Здраво. Нова сум на форумот. Ме интересира како би реагирале вие и што е според вас исправно доколку вашата свекрва ви се обрати со зборовите Еби си матер ??? П.с живееме во заедница, и порано имаше еден поголем кикс каде ми го грабна бебето од раце и ми рече дека немам појма како се чува дете, при што јас ја отерав но преминав преку тоа заради маж ми....
Се запрепастив што се прочитав во темава и се решив да пишам за да ве уверам дека не се сите свекрви лоши Јас имам и свекрва и свекор што се злато од луѓе. И да, живеам у куќата на свекрвата како што милувате да кажете, на посебен спрат со посебен влез. Понекогаш поминуваат 2-3 недели без ич да се видиме или само да се разминеме у двор. НИКОГАШ ми се нема качено горе ако не ја викнам, за свекор па и да не зборам. Јас пред брак бев скоро 10 години во врска и кога сум доаѓала тука и кога немало посебен влез исто се немаат качено горе освен ако либе не ги викне. И да им требало нешто на моб го барале. Кога и да ми притребало нешто луѓево не ме одбиле, либе ќе го одбијат мене не пошо односот со нив посебно со свекрва ми ми е како со другарка и благодарна сум за тоа. И да, имаат клуч од кај нас и ние од кај нив ете така за недај боже. И до сега јас сум влегла кај нив, секако со дозвола кога не биле дома а они не. Рефератов за колку да ја разведрам темава, дека не на сите што живееме у куќата на свекрвата ни е лошо, напротив
Абе има тема и за такви како тебе https://forum.femina.mk/threads/Свекрвите-и-снаите-задоволни.17333/page-10 ...ама 10 страни има. Ај да одам да поднапишам нешто таму, да не се фалам овде . Не живеам со свекрва иначе, ама жената си е на место, одмерена, не се меша во штипки, и јас сум иста таква, и среќно си живееме...на дистанца.
Црна чалма ќе ставам на главата, нема да испаднам од соба, и ке тажам/плачам. Абе што сака нека вика, ме заболе долнава. Поради овакви глупости браковите ќе си ги разнишате. Размислете дали вредат нервози за вакви банални работи. Не сте деца па се на срце да си ставате. Треба да научите дека на никој од фамилијата на мажот не му е гајле за вас, и полесно ќе ви биде.
Оваа тема не сум ја ни видела а и како да ја видам, никој нема пишано една година таму. Не е интересна таа тема За разлика од таа, од оваа и таа со золвите има материјал за шпанска серија
Да, ама кога секој ден сте во иста куќа и дофрла, провоцира, прави глупости... одма да кажам имаме стан под кирија кој ни е платен на годишно ниво но зимово дојдовме во куќата на маж ми бидејќи беше многу ладно за бебето да седиме таму со греалка... од април ќе си одиме повторно
Трн во здрава нога си ставате. Ќе се згреете, со инвертер, со калорифер, со што да е. Оти бебето исто така осеќа кога си вознемирена, а не знам кој не би бил ако го пцујат. Се надевам маж ти и' објасни за понашањево.
Мислам дека стварно си имаш проблем со читање или сфаќање. Како тоа чекам пари од маж ми, а добивам породилно? Породилното знаеш веројатно дека го добиваш ако претходно си работела. Ако работам како тоа чекам од некого пари да ми даде. И се тоа ми кажува дека не си ја ни разбрала поентата на претходната тема во која пишував, не ни очекувам ни сега. До тебе е проблемот, не е до мене. Или така ти чини, за да се чувствуваш подобро за себе кога не знаеш и што друго да напишеш. Сепак ако те прави среќна, мисли си така. Па и пак истото да го напишеш, ама на друга тема. Дали си ти девојче среќна да мислиш така Парите во бракот се заеднички. Тоа е брак, нема мое твое. Наше е. Дали јас ќе му дадам, дали тој ќе ми даде, не е ставено на вага. И тоа што си отишла под кирија не те прави поуспешна и поснајдена од некого во заедница. И двете немате имот на свое име. Само што ти даваш пари на некој што не го ни знаеш за нешто што никогаш нема да го имаш, а таа некоја снаа инвестирала во нешто што веројатно утре и ќе го има. Затоа што ако размислуваш за развод уште невлезена во брак, може и треба да си ја преиспиташ одлуката дали треба да се мажиш за тој некој. Како и во другата тема каде напишав дека е во ред одлуката да седиш дома и да се посветиш во домот, во ред е и да живееш во заедница. И ако си избрал таков начин на живот, никој нема право да те третира како говно од улица. Таа е жена на синот, мајка на внуците, ќерка на некоја мајка. Сакаш да бидеш некаква феминистка, а всушност си полна со предрасуди и осуди. Ќе бидеш кога ќе прифатиш дека не има различни со различен живот, одлуки и судбини. Твоето е правилно за тебе.
Ќе и поставиш цврсти граници секако. Еве членкиве на темава како експерти по тоа прашање ќе ти дадат совет како да го направиш тоа.
Имав на свое име имот, го продадов. И не ми беше наследен Наследство и нешто што МЕНЕ ќе ми остане, само од моите. И чисто за пример, бев со некого подолго и живеев со некого подолго него многумина што ѕвона им ѕвонеа. Апсолутно секогаш мислев на way out ако до таму дојде. И со следниот ќе мислам. Извини, не можам маж да сакам повеќе него себе. И тоа е секако, избор. И не, не се докажува феминизам на свекрва, ама ок.
Дом не е само да имаш куќа, стан колку да се рече и да се фалите по комшиите туку дом е семејство. Куќата/станот се гради цел живот, колку пати ќе реновирате ама барем вложуваш во свое. Друга работа не го изоставувајте делот со наместена бременост. Колку само млади прават такви финти за да го задржат дечкото без притоа да размислат за условите. На се треба да се мисли ако сакаш мирен и хармоничен живот, ако сакаш драма и да се жалиш слободно кај свеќи живеј ама знај дека не е твое и не може да биде. Куќата е на свеќи и свекор, како сакаш сврти го. Имаш само една соба можеш да прајш со сакаш,остало можеш да трпиш и да ќутиш. И она еманципираното жената одела кај мажот ми е еднакво на мажот одел кај жената. Само прости луѓе ова можат да го кажат. Зарем не сакате вашите деца да имаат кров над глава вас кога ќе ве нема? Како што кажа членка погоре се може да се случи. Не е се плански како што си замислувате. Ви се чудам некогаш, божем не знаете кој како живее. Па темава и сличниве на неа е жив доказ за тоа. Жалосно е нонстоп да се чита како снаата не може да живее солидно поради проблеми со свекрвата. Жално е. Според некои мислења ќе испадне дека снаата е слугинка, не смее да писне а свекрвата со сите 4 у вис и само да наредува.
А ако пример млад пар живее привремено во иста куќа со свекор и свекрва(или еве да смениме улоги, родители на сопругата) со намера да создадат нешто свое, имаат право стариве да се однесуваат како да им се натрапници? Ете има и такви случаи, ниту се мрзливи ниту традиционални, ама си одлучиле што им е најисплатливо зашто не сме најбогата земја на светов и не знам кој % од популацијата има толкава заштеда до 27-8 год. Некои мислења ви се стварно безобразни. Како да не знаат луѓето дека е поубаво да се живее сам. Баш ме интересира, дали ако за вашите деца се случи ете со вас да треба да живеат, ќе им правите што ви душа сака зашто ви се може? Па според логикава, гости да ми дојдат треба да ми платат кирија за да престанам да им чепкам по куфери.
Тоа што сега живеам под кирија не значи дека никогаш нема да имам ништо мое. Тоа значи дека сум самостојна. И како ќе биде имотот на снаата иако она инвестирала? Се додека е на друго име, не е нејзино. А да вложувам пари во нешто што не е на мое име или на име на сопругот ми е еднакво на лудост.
Никој не оправда чепкање по фиоки, ниту оправда однесување на свекрви. Кај го прочита тоа, цитирај, плс. Ама ако кај тие привремено што живееш имаат одредени правила, јбг, ќе ги почитуваш, твоја волја безгранична - само во твое лично. Не дали е фер или не е фер, туку кој има моќ. Само сетете се додека живеевте (или живеете) кај сопствените родители, дали имавте неприкосновено право да биде по ваше, или точно се знаеше кој носи одлуки за заедницата. Тоа што сме навикнати на однесувањето на нашите мајки, не значи дека некоја снаа ќе биде ок со однесувањето на нашите мајки.
Тоа што живее некоја со свекрва не значи дека утре нема да купи свој имот, исто како тебе. Истовремено, тоа што живееш под кирија не ти е гаранција дека утре ќе купиш нешто свое. Ниту те тера некој, ниту мораш. Живеј како што ти си мислиш. Прифати дека друг, има поинакво размислување. Толку треба да сфатиш. Толку. Peace of cake. Или пак не конташ што пишувам?
Човече, не е проблем да живееш во заедница. Проблем е кога очекуваш заедницата што постоела каква што е пред тебе, да се промени потполно заради тебе. Мислам, сакај, очекувај, едноставно нема да се случи тоа.
Братучедка ми пет години живееше мажена под кирија во една куќа со дворче, на крај газдата им ја продаде за многу смешна сума. Таа и во тие пет години си купуваше мебел бидејќи куќата беше речиси празна, газдата само ѕидовите ги реновираше и тоа беше сѐ. Затоа велам не се знае што ќе донесе животот, ниту пак братучедка ми знаела дека ќе остане баш тука. Многу луѓе високо летаат,а ниско паѓаат.
Пак ќе речам, како и голем дел од членкиве што пишаа. Муабетот не е како треба или не треба и кој е во право. Еве се прашувам да ти се погоди некоја најкрш свекрва, приморан си да живееш со неа, па и мајка нека ми е, не мора да е свекрва, ништо нема да ми смени ако некоја тука на форумот дојде и каже да, ти си во право. Што корист имам јас од знаење дека сум во право, кога луѓе на 55-60+ ни ќе ги смениш, ни ќе ги преобратиш, такви се какви што се, и со старост најчесто ќе стануваат со поголеми хирови и потврдоглави. Пак се сведува на тоа дека членкиве кои имаат проблем, не треба САМИ тие да поставуваат граници, пошто најчесто стварно никој не ги есапи, не зошто се снаи и женски, туку зошто не може со ист ефект таа да поставува граници како што може нивниот син. И истото важи за обратното, не може јас мојот маж да очекувам да поставува граници со мојата мајка и татко. И да, на крај, секој решава што со својот живот. Низ темава прочитав, абе кирија даваш на друг човек, спратот тебе ќе ти остане кад тад. Епа драги мои, ако ви се трпи 20 години некој да ви го ремети мирот за еден спрат во дупкава тука во Македонија, правете така. Ама да не се сите криви после за одлуките кои сте ги донесле. Секој, ама баш секој, мора да си донесе одлука и да се носи после со тоа. Едната ако донеска одлука за кирија, може ќе се помири дека нема да заштеди за свое. Другата ако сака свое на 50 години, жалам, ама ќе мора да се прилагодува на карактери, не зошто така треба, не зошто е правилно или не, туку тоа е фактичката ситуација, која многу тешко дека ќе ја смениме со тоа на форум што ќе пишеме ама лоша е свекрвата. Да може и отров да е, може сите да ја осудиме, ама ако таа е летната во паметот дома да не можат да ја оправат, џабе е се.
Ако иде да живее кај свекрвата и таму да вложува, таа куќа не е нејзина. И нормално дека свекрвата може секако да збори (воопшто не го оправдувам), ама некој се трудел и градел, одвојувал пари и сега доаѓа снаата и очекува се да се смени. Е па не може. Не велам дека треба да се трпат секакви свекрви, и затоа решението е живеење самостојно. Ти излези од среден век и дојди во 2023. Мислењата како од таму да ти се.