ke bidam malce off topic ama moram da kazam za metlava Koga se porodiv,majka mi dojde da mi pomaga izvesen period oti bev carski.I Taa se bese naoruzala so rekvizitot metla Samo sto nasata stoese pod krevetceto 40 dena,demek da ne ostanuvalo bebeto samo,koga ke izlezam od sobata.
Па кога веке 'мора ' да се остава нешто подобро метла одколку нож. Инаку мила 25 и тоа го поминав со храната.Кај мене беше лимон во прашање.Го ставала во водата од бебето.Малата ненормално ми се нафрлаше на лице.Што се не пробав ништо не помогна.Се додека еден ден не открив дека причината била токму лимонот кој е јак алерген.Ставала во шишенцето по 2-3 капки секој ден.И тоа од првата недела.Самата си призна после извесен период.Ај донекаде за ова да разберам.У нејзино време така било и уште се води по тој пат.Ама нож? Уште се чудам боже мој.
само разговор со маж ти како што ти реков погоре, нека и каже тој, штом тебе не те става на ум... и ако пак прави такви работи, нема потреба да го оставаш малото со него, подобро со тебе да го зимаш, отколку да го мислиш... инаку за лимонот јас на син ми почнав да му давам на 4 месеци, по неколку капки во чајчето, ама на него не покажа ништо, но твојата свекрва штом ќутела и не ти кажувала ништо, тоа воопшто не е во ред, да ти кажела барем...
леле читам и не ми се врува ножови,метли,банана и чоколадо во 2месец??????лимон скришно во вода,ух...мене пак што ли ме чека со мојава свеки ако испадне некогаш и јас да успеам да родам,ќе ми го земе и ќе си го присвои одма .уха ама ме изнервирала денес.ручаме и мм вика утре со татко ми ќе одиме за викендов до куќата кај што им е да земат нешто што го заборавиле.јас велам и јас сакам со вас немора цел викенд да седиме еве сабота да се вратиме вечер барем да се видам со една пријателка од таму и должев нешто и мајка му одма ама остани со мене да ми помагаш низ куќа,јас викам сакам со мм и она го гледа молежливо мм и он најљубезно на цел свет ми вика жено ај остани со мајка ми да и се наоѓаш низ куќа .значи по петок на работа да ми команда мајка му цел викенд еве и цела сабота нека е де ич не планирам да си го замислувам и поминувам петокот така.еве денес по работа заостанавме со колешки од кафенце до ручек и еве ти ја околу 18саат ме чекала она на ручек а со што со супа и ајвар бре и викам на мм му реков дека ќе подзаостанам по надвор а она ама мама не знае да планира колку чинии јадење да псотави(ајвар и лепче де колку да извади од фрижидер аждаја бре).се прибирам приквечеринава и одма она кај сум цел ден колку она перела/чистела низ дома кај сум јас да и помогнам(прво лекции ми држеше кога не одев на работа дека мора да работам било што сега кога работам и се социјализирам со колешки се и смета што нема на кој да му кисели секој ден ужасссс).си пишав да ми мине тоа што секој ден ме мачи на различни теми .
Виши, дај бе разведи се веќе еднаш од тоа муле, стварно не ми е јасно зошто остануваш повеќе со него!
Една книга се пишува овде на форум, друга во реалниот живот. Овде дел од феминките (со исклучок на некои) си пишуваат и издушуваат за некои т.н проблеми, не можат да ги кажат на оние кон кои се наменети и овде се силат де така де онака. Не знам како воопшто функционираат, како комуницираат со надворешниот свет, кога дома се полни со толкава горчина што дури и преку екран се чувствува. Здрави-прави чекаат од свекрвата (која по некоја логика е двојно постара од нив) да им зготви, па и ако им принесе нешто на маса што не им се допаѓа да ја однесат у неповрат. Сочувај Боже. Јас немам свекрва, за жал почината е и многу добро знам што значи да организираш едно домаќинство и се што оди комплет со него. Затоа ценете си го тоа што го имате дома, зошто некаде има и полошо, а некаде и нема.
И нема спас и не ја коментирајте веќе милион пати и е кажано ама мажот и не е муле јас колку што ја разбирам таа е рашетарка, па уште сака и печено пиле на маса , што имала жената поставила, ама и тоа не е погодено иако во други постови пишува дека не живеат заедно , нека се прибере па нека си готви што сака , а не да чека од друг па и маани наоѓа.
И нема спас и не ја коментирајте веќе милион пати и е кажано ама мажот и не е муле јас колку што ја разбирам таа е рашетарка, па уште сака и печено пиле на маса , што имала жената поставила, ама и тоа не е погодено иако во други постови пишува дека не живеат заедно , нека се прибере па нека си готви што сака , а не да чека од друг па и маани наоѓа.
исто си ко сверквчено мое,а што треба да правам бе?да им речам на колешките мои извинете денес на гравче прогледав дека свеки очајно ќе ме исчекува дома да ми држии лекции за домаќинство и сарма да прави од мене зошто јас ако и отворам уста она одма с... дека станот бил на неа и маж и па како сакала ќе си правела со останатите нас(станари/жители како ли веќе да се пишам јас а син и нели син и е он не се брои)а мм мој е баш муле како каже мама.и да му зборам на страна џабе .он кога одма игра на нотите исфирени од мама седи со мјака ми да и помагаш,а што треба да правам да и ја држам волната додека плете и раскажува за рода до 15то колено ?????инаку да разводот е најлесното решение нели?(инаку се тргнаа од нас на кратко додека седеа во куќата од кај што се,кој ја имаат празна покрај овој стан кој ни го дадоа на користење и ја користат секоја прилика низ нос да ни го извадат тоа главно на мене ми се вади тоа).
Виши, или помири се со тоа дека маж ти игра како што свири мама или оди си од таму, трето нема! Маж ти е таков што е, мизерија од сопруг кој место да те земе со себе на викенд, те остава сама со мајка му а знае дека не ја можеш. Да го превоспиташ него на стари години нема да можеш, се што можеш е да прифатиш дека во наредните триесет години, додека е жива свекрвата, ти всушност ќе бидеш во брак со неа, не со син и. Хорор ти е таа замисла? Разведи се! Но однесувај се во склад со годините и кога ќе решиш нешто, држи се до тоа. Сакаш да останеш во брак со тоа муле? Во ред, но не доаѓај на форумов да плачеш за секоја ситница која се случила меѓу вас тројца- ти сама си решила да останеш во тој брак. Не си дете, возрасна жена си и мораш да ги прифатиш последиците од твоите постапки и одлуки.
многу ми е мака кога доаѓам во ситуација да кукам на форумов ,ама ете за тоа и постои,зошто не ми преостанува ништо друго.се имам пробано со свеки и културно да и објаснам дека јас не сум и ќерка а син и син па да не третира како 2 мали дечиња кој зад вратата од нивната спална па и не се баш дечиња ,сум пробала и со караница да и објаснам и пак ништо.она се меша син и ја слуша/поштува како мајка но и повеќе од сожалување зошто свеки успешно глуми постара болна женичка нели во склоп со годините но некко и годините и болестите магично исчезнуваат кога доаѓа терминот за турските серии. и да разјаснам не сакав да испаднам толку незадоволна незахвална снашка зошто свеки ставила ајвар на маса за ручек ама веќе кога се дрзнува да ме бара на мобилен и да ми бара извештај кај сум и со кој а веќе син и знае кај сум и да ми ремети ручек расположение со колешки и да ме дига предвеме од маса со нив т.е да ме тера да се приберам по навреме дека спремила ручек па најискрено и не очекувам тоа да ме убедува за да после сервира само ајвар .
Koga veke se fati za ajvarot,bidi blagodarna,nekade i toa go nema.I bez potcenuvanje na ajvarot kako hrana,znaeme kako 'lesno' se pravi.
Виши. има една соодветна тема кадешто можеш да си се испуцаш за маките без да добиваш коментари коишто не сакаш да ги слушаш: kafe-muabeti/ispukajte-se-t1993/ И не само за свекрвата, за кој и да е проблем. Ова важи за сите што не сакате погруба верзија на коментари од тапшање по рамо. Почни така и ќе видиш, ич нема да ти биде мака да се испуцаш на форумов кога ти е тешко. А вам што се`уште ја советувате на темата, ви симнувам капа за силните нерви.
Што се фативте за ајварот како да не ви е јасно што сакаше виши да каже. Демек готвела сирота, чекала, а ајвар можеш од фрижидер да извадиш кога сакаш. Очигледно и ги бројат минутите кога треба да си дојде од работа, а да не биде нападно прашано кај си досега? изговорот е те чекавме за ручек па затоа.
Виши ти немаш нормален брак, туку мулти брак, каде се вклучени сите роднини. И не е виновна свекрва ти, кога имаш маж, кој не знае устата да ја отвори. И не туку го оправдувај тоа муле од маж, бидејќи е јасно дека тој е виновен колку и ти за вашите секојдневни препуцавања, но тебе ти е полесно сето тоа да и го препишеш на кутрата свекрва!
Ма каква кутра свекрва, не е дека го оправдувам мажот во случаи кога проблемите се очигледни, а тој молчи како рибица, ама па оние родители (мајки во случајов), кои си ги воспитале така синчињата да гледаат кон нив со стравопочит и, и за арно и за лошо да не смеат никогаш ништо да им пререкнат, нека имаат малку осет и нека не ја искористуваат ситуацијата до n-та степен само заради тоа што направиле од нивните деца, а сега мажи домашни миленичиња на мама. Ама те пусто така им одговара, мајчичка Богородичка. Како викаше една жена од таков калибар: Една мајка може убаво да изгледа девет синови, ама девет синови не можат да гледаат така мајка! Молим лепо .
не знам што ке правеше виши ако беше во моја кожа. свекрва ми нема пензија,ни плата.има 80 години(на старост го родила мм па нема други деца).не сум добила ништо од неа ни еднаш зготвен ручек ,ни помош околу нешто оти е жена во години со кревко здравје.таа чека од нас да и купиме и зготвиме нешто за да јаде.живееме во иста кука само на различни спратови.10 години е ова и да нема недоразбиранја и јас сум млада 35 имам а веке имам грижи за друга возраст. знаеш колку е тешко да се грижиш и одржуваш едно домакинство.очигледно не знаеш.цени го она што го имаш оти еден ден и по него ке плачеш.
Што се запнавте па вие развод па развод, за една баба да се разведувам, ма немој молим те. Мажот е во случајот муленцето, ама има лек. Е аман бе Виши, тој ќе одел на викендица, и ти вика седи со мама и ти добро, па после нервирај се. Сакаш да одиш со него, одиш и готово. Требало да му кажеш доаѓам и јас си имам план со комшиката. Па зар толку не смееш да му се спротиставиш. Ама мама сама ќе биде, епа речи му ти седи си со неа, дружија. Или веќе ако неможе со него, што не му рече, епа добро јас ќе одам кај моите овој викенд. Ама мама сама ќе биде, е добро седи со неа, дружете се, јас морам баш сега родителите да си ги видам. И немаше да се нервираш викендов. Биди паметна во секој разговор, не дозволувај друг план да ти прави, па ни маж ти. Не дозволувај да те става тој во ситуации и моменти кој ти прават нервоза, извлечи се навреме.
така и си направив .BTW само BRIDGET ја сфати поентата со aјварот .јас не сакам да делувам неблагодарна размазена снаа.знам дека има бетар од моево.но јас се водам со мото ако не можеш да ми помогнеш не ми одмагај(ако свекрва ми не знае што да си направи од себе/својот живот итн. не сакам со изговор јас сум прекрасна мајка на син ми кој ти е маж и ќе ме слуша мене и прави како ќе му речам за се вклучувајќи те и тебе да се окапе од злоупотреба на ова е тоа ми беше муабетот).