Да сосем во ред . Те разбрав . И јас исто барам. Сакам редот кој го има дома да се запази. Доколку не се разбираме ќе пробам да укажам. Ако и тогаш не бива, ќе го гледат само под наш надзор. Муабетот ми е генерално за тоа што беше кажано бабите уопште да не ги гледаат децата . Со тоа не се согласувам. Сметам дека се здрави дружбите баби-дедовци деца доколку се соодветни.
Баба ми и дедо ми куќа до куќа со нашата па не дозволиле моите да не чувет. Него родителите со добра организација не пораснаа. И двајцата работеа. И денес сам татко ми ми викат дека не е проблем ќе ми го причува и све, ама воспитање треба јас и сопругот да го научиме. Истото и свекрва ми ми го викат. Т.Е не се они должни 24/7 дете да ми гледет!!! Шо ќе научи дете по цел ден со баба/дедо???
Дафи овде на феминкава, темата е точно таа, бабата наредува детето да седи со баба а не со мама оти многу се приврзало со мама. Генерално и повеќе од потребно е децата да се дружат со бабите и дедовците и да учат и од нив. За мене и за мојата фамилија бабите и дедовците се битна алка во животот, исто и кај мм, сакам и детето тоа да го научи.
Јас не реков дека ме воспита баба ми или дека моиве деца ги воспитувет ама ги чувет,го почитувет мојот збор за јадење шо да давет а шо не,за спиење не спиет со никој освен со мене,ако речам не му купвете глупости не му купват,значи го чувет според моите правила и сите се задоволни Маж ми ојт на две места на работа,бебуш си имат свои барања и зато мене нивната помош ми е добредојдена Хахахах пробај неколку дена ке видиш дека е лесно,накриви капата и свиркај си
Помош не одбивајте никогаш ако е добронамерна ама ако се понаша вака со наредба ке и кажете секој да си ги гледа неговите деца
Абе и јас напорно работам и се трудам, ама не зимам плата илјадници евра за да купам 5 стана.Се читате ли што пишувате воопшто? Во кој свет живеете не ми е јасно
Па пишала ако се трудиш и работиш многу. На пример ќе остануваш прекувремено, а после на поручек можеш и втора работа да одиш на пример тутун да береш како аргат негде, а за трета работа и преку викенди можеш келнерка во некоја дискотека. И наместо 12.000ден ќе земеш 24.000 и ќе можеш стан да си купиш како од шала
!!!Женски ај вратете се на темата, околу проблемите на релација снаа-свекрва. За купување куќа или стан имате други теми.
Ај префрлете ги мислењата оти мене интересно ми станува. Тајната за до 3стана ја открив јавно ама сакам да знам 5 како се купуваат
И јас сакам да разберам. Бар за 4 , ќе ми завршат работа. @Sesil де упати не каде да се едуцираме на оваа тема
Значи по ваша логика бабите мора да чуваат, во спротивно забрането им е да ги видат внуците. Абе ај... Баба и дедо се.. ќе ги видат, ќе се поиграат, прошетаат... Нема потреба од секојдневно и целодневно чување. Не е ова само за свекрва како баба, туку и за другата баба. Еве со мајка ми живеам па ни за до продавница не ја оставам. Кога можам можам. Кога нема да можам ќе причува која може во моментот. Еве мојава(свеки) пред малце и зајде дете и помодре, ама таа е окупирана со тоа детево со неа да е.. уште со сила и дава работи кои не се за деца, само да не плаче по мене и да седи со неа.. Тука лежи проблемот. Наметнувањето... Не гледа да ужива, туку го гуши детето. На 30 степени внатре ја фатила у раце, не ја пушта да дише... Ама ако, ако јас сум седната на страна, додека дете плаче, само за да не каже ја бранам, ако, јас пак ќе бидам лоша... Се напнувам со секое доаѓање овде, ама пак сум лоша иако упорно идам и им носам дете. А не сфаќаат дека ако почитуваат наредби ние како родители ќе имаме повеќе довербба. Еве, и дава да си игра со домофон. Растури еден украс. Вика ако, се вади тоа.. епа ако викам ама јас не сакам после и мој украс да растури... и уште еден куп вакви ситници. Ама снаите се лоши, ги бранат децата.
Пак ги извртувате зборовите како ви одговара. Реков доколку соодветно се чуваат! Мојот е кај баба му моментално оти не сакаше да си дојде со нас. Ќе играат саат време , ќе слезам ќе си го земам и сите задоволни.