Кога ќе го пишете аргументов јасно е дека сте го допреле дното со безобразноста и глупавоста. Едит : Пишав погоре какви проблеми сум имала уште како дете. Верувај дека подобро го имам сфатено животот од тебе, без разлика што уште не сум родител.
Имам роднина со мало дете. 4 години има. Буквално не повишуваат тон на детето а не па да го тепаат. Полигаво дете немам видено, ако не е нешто по негово веднаш вреска. Тие освен со љубезни зборови не му се обраќаат на друг начин. Тоа дете мене не ми изгледа дека ќе израсне во човек како што треба. Се додека не се употреби строгост и дисциплина се полигави и полигави генерации ќе доаѓаат тоа е факт. Споредиго твоето детство со детството на денешните деца.
Има навистина "олоши" од деца, ама кој придинел да бидат такви? Секако родителите. Ако детето добива слаби оцени, тогаш е срам за семејството? Па со тоа најлесно може да му се наруши психата, особено ако е тинејџер. И самоубиствата поради тоа не се ретка појава. Тепањето му е мајката?! Не ми се верува што читам. Во кој век живееме, па за тоа да се дискутира?
Зошто проблемите на другите луѓе се сфаќаат како натпревар демек секад има полошо?? Никој не знае како е дур не осети на своја кожа. Ако родителите секој ден се караат и тепаат пред детето, за секоја ситница го омаложуваат што мислите до каде ќе стигне тоа. Не секој има поддршка од околината посебно во место како нашево каде што ќотекот сеуште е дисциплина. Верувајте не е секој родител. И да не си го одземе животот детето ќе има трауми цел живот. Не сме сите психички издржливи. Поради такви "родители" нарцисти и до ден денес се случува самоубиството само што никој не збори за тоа и не превзема ништо, а на некои им текнува кога е касно. Лесно е да се изнадереш и да го изнатепаш а тешко е да седнеш и да направиш муабет зошто тоа се случува и како може да се реши проблемот.
Строгост и дисциплина може да се одржува и без физичко и вербално насилство. Луѓето кои ги познавам, и биле во депресија, односно имале самоубиствени мисли, многу пати, ако не и секогаш имале родители кои одржувале строгост и дисциплина, а целосно заборавале на фактот дека нивното дете има чувства. Најчесто овие деца почнуваат да се изолираат, да не зборуваат со нивните родители, да кријат работи од нив, да се самоповредуваат на различни начини, да имаат ниска самодоверба, несигурност и страв да направат нов чекор. Премногу задушени таленти сум сретнала, само поради фактот што родителот нема гз да им каже убав збор, па ги понижува и им наоѓа маани кои не ги ни имаат. Овие деца се сега адолесценти и возрасни луѓе кои тек сега учат што значи да бидеш сакан, тек сега учат што навистина е љубов. Секако, ако се најде некој кој ќе ги научи и ќе се обиде да го разбере местото од кое што доаѓаат. Спојлер: Оф топик Дека најмногу совети за кучиња делам по форумов, ќе дадам пример кој би требало да се знае од општа култура. Ни куче не можеш да издресираш со "строгост и дисциплина" зашто на крај добиваш куче кое е несигурно, плашливо и трауматизирано. Може би нема да се самоубие, но ќе го избегнува и ќе се плаши од хендлерот кој го дресирал, а веројатно и ќе развие агресија кон луѓе со или без одреден изглед. Со премногу награди и фалење пак ќе го угоиш и може ќе го разгалиш, но со доволно дисциплина комбинирано со награди и многу љубов кон него ќе имаш стабилен, самоуверен пес кој е отпорен на секакви услови и може сам да се одбрани и да стои цврсто на сите нозе пред други кучиња. Звучи познато?
Депресијата е најлоша болест што може да му се случи на човек. Депресијата или ќе ја "убиеш" или таа тебе ќе те убие, трето нема.
Да, ама повеќето луѓе кај нас не ја лечат на време. Дали од срам, што ќе кажат комшиите или нешто трето не знам.
Некои не се ни свесни, затоа што не се доволно информирани, па одат по бајачи/гатачи, или се само-медицираат со лекови, алкохол, дроги... А многумина се срамат. Да не набројувам примери за срамење, знам милион и толку ми се бизарни, што на моменти жал ми е што живеам во вакво општество.