Со тек на време успеав да си ја зголемам самодовербата. За време на ученичките денови и јас се соочував со намалена самодоверба, но според мене тоа е минливо и речиси и нема човек што тоа не го искусил. Самодовербата е важна бидејќи е поврзана со самопочитта и љубовта кон себе. Без нив, и другите нема да не' сакаат и да не' почитуваат.
Самодовербата се основа до 10 година на детето после се останува дали ке се сака себе или не, според ова вљијае насилство во домот, во училиштето, забрани, уцени и др се остаува во психата на детето и кога ке пораснеме испливува на површина и не се сакаме себеси, ама пак има мала надеж дека ке се вратиме во нормала ако најдеме вистински човек или хоби кое ке не извлече..
Незнам од каде да почнам на темава,вака јас имам трауми на лошо врсничко однесување во школо длабоко ми е врежано и неможам да го избришам, како друг проблем многу битен е лошото домашни воспитување НИСКА ВРЕДНОСТ без пофалба без поттикнување на самодоверба без свое јас него напротив рушење со тоа што ( битни се другите што ке речат и прават без право на избор) така и пораснав со чувство на НИСКА ВРЕДНОСТ и никаде не се пронаоѓам, баш како што ме воспитаа без свое јас и со СТРАВ да направам нешто ++++ СТРАМ чувство кое ме убива мислам дека ми е најголем непријател во животов ,ме убива да не направам нешто погрешно на што би ми се смееле , Огромен СТРАВ и СТРАМ пред голема група на луѓе каде на пр јас сум сама а треба да се групирм (преголем страв да се доближам со преголем страв од неприфаќање помешан со СТРАМ) незнам дали во сето ова е поврзано со анксиозност ( некој совет ,препорака за добра книга фала
И јас го имав и се уште го имам донекаде истиот проблем. Значи буквално самодовербата ми падна под нулата кога учев средно, а истото се случи и на факултет. Од дружељубива личност се претворив во аутсајдер, ретко искачав, се здобив со социјална анксиозност. Проблемот кај мене е во тоа што ретко работев на мојата самодоверба. Се срамев од се и сешто. Се плашев ако згрешам нешто што ќе кажат другите, се плашев да искочам од мојата школка на удобност. Се плашев да зборам во голема група на луѓе, да не се посрамотам. Туѓото мислење го перцепирав како нешто врвно според кое треба да се вреднувам себеси. Премногу сериозно и лично го сфаќав туѓото мислење, посебно ако е негативно и тоа од блиски личности. Бев љубоморна на тие што имаа самодоверба. Секогаш се преиспитував себеси и ги анализирав моите постапки. Се прашував каде грешам, сакав да им го докажам на другите спротивното. Во третата година факултет, успеав да ја намалам килажата, почнав да се средувам, но не мн претерано, почнав почесто да искачам. Кога успеав некои од моите недостатоци да ги претворам во предности, др да ги прифатам/ потиснам тогаш истите луѓе ми пронајдоа др недостатоци. Тогаш научив дека секогаш ама баш секогаш ќе има некој што нема да ве сака. Треба да се прифатиме такви какви што сме. Доколу сакаме да промениме нешто тогаш тоа да го сториме, секако доколку може да се промени наместо да се жалиме и кукаме секојдневно. Да точно е, туѓите мислења болат, ама уште поболно е тоа какво мислење имаме за себеси. Нема совршени луѓе со совршени животи во реалниот живот, тоа е само илузија сервирана на социјалните мрежи за повеќе внимание. Самодовербата зависи од нас и од нашата перцепција за нештата. Моментално се обидувам да го сменам негативниот начин на размислување, ќе ми треба време но верувам дека ќе успеам бидејќи ми е смачено од секојдневно самосожалување и себесаботирање! Пс: Се изинувам за долгиот пост.
Здраво се соочувам со ниска самодоверба веќе некое време. јас сум студент кој секгаш оди на испити дури и кога нема научено но поради работат факултетот го завлечив и сега имам уште 3 испити неможам да се уклучам на полагање бидеќи си мислам дека не сум сигурна дека знаам се а матријалот ми е учен, учам се трудам до последниот час пред да започне испитот и се откажувам не се уклучувам на овие online полагања кои се усно . help
Не знам колку години имаш, ама работа и факултет во комбинација се сами по себе преголем залак, така што честитај си за тоа. Можеби си излегла од ритамот, ама да сум на твое место, секоја можна сесија би излегувала на испит без разлика на тоа колку мислам дека сум спремна. Ако не бркаш просек, ако не ти е битен за некоја стипендија или слично, тогаш оди на испит. Ќе видиш до каде си со материјалот, колку и дали навистина не знаеш, доколку не положиш ќе знаеш на што да обрнеш внимание следната сесија. Не е крај на светот. Дај си шанса. Среќно.
Јас поради анксиозноста ја изгубив самодовербата, и се трудам сега да си ја вратам. Како знам и умеам. Ни позитивното, ни негативното мислење гледам да не допира до мене. Накратко се трудам да сум рамнодушна колку што можам.
Мислам дека човек ја лечи анексиозноста кога ќе дочека некоја среќа која ја посакува и го држи малку повеќе време.Доволно да се воздигне. Сум имала кратки моменти на среќа кои само ме турнале пониско и така...Нешто да даде смисла на животот за будење наутро
За да не дојде до таква ситуација каква што кажа дека си потонала, не треба надворешните случувања да влијаат врз тебе. Колку можеш труди се да бидеш рамнодушна и еден ден ќе успееш. Битно да се навикнеш, па после се е полесно.
Како успевате да си ја подигнете самодовербата? Многу се осеќам down, имам чувство како секој да е поуспешен и подобар од мене и почнувам да се мразам себе си
Здраво на сите нова сум на форумов и мислам дека ке ми биде од корист. Страдам од депресија и анкциозност со дијагноза веке 3 години. Одам на псхијатар се советувавв со психолог ама ништо. Причината за тоа е мојата ниска самодоверба која цел живот ја имам и за која малку луге може да ме разберат. Вдовица сум 2 години и имам дете од 6 години . Може звучи смешно ама на 40 години сеуште незнам самостојно да се спротиставам. На работа секој ден трпам мобинг или ај да не бидам толку категорична да речам во најмала рака стрес и навреди од претпоставената. Дома живеам со мајками која постојано ме контролира и за све ме критикува како на пример не се пеглало вака не се пеглало така не сум се гризела за не сум имала став на работа што ми се случувало јас сум била крива и тн и тн. Имам многу познати но само една колешка со која можам да разговарам на оваа тема и мислам дека веке и досадив . Поради сево ова навистина се чуствувам глупа и неспособна и се мразам себеси . Дури и помислувам на самоубиство и постојано правам грешки животни и на работа .На момменти навистина немам концентрација и самата се обвинувам. Се осекам буквално како мало упласено дете. Ми треба подршка и охрабрување ама ретко кога ја добивам. Дури и кога ке направам нешто добро мислам дека сум згрешила. Мислам дека детето не ке мозам да го изведам на пат. Точно има луге кои се во многу полоша ситуација ама и со ниска самодоверба страв и акциозност од све не се живе ми треба совет и разговор ако може некој да ми помогне. Зосто стварно полудувам.
@Nesigurna40 Немам искуство со проблемите со кои се соочуваш, ама кога те читам не гледам дека јас подобро би се снашла. Веројатно не е никаква утеха, ама е искрено. Големи трауми носат и голем товар. Честитки за тоа што како така успеваш да бидеш способна да одиш на работа и некако да функционираш. Фокусирај се на битните работи во животот, твоето ментално здравје и здравјето на твоето дете. Пеглање и слични баналности не треба да те тангираат. Обавезно побарај стручна помош, постојана, и за тебе и за детето. Со среќа
И мене истото ми се случува. Дури и со некои поблиски личности, се прашувам како може да имаат среќна врска и љубов, да успеат да им оди во секое поле, да се убави и згодни. Свесна сум дека е заради мојата несигурност во себе, не им мислам лошо, напротив се радувам кога нешто убаво ќе им се случи, но ете подоцна кога се преиспитувам себеси си го мразам животот, јас ништо немам, ич немам самодоверба и тоа ме кочи на многу полиња во животот. Многу добро знам како ти е.
За почеток, престани да се споредуваш себе си со други луѓе и да го споредуваш твојот живот со туѓиот. Секој си живее свој живот, за ништо не е доцна. Ако има нешта кои не ти се допаѓаат, можеш во истиов момент да почнеш да работиш на нив да ги промениш. И јас бев личност со ужасно ниска самодоверба. И денес знае некогаш да ми падне. Најчесто кога ќе направам некоја грешка и моментално ќе се почувствувам неспособно. Но научив брзо да си ја враќам назад, така што: 1. Откако ќе увидам што е - како е - зошто е, си простувам. Понекогаш ми се потребни пар денови на рефлексија, ама кога тогаш доаѓам до момент кога ќе сфатам дека океј е, човек сум, утре е нов ден и едноставно си простувам. 2. Не се споредувам со други, едноставно нема логика во тоа затоа што јас не сум они, они не се јас, секој има свој живот за живеење. 3. Не ме интересираат туѓите мислења, ниту за мене, ниту за нив самите. Туѓото мислење е само нивна перцепција, јас си имам моја и важно ми е таа да е позитивна, цврста и во мој бенефит. 4. Се трудам да бидам што е можно повеќе фокусирана на сегашниот момент. Добрата вест е дека се' може да се промени во секој момент. Лошата вест е дека се' може да се промени во секој момент. 5. Јасно ми е дека се' е менливо и се' додека се трудам, тогаш можам да направам нешто за себе за да се усреќам. Исфрлувам се' што не е есенцијално за мене, се трудам да трошам труд и време само на важните нешта. Трпелива сум, ама паралелно се движам од момент за момент како што ме води животот. За крај, зошто па да немам самодоверба? И јас сум човек како сите останати. Способна сум за многу нешта, но исто така сум и неспособна за многу нешта. Исто како и сите останати луѓе. Океј е, не мора да бидам одлична во се'. Не мора ни да бидам успешна во се' (а што е успех?!). Ама верувам во себе и си се допаѓам како личност, имам карактер каков што сакам, многу работев на него и ќе продолжам да работам.
Кој сум, што сум и зошто постојам? ЕНЕРГИЈА, таа е неунуштлива, само поминува од еден облик во друг. Има позитивна енергија и негативна енергија. Со помош на надополување на една од двете енергии се менува и гледнишната прецепцијата на човекот.(почнуваме да ги гледаме работите од поинаков агол). Значи сево ова зависи со каква енергија се храниме. Поз енер-Добрата мисла,помагање на луѓето,хоби и тн. Најголемо количество позитивна енегрија се добива преку молитва. АЈ ЧАО
Воопшто немам самодоверба, кога поминувам покрај луге имам голем неопишлив страм мислам дека сите несовршености ми се гледаат,мислам дека изгледам многу дебело и ужасно, некој ако знае како да дојдам до поголема самодоверба?