сличен случај сум. само што свекорми не пофаќа да измија. ми беше зборот на викањето мамо/тато. Јас не викам, со свекрвами се почитуваме најмногу што можи, ама не ми дава срцето да и велам мамо,ете,и јас мислам дека мајками е една и со тоа ја заменувам и правам грев, то не е така, ама така се чувствувам. не им викам јас ни тетко ни чичко, прашувам прашање без мамо/тато/чичко/тетко/мори/море/еј, значи без овие работи и не ми е чудно, 2 години еве поминуваат и се навикнав ШTO МИСЛИТЕ ЗА ВИКАЊЕВОООО МАМО/ТАТО ДЕВОЈКИ?
^ brak/roditelite-na-vasiot-soprug-t2289/ Еве посебна тема за тоа, не е тука местото за таа дискусија.
Ние живееме во друга држава, далеку од роднини, па дури и пријатели што сме ги имале од порано. Сега се од почеток, јазик кој е доста комплициран, средина која што е тешка за сфаќање и ред други работи. Жената е осамена, живее одделно од нас секако, но често сака да искочи со нас бидејќи е сама цело време. Нема пријателки, бидејќи јазикот е различен, неможе да прозбори, не ја разбираат и така. И поради тоа таа често оди со нас. Но колку и да ми е жал, неможам да трпам секој пат да имаме придружба, како и поради причините кои што ги напишав во предходните постови. Сега се смирив, поминаа неколку дена од тој „инцидент“, арно ама јас сум таква, простувам, но не заборавам. Битно со сопругот се е добро, среќни сме, па за другите што и како мислат, најмал проблем.
Па 21 век е бре нека си зема говорник,речник и нека научи јазик. Еве мојава свеки деновиве некако се обидува да ме наговори да не одам кај моите ама за жал не и успева. Па де ако одам детето ке ми го зела ... само нека проба .Јас си го носев 9 месеци,јас се мачев да го донесам на овој свет , јас неспиев со ноки ... Ко да го родила па че ми каже кај да одам со него кај не. Кога сум одела кај пријателки да не сум го носела таа немало да ми го даде хехе
Да, XXI век е, ама ако таа самата не сака да се потруди, ја тука неможам многу да и помогнам. Е за твојава свекрва да напишам. Ти ако и обрнуваш внимание и се нервираш за секој нејзин ваков и сличен испад, ти психички ќе се разболиш. Таа секој ден те закачка за по нешто, а ти пак секој ден се нервираш. Не ги перцепирај нејзините зборови, како да не си ја слушнала. Размисли убаво, со кое право може свекрва ти да ти го земе детето? Ти си му мајка, здрава си, имаш работа, се грижиш за своето дете со љубов. Малку ли што ќе каже таква нездрава личност? Ако се притерсуваш на секоја нејзина глупост, нема далеку да стигнеш. Одиш кај твоите, она нека лае колку сака, ти само кажи и ариведерчи и излези си, па нека пукне. И не и одговарај на повиците кога ти звони. Што има таа да те контролира тебе? Кажи, детето ми го исклучило телефонот, не сум видела или нешто слично. Битно, ич не се замарај со такви луѓе!
Свеки може да ми префрла за моите,ама дете да ми чачка или не дај Боже да ми рече ке ти го земам, без оци ќе остане ~
Најдобро е надвор од дома,ем мирна глава ем мирен муабет без прислушкување и останати зафрканции,ни лук јал ни лук мирисал.
со оглед на тоа во какви сериозни проблеми сум опкружена, зафрканциите со свекрвите може само да ме насмеат и да сватам колку се нервираме за глупости.
Jas si nemam problem so mojata svekriva....ziveevme zaedno dva meseci....i toa pred svadbata.....abe med i mleko bese....ama dodeka tolerirav....koga mi pukna filmot i plesnav se....ME IZBRKA...e ama usluga mi napravi srcka e
пак викенд дружење со мојата омилена свеки,им бевме на гости во куќата во родниот град на мама и тато(така ме тераат да ги доживувам и она така ми се обраќа ко мама многу те сака итн),местото е преубаво,но кога не се они таму и мојава мама пред да си заминеме ни спакува јадење за дома(фала и,но подоцна се издаде каква и е намерата )и 3пати ми повтори што прво да ставам во фрижидер и дури кога стигнавме се јави да праша дали така ставив ко што ми рече,freаcking controlor ,сепак мислам не го прави тоа злонамерно,отсекогаш била таква и мисли и со мене си може ко со сите останати.цел престој се осеќав ко во хотел со распоред на настани што кога или ако не се случува како она намислила подбуцнува се живо околу да е по нејзино и тоа глумата со гласот, ,се понаша ко 3год.девојченце во интонацијата ако не се направи како што она намислила,дури на моменти се прашувам дали е малоумна или подла итрица ама накај ова 2ово ми иде и прв пат јавно ќе признаам се плашам од неа,буквално ми е одбивна и ми се кочат емоции покрај неа поради моќта што ја има на син и и се останато,се плашам дека го врти против мене и така нивното мешкање допредмалку со развод ќе завршеше и некако и кон него сум оладена,прв пат во животов се фаќам себе си во премислување што воопшто им се приклучив во фамилијата,се осеќам како грег од meet my parents,паднат кај џек дома,а баш моите се нешто налик на грег родителите и многу ми недостига таа емоција,топлина,блискост со која сум порасната.не вреди да се потресувам за свеки т.е.мојата мамаааа,но како вие би се поставувале во иднина кон ваква личност т.е. како културно без да ја навредам да и посочам дека не ми се допага начинот на кој ме третира и да олабави малку да ми се тргне од врат да си подишам воздух на раат?
Чекај Виши ти ли беше феминката што доаѓаа свекорот и свекрвата од странство, па седеа по 3 месеци во вашиот т.е нивниот стан. И последно што мажот ти смени брава од станот, па ти немаше облека за нова година, па го пријави во полиција? Ако си ти истата биди си среќа сега. после такви настани ако сте ги смириле односите со мажот и сте нашле заеднички јазик. И ако свекорот и свекрвата сега си седат во куќата. Тогаш си на коњ, ќути немаш право веќе да се буниш А мама и нејзината желба за контрола се регулираат со повремените средби, односно еднаш неделно е доволно време за дружба, а тоа време не е проблем да го издржиш за љубов на маж ти и мир во куќа.
ок ако така мислиш,но мене не ми е убаво во нејзино присуство зошто префинето ми зарива нож во срце за се што ми тежи зошто она добро знае што е тоа конкретно,си бевме ко мајка и ќерка на почеток и она убаво си доби информации за мене и повремено по потреба откако ептен се оладија односите си ги злоупотребува,и против моите дополнително си забиберува и дополнително злоупотребува,и ај да е гледање еднаш во неделата а 2пати дневно што звони секој ден на праша како сме,што сум му зготвила на синот-тоа и е најбитното,всушност кога ќе подразмислам неа само син и ја интересира,а со мене си игра играчки,и не викам дека нема такви особи но јас со таквите отсекогаш сум си била на дистанца,а сега сум влегла во фамилија на таква особа и не знам како да се справувам со одбивноста што ми извира и потребата да бидам културна т.е.да не ја спукам работата,многу е тешко тоа чувство на внатрешно прекршување,трпам се,знам мајка на сопругот но по секоја средба со неа јас знам како лично си се осеќам,истоштено,психички истоштено
Можеш само формално со неа муабет и толку. Тоа е најкултурно посочување да не се меша кај што не и е местото, според мене. Јас стварно неможам да разберам како може на луѓе кои малку ги знаете да им се доверувате и да раскажувате за себе? Vichy, на профилот кај тебе пишуваше дека имаш 30 години, па зар за сето тоа време не си сфатила дека не треба да раскажуваш работи кои што може да бидат искористени против тебе? Па нека ти е и свекрва, другарка, кума, незнам кој, треба 100 кг сол да изедеш со некој, па да знаеш каков е!
Сама си крива што си и` се отворала. Нема потреба. И јас сум минувала низ тешки состојби и колку и да ни` бил коректен односот со свекрва ми, не сум и` се исповедувала. А замисли, имало периоди 24h сме поминувале заедно шо се вели. Ако ми било тешко за нешто, на мм сум си се отворала. Блискоста не може којзнае колку да се зголеми (затоа што не сте близок род, на мт му е мајка, не тебе) , но од друга страна пак, почитта и авторитетноста кон оној кој се исповедува може значително да се намали. Тука самата си го кажа своето. Ти си таа која чувствува одбивност кон свекрва си. Ај да ти пречи доаѓање на гости, ама да ти пречи што се јавува два пати во денот за син и` да си праша???? A за тебе не прашала? А зошто да праша? Што ќе ти вреди ако од култура го процеди „Како е виши?“ Не си и` дете жено, разбери. На што личи тоа „се јавува 2х дневно да прашува како е син и`“? Тој секогаш ќе и` биде дете и таа секогаш ќе се грижи за него. Ако во ваша фамилија, блискоста не се изразува со честа комуникација, во фамилии, како што се на пример мојата и на мм, се изразува. Секоја фамилија со своја филозофија. Успеавте да ги натерате да не доаѓаат толку, ви дадоа кров над глава со комоција сами да си бидете, па сега и јавувањата се проблем. Епа ти ако си му жена, не може свекрва ти да престане да му биде мајка само затоа што тебе ти оди на нерви. Бидете среќни, одделени сте. Сега, ем сакаш да не се јавуваат два пати дневно и да не идат кај вас, ем сакаш да те осеќаат блиска. Тие две манџи не идат заедно. Да имам снаа утре и да знам дека превртува со очи секој пат кога ќе сакам да си го слушнам детето, па ни ја нема да ја осеќам блиска. Туку доста се опседнуваш со свекрва ти. Таа ти е дел од поширокото семејство, но не и од твојот брак, за кој скоро пишуваше дека ама ич не оди на добро. Остај ги луѓето староста да си ја поминат на раат, греота, не за џабе се мачеле по туѓини цел живот, туку гледај обиди се со мт да ги средиш работите.
теси во право си дека секоја фамилија си има своја филозофија,еве кај моите па не сме залепени на телефон баш,се гледаме,слушаме повремено,а не секој ден по 2 пати да се праша како си и што јадеше,инаку погрешно се разбравме му звони на син и и ок е нивна работа ама после мене ме бара и ми збори глупости,исти работи повторува,добро толку и е здравјето ,ама јас ич не сакам да ме контактира,а дека сум се изиграла што сум се отворила не да сум се изиграла,ама тоа е си помислив луѓе на место како моите(значи кај моите искреност пред се и не лигавење по телефони барем не пречесто/а кај на мм родителите глумење искреност пред сите и подбуцнувања ете кој што направил/допринел нешто што за мене е многу нормално и не треба да се скапам фалење и лигушење по телефон како сте/што јадевте/ве сака мама и што ако не сака бе таа некоја си мама од љубов да ми е страв да и се отворам за било што и да имам одбивност до немај каде).ианку да мило ми е што не оставија на раат,ама јас знам колку ниско паднав за да им покажам дека смачени ми се нивните мешкања,но не се они до толку виновни,имаме брачни проблеми и тешко е но син им ги решеава со молчење кон сопругата а на телефон нив се им пренесува и ги моли да ни доаѓаат напомош и така они си земаат слобода да се мешаат,ама тоае некој синови никогаш не созреваат и сфаќаат што значи брак,убаво попот во црква си рече и од денес синот ги напушта мајката и таткото свои и си се приклонува кон жената,меѓутоа разбирам јас се кога мама и тато те помагаат за се во животот па треба и во бракот да помагаат.
Eee, eпа што ти велам? Не си имаш со свекрвата проблеми туку со избраникот. A богами и тој со избраничката. Едноставно не сте компатибилни и не знам чиј инает тераш што упорно таму седиш и се полниш со горчина. И мене некој да ми каже дека се лигушам со моите на телефон, јас многу би се навредила. Мм да ми каже па такво нешто, па не знам колку голема ќе ја направам. Можеби и ќе го обвинам дека му е криво за блискоста која ја имам и дека можеби планот му бил да ме отцепи од сопствената фамилија. Можеби не се лигушиме бе! Можеби навистина сме до тој степен блиски што САКАМЕ едноставно да си се слушаме постојано и да си разменуваме убави зборови. Некој си ги сака децата но попасивно се однесува. Некои луѓе пак станале родители во поодминати години и не сакаат да пропуштат ниту еден момент без да споделат се` она што им е убаво на душата со сопствените деца. А за зборење глупости и зајадување, па скоро сите повозрасни роднини го прават тоа. На нивни години и нашите коментари ќе добијат на острина и тежина. Како што со годините, кожата не ни` е веќе толку еластична и ни` се прават брчки, истото го трпи и карактерот. Веќе не сме флексибилни и бараме флексибилност од помладите. Ти тоа посубјективно го гледаш кога се твоите во прашање (не може секогаш нашите родители да се совршени, а од на партнерот да се за никаде). Мислам советот да го пријавиш маж ти во полиција покажува колку искрена љубов чувствувала према зетот, да ми извиниш, ама мора работиве кога веќе обвинуваш да ги гледаш од двете страни. Ем да го пријавиш, ем да му се молиш да те прими дома после. Па ретко кој нема да помисли нешто негативно после таквиот совет. Ја да сум свекрва па сваќата со други очи ќе ја гледам. Ќе и` речам „Штом си била толку фраер па си подбуцнала такво нешто, биди фраерка до крај па задржи си ја ќерка ти кај тебе.“ После ЈАС ќе бидам тоа што ќе му рече на синот, ако сакате уште да сте заедно, ако ти можеш да простиш такво нешто, јас не можам, одете си со сопствена режија, под мој кров не. Колку и да ми се лутиш и да следат горчливи зборови после ова, се обидувам да те освестам колку добро си поминала после се` и дека најмалку имаш право да им се лутиш на родителите на мт. Проблеми имаш со МТ. НЕ малтретирај луѓе во години поради тоа. Реши си го проблемот со изворот на проблемот. А тој штом не сака да се реши проблемот и си ја вика мама, се знае што следува. Со бременост, несакана, од негова страна, ризикуваш ништо да не добиеш (погледни во темата „Абортус или свадба?“ како се однесуваат мажите кои едноставно не сакаат деца).
ама еве теси тоа се прашувам како да го решам со мм кога он што и да му речам,еве разговараме и се се врти на ок кажи ми што мислиш да ми кажеш,си кажувам најнормално и ислушува и молчи,потоа разговара со нив и од нив чека совет или мислење што ти ја знам и после ми кажува што мисли он т.е.неговите.а вака по замената на бравата миоите беа изреволтирани бидејќи јас им кажав на мобилен не ми се верува што направил,а он во меѓувреме бил кај неив да ми остави лични предмети,и мајка ми убаво му рекла дека и јас и они се непријатно изненадени што ја сменил бравата и дека јас сум пред станот пред врата и сум со намера да пријавам во полиција доколку не ми даде клуч да влезам,и он искоментирал ко она сакаше вака да испадне(значи ете ако му бев јас одбивна или што ти јас знам можел да остави клуч на моите ќе влезев најнормално во станот,ама не,инаку за бравта се мислел дали да ја смени и им се јавил на неговите и татко му му рекол смени ја прво тука лежи неговата грешка што за се бара подршка/мислење од неговите а јас згрешив што ги послушав моите но сепак мислам и да не ме подржаа ќе пријавев-не бев ни јас во право,ама да му сменам брава на брачен партнер ни на крај на памет не би ми паднало).дополнително теси што ме изнервира пред да го пријавам некако успеав да се слушнам со него и му реков како зане и умее клуч да ми даде и ми кажа тргнав на пат кон моите ама еве ќе се вратам да ти дадам клуч и јас ко теле чекам на студот,а он се јавил на неговите и му рекле не сине темно е вози до кај нас,барем да ми се прејавеше со не се враќам муабет и така испадна да поднесам пријава и пак би го направила тоа доколку некој ми држи во заложба нешто лично мое. а за дете,па и не му ја мислам повеќе ако требало да биде ќе знаела мајката природа да го среди тоа,плус не гледам како детето убаво би живеело растргнато помеѓу сите,само мие жал за себелажењето колку сум се радувала кога сме излегувале на времето,ех колку деца сум си помислувала ќе имаме и како среќно ќе си живееме до крајот на животот сега сум си смешна и лигава самата на себе си.
Еве, не сака да го реши. За брак се потребни двајца виши. А очигледно тој во овој брак веќе не сака да биде. Не сака деца, не сака разговор, ја користи онаа финта „праи се дека си го ислушал соговорникот и терај си по свое“. Епа сосила пак да го сака овој брак не можеш да го натераш. За едни алишта пак би го пријавила во полиција? Ете тука лежи зајакот. Не се алиштата единствените заложници, туку вие сте, еден на друг. Се терате сосила да бидете во брак, а не оди. Брачни проблеми не се решаваат во полиција. Не се малтретирајте повеќе. Колку и да ти се слатки причините поради кои си се`уште во брак со него, гледаш дека не вреди, секој ден со нешто ново да ја мачиш душата, не вреди. Ни сами не можете убаво да си поминете во заедничкиот живот. Еден ден не помина а да не го гледам твоето разочарување низ темиве. Што и да е тоа што те врзува тука, НЕ ВРЕДИ. МТ одамна кренал раце од браков мене ако ме прашуваш според сево ова. Помири се со тоа и продолжи понатаму. Нема вечно да имаш 30 години и нема вечно да можеш да ги трпиш работите. Да превоспиташ некој кој ја ситни 40ката пак, уште потешко ќе ти оди. Стави ултиматум или ќе се потрудиме браков да оди, ама навистина а не она колку-да-те-откачам „кажи што имаш да кажеш“ или си собирам работите и си одам. Ако и тогаш не сака да разговара, нема чаре за вас. Разводот и пријатно. И да не ти ги даде алиштата, прежали ги, затвори врата и пријатно. Не дозволувај повторно да се натпреварувате во простотилак. Мене искрено ми е жал што ти се срушиле вака надежите, но сакам да бидеш свесна дека тој е изворот на проблемот. Да не беше тој и неговата незаинтересираност за одржување на бракот, овие глупости и закачки на свекрва му немаше ни да ги приметуваш верувај.
знам дека од него е се,и нит има разум нит храброст да се справува со тоа што го правел/направл досега и он им дозволува на неговите да се мешаат,лута сум и на свеки што ја злоупотребува мојата некогашна доверба и блискост ама повеќе себе си си се лутам јас и дозволив.а разочарувања да крај им нема понекогаш си помислувам па не беше вака во врска,додуша јас си фантазирав како би ни било врз основа на однесувањето во врската,ама врската баш и нема врска со бракот,барем во мојов случај така испадна(малку надвор од тема отидов,ама поубаво да си пише човек отколку да се се себеизмачува).теси баш ти благодарам што сфаќаш и секое добро .