Свекрвите и снаите – проблеми

Дискусија во 'Брак' започната од zdravkova, 1 декември 2009.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.295
    Нас ни се зид-до зид.
    Изолација 0 (нула).

    Кога се роди имавме неколку пати секс во иста соба, додека спие.
    Последно, од прилика 2-3 месеци имаше.
    Си тераме ја и маж, ја мислам спие, се вртам, ја гледам завртена главата накај нас, молчи и гледа.
    Не дека разбра нешто, ама толку неубо ми падна, уште еднаш не ми текна во иста соба.
     
    На Martka, Осе, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.829
    Допаѓања:
    18.662
    Пол:
    Женски
    Излегуваат ама еднаш два пати месечно. И не можеш да темпираш тогаш и вие да сте слободни, па и да ви се сака.
    Да, ама тоа треба да темпираш, не може се така секс да имаш.
    Разбирам за брак дека е незгодно, од повеќе аспекти не се живее во заедница, не само ради секс. Ама тоа сека дека нема да имаш заради причината што ја кажа е лудо.
     
    На crazylady, Skorpija25, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.384
    Родителите мои додека живеев со нив секој работен ден излегуваа.
    А постари пензионери ако се, не да немам секс туку и би се отселила под кирија за тоа.
    Јас сакам слобода, а не да се притешњавам. Не би уживала ич во безгласна тишина, макар кревет ќе шкрипне и ќе ми се убие секој нагон, знаејки дека нечии уши радарски ме следат.
    Имам слушано прераскажани коментари на стари свекрви од другарки и слично, и баш е понижувачки, ко вицот со " Стефче, синко, каква ладна вода , како што си испотен сега, ќе настинеш:devil:
     
    На crazylady, Autumn_, MarijaMi90 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.913
    Пол:
    Женски
    Имав еднаш-два пати опкружена со цимери у соседни соби и ми беше толку незгодно и целата бев у грч. Ни а ни б. Не би сакала да замислам цел живот да го поминам така.
    @WildMk у право си, со деца ќе се снаоѓаш некако. Најдобро би било кога се излезени. Ако имам дете како што сум јас цело време у покрет, нема да имам гајле. :rofl:
    А верувам дека некогаш би имала и ептен тивко. Ама да не биде тоа секој ден.
     
    На WildMk и Meckicja им се допаѓа ова.
  5. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    9.493
    Еве зошто сум против градење куќа и двајца браќа во неа.
    Гледајте да се тргнете од таму.
     
    На Anyshka, Martka, crazylady и 8 други им се допаѓа ова.
  6. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    20.092
    Пол:
    Женски
    И јас сум вака растена, братучетките толку си ги сакам, тие ми се како сестрите коишто ги немам. За едната и животот би го дала да можам. Мајка ми и жената на чичко ми секогаш имаа преубав однос, до ден денес. Ама ние живеевме со баба ми и кога ќе се сетам колку само немаа интима моите, гости ќе дојдеа таа со нив си седеше, иако имаше своја соба. Од се што гледав си ветив дека јас никогаш нема да живеам во заедница, колку и да се добри свекорот и свекрвата.
    Денешниве мажи за жал сеуште се плашат од тоа што ќе речат нивните, тие пак што ќе речат комшиите. Ај за стан може и ќе ве сфатат некако, ама под кирија да одите, па како тоа при свое тие под кирија ќе одат? Таков е менталитетот за жал.
    Ама тоа тебе те кошта здравје. Не ја прави грешката од моите, ако имате услови, направи се што е во твоја можност да се одделите. Недвижен имот е, утреден ќе ви се најде и за деца, за издавање можеби итн. Пробај да му го објасниш тоа на сопругот. Особено додека се живи и свекор и свекрва, па можат еден за друг да се грижат.
     
    На Martka, MeowMeow, mKdevojce и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Kerim

    Kerim Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2020
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    217
    Zosto nemozam da najdam tema povrzana so braka sestri problemi ? ako ima moze link?
    Se izvinuvam sto pisav ovde. Znam deka e nesoodvetno prasanjeto za vo temata.
     
  8. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    На Kerim му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Таквите жени како јатрва ти од прв ден даваат до знаење дека ако не е по нивно ќе се спакуваат. Не се понизни, не ќутат, и стварно се спремни да се спакуваат и да си одат. Така ги држат сите конци во рака. На крај испаѓа дека нејзи и е супер во заедницата. Прочитав и дека имате пари, ама маж ти не сака да се сели, ама не сака ни те одбрани пред нив. Значи, прво, маж ти е огромна п*чка. Второ, и најдобронамерно, ако имаш кај да одиш - спакувај се и трудна нетрудна оди си. Макар на кратко. Една другарка од мајка ми беше во слична ситуација (децата од девер и беа нонстоп тука, свекрва и ненормална) и заврши по болници. Сите деца заслужуваат здрава мајка и здрава околина за растење.
     
    На tinka-mace, cresa-jagoda, MeowMeow и 8 други им се допаѓа ова.
  10. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    968
    Има слична ситуација во фамилија кај маж ми (фала богу не во најтесната). Едната снаа е припроста и слободно можам да кажам без осет и непресметлива а другата неколку скалила по карактер, воспитување и сл. над неа. Полошо поминува се разбира непресметливата иако сите признаваат дека е таква, од што мислам дека имаат страв што се може да направи. Па тука функционира онаа "пушти ја со неа нема разбирачка".

    Наравоучение: доброто воспитување и добриот карактер можат само да ти наштетат во животот во заедница.

    Чаре: или сам на своето или ќути и трпи.

    @Ninamina2021 Џабе ти е како и да постапиш, ништо нема да смениш. Или терај маж да се исселите што побргу или помири се, за да не си цело време под стрес кој и те како му штети и на бебето а и на детето, кое сигурно ти ја осеќа нервозата во врска со ситуацијата.
     
    На Martka, cresa-jagoda, thelittle17 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Девојки, совет од постара :) давајте ги децата на мајка/ татко, свекрва/ свекор, ако ви ги бараат, затоа што додека се бебиња се многу лесни, ама ќе поминат години и ако се врзат само за вас, цврц оставање после. А како што гледам, младички сте сите, мене на 40 ми се иде у кафана, клуб, диско, а не на вас на 24,5,6. Па викендче со маже на само, па свадба, нова година итн. Сега ако им ги браните утре ко ќе сакате да ги оставите нема да сакаат децата, ненавикнати, нормално или старите тогаш инает ќе тераат.
    Уште нешто, многу е тешко 9м бебе на градинка да се навикне, знаете ли која благодет е да ти го чува некој до 2 г на пример. А не, ти на работа, бебе градинка, секоја втора недела болно/ настинато, па ај земај боловање, па газдата прави проблем, па пак свекрВИШТЕТО ќе биде криво што ти си изгубила работа. Мажот ќе се лути, за твој инает бебето е нон стоп болно итн. Зашто? Се немало во свекрвата доверба. Па маж ти не е паднат од круша, бог да чува, него мајка му го израснала.
    За перењето. Ако сте во заедница, која е поентата секој посебно да пере алишта. Абе нејзините гаќи се смрдени, а вашите се на цвеќе мирисаат. И така и така вешот на вриење иде. Бебешките се друг муабет, тоа секако се пере посебно.
    Заедница е тешка, ама ако си правите стресови од кој што рекол, направил, ќе ви трпи бракот. И не е решение спаковај се и оди кај мама, туку ако не се може, се паковате сите и си одите под кирија. Не си ги оставајте мажите заради нивните мајки, татковци, браќа, сестри, не сте се мажеле за фамилијата, за нив сте се мажеле.
     
    На Ygritte, PinkGir123, happygirl и 17 други им се допаѓа ова.
  12. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.803
    Допаѓања:
    173.181
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со се што си пишала погоре, ама со ова не..
    Мислам, се сложувам и со ова ама има мажи кои поради ХУ причини се упорни да останат во заедница. Што треба тогаш? Да седат и да трпат жениве?
    Јас лично не би седела, попрво ќе си одам на свое па ќе го викнам за последен пат..ако не сака, нема што да го молам..
    Не му е златен на него...
     
    На lovemme, *Amethyst*, Skorpija25 и 13 други им се допаѓа ова.
  13. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Не знам како функционираат 9м бебиња ама ако не можат да се навикат на градинка како функционираат сите други ширум светот? Не напаѓам само прашувам. Низ цела Европа пензионерите се шетаат, имаат некое хоби, излегуваат, ретко кој чува на 70 години мали деца. Како тие деца издржуваат в градинка? Не може само кај нас да не може. Единствено оправдување е дека можеби таму никој не ти прави проблем за боловање.
     
    На Anyshka, happygirl, IRBBB и 13 други им се допаѓа ова.
  14. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.365
    Допаѓања:
    73.099
    Пол:
    Женски
    Види не викам дека не може да се навикне, моето на 10м се навикна, ама благодет е да не мораш да го носиш од 9м во градинка. Да во странство баби и дедовци не чуваат деца, ама, големо АМА, во странство нема заедница, од 18 рауф од дома, па снаоѓај се. Нема свекрва ми готви додека ние уредуваме спрат, нема ми се расипа машината, или неа и се расипа па пере кај мене, нема делиме сметки, они струја ние кабловска. Секој си е за себе, никој од никого ништо не очекува, ни да помага ни да одмага.
     
    На happygirl, WildMk, mKdevojce и 5 други им се допаѓа ова.
  15. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    5.607
    @EuHenIa ти ја сфаќам поентата ама има свекрви и свекрви како што читаме на темава. Да и маш ми го израснала свекрвата ама не значи декс и јас сакам моето дете така да биде израстено. Ако сакам да излезам со маж може на другарка да и го оставам, и она мене нејзиното. Ако не се согласувам со начинот на чување не го оставам на таа личност, кој сака нека е. Ако не бидат болни на 9 месеци во градинка ќе бидат кога ќе тргнат на школо или од родендени по игротеки. Колку повеќе ги заштитуваме децата од разболување толку почесто ќе бидат болни. Знам по самата себе и со примери многу околу мене. Сметам дека 50+ возрасна личност не е способна и соодветна да чува дете секој ден по 8-9 часа.
     
    На Anyshka, mal.ecka, IRBBB и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.969
    Допаѓања:
    187.543
    А зошто нема такво, снаоѓај се и биди самостоен во МК?
    Немам инаку забелешка на твојот претходен коментар, јас сум со баба порасната. Ама за тој услов да е исполнет, треба да има разбирачка со бабата. Ако и кажеш не давај на дете смоки или манџа со 2 запршки, да не дава; не да ти докажува дека нејзиното е поправилно, а ти ништо не знаеш и неспособна си.:)
     
    На 1209, mal.ecka, IRBBB и 11 други им се допаѓа ова.
  17. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Затоа што е полесно да не се снаоѓаш :D И затоа што родителите на Балканот се такви. Мислат дека мора вечно да ти помагаат, а и ти да им враќаш и така до бесконечност т.е до нечија смрт. Речи и на 70 годишна Германка да ти чува 3 деца до 6 години ќе те прати таму од кај што си дојдена. И не се секогаш финансии проблем, имам случај во фамилија кај што имаат натпросечни примања (сами си кажуваат колку заработуваат) па детето е пораснато од баба му. Можат да си платат државна градинка, приватна, можат да платат дадилка, имаат и други роднини и пријатели, ама го чува исклучиво баба му иако има 65+ и цел живот работи и на работа и по ниви...
     
    На 1209, thelittle17 и EuHenIa им се допаѓа ова.
  18. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.859
    Допаѓања:
    59.920
    Пол:
    Женски
    Навистина убаво прашање, зошто сеуште сме заглавени во некои стереоитипи на живеење...
    И еве колку е страшна темава и жална кога се чита како се однесуваат мајкиве што до вчера кукаа од свекрвите? Колку млади животи незнаат каде тераат од проблеми со сите во заедница?? Колку само разводи за небитни работи??? страшни сме, страшни, не сме норамлни од глупости...
    Сите се свесни дека треба децата да бидат самостојни, да си обезбедат сами се, па на стари години бабите и дедовците да се радуваат на слободно попладне со внуците а другото време да си го посветат на себе.. а не они се мешаат дали да оди во градинка детето и дека треба цуцлата во мед да се мачка.. а оние маминине синови кои сеуште им е страв да си заземат став за себе и својата фамилија...многу ни е голем проблемов, општествено..

    @EuHenIa не мислеше ништо лошо само даде совет на младите мајки, истото би го кажала и јас, не се разведувајте, не живејте во нервози, прифатете ја ситуацијата..или напуштете ја собебрете храброст за својот живот и тоа е тоа...
     
    На 1209, mal.ecka, duffi и 6 други им се допаѓа ова.
  19. sara97j

    sara97j Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Советот е на место ама уште подобар совет би бил - не се мажете со мамини синови. Малку е сурово, ама редно време е да ги научиме девојчињата дека никој никогаш нема да се промени заради нив (и не, не постојат исклучоци, а и ако постојат се 1% од сите случаи). Само на форумов има милион приказни кај што некоја на 20 години се омажила за мамино синче иако буквално секоја секунда од неговото постоење и укажувала на тоа дека нешто не е ок со типот. Сигурна сум дека биле убедени дека за нив ќе се смени пошто зошто инаку би се мажеле за нив (со исклучок на тие што живеат во насилни средини па бегаат мажејќи се).
     
    На *Amethyst*, WildMk, tinka-mace и 7 други им се допаѓа ова.
  20. andrejko82

    andrejko82 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јули 2013
    Пораки:
    3.859
    Допаѓања:
    59.920
    Пол:
    Женски
    Точно се согласувам..треба да бидеме подобри родители и да се стремиме нашите ќерки да знаат да го направат вистинскиот избор! да бидеме силни и да одгледаме силни жени !!
     
    На 1209, WildMk, duffi и 7 други им се допаѓа ова.