Ако више кренам и почнат со глупости им викам ај морам да јадам/се туширам/ќе одам на кафе и слично Не може секој ден на глава да ми се качуваат.
Имам 30 и уште сум глупа, а веројатно и глупа ќе си умрам, ит ис ват ит ис Истово го мислев, леле на татко ми му се слошило, леле може свекрва ми паднала, леле може на кучето му е лошо, леле.... и така, они да си помуабетат, мене душава прво лешник ќе ми се стори, па после нервоза ќе ме фати и ќе се воздржувам да не им се изнадерам. Вака сега... знаат дека од памет ме вадат и дека е генерално глупо во 10 навечер некому да ѕвониш, ако не е итно и ти се муабети само пиши прво, па ако можам ќе се јавам, едно е дали се ебаваме или не се ебаваме, не мора да се ебаваме, цел ден сме работеле едвај сме седнале да се видиме, и сакаме ние да се видиме и да помуабетиме, а друго што стварно е срчка да те стегне у ниедно време кога те бараат. Само сестра ми од старт така практикува, а не сум и` кажала, едноставно знае.
Јас не сум уште 30,ама ова го решив по кратка постапка И свекрва ми и мајка ми ко грамафонска плоча да имаат лапнато.Кренеш ли отиде денот.
Нашиов брак не е здрав? Или некој не знае каде му е местото. Ко на пр "свеки ". Имав големо почитување и високо мислење,меѓутоа сега веќе 3 дена сум формално ко со комшија на улица од култура здраво само. Падна многу во моите очи. Пропадна скроз.
Кажав шо е за мене здрав брак а по тоа шо читам маж ти е безгласна буква,така да свекрвата ке знае каде и е местото коа маж ти ке превземе одговорност и ке постапи како возрасна созреана личност. Ти можеш не ни мораш да имаш мислење за неа него му е мајка и он треба да го реше проблемот, зарем нее очигледно до кој е?
Ако на маж ти некоја му се пушта и тој те изневери таа ќе биде крива? Па секој втор не знае кај му е местото. Затоа треба некој да му покаже.
А оние со свекрви само со свекрви имаат дома проблеми проблемо у 21 век е тоа што на сите проблеми уште некоја токсична личност ти треба врз глава, а проблеми секако дека има и ке има.
Зошто трпите бе жени? Да ми доаѓа било кој кога и да му текне ќе пољуби врата. Никаде не одам ненајавена-не сакам ни да ми доаѓаат. Една година сум мажена и на сите им кажав каде им е местото уште од сам почеток. Братучед на маж ми со жената и децата секоја недела си шетаат некаде и вечерта кај нас. Една-две недели гледам осет немаат, зошто па ако тие немаат срам секоја недела да се тупнат ненајавени јас да се срамам да им кажам? Е сега ќе ми се јават па ако немам нешто планирано ќе дојдат, ако не, повеќе среќа следниот пат Под мене се свекор ми и свекрва ми. Првите неколку дена/недели, се осмелуваа кога ќе им е ќејф да се качат кај мене на муабет прии тоааа да влезат како да се дома и како да немат млада снаа (која претежно шета по гаќи дома ). Ако тие немаат срам дека може ќе ме начекаат гола врз маж ми, зошто па мене да ми е срам да им кажам? Нели? Клучот на врата бате па чукај до сабајле Е сега многу си ги сакам, многу ми се фини Имам многу да кажам ама најважно е, запамтете: Ако сте дошле на "нивни терен" не значи дека можат да ви се серат на глава!
Мој совет како од жена што живеев со свекор, свекорва и золва. Ние имавме свои соби, дневен простор и вц заеднички . Јадевме заедно нормално. Јас не чистев никогаш по нив, ни за нив. Ако сака нека се распадне ама прескокнував. Садеви нека преливаат во судопер не ме лазеше мува. Јас ќе јадам, пијам ќе измијам чинија. Готвев некогаш јас некогаш свеки, некогаш золва ми. Мојата рута се одвиваше, соба-дневна/кујна за јадење и пак во соба. Вц по договор чистевме, по ред што се вика. Имало замерки што сум седела сама во дневна сум се двоела, сум била дива бла бла. Ми идеа гости мои другарки во соба седевме кај нас, само здраво ќе речеа и штрап си затворам врата. Пошто свеки нели мора да се подаде да види кој иде , што иде итн. Се тупнуваше као не е културно да не се појави, еднаш два пати така и и реков, ние сме по 27-8 години не можеш ти со мене еснав на маса, си имаш пријателки си седиш јас не ви се мешам. И така се повлече, реков еднаш дека со осет изгледа. Ако имате свој простор со маж ти слободно не мораш да седиш со нив по цел ден ни да ги трпиш. Што сакаш ќе си правиш. И јас имав упади у стилот еее што седиш сама ела тука, не поарно ми е сама. Да полежам/поседам, тв да гледам што сакам и сл. Ќе влезеа така рандом ни чукање ни ништо, им викам кога чукна извини не те чув јас пак лежам или спијам не битно. Со такви фори. Дури бевме во заедница спрат се правеше доле, само за спиење имаше оспособено соба и ме викале притисок да им измерам во 9-10 навечер, одев и чукав иако ме очекуваа. И као ми вика абе не чукај влегуј и јас неее не е културно , така сум воспитана.
Колку е битно тоа чукањето на врата. Кај ќерка ми в соба не влегуваме без да чукнеме на врата. И така е, откако наполна 10-11 години. Нема влегување ако не ни дозволи.
Мене најискрено многу ми е битно. Јас може сешто да правам во тој момент пред да упадне некој. Да се ставам и јас и некој друг во незгодна ситуација ради некултура, не фала. Јас имам две ќерки од 3 и 6 години и двете чукаат на врата пред да влезат некаде.
Спојлер: Свекрви и снаи- задоволни https://forum.femina.mk/threads/Свекрвите-и-снаите-задоволни.17333/page-10 Во темава никој не пишал од август 2019. Ако случајно има некоја задоволна снаа или свекрва нека повели.
Седам на работа и велам да прочитам тука што има, искрено очи и глава ме заболеа од постовите. Истото се врти и повторува скоро кај сите и се запрепастив искрено бидејќи во многу постови се препознав и себе и свекрвата. @Осе те прочитав, искрено 45 минути потрошив за да се уверам во тоа што и го претпоставував. Типична свекрва. Попустлива и културна снаа. Добитна комбинација за свекрвата, убитачна за снаата. Да имаше свекрва ми сестра ќе се распрашав случајно да не сме некои роднини. Мој совет ти е да почнеш и ти поостро па нека се лути. Моментално во иста ситуација сме за градинка, на приоритетна листа е син ми и од септември ќе тргне, до тогаш ја оставам да прави што сака, дури и да се изнервирам максимално премолчувам и велам добро со насмевка. Не вреди да се објаснувам и да и укажувам кога видов дека е криво дрво и дека за инат обратно ќе прави. Еден период се мислев да се поставам со неа како со дете па да и велам не му менувај пелени, да заштедиме месецов за да и текне да му смени, си велев да и кажам скара да му испече на малиот со помфрит, ама си велам батали не е глупава, само се прави. Искрено не знам зошто кога ќе станат свекрви се извитоперуваат како тие никогаш да не биле снаи и само инат тераат. Во муабети со комшивки имам ја наслушнато како се фали дека по цел ден го чува малиот, иако и било напорно многу се радувала на него, нејзините деца кога биле мали не можела ниту да ги погали ниту да им се израдува бидејќи постојано трчала сите работи да ги заврши. Жити се демек јас не трчам? Или сега е модерно време како што вика она сме си измислувале депресии и разни состојби за да се вадиме од обврски. После работа можеби ќе седнам да ви напишам еден километарски пост за мојава. Мразам озборувања и клеветења, но јас не треба да се срамам од тоа што ќе го кажам, туку таа за она што ќе кажам треба да се засрами бидејќи 3 години го прави секој ден.
@DarkStormm и јас толку сум овде прво ај демек нема лоша душа од што се секира така прави. После ај од почит. Па почнав да работам не се гледавме многу се трпеше. За свадба имаше идеи дома да сме ја правеле со 20 души за да направиме уште една соба ,иако и се кажа дека и тоа и тоа ќе правиме абе до сам ден свадба збореше и тоа го претрпев. Е ама додека бев бремена ја претера со нешто пак заради разумна реакција од мм поќутев ден денес мисли дека не знам што кажала. Ама на детето мое мајка да му се прави е не можам имавме две три помали кавги пак јас попуштав , ама средата имав нервен слом -буквално. Не сум родила само јас за да кажам. Е не ама ова дете само јас го родив и на никој друг дури и на син и не кажаа ако преживее ноќва ќе живее. Тој не ни знаеше дека се породив никој не му се јавил а мене телефонот ми го вратија дома не ми дозволија чаир телефон да имам. Ќе се натпреварува идиотката со мене дали ја сакала повеќе море мрш. Уште на син и му рекла некни јас намерно зборувам од пред време за да не дојде до тоа да и се деси нешто. Ќе ми кажува мене сакаш бронхит да фати или сакаш да и се деси нешто ,што е тоа деси ?? Не сум ваква обично ни сакам ни можам да мразам ама женава буквално најлошото од мене го извади. и пак утре да падне јас ќе ја гледам.
Да те утешам душичке, мојата ми велеше дека бебто од 14 дена на доење имало пролив, и како јас нејќам да ја носам на лекар. А бебе ко бебе кака жолто чисто, како би какало на мајчино млеко само. Ама пуста јас не ми дал Господ да ќутам, и реков извини нејќам да те навредам ама каде ти е дипломата по медицина? И од тогаш веруј дека не ми рекла ништо. Као јас не мајка пролив има а јас мирно спијам, она баба и била повеќе и било гајле. Замисли. Фала богу кај мене траеше драмењето многу краток период. Инаку или јас и она нервно ќе беше до сега.
Нема да ја гледаш. Нека си ја гледа кој сака. Арно рекле старите - што ќе посееш тоа ќе си пожнееш. Кажано е 100 пати дека кога тој ден ќе дојде јас нема со прст да мрднам. И не е од инает, туку така им е заслужено. Будала да те прави, да ти се сери на глава па уште да си ја гледала. Мало морген. Убаво рече комшивкава, нејзината свекрва и рекла "Треба да си ми благодарна дека дете ти чувам." Оваа и рекла благодарна за што? Твое внуче е, не го донесов јас од улица. А пази женава е невработена, се си праи сама и бабава си иди си ја зима малата кога сака за да ја види, не дека снаава и ја остава по сто саати за да си заврши обврски. Абе да е некоја добра, супер жена, коректна без мислење и без мм да ми речи јас сама би ја гледала и би ја хранела кога би дошол тој ден. Но не, зошто со добро кога можи со лошо.
Е тоа мешање во брак го имаше и кај мене и само буцкаше и сплеткареше. Ќе напишам подетално кога ќе си отидам. Но поентата ми е да и покажеш малку заби. Еве велиш си покажала. Сега остави ја, не и зборувај кога те провоцира, нека прави што сака ќе издржиш до септември, ако не цела плата давај ја во приватна градинка запиши го девојчето. Не вреди на овие години да се разболуваш од жена што е со една нога во гроб. Мојата е помлада за среќа или за несреќа не знам, ама на почеток велеше јас сум само за внуци да чувам, а сега ишијасот ја влечел, многу активно дете било додека бев на породилно се истиот муабет беше, како ли ќе се снајде откако ќе тргнам на работа па ќе се жали и ќе туфка, одма и реков да не се секира ќе отиде малото на градинка, и ете ти пак нова драма, како на градинка толку мал, зарем не ми било жал, па ќе ми бил болен ќе требало од работа да отсуствувам, па ќе го закачале поголеми деца, ќе му се погодела лоша учителка.. и триста глупости. Сега она зборува јас молчам и траам.
@DarkStormm заби мора да се покажат. МОРА. Свекрва ми на само ми вика: Маж се слуша, како ќе каже он така ќе биде, нема одење против неговиот збор, тој е глава на семејството. Јас подзината цела испаничена и викам лелеее до сега ти така правеше? Свари кафе и викам ќе се симнам да се пресоблечам да ти кажам како треба и фала ќе ми речеш. Женава само што не се преврте од стол. Мора да знаат дека сме свои луѓе, ако сме снаи не сме невоспитани и изгубени па сега они да не учат како и што треба. Сме имале семејство и пред да се омажиме Патем имам 27 години, ваљда знам како треба да се понашам со маж ми со кој сум 10 години.