не знам колку сте информирани ама за ова веќе има и формирано институт на Филозофскиот факултет, институтот за родови студии, другарка ми е сега прва година таму и според она што ми го кажува интересно ми звучи..
Прва работилница на тема Семејно Насилство на 23.10 во Охрид. Доколку има средношколки од овој град кои се заинтересирани, нека ме контактираат .
Леле луѓе, значи денес се згрозив од тоа што го видов!!! Отидов во вц-то во едно кафуле да мочкам кога наеднаш слушам: Како можеш да бегаш од првиот час? Што ти кажав јас за бегањето? А сега што ќе правиш со неоправданиот изостанок? Се слуша гласот на мајката. Јас помислив дека прави муабет на телефон и си велам Бог да чува од вакви родители! Кога излегувам надвор, ја гледам мајката му се нафрлила на нејзиното синче (можеби беше 10 години) и му се дери. Се дери така таа и наеднаш му влепи еден шамар. Јас не знаев каде да погледнам Мене ми беше незгодно, а камоли на детенцето. Каква вештерка! Да не бев 20 години помала, јас ќе и влепев нејзе еден така голем шамар, воспитен да не знае како се вика Како прво и прво, тоа не е место ни време таа да го воспитува синот а како второ тоа не е ни начин. Срамота!!! Уф, еве и сега се изнервирав!!!!
Па што сакаш ти на дете од 10 години ако му допуштиш уште тогаш да бега од часови, што планира понатаму во животот? Во ред е една воспитна, чисто да се научи на некои работи во животот.
^^ Ништо страшно, глупост е ова да го спомнеш во семејно насилство. Сите сме јаделе бар еднаш во животот шамар од родителите, онака една воспитна како што рече офспринг Па ете живи и здрави сме, тоа ти е далеку од семејно насилство аманте.
Да бе, после ќе пишуваат мислења во денешната младина дека младинава ни е отидена во три лепе. Епа ќе биде, кога несакаат ни да ги потчукнат децата. Се знае што е воспитна, затоа е и така наречена. Шамар, кој воспитува.
никогаш баш никогаш не се мава НИКОј... најмалце дете до вчера бев на семинар за семејно насилство и можда едно 400 пати повторија дека ни најјмал удар не смее да добие едно дете, зашто не дај Боже секакви последици може да има... НИКОГАШ, дури ни воспитна
има многу начини да го воспиташ детето, и ниеден од нив не вклучува удар дури ни по газето преку пелена
Точно!!! А како прво, ако сакаш да му дадеш воспитна тоа ќе го направиш дома, а не сред бел ден, петок, кога луѓето се по кафулињата и врват низ вц-ињата. Да, сите сме добиле по еден воспитен шамар, ама не во град бе луѓе. Нечовечки е!!! Не се согласувам воопшто со мислењата на претходните девојки, ама да секој со своето мислење. Поздрав!!!
eve i jas da se nadovrazam na temata sakam samo da kazam deka niedna zena ne zasluzuva da bide maltretirana. no mene licno mi smetaat onie zeni koi ne prezemat nisto da go resat toa jas mislam deka ako edno masko bez razlika dali e decko ili sopruk nekogas digne raka i ja udri svojata sopruga/devojka i taa toa mu go prosti toj toa ke go povtori povtorno i povtorno zatoa moe licno mislenje e deka stom ednas ke se desi toa vednas zenata treba da reagira i da go ostavi da ne si dozvoli da ima semejstvo so takva licnos koja ima agresiven karakter
можам да кажам дека за жал и јас сум од едно такво семејство во кое имаше семејно насилство приказната на мајка ми е долга што и роман би можела да напишам.Се омажила на 18 год,потекнува од домакинско семејство,а се омажила во фамилија ѕверови сите до еден па и татко ми.Цели 15 год ја малтретираа првин свекрва и па откако отидовме во стан си продолжи татко ми.Кога се земале мајка ми и татко ми живееле сите заедно со мајка му.Таму секој ден кавги (баба ми не ја сакала мајка ми за снаа).Виделе не бива и купиле стан па решиче сами да живееме(јас сум имала 1 год).И од тука почнува полошото.Татко ми секоја вечер пијан си догал,од работа право во кафана по пејачки,по коцка,по курви и дојди си дома скарај се со мајка ми а понекогаш и удри ја.Кога ние со сестра ми пораснавме почна по нас.Не не тепаше,но психички не малтретираше,викаше по нас за секаква ситница.Пред 3 год се случи и најлошото.Спијам едно утро и слушам цркање и тропање.Станав и се стрчав кон кујната и што да видам,тако ми ја фатил за врат мајка ми и ја дави.Кога го фатив,кога почнав да мавам по него го истепав како мало дете и он одеднаш се освести што направи и се повлече и отиде да си легне.Со мајка ми правевме муабет за развод,но таа никако не сака да се разведе.Си стои на тоа цел живот дека нејзиното поминало.Таа е многу мирна жена,полна со љубов,жртва за сите и ја сакам најмногу на свет.А за татко ми само голема доза на презир.Сакав така на кратко да ви ја раскажам приказната за моето семејство и несакам критики ни совет ова чисто да се излеснам да го извадам она од мене малку,ние веке се научивме да живееме со ова,за жал.
За жал има ете и такви ситуација и тоа што повеќе, што од сиромаштија и немајкаде се собира огорченост, што од психички проблеми и ред други работи. Но поентата ми беше што мајката сега не треба да размислува дали да го остави бидејќи го сака илли поминало нејзиното, дуку од грижа за децата. за да не бидат повеќе сведоци на такви насилства. Па ако се помали, тие растат со идејата како дтоа да е нормално, па скраја да е ако е машко може да биде насилник како таткото, а девојче да трпи како мајката со убеденост дека така треба или дека заслужула. Искрено желудникот ме заболува од вакви случаи. Само ќе речам Господ нека ни е на помош...
Абе да бидеме реални понекогаш малку се претерува во некои работи. Пример јас кога бев малечка бев пребесно девојче, и 2-3 пати сум добила една воспитна од мајка ми. И немам никаква последица врз мене, аманте, шамарче. Нормално е и во животот да се степа детето со некого, што се вика, така растат деца. А и верувам дека не сум единствена која добила шамарче или удар по газ од родителите. Под семејно насилство подразбирам масовно тепање секој ден, значи детето да се превиткува од болки, да плаче..... Е тука веќе станува збор за насилство, кое може да му остави псичичка, а и физичка последица.
Ја поздравувам храброста да се прозбори за семејното насилство , кај нас станало секојдневие , ќе направи ли некој нешто во врска со тоа ?Кога спомнав секојдневие ,мислев на тоа дека луѓето го прифатиле тоа како дел од нашиот болен ментатилет , сосема нормална работа.Мене лично ми е тешко да збоувам за тоа , ни тука покрај тоа што анонимно постирам нешто ме кочи и ми ја држи устата затворена.Необјаснив страв , некоја несигурност.Денес , во склоп на сосема нормален разговор падна на муабет домашното насилство , во најчеста форма кога дотичниот сопруг крева рака на неговата безпомошна сопруга која е на моменти е виновна за сите несреќи на светот и должна да ги подмири долговите кон неговото нерасположение.Останав запрепастена , за мене беа признанија , за нив нешто најобично , раскажуваа колку често тато подига рака на мама и никого таквата реакција не вознемирува , дека дури и прифатиле дека нивните идни сопрузи ќе им го прават тоа ним ,дека сите понекогаш имаме лоши денови , кај мажите се нешто почести.Бесот го контролирам и немам респект кон изговорите на луѓето кои неможат да го направат тоа.Ако тоа е цената да се сочува "мирот" во семејството и да бидеме заедно за општа благосостојба ( читај што ќе речат соседите ако си заминам ) нема да ја платам.Зарем тоа е цената на семејното гнездо?!Далеку од тоа , пекол е !
Никогаш нема да ги разберам тие родители што си ги тепаат децата, или поттепнуваат, како може дете сопствено, што си го направил и родил да го тепаш, шамараш, маваш „васпитни“? Прво сила не се покажува на некој помал и послаб од себе, а децата, ако родителот има малце способност и три чисти да го воспита, нема да има потреба да ги тепа, зашто детето како човечко суштество има една магична способност да се разбере со збор. Сметам дека секое тепање, плескање по лице, шамарче и слично е искажување на неспобност на родителот. Јас во животот не сум плесната ни по газ, па ете израснав во нормална девојка, нит се дрогирам, нит се курвам, нит беснеам, образована, ценета... е како моите успеале, а другите родители не можат? Јас мислам дека треба да се прави психолошка анализа на секоја трудница и нејзиниот партнер доколку го има, за да се види дали се способни да воспитуваат дете. Ако не се, постојат начини да се едуцираат зашто нели никој не е роден учен, и треба да им се помогне во растењето деца. Најстрашни се оние мајки од по 18-19 год, на таа сирота уште и се шета, а мора дома дете да чува, па после удри мавај на детето, кога не можеш на судбината. Татковците па уште поблесави се. Нервоза, стрес, немоќ да се биде маж, 2-3 ракиички, и ајде дома, удри по деца, по жена. Сељачишта со изразени ЛОШИ балкански карактеристики, и послушна женичка дома што ќе кути „за мир у куќа“. Време е да се сотре понизноста и послушноста на македонската жена!!!
Zdravo jas sum najnova i cest mi e sto mozam da se druzam so tolku mnogu prekrasni luge preku ovaa stranica Sto se odnesuva do temava moe mislenje e deka nikoja zena, nitu maz ne treba da trpi nicie nasilstvo a uste pomalku semejno. Pozdrav [mod-kirilica:1kaczy0a][/mod-kirilica:1kaczy0a]
SOS Mobilna nacionalna linija za zrtvi na nasilstvo 070 141 700 075 141 700 077 141 700 Povikot e besplaten! И само да ве известам дека постои шелтер центар за згрижување на жртвите кој работи 24/7 и каде може да останете колку што сакате.