Зборував кога одам на пазарење во маркет. Она се сака да земе, да фане, се да проба и за се оде контра. Еднаш се залепи за едни играчки, а дома има 2 комплета од истите и мораше дa ги купеме, ете ги стојат дома. Наместо тие 15 мин таму да ги поминам во нервози, оставам ја дома и ѝ купам нешто па заедно си играме, и таа среќна и јас среќна. И не ме прави тоа помалку мајка како што овде некои се обидуваат да наметнат. Браво за тебе. На мене сега ми е потешко отколку кога беше бебе. Сега е невозможна. Да не испадне дека сум од тие мајки што шетаат додека децата им ги чуваат баба и дедо, далеку сум од таква. Кој ме читал знае
Така е,ни едни ни други крајности не се убави,ниту премногу со баби и дедовци ама не и со тебе со папочна врвца,е сега идеално нема,компромиси и ситуации се во прашање. Имам другарка таа сама со маж и со децата тој во 3 смени таа во 2,се жалеше бе,никој нека не ми прави дека е совршено и така треба,не е,вика со маж ми не сме се виделе салам 4 години. Се надевам ќе си најдеш работа само прва смена и со градинка ќе завршите работа.
А бе тешко никој не негира дека е, ама едно е да оставиш дете за да се дружат со баба и дедо, а друго е да им се лутам ако нејќат, ниту секој има енергија да трча по мали деца, ниту па ми е згодно да им реметам планови на свекорите, што ако се постари, шеткаат, си го планираат времето. Ако сакаат да помогнат, супер, ама ако не, немам право да се лутам.
Мене па баба би ми било најглупо да викам да чува бебе кога може маж ми или да дојде со мене. Да замарам жени за да не се замарам јас.
Епа се наоѓаат начини за да не бара во продавници куп играчки. Нејќам да филозофирам, ама рачунај дека луѓе што немаат кај да ги остават децата, па мора да бидат креативни за да се справуваат со тантрумите. Ваков муабет имам слушано и од жени што ги тепаат децата. Мораш да го шлакнеш за да се заќути инаку цела продавница ме гледа. Не, не мораш, мораш да најдеш начин да се справиш, и ти да си среќна и детето задоволно, ама за тие начини треба труд да се внесе, а не е баш лесно. А па некогаш ќе има и тантрум, тоа е. Некогаш ќе се изнервираш, ама ако ги сфаќаш тантрумите ко нормален дел од детството, нема да се нервираш. Не може детето да се извинува за тоа што е дете. На тебе се надоврзав затоа што ги спомна тантрумите по продавници, дека има родители што немаат каде да ги остават децата, а сепак се справуваат, не дека тебе ти велам дека си помалку мајка, воопшто не, ти си нашла начин кој за вас функционира и тоа е супер, само сакав да кажам дека не е единствен начин да се справиш со тантруми со тоа што ќе оставиш дете на некого. Мене ако ми е тешко да се справувам со тантрумот на детето, замисли како им е на мајка ми или свекрва ми, тие постари од мене, а да се справуваат со тантрум што може и дома да се случи.
Леле колку сте паметни и снаодливи на форум Си го чувам детето сама, без маж. Доаѓам кај моите од време на време да наполнам батерии затоа мислењата од семоќните мајки не ми значат ништо, веќе го поминувам тоа. Не знам како си дозволивте да ми наметнете дека јас имам некои барања од свеки или дека чекам нешто од нејзе. Веројатно некогаш ќе разберете дека сите сме различни, некои сме блиски со пошироката фамилија, имаме и други улоги освен мајка. Вашето правилно за мене може е погрешно и обратно. Не знам дали вредеше и оваа минута што ја потрошив да го напишам ова кога пак секоја ќе си прочита тоа што и одговара.
A ако не може маж ми да дојде? Што да правам? Да мкнам бебе од неполн месец по ладното и дождот оти ми е понижење да викнам некој од фамилијата да ја почува на 1 саат.? @Mantub тоа не се тантруми што ги има таа, тоа е инает. Мојата никогаш не се трескала од земја ни дома ни никаде. Не мора да верувате ама така е. Ни скокови ни тантруми не знам што се, не буквално туку дека таа не е имала и од тој аспект кажувам. Убаво пиша, секој си наоѓа начин да биде среќен заедно со детето, па така и јас.
Кога има некој да ми го почува 1 саат, зашто да не искочам јас на раат да испазарам нешто успат и ке се излуфтирам сама. Јас за пазарење во маркет немам мака со мене си го носам, не чепка по рафтови, знае да се закачи само кај киндер јајцата и нормално зимам едно и пазарам на раат, но кога се пазари во голема количина тоа маж ми си пазари после работа. Кога пазариме за него лично облека на пример ја викам сестра ми го чува еден саат ние на раат ќе земеме тоа што треба. Го има чувано и сестра ми и свекрва ми но само кога сме се погодиле двајцата иста смена на работа, претежно викенд. Сега за празнициве се беше кај свекрва ми јас и маж ми бевме на работа за да земеме празнично бидејки тие 8+ илјади многу ми мењаат на крај на месец.
Женски ај со дискусијата вратете се назад на темава. Ако ви се праи муабет за тантруми, воспитување или било што поврзано со деца одете во соодветната категорија. Овде свекрвите се тема на дискусија.
Мене свекрва ми ми помага многу,и сопругот,кога и да имаме потреба без проблем ќе ми го причува без збор,многу сака да го чува а мене ми е мило.Работата ми е многу стресна и ми годи малку да оладам глава. Но да нема забуниго чуваме и мм и јас.
Се исплеткаа тука различни теми на муабет, како и секогаш. Мојата цел на муабет беше дека возможно е бебе да се чува сам, па тоа е само бебе, ние сме мајки, природа. Не ни треба ниту упатство ниту натприродни моќи.
Ајде @Sesil и госпоѓи/ци, ова е вистинската тема https://forum.femina.mk/threads/Помош-од-родители.27812/
Ама никој не вика дека автоматски е мешање. Само ти не сфаќаш дека некои не знаат за граници, ако имаш среќа што не се такви твоите родители или родителите на маж ти, не значи дека никој не е. Сите знаат со каков народ се опкружени, и ако не ти се допаѓа како тој народ се однесува, дистанца е неопходна за мир во глава.
Мантуб е мајка ако мислиш на неа за други не знам, ама како што кажав погоре, фино е да има кој, ама со тој некој треба да сте на иста бранова должина, не гледам каде е помошта ако пример одат упорно спроти твоите убедувања, еве упорно му даваат чај на бебето, а ти си одлучила да е на ексклузивно доење. Децата треба да создаваат врски со баби и дедовци, ама има разлика од таа врска, со врската дека овде пишуваат за буквално свекрви што улетуваат во спална оти бебето плачело. Итн.
Ова е премногу бесчуствително. Никој не би имал мерак на такво нешто. Срам да ви е на сите што помисливте така.
Сите што ти ги пишаа истите работи се мажени со деца, Битер ти го пиша истото, а има 4, а некои колку што знам се трудни. Ама направи споредба колку пати имаш ти пишано во темава за проблеми со свекрвата, колку пати овие другите. Пошто не си самотничка нели Место да уживаш во животов ти нервирај се зошто не те викнале в кафана. Пробајте применете некои од советиве, ќе видиш дека кога ќе се држиш подалеку, баш повеќе ќе се сакате.