините ќе се надмине, ќе бидам многу самоуверена, ќе се ценам себе си, ќе бидам храбра за многу работи кои тогаш ми изгледаа недостижни, али сфаќам дека ништо не се променило и тоа многу ми смета и пречи, со оглед на возраста. Уште како мала бев повлечена во себе, мирна, срамежлива, на училиште секогаш ме носеа родителите (за разлика од другите деца кои си доаѓаа сами, барем повеќето), па многу често учителката ги советуваше како требало да ме пуштат сама, побрзо ќе сум се осамостоела, подоцна ќе сум имала проблеми, али родителите тоа го сметаа како глупост и не сакаа да го прифатат тоа, можеби поради наброените карактеристики што сум ги имала. Исто и во училиште (основно) имав големи проблеми , често соучениците ме напаѓаа, се потсмеваа со мене, а јас бев премногу чувствителна, паѓав на нивните навреди и плачев, не можев едноставно да се воздржам! Многу се чувствував лошо и напнато, училиштето ми стана пекол. При секоја зафрканција, целата се препотував и плашев дека пак е упатена кон мене. Направив малце ретроспектива поради тоа што баш тука ја наоѓам главната причина за сегашнава состојба. Поради тоа што соучениците не ме ценеа доволно (другарки имав, и тоа доста добри), не се ценев и еве уште не се ценам, мислам дека имам помала вредност од другите. Иако доста често излегувам по кафичи, дискотеки, социјалниот живот ми е на добро ниво али кога се работи за некое момче, јас не би имала храброст да го правам тоа што го прават другите, на пр. да шетам или да одам во кафич, бидејки едноставно се плашам, се плашам дека ќе ме види некој и ќе им изгледам доста смешно, иако можеби нема да биде така, бидејки е заминато доста време од тогаш, но останато ми е како лош спомен на кој, понекогаш се навраќам и се обвинувам себе си зошто сум го дозволувала сето тоа. Стигнав и до факултет, па гледам дека уште траги ми останале од минатото. Се мислам дека не ги заслужувам доволно машките кои ќе ми пријдат, па уште си поставувам прашање `зошто баш со мене`?.
    Ке речам: `не ми е битно што зборат` (али тоа само го кажувам беззначајно),бидејќи јас сум премногу чувствителна на таа тема, па многу би ме повредило тоа. Ова го осеќам како еден вид траума .
    Има уште многу работи али да не должам, мислам дека јасно го кажав главниот проблем и извинете на долгиот пост, па ако имате некое решение или сте се нашле во слична ситуација, многу би ми помогнало да го споделитете тоа. :inlove:
     
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Самодовербата е многу важна работа за да личноста правилно се развива.

    Ниската самодовреба понекогаш потекнува од самиот дом и од родителите и не е поврзана со финансиската стабилност на семејството туку со психичката стабилност на родителите и нивниот однос кон децата.

    Повеќето тинејџери имаат ниска самодовреба, и треба да се работи на тоа, па макар и со психолози и стручни лица бидејќи тој комплекс пречи во понатамошниот живот.

    Личноста со ниска самодвоерба НИКОГАШ неможе да биде успешна личност.
     
    На Glossy-girl, Prijatelot, mime87 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Колаче123

    Колаче123 Активен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2015
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    Ве молам луѓе за помош!!!!!пише те мии во инбокс
     
  13. larrachi

    larrachi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2015
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    923
    Пол:
    Женски
    Сега си размислував околу самодовербата, па отворив да пишам..
    Значи самодоверба јоктур кај мене. Наивност 100ка. Дури сум и глупава од што сум наивна. Немам свое јас, секогаш попуштам, се нервирам, се јадам во мене, ама битно да попуштам и никогаш не е по мое... Секогаш одам по ќејфот на другите, за жал, промена нема шанса.... :(
     
    На soffce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    За жал , ако некој човек е самоуверен и горд на тоа што го има, многумина мислат дека лета во облаци. Видете ги коментарите на статиите за плус сајз моделите и за колекциите што се наменети за такви девојки и жени, па ќе видите за што зборувам. Инаку ако не се цениш самиот/самата себе, нема да те ценат ни другите.
     
  15. Leontina9

    Leontina9 Активен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2016
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    8
    И јас имам многу ниска самодоверба или подобро да кажам немам никаква.Цел живот сум се чувствувала лошо, никогаш не сум се сакала себеси, секогаш си наоѓам некои маани на себе.Последно во последниот период за се се нервирам паѓам во депресија, не сакам да живеам, не се дружам со никого не сакам да зборам , немам дечко, никогаш не сум имала а имам 22 години.Почнам некоја работа и веднаш се откажувам, од факултет се откажав, не сакам да излезам од соба.Само проблеми создавам...Има некој во слична ситуација како да излезам од неа.?
     
  16. Twigs

    Twigs Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2016
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Не чекај, побарај стручна помош од психолог, стручно лице најубаво ќе ти помогне. Или самата помогни си со self help книги и мотивации. Едуцирај се, барај помош онлајн за како да си помогнеш кога немаш самодоверба. Ќе видеш дека со мали чекори, со мали промени ќе имаш убави резултати.
     
    На Leontina9 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sar-Ste

    Sar-Ste Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2014
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    2.537
    Пол:
    Женски
    Јас постојано си се омаловажувам себе си, сите околу мене ги гледам како поубави, во моето опкружување мислам дека сите повеќе вредат од мене, на мене си ја ставам најмалата вредност, се мразам себе си, постојано мислам дека неможам ништо да постигнам или пак секогаш кога ќе мислам дека сум успеала да верувам во себе и да се сакам себе си каква што сум долитува некој коментар и целиот мој труд паѓа во вода. Понекогаш мислам и дека поубаво ми е да живеам без самодоверба бидејки ако ја имам знам дека многу ќе се разочарам а сега на ништо не се надевам но знам дека ако некогаш стекнам самодоверба ќе се надевам но залудно.
     
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.971
    Допаѓања:
    48.758
    Пол:
    Женски
    До пред некое време самодовербата ми беше сведена на 0, поработив на тоа малце.Сега сум полна со самодоверба и не се замарам воопшто со тоа што мислат за мојот изглед,говор и се.Пазам гледам да сум одмерна и примерна за себе а не за другите.
     
  19. Buddygirl

    Buddygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Немам самодоверба тоа ми е најголемиот проблем.....Се плашам од се како да ја вратам самодовербата...дајте некое решение мајка сум, без мајка израсната сега сум во заедница и на се се потчинувам како што ќе кажат така правам, се плашам од свое ја...а тоа ме убива психички неможам да издржам. Се чувствувам несигурно,празно како да се изборам дали околината виновна или самата јас. Сакам и мојот глас да се слуша, ме потценуваат се чувствувам глупаво од што сум добра и наивна. За се што треба да сработам дома прашувам не дека не разбирам него да добијам согласност неможам веќе вака психички сум оптеретена....
     
  20. Ariety

    Ariety Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2017
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Не сум мајка. Неможам ни одблиску да сфатам како ти е, но можам и морам да те охрабрам. Без разлика што немаш минато искуство на кое можеш да се повикаш, се имаш себеси. Не си сама само се чувствуваш осамено. Имаш сега дете. Ако неможеш да исцрпиш сила и авторитет за него исцрпи од себеси. Налути се еднаш на животот. Живеј по твои правила од инает. Повикај го сопствениот карнален инстикт за преживување и зацртај си правила прво на себеси па после и на другите. Заслужуваш почит и право на збор. Ако животот е една голема игра на непријатни и пријатни околности, создај правила кои ќе те направат добар играч а не фигура за туѓ потег. Самодовербата ќе ти дојде моментот кога ќе си го земеш животот во твои раце. Не дозволувај други да те оформуваат биди пример за твоето дете.
     
    На cresa-jagoda, Buddygirl и ceca-1 им се допаѓа ова.