1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Секогаш ист крај, немам сили повеке...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од MarryCelest, 3 мај 2011.

  1. MarryCelest

    MarryCelest Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Таму некој горе си игра со конците на мојот живот и ми поставува искушенија едно за едно.Постојано со кој и да сум била,врската завршувала со ист крај.Ја барам грешката но невидлива е.Барам совет ама ниту еден не бил таков како што барам,искрен.Ги гледам лугето околу мене кои имаат долга врска и искрено ми доага љубомора,што длабоко во себе посакувам да им се уништи и да размислат убаво дека не е се така лесно да се заборава и да се бара друг како што мислат тие.
    Овој пат не сум спремна на ист крај.
    Ги читам проблемите низ форумот и гледам дека сите имаме заеднички проблем-недостапност на партнерот.Има личност која ми се допага долго време,си се допагаме еден на друг но играме мачка и глувче и кој ке издржи подолго без партнерот.За да ме сфатите подобро се уште не планирам ништо со него, но сакам да му се приближам ама не знам како.Бидејки вчера цел ден беше недостапен,го оставив да го среди проблемот со надеж дека ке се појави и дека пак ке излеземе како претходната вечер јас не стапив во контакт со него.Нити ме побара,нити ми се јави.Се загрижив,тоа на него не доликува.Личноста не може без мене.Се ми е чудно.Срцето ми вели да го оставам-разумот-Не, почекај добар е те сака и ке ти се јави.Се плашам да не заврши како претходните мои врски.
    Koj е вашиот совет?
     
  2. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Секогаш ист крај,немам сили повеке

    Сега од ова што си го пишала не можам да сватам дали се работи за врска или се работи за флертување. Викаш дека си се допаѓате па сте излегеле заедно, па потоа не ти се јавува, а како знаеш знаеш дека те сака и не може без тебе. Можеби твојот пристап до машките е погрешен па затоа ти се случува истото постојано. Незна како да ти помогнам кога ни ти самата не си ги увидела грешките до сега. Може треба почесто да излегуваш со дечкото кој ти се допаѓа на тој начин повеќе ќе се зближите и така ќе знаеш што му се допаѓа, а што не бидејќи близината си го прави своето. Или разговарај отворено со дечкото и кажи му дека ти се допаѓа може од тебе го очекува првиот потег можеби е срамежлив па неможе да ти се отвори знаеш машките се позатворени посрамежливи пробај нема да загубиш ништо и среќно.
     

    Прикачени фајлови:

    • ku4ence-19.gif
      ku4ence-19.gif
      Големина на фајлот:
      125,3 KB
      Прегледи:
      852
    На unique123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Секогаш ист крај,немам сили повеке

    Леле и ти. Ако не ти се јавил не значи дека не те сака или дека не дај боже му се случило нешто. Можеби е зафатен нема време и ако сакаш да излезете викни го ти, можеби и тој се чувствува како тебе ако сакаш нешто посериозно разговарајте лице в лице и ќе видиш што сака тој,а што ти и како ќе биде ова велиш сте играле мачка-глувче,но сепак сакаш да ти се јавува и да излегувате. Кажи му како се чувствуваш вака само се повредуваш себеси.
     
  4. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Секогаш ист крај,немам сили повеке

    Се согласува со love, од едно не јаувување ти гледаш проблем. И од напишаното многу лаку можеме да заклучиме за што всушност станува збор.
     
    На love23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MarryCelest

    MarryCelest Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Секогаш ист крај,немам сили повеке

    Сега за сега флертуваме,се смувавме,ама не може без мене бидејки го гледам по однесувањето.Ми се јавува(ше) постојано,се шетавме,ако ме нема еден ден да му се јавам тој ми се јавува,ако му се јавам јас ме дочекува со радост.
    Е сега за јавувањето.На последниот разговор ми кажа дека ке биде зафатен бидејки му планирале некакво изненадување,во прашање е некоја работа.Па ке нема време за ништо.Паметам дека последниот пат кога се грижев беше за џабе.
    За грешките,па секогаш сум сакала искрено,без да лажам некој,не ја гледам грешката во мене,бидејки со секое момче сум постапувала правилно како што треба.А од друга страна ни фала не сум добивала.За пристапот што се однесува сум ја испитувала секогаш најпрвин територијата па кога и да ми изјавувал некој љубов (кој сум го сакала)сум возвракала,но веднаш штом видат искреност бегаат.А на крај-зошто ние не сме биле искрени девојките.Можеби е зафатен,не велам ништо но сева оваа тишина ме тера да полудам.
    Точно,едно јавување не мора да значи проблем,но сепак ме изненадува тоа што цел ден беше недостапен.Тоа не личи на него.Бидејки секогаш наога време за барем 5 минути разговор.Ке му се јавам,ке му кажам за излегување,тоа е најмало проблемче.Но се плашам да не ми каже како и другите проблеми на форумов-ме напнуваш.
     
  6. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Секогаш ист крај,немам сили повеке

    Навистина незнам како да ти помогнам. Ти премногу значење му даваш на тоа дека цел ден му бил исклучен тел... знам дека си насекирана но нема потреба почекај може ќе те побара па и не крај на светот ако не те побара. Мислам дека твоите грешки се во тоа што паничиш за ситници заеш дека машките несакаат да бидат контролирани и несакаат да ги загушува некој и да ги прашува кај си што правеше итн..., не ја гледам искреноста како грешка твоја туку како твоја добра особина само со искреност можеш да иградиш врска која ќе има цврст темел, а можеби си била со погрешни дечки до сега па искреноста ја гледаш како твоја грешка.
     

    Прикачени фајлови:

    • ku4ence-19.gif
      ku4ence-19.gif
      Големина на фајлот:
      125,3 KB
      Прегледи:
      784
  7. MarryCelest

    MarryCelest Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Секогаш ист крај,немам сили повеке

    ^Moжно е не велам ништо,или сум била со погрешни и сакале да си лечат комплекси со мене.Ми кажува еден другар:Тој има срека со тебе.Епа и навистина има срека зошто се грижам за него а јас дали сум добро тоа не е важно.
    Не го контролирам,само мислам дека заслужив една кратка порака да ми каже да не се грижам и дека е добро иако многу пати му имам кажано кога планираш да те нема да ме известиш да не се грижам.Би можела и да му пишам порака само за да знам дека е добар,но никако да стиснам на Send.Фала сепак.Ке издржам :)
     
  8. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Секогаш ист крај,немам сили повеке

    За MarryCelest

    Јас би ти рекла да ги оставиш работите спонтано да се одвиваат, затоа што колку една работа ја форсираш и си преокупирана со неа - нема да ти успее или да испадне онака како што ти сакаш(ти го кажувам ова од соопствено искуство). Запомни дека најубавите моменти и перипетии во животот доаѓаат спонтано и неочекувано..Велиш дека си го барала цел ден, а бил недостапен...Би те прашала - зошто си го барала цел ден? Зошто тој тебе не те бара цел ден? Или ако чекал да му се јавиш, ондак зашто го исклучил телефонот? Немој да му покажуваш дека си загреана за него и дека ти е главна преокупација во животот...Немој никако тоа...Биди своја, со свои принципи и ставови...Пребарај по моите мислења, во категоријата Врски и прочитај да видиш јас со колку комплициран дечко сум - крај со крај не можеш да му најдеш и е крајно специфичен во се и емоционален инвалид...Ми се свиѓа многу и убаво ми е со него, ама не му го покажувам тоа за жива глава..Фина сум со него, мила, нежна, не го лажам за ништо, не го изневерувам , ама не му покажувам превише емоции :!: Викендов не отидов со него, зашто 2 недели пред бев договорена со другарка ми, која не живее во Македонија и бев кај неа...Се лутеше и на крај пак омекна и попушти бидејќи виде дека си имам свои принципи...Олади се ти малку од овој и стави се себе си на прво место, а тој ако барем малку му значиш, ќе те бара самиот и ќе трча по тебе...
     
    На julie77 и love23 им се допаѓа ова.
  9. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    30
    Секогаш ист крај,немам сили повеке

    само кратко и јасно KAKO SI DOBAR SI? и толку ако ти врати арно ако не биди здрава и жива не мора толку да се нервираш а многу многу да не очекуваш такви се мажите
     
  10. MarryCelest

    MarryCelest Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Секогаш ист крај,немам сили повеке

    Да те исправам малку.Не, јас го немам барано ни еднаш вчера.Доколку се случи да го побарам принудно ке го сторам тоа,но вчера не му ни пишав на фејсбук нити му се јавив.Чекав да се јави тој.Но го немаше цел ден.
    Обично некој кој го нема на ден два се случувало да пишаме пораки кај е што прави и дали е добар,дали му е потребно нешто.За емоции тешко да му признаам пред целосно да ја испитам ситуацијата.Ке ги оставам работите да течат сами но не сум спремна да го загубам и него,зошто ми е многу убаво кога сме заедно :inlove:
    Infinity фала и на тебе,ке почекам до вечер,ако го нема ке му пишам.Зошто не сакам да го загубам заради мојата гордост :)
     
  11. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Секогаш ист крај,немам сили повеке

    Добро како дозна дека му е исклучен тел... и е недостапен мислам дека добар совет ти дала milky-candy и зошто бараш совет кога ти трчаш по него јас да сум како тебе ич нема да чекем одма ќе го барам имај свое јас во живото незнам колку години иамаш но вакво однесување му личи на 14-15 годишно девојче!
     
  12. MarryCelest

    MarryCelest Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Секогаш ист крај,немам сили повеке

    Ах,значи да се разбереме,не трчам по него,туку секогаш ми се јавува прв,секогаш ме бара за прошетка а јас прифакам.Нормално кога ми се допага.Но бев загрижена за неговата отсутност.Не го побарав на мобилен бидејки не сакав да му пречам во работата,но го немаше ни тој да ми се јави.Кажав недостапен во таа смисла зошто не го најдов цел ден вклучен.Мислев дека тој ке ме побара.Ама не испадна така.
    На крајот на краиштата и време ми е да се свестам,па да разговарам со него.Знам дека вреди личноста зошто не е како другите кои ги имав претходно.
    Фала уште еднаш
     
  13. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Секогаш ист крај,немам сили повеке

    Извини може бев со тебе малку груба, но ќе ти кажам како јас се запознав со маж ми и како се земавме. Во еден кафич одев по часовите по германски и еден ден конобарката ми носи пијалок кој јас не сум го нарачала и прашав што е ова , таа ми одговори од дечкото кој седи сам на таа маса, јас блесава станав и отидов до неговата маса и му го оставив пијалокот на маса и му реков јас од непознати непијам пијалок. Потоа повторно се сретнавме во тој кафич и почнавме да се додворуваме еден на друг. Имало денови кога воопшто не сум го барала од инат чекав тој да ме бара и секогаш така било тој прв да ме побара и ден денес кога ќе му текне на пијалокот што сум му го вратила се чустува лузер. Колку поминуваше повеќе време толку многу ми го освојуваше срцето бидејќи секогаш знаеше како да ми допре до психата знаеше да биде џентламен и на крај влеговме двајцата во тава се земавме. така да од искуство ти кажувам не се секирај што го нема чекај тој да те побара и да ти каже дека си му недостасувала.
     

    Прикачени фајлови:

    • ku4ence-19.gif
      ku4ence-19.gif
      Големина на фајлот:
      125,3 KB
      Прегледи:
      204
    На MarryCelest му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MarryCelest

    MarryCelest Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Секогаш ист крај,немам сили повеке

    Мора да ти кажам дека ме пресмеа со тоа за пијалокот :D :D :D :D :D :D :D секоја чест и на храброста која си ја имала,не секој го може тоа.
    И не се извинувај,нема потреба,не кажа ништо лошо :)
    Ке почекам,ке гледам да издржам.Ама кога ке ми се јави ке му кажам да не ми прави така следен пат :)
     
    На love23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Секогаш ист крај,немам сили повеке

    marry celest постов ме мотсетува на мене пред 6 години.
    ако ми веруваш година ипол минував низ истото топло ладно, дрш недај ама никогаш не ги форсирав работите и еве на крај сега сме век во 4 ,5 годишна врска и ни се ближи свадбата.

    совет: знам дека не е лесно ама верувам дека го познаваш добро, чим неможе без тебе не го форсирај остави го, дај му простор сам ќе си легне на брашното ќе свати се... ај му на знаење дека не ти е сеедно и дека ти пречат некои работи но онака елегантно и без премногу потресување.

    бацки се надевам се ќе заврши добро
     
    На love23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Секогаш ист крај,немам сили повеке

    Знам дека во секоја од нас се крие храброста само зависи кога ќе ја манифестираме, така да и ти биди храбра покажи дека си недостапна дека е тешко да се пријде до тебе и треба да му дадеш дознаење дека не може да се игра со тебе. Од срце ти посакувам да бидеш среќна и весела!
     
  17. MarryCelest

    MarryCelest Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Секогаш ист крај,немам сили повеке

    Би му дала до знаење,но не знам како,да не погрешам.
    И како успеа да го фатиш типот штом си играл топло ладно?баш ме интересира :)

    Фала Love 23
    :*
     
  18. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    Секогаш ист крај,немам сили повеке

    хахах да бидам искрена и ајс незнам како го фатив он мене ме фати јас бев мн мала тогаш некои 17-18 години и бев во некој филм тинејџерски разочарана од љубовта нели и оп се појави он се влечевме со месеци додека се смувавме и поминаа после месеци додека размениме броеви (гратчето ни беше мало и излегувавме во ист кафиќ) и секогаш обично на 2 недели се враќаше дома и се гледавме за викенд значи јас по две недели и повеќе не сум имала новости од него. на почетокот ми беше сеедно нели мувач не бев толку поплаена по него но со тек на времето почнав да го сакам. знам само дека ниеднаш не му направив сцена, не бев љубоморна или слично бев најсмирена на свет. а кога ми пречеше нешто ќе направев шега или онака успат што се вели ќе го боцнев но да не звучи премногу сериозно нели де ама јас осеќев дека покрај се има нешто повеќе дека ме сака и дека му треба време од фраер да премине во сериозен дечко со една девојка и ете бидна му требаше доста долго време но вредеше да се чека така да речам. јас си ги работев своите работи си го организирав животот само според моите планови и мислам дека затоа го интересирав се повеќе и повеќе. ти знаеш дека ми беше прв и полсе година влечење легнавме заедно (а сеуште не бевме официјално во врска) се беше супер но он не ми се јави утредента или после една недела на пример хаха колку ми е смешно сега ама нас таков ни беше односот....

    кога конечно свати дека ме сака само за себе и се смири ме праша дали сакам да му бидам девојка и од тогаш се се промени.

    ако те интересира непто друго слободно пиши ми. и да напоменам ние сме 6 год разлика мн е битно и тоа
     
  19. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Секогаш ист крај,немам сили повеке

    Кога ке стапите повторно во контакт ќе го прашаш зошто не ти се јавил зошто бил недостапен па можеби имал некоја причина! Едноставно не избрзувај! Позз :)
     
  20. papagalcheto

    papagalcheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    10
    Секогаш ист крај,немам сили повеке

    И јас некако се пронајдов во твојов пост. Значи веќе ми беше преку глава од деца кои незнаат што е љубов. Ти таман си мислиш се ти е таман си го засакала колку толку, него му поминал меракот. Сите околу мене имаа озбилни врски веќе неколку месеци, дечковците им прават романтични вечери а јас требаше да учам некого што е тоа врска. И веќе се откажав од тоа. Па што ако сум сама божем имам рогови. Супер ми беше. И нели кога најмалку очекуваш, тогаш добиваш. Започнав врска со некого што никогаш не би помислила дека ќе бидам заедно и еве веќе 6 месеца сме заедно. Со дечко ми бевме другари околу една година и за тоа време постојано беше се за шала и топло ладно. Но после тоа тој почна постојано да ми се доближува, да ми се јавува постојано. Иако немавме ништо се однесуваше како да одиме. Незнаев дали да верувам или и тој откако ќе ме има ќе си замине како другите. Но ете ризикував и добив навистина врска каква што отсекогаш сум замислувала. Мојот совет до тебе е да не го сфаќаш озбилно, земај се со резерва. Ако веќе како што кажуваш си ги искусила тие „дечишта“, тогаш прифати само нешто што е озбилно. Зафркавај се постојано со него, на шала брецни го зошто не се јавил и слично. Дади му до знаење дека сеуште не си го сфатила озбилно и дека за тоа треба многу да се потруди. Искрено ти посакувам среќа.