1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сега ми е мака и се каам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од valentina-m, 12 март 2011.

  1. valentina-m

    valentina-m Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Поодамна кога бев излезена во еден клуб случајно се запознав со еден дечко на шанк , разговараме сменивме бројчиња и социјални мрежи , беше и се уште многу фин и културен кон мене , ама јас тогаш се уште го сакав бившиот бев скоро раскината со него, и ги обдив тие милионски покани за на кафе . Сега многу се допаѓа , едвај чекам да го видам он лине некаде по нетов , многу ми е мака ова што направив , нервозна сум на самата себе :( :( поздрав
     
  2. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Незнам дали бараш совет или само ни раскажа и не поздрави ,али ајде еве јас сепак ќе се помачам :)
    Зашто не му пишеш ти сега? Т.е. Зашто ти не го поканиш него? Чим он толку сакал да искочите сигурно ќе прифати.
    Така и ти и он задоволни и Чича мича готова је прича :)
    А и да не прифати,ги има уште многу момци,ќе се најде некој што ќе ти се свиѓа ,ништо трагично ;)
     
    На didi1982 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. didi1982

    didi1982 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    4.115
    Апсолутно се сложувам со Miss-че! И пиши ни како поминало!
     
  4. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Пиши ми ти! Повеќе пати си го одбила, зошто мислиш дека повторно би те поканил??? Не ти ги чита мислите. Излезета на кефе и искрено разговарај со него (ако падне тема на муабет), кажи му дека си билла збунета или не си била подготвена да влеташ во нешто ново ;)
     
  5. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Не кажа дали уште контактирате? Ако контактирате фино лепо покани го ти на кафе. Ако сте престанале да контактирате обиди се прво да си го вратиш муабетот на фб, потоа не му спомнувај одма за на кафе туку излегувај со другарките на места каде што излегува и он и ако реагира позитивно кога ќе те види и ако видиш дека не те избегнува и дека уште му се свиѓаш покани го ти на кафе, не чекај на него. :)
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    e Валентина да ти кажам нешто од лично искуство:

    ти тазе раскината-јас разочарана од претходните искуства, запознав едно многу интересно типче во живо(и двајцата одиме на курс по албански јазик) и се запознавме , комунициравме, ме испрати до дома-си сменивме броеви-ми кажа и мобилен и обичен,по 2 дена отидовме на кафе, разговаравме, и го одбив да бидеме заедно, ама поминаа неколку дена-за мене тоа навистина беше болно, и незнаев што да правам а мислите ми беа се нешто околу него, собрав храброст,му пишав-јас го поканив на кафе, и конечно призна дека сака да биде со мене и сега сме заедно
    :$ :*

    совет: немој да се плашиш биди храбра, пиши му порака на мобилен или на нет, и покани го да излезете
    верувај нема да згрешиш :!: :$
     
  7. NellPam

    NellPam Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    2
    хахахаха баш интересно напишано. и јас незнам шо бараш дали совет дали ни кажуваш колку да си знаеме. како и да е јас мислам дека би требало ти да му напишеш нешто во стилот дека сакаш да излезете заедно. мене ми се случува вакво нешто во моментов...
     
  8. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Ич да не ти е мака. :!:
    Ехееее... ти не знаеш какви не глупости прават луѓево и не се каат, а не ти за нешто такво.
    Вистина се сложувам со правилото дека подобро е да се каеш за нешто што не си го направил, ама ке имаш прилика, не е трајно заклучена темата. :wasntme:
    Како што го откачи ти, така ти сега побарај го. Ако се плашиш дека ке те откачи е веќе друг проблем. Ма да и тоа не е проблем. Ако те откачи - никому ништо, ке си најдеш друг неоткачлив момак. :wasntme:
     
  9. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Eпа вака-исто како тебе пред неколку години и јас затрескана во бившиот и овој сегашниот дечко ми се пушташе,беше фин,правевеме муабет ми беше ок-ама не пуста желба за бившиот...беше многу упорен.ми звонеше ,едвај чекаше да ме види и целиот скокаше од радост кога ќе ме видеше :lol: колку ли се затреска во мене :lol: така се фатив јас со него,демек да го прежалам бившиот ама неможев помина месец и му реков-да не те повредувам,сакам друг ,вака ќе се мачиш со мене :( беше многу тажно, :( тој потоа замина за ск -таму студираше,и не беше доаѓалнеколку месеци, бидејќи јас се смирив со бившиот и тој велел дека многу ми било тешко да доаѓа и да ме гледа со него :doh: и верувала или не-почнав во бившиот да ги барам работите кои не ги сакав тогаш со дечкото на кој му раскинав----сфатив дека му фали култура,кавалерско понашање и ред ред др работи.......почнав да го засакувам и се каев што му раскинав....најтрагично што тој не си доаѓаше да го видам ,и многу ми паќаше тешко,и најмногу што изгубив злато за дебил(кој го мислев дека е нешто :devil: ) еден ден собрав храброст...му се јавив...чисто онака да го прашам како е,и то беше мн ладен спрема мене,се зачудил зошто му звонам,,,му реков кога ќе си дојдеш да се видиме ич те немам видено,а тој ме праша дали сакам да го видам -му реков да :$ истиот викенд дојде се смиривме,и одтогаш сум најсреќната :inlove:
    можеби малку широко, :$ но муабетот ми беше да му се јавиш да собеерш храброст,бидејќи јас да не соберев храброст тој сигурно уште ќе си мислел дека го сакам бившиот - и ништо...ти посакувам многу среќа,знам дека е тежок првиот чекор но стисни заби ;)