Ахх леле добро зрело размислување е да чекаш да се средиш на 50год. па да се мажиш тогаш?? И дури се средуваш нема да прифатиш помош од твоите ако ти понудат?? А незрело е да се средуваш и во меѓувреме да створиш фамилија? Не сметам дека е ниту срамота, ниту неспособност да чекаш помош од твоите за да успееш во нешто. И самите знаете како функционираат луѓето кај нас. Ама блазе си ви на вас зрелите што не ви треба помош од никој и можете се сами да постигнете. И не јас не се жалам воопшто, туку можам да се пофалам дека помош си имаме од двете страни значи ДОБРОВОЛНА ПОМОШ која нема низ нос да ти ја извадат. И многу побргу ке се крениме на нозе вака, отколку да се удираме во гради дека можеме сами а свекрва ми да ми иди дома ко гостинка со едно кафе. Ете на тој муабет се надоврзав од погоре ама кој како сака нека свати. Не постои човек од кај нас што не бил помогнат или не очекува помош од старите!
Ако дозволиш да се задоволуваш со помош од старите, тогаш можеш и на 15 години да се омажиш и така чекај си, чекај си, па ќе се издигнеш побргу, нели? Абе смешна си, мајке ми. Бидете способни со мажот самите да си заработите, а не од родителите да чекате.Тие може денес да дадат, утре да не дадат. Жално е што деца раѓаат деца, али шта чеш.
Смешна нека сум ама ти си крајно безобразна! Која си ти да судиш кој кога треба да раѓа деца??? Ме пецна кај што не треба! Бркај си работа нема шо да ти коментирам повеќе!
АБре жено ти рече родителите биле должни да даваат. Сите ти коментираа дека не е така. Јас од кај да знам тебе што ти е проблемот, ти ја знам ли историјата,па да знам каков проблем имаш? Јас зборам дека такво размислување ми е детско и дека всушност деца раѓаат деца. Сфати?
!!!Женски бидете фини ко што се убави и немојте да се расправате и навредувате една со друга. Темата е за снаи и свекрви, држете се до неа, за спремност за брак има друга тема.
Дешавката јака, стварно! Да ја знам свекрва ти ќе и кажам наредниот пат да искоментира - Арно сине ти ми се најаде, за другите не ми е важно! Тогаш ќе и се исмееш или ќе и се скараш?!?!
Спиј ти на тоа уво оти свекрва ти и мајка ти треба да те помагат имај очекувања и после ке плачиш тука на темава Еве да ти кажам Не сум дужна да ги помагам децата Дужна сум да ги пораснам изшколувам омажам/оженам После тоа ако сакам ке подадам ако сакам ке гледам внуци ако не ке си шетам и ке уживам оти сеа сум жртва за нив Голем дел зависи како ле бидам поштована од снаата и синот/керката и зетот Ако не ме поштува со прст не мрдам Мислам поштување она кај мене гостинка ,гостинка и ја кај неа Треба и постарите да проживеат а не цел век жртви да бидат а на газот да не бидат ставени
Јас го сметам за навреда тоа што после толку години она сè уште има лошо мислење за мене, дека јас бегам од неа и не и го јадам јадењето и дека идам кај мајка ми да јадам. А ти, си крајно безобразна што си земаш за право да ги исмеваш туѓите проблеми без разлика какви се тие. Особено на анонимен форум каде сите доаѓаме да се испразниме, оти најчесто нема каде на друго место.
Да не се прајме на улај. Ако немам јас, а моите или неговите имаат, оти да не ни помогнат финансиски? Родители се да му се сневиди. Во иднина, вие да имате повеќе пари од чедото, нема да се понудите да им помогнете? Плус, во Македонија живееме, ако не. Единствени стабилни приходи се пензиите. Фак ит... не се сите имашлии со плати од 1000 евра.
А шо ако се пензиите стабилни? Еве баба ми зема 8000-9000 пензија. И треба некој да очекува секој месец по 1000 ден најмалку редовно од пензионер? Баба ми имаше кредит земено оти дедо ми беше многу болен на крајот и и требаа многу пари за лекарства. До пред 2 месеци го отплаќаше. Е сега напрај ја ти математиката од 9000 да имаш за кредит,сметки,дрва и лекарства. Па види,ако ти остануваат 1000 од фазла,еве дај и на членката. 15000 да земаш пензија,малку е за стар човек оти 99% се со лекарства,нели во Мк живееме,стресен живот,сите се од срце,шеќер и притисок болни. Неретко и од лоши болести. Па вие лежете дома и чекајте од некој пензионер ( што си го одработил својот дел од животот) наместо да “ужива” во пензионерските денови,вас да ви ги исполнува животните интереси. АКО има некој многу пари,секако ќе им дај на децата ама интересно ми е на темава,секогаш мама и тато немаа,толку можеа да ни дадат и за уплата за стан/куќа,толку можеа за бебе итн а од свеки и свекре се очекува пари од небо. Еве од каде балканското секогаш на машкото да му се дава се,на женското не мора,ќе начека таа кај мажот е . Од глата си патиме,рековме одамна
Истото го пишав и јас во претходното мое мислење,а и во тоа што си го цитирала. Секој родител би сакал да му дај на своето дете,не се залажувајте на приказни за мало деца дека од невестата родителите даваат и се најдобри,а од зетот се најлоши. Јас искрено на многу приказни овде не верувам ама вистина многу некои работи се проѕирни на темава. Мајките на невестите го сакаат зетот,последното парче леб му го даваат да јади (иако реално не се крвно поврзани) а мајка му што го родила го нејчи и за инает на невестата не му дава и на синот Ми нема логика јас да го сакам зетот повеќе од синот сопствен. Како бе секогаш свекрвите се гнаси и крави,а мајките совршенства?
Искрено еве незнам како ама моите ми поклонија без да знам тон пелети и 4 нови гуми за колата.А со свекрвата кога разговарам на моб,зошто немала кола да ни дојде на гости па само таква комуникација одржуваме ме утеши дека нас Господ ќе ни дал.Можеби татко ми си го нарекува господ.И ние од никого ништо не бараме ама моите колку можат и неможат даваат.А вистина е дека процентуално земено повеќе помага женската страна него машката(ова заклучено од милион блиски случаеви)зошто е тоа така незнам.Свекрвата моја си живее со тоа во главата дека имала само стан од 50 квадрати нејзините синови да си барале жени со повеќе ако сакале.Епа извини ама не се прави така.Цел живот е борба да створиш нешто за своето дете,а не до 18 год и пријатно.
Реков родители. Тоа подразбира и неговите и моите. Ние ако живееме со 20.000 (пример), а неговите или моите да живеат со 1000евра месечно, да не ќе им се срони бисерот ако дадат? И јас би дала на ќерка ми, ако повеќе од нејзе имаме... Не гледам проблем.
А да,има стварно секакви родители,не велам не. Јас имав другар што велеше дека ќе го учи син му да оди домазет кај жената за да тој не мора да печали за него. Сега Господ му даде 3 синови. Претпоставувам дека сите тројца така ќе ги воспитува. Мојава претпоставка за воспитувањето ја имаат сите што го познаваат. Затоа и во претходното мислење пишав дека било која страна од младоженците АКО има,да им помага не е на одмет. Муабетот ми беше дека во 98% од мажот родителите се најлоши,што не важи истото за другите 2%
Јас не гледам во тоа некој голем проблем. Ти кажала така ок , ти само насмеј се и од едно уво нека ти влегува, а од друго нека излегува.
Родителите на мажот уво не ги боли. Ги имам такви, три месеци да не ја видат малата, немаат гајле, а не пак да дадат нешто.
Има може, ама еве повеќето што се дружам родителите на жената се поповрзани за внучето. Не знам искрено. Овие мои свекор и свекрва се чудо. Такви луѓе немам сретнато. Еве мене не мора да ме сакаат, ама за внуче од син се работи.