Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сериозна врска со муслиман

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од inlove80, 27 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. s.a.-95

    s.a.-95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Само еден збор за темава : НИКАКО! Не прифаќам вакви работи. Имав две другарки што се муваа со муслимани по школо, едната беше и во врска со таков и сега неможам да ги смислам и двете, ми се гадат.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Менталитетот наш,Македонски,е таков.
    Значи поголем дел од нацијата не оправдува врска со муслиман или друг припадник на било која вера.Во тие значи сум и јас.
    Многумина ќе кажат,битна е љубовта,разбирањето итн итн..ама сепак не е така.
    Не дека комшијата ќе рекол оваа со муслиман,туку станува збор за вреднување на нашата личност првенствено,а после почитта спрема родителите.Ним не би им било драго за ваква ситуација.
    Колку и да мислеме дека сме заљубени,сакаме или сл,сепак понекогаш нели љубовта бара пожртвуваност.
    Значи доколку би била јас во ваква ситуација,би се откажала од таква врска додека е време,не поради рекла-казала,туку поради проблемите кои подоцна ќе произлезат.Во врска се е супер не се забележуваат разликите,ама ако стане работата посериозна од типот на брак,и те како тие разлики ќе бидат видливи.

    Еден пример од братучедка на моја добра другарка.Имаше врска од 1 год со муслиман,а двајцата беа 1ва год средно.Притисок од двете страни имаше да раскинат додека е време,имаше дури и физичко насилство.За на крај..момчето да се обесе...И сеа?Неговата фамилија бара крвна одмазда,секој ден неговите со други роднини доаѓале кај нив дома да прават инциденти,полиции секој ден..И девојчето цело лето го кријат по роднини,де ваму де таму.Кај другарка ми седеше 2 месеци на гости.Ама кога ќе дојде септември за идење во школо,нз како ќе биде :x
     
    На oblace1 и Daydream им се допаѓа ова.
  3. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Во ред е да сме си модерни и современи и се тоа си е супер ама е реткост, да бидеме реални голема реткост е да е се така совршено како што кажувате. Различни сме и тоа е тоа, сакале или не сакале тоа е реалноста. Со христијанин можеш да се замериш за некои работи, а не па со муслиман каде разликите се МНОГУ поголеми. Јас разбирам дека не треба да се делиме и јас сум за тоа ама разлики се во прашање. Незнам, тоа си е мое мислење. Како и да ја вртиш работата, џабе ти е. Реално ни ние, а богами ни они не сакаат да се мешаме. Едно е врска, а друго е брак. Плус и друга работа, не ги споредувајте муслиманите во Америка, во Германија со нашите муслимани овде. Ако ние како македонци сме малце "заостанати", муслиманите кај нас се "тродупло заостанати". И ќе речете сега ама знаеме примери за добри, културни, супер муслимани. И јас знаев таков пример ама џабе е. Работев со двајца колеги на работа муслимани, супер беа, културни, добра душа, ок муабет, почит, ми помогнале во работата кога бев нова и за тоа сум им многу благодарна... итн. Ама само што се случи некој протест во центар кога нешто бевме спротивставени, они верувале или не скришум на работа со пиштоли доаѓаа. И ајде сега? А вака ќе речеш супер се и стварно беа супер. Ама си го имаат тоа во нив, пак ќе кажам се е џабе. И сега ќе речете ама и македонец може да носи пиштол ама реално се поретки нашите во такви работи. Колку и да се убедуваме колку и да сме современи и европски воспитани се оди во вода, пред се ние сме многу далеку од Европа.

    Не дека нема примери на ок приказни што завршиле во брак. Ама ние кога гледаме од страна на нас ни е се ок, одете прашајте ги нив двајца како си поминале додека стигнале до таа совршена брачна идила. И едната и другата страна им го имаат пекол направено животот. Не е лесно, воопшто не е лесно ни за едната ни за другата страна.
     
    На sadgirl21 и oblace1 им се допаѓа ова.
  4. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Врска со муслиман не одобрувам а посебно не со албанец, живеам во град каде што се во секој агол и тешко е да се живее со нив.
    Горе долу ја прочитав темава и освен еден пример каде што жената се развела од муслиман и омажила за христијанин друг пример не видов. Нели се современи образовани и се останато, знам многу примери каде што македонки одат со албанци но не и обратно. Барем јас не познавам таков пример девојката (албанка) да си го погази семејството за дечко ( македонец).
    Доколку има (а има) муслиманки (албанка или било која друга) да кажат дали тие би ризикувале се, да го изгубат семејството или пак дали ќе им биде одобрена таа врска.
     
    На Tanjamm и s.a.-95 им се допаѓа ова.
  5. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.784
    Допаѓања:
    6.592
    на оваа тема може многу да се дискутира.сите имаат различно мислење.некои одобруваат некои не.и со право зошто сите не мислиме исто.
    кај нас повеќе се одобрува врска со оженет човек отколку со човек од друа вера.не велам дека албанците се добри но и нашите не се цвеќиња.кој ти гарантира дека утре нема да добиеш ќотек од христијанин?јас лично луѓето не ги делам по вера туку по карактер.и од нашите има лоши а и од нивните.не се сите луѓе исти.но за жал нашиот балкански менталитет е таков.се што е поразлично од нас не чини.

    и само да напоменам дека секој си има право на свој живот.дали ке биде со човек од друга вера тоа е негов избор и нема што другите да го пикаат носот каде што не им е местото.
     
    На Sanjichka007 и tessie им се допаѓа ова.
  6. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Во право си дека никој не гарантира албанецот можеби почовек ќе излезе, но додека тоа да се случи ќе има премногу проблеми низ кои лично јас не би поминала, едноставно не би издржала. Ретко кое семејство ќе стои гордо до својата ќерка омажена за албанец,после неколку години и да се разведат прашањето дали ќе ја примат дома ке бидне отворено, и дали мажот ќе дозволи дали да си ги земе децата( ако ги има) дали ќе дозволи да ги гледа. Таа девојка ќе биде осудувана во општеството, секоја чест на исклучоци кои навистина се во среќен брак и прифатени од двете семејства и живеат во каква таква хармонија.
    Како што можеме да прочитаме во темата снаи и свекрви многу од мажите и свекрвите своето вистинско лице го покажуваат во бракот, па со какви маки се мачат, а имаат слобода и да се скараат и да си заминат плус не се по цел ден дома, но пак им е тешко. А како ли ќе и е на таа албанска снашка која можеби по бракот ќе биде принудена да не работи, да им слугува дома, да нема право на збор, за да излезе и до продавница ќе и треба дозвола, а можеби и ќе ја принудат да смени вера и да оди покриена.
    Се на се, секоја чест на исклучоци.Овде прочитав дека имало и такви среќни бракови, во мојата околина ги нема и се сомневам дека ќе ги има.
     
  7. I.love.you.D

    I.love.you.D Активен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Пред некој ден додека бев во Србија на гости запознав дечко кој инаку е ром ( ромите таму се православни) и започнав врска со него.. За нас не знае никој, но моите роднини кај кои бев, нешто разбрале и почнаа да ми зборуваат за тоа дека тие се цигани (не сакам да навредам никој, само цитирам) и пропалици и да немам никаква врска со такви луѓе, а јас секако им реков дека немам нишо со него. И на почетокот пред да се смуваме јас многу размислував за тоа, и мислев дека доколку се случи нешто меѓу нас иако го сакам, со сигурност ќе се каам заради разликите меѓу нас, но не беше така. Напротив, тој е многу добар и за прв пат во животот се чуствувам сакано.. Сепак сега се двоумам дали да му раскинам затоа што моите не знаат за нас, а колку што ги познавам сигурно доколку дознаат не би ми дозволиле да бидам во врска со него, а јас го засакав многу и тој ми кажа и докажа колку ме сака и дури уште пред да си одам извади пасош само за да доаѓа секоја недела овде во Мк за да се видиме.. Сега незнам што да правам.. На моиве се двоумам ако им кажам незнам како ќе реагираат и затоа не сакам да ризикувам, но од друга страна размислувам дека кога ќе дојде овде пак би требала да се кријам за да се видам со него и знам дека не би можела да излегувам со него во јавност дури и доколку на моите не им пречи што сум со него, бидејќи мислам дека другите би гледале поинаку бидејќи тој е ром.. Т.е да бидам појасна, се двоумам дали да ја продолжам врската бидејќи ми значи и го сакам, или пак да раскинам затоа што мислам дека не би можела во јавност да бидам со него заради што сме различна вера.
     
  8. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Ne morash lichno da poznavash vo blizina na devojka(muslimanka)da bide vo vrska/brak so hristijanin,nego otvori po nashive vesnici ke vidish za chudo kolku vakvi primeri ima po zatucanite nashi sela,koga momcive gi KUPUVAAT devojkite (od siromashni familii)od Albanija za da im stanat zeni.
     
  9. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Јас како муслиманка албанка НИКОГАШ немам ни погледнато некој што не е моја вера ниту планрам. Премногу си ја сакам и почитувам верата, а и семејството за да имам врска со некој што не е моја вера, затоа што знам дека јас никогаш не би сменила вера а и тој никогаш не би бил прифатен од моето семејство и пријателите.
     
  10. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Нашите ги купуваат како ти што велиш, но зошто? Веројатно некој ги продава, тие не доаѓаат по своја воља, туку ги приморуваат и потоа тие се навикнуваат и наоѓаат подобар живот тука. Но мене не ми интересираат тие парови, мажот времето го прегазило и за да има каков таков дом и семејство се одлучува за албанка која ја плаќа, нејзините штом на таков начин ја даваат причината веројатно е поради што никој друг не сакал да ја земе, и за да не им седи дома и да им го јаде лебот тие ја продаваат.

    Јас сакав да прашам и некоја од албанките на форумот ( или друга некоја што знае за таков пример) дали тие би се заљубиле до толку во некој од нашите, па би ризикувала се само да е со него. Би сменила и вера и се од љубов? Или пак ќе си гледа околу себе и ќе биде свесна за тоа што и е дозволено а што забрането?

    Додека се двоумиш најдобро прекини ја врската. Нема да е добра ни за тебе ни за околината. Доколку тебе не ти пречи мисли на твоите како ќе им е. Врската ви е осудена на пропаст, ем врска на далечина ( која ретко кога успева) плус тој е ром.

    Секоја девојка треба цврсто да стои на земја и да знае што смее а што не. Љубовта е битна но не е и најбитна, треба да се има почитување спрема себе. Штета што само вие муслиманките размислувате на овој начин, штета што вака не размислува секоја девојка. :)
     
  11. Lavender

    Lavender Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    Во секој случај,ова е многу сложена ситуација.Можеме да зборуваме дека не е важна религијата и други разлики,но во практика е многу поинаку.Еве кога јас би се ставила во ваква ситуација не би можела да го издржам целиот притисок.Ајде не е битно што ќе речат луѓето ама знам дека моите родители не би прифатиле ваква врска ама кај секого различно.Мајка ми и татко ми не дека се многу традиционални ама сепак оваа работа не е едноставна.Кој ми гарантира дека ќе налетам на некој исто така на кого не му се овие работи битни,некои имаат среќа-ќе најдат добар,еманципиран,културен и модерен дечко па иако муслиман можеби ќе ти биде многу подобро отколку со некој од нашиве.Сепак се е до карактерот на човекот,до неговите погледи кон светот,неговото семејство...но од друга страна за да дознаеш каков е треба со него да поминуваш повеќе време заедно,јас не верувам во љубов на прв поглед,можеби дечкото ќе биде згоден,но за да се заљубиш во некого треба малку повеќе време од еден поглед,а мене сето тоа ми е ризично,да се оди на се или ништо.Значи,се е до разумот,самоконтролата...Животот е и доволно сложен па да си го комплицирам дополнително,зошто да живееме сложено кога може поедноставно.Треба да се земе предвид и околината во која живееме,ние сакале или не живееме на Балканот,а тој иако не ни се допаѓа е таков каков што е.Ако живееме во Норвешка,Шведска,Холандија...би било нормална појава,но не и во Македонија(мала земја,премногу исполитизирана,иако законски гледано неважно,но етничкиот карактер многу изразен).Кај нас многу работи се несредени,на Балканов уште се прави муабет за територијални претензии,измешани истории-ова е наше не е ваше итн.,во вакви услови не можеме да очекуваме поинаку по ова прашање.Уште по сајтовиве може да се најде напишани статии за некој кој се фали дека на пример е од татко Албанец и мајка од Македонија или Србија па ајде насловот очи ти боде,треба да биде предмет на чудење или восхитување кај луѓето што го читаат,демек лелееееееееее еве и покрај сите препукувања на овие двајца ништо не им е битно,дека нивното дете е плод на голема љубов...па што ни е нас тоа битно па да го гледам на вести или да го читам на некој сајт покрај другите вести ако ова е сосем природна работа.Ако е природна работа не треба да биде чудна,а ние и понатаму живееме во Македонија па нашите забелешки нема да го сменат менталитетот на мнозинството,а тоа е против вакви врски.Ако не се прилагодиме на мнозинството ние сме исклучоци или чудаци,тоа е реалноста,тешко се прифаќаа разликите кои не делат.
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    ајде да речеме се ке биде ок со двете семејства и ке се прифатат некако, ама што е со децата, на која религија тие ке припаднат? ( сите знаеме дека и крштевка и сунет се прават на маи деца, а тоа и не се мали работи и како тие деца ке бидат прифатени во општеството)
    Јас сум ептен против мешани бракови
     
    На Tanjamm, natemila и SoN4oGlEtKa им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.642
    Допаѓања:
    22.107
    Пол:
    Женски
    Meне некој да ми каже „за другарка си супер, ама за жена/снаа бљак да не дае Господ пошо од друга вера си“, јас не би заклучила дека тој многу си ја сака фамилијата или верата, туку и дека и тоа негово другарство му е лицемерно. Повеќе би го почитувала отворено да си каже „презирам Христијани“ и готово.
     
    На H.VAGA, Sanjichka007 и Dgirlll им се допаѓа ова.
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    ^И јас се дружам со муслимани па никогаш не сум сакала да имам нешто повеќе со некој од нив баш поради верата, не ме прави тоа лицемерна или пак дека презирам муслимани, туку јасно ми било дека имаме ненадминливи препреки/разлики за брак бар според мене.
     
    На Hipster, ozbilnazena, Hipica и 2 други им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.642
    Допаѓања:
    22.107
    Пол:
    Женски
    Не знам битер, можеби различно ги доживуваме пријателствата (во никој случај не сакам да алудирам дека си лицемерна). Ми се допаѓа што ги истакнуваш препреките кои доаѓаат со таква врска како проблем кој доколку не е голема љубов во прашање, не е пожелно многу да се мачиме да го решиме, но ме нервираат оние кои ја истакнуваат различноста кај некого како лепра, Боже сачувај, поради различната вера му придодаваат триста карактеристики кои они немаат појма дали ги поседува, или па таква врска ја сметаат чиниш смртен грев. Или пак ги нарекуваат со погрдни имиња тие кои одат со такви личности.

    Не знам, изгледа големо влијание врз мене имаше периодот кога друштвото навистина ми беше многу мешано и имаше вакви случаи (и во двете можни комбинации). Имам пишувано, на многу добар другар му имам помогнато и го имам поддржано во неговата врска (уште одат), имаше еден друг другар Албанец кој одеше со христијанка (значи немаше лоботомии правење или фалење дека легнал христијанка, најобична нормална љубовна врска едноставно), како и во случајот со гореспоменатиот мој добар другар кој е Македонец-христијанин. Едноставно никогаш не сум гледала на таква врска како на трагедија.

    А за децата... и сунети и крштевки не ми се за таа возраст на која обично ги практикуваат, ама ич. Очигледно не ја имаат некогашната симболика кога во средно и на факс небаре беше мода да си атеист. Нека си изберат на години во кои ќе знаат што значи верата како што јас си избрав накнадно да си се крстам. Овој мој став се однесува и за децата од бракови меѓу партнери со исто религиозно убедување.
     
    На Sanjichka007, Ingvild и Dgirlll им се допаѓа ова.
  16. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    На факултет познавав еден пар: тој-Македонец, таа-Албанка, беа заедно од средно. Беа мнооогу заљубени и среќни, но ја криеа врската од двете фамилии цело време. Но,родителите им дознаа, и двете страни не сакаа да ја прифатат врската и ги натераа да раскинат. Ако продожеа, двете фамилии ќе се откажеа од нив, па ние им викавме да избегаат некаде во странство. Она викаше дека каде и да избегаат татко и ќе ги испрати нејзините браќа и....неа со сила ќе ја вратеа, а него....кој знае него што ќе му направеа. И сепак одлучија да раскинат!
    Потоа она со омажи за албанец, он се ожени за македонка. Во браковите и двајцата беа несреќни и се разведоа.
    Којзнае што ќе се случеше доколку останеа заедно... :?:
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.642
    Допаѓања:
    22.107
    Пол:
    Женски
    Ме расплака. ;(

    Не ретко како што родителот може да му пресуди на сопственото дете, никој не може.
    Толку малку ако им требало да се откажуваат од децата, ич нека немале. Или и тоа како и секој друг нивен потег во животот бил за да се удоволи на комшиите и што тие мислат. :puke:

    Најлошо е што младите патат без никаква вина. А тие браќа, нити сестрата насила ќе ја врателе нити зетот ќе го убиеле оти се муслимани, туку оти биле со таков памет. Па не мора они, јас од таквите браќа самата би се откажала и би ги пријавила дека ми се закануваат. На пример колку пати на вести имало за луѓе што си ја убиле девојката и потоа се самоубиле пошо им раскинала? Ги имало од сите етникуми и религии таквите примери.

    Едни пријатели така ги разделиле, се мажеле/женеле, се развеле и повторно им се споиле патиштата (освен ако не ме лажат што мислам дека нема резон). Од блискиов регион се но не се Македонци, туку тука живеат на неутрален терен и баш им е убаво. Религијата, нејзина или негова не се тема на муабет, а детето се`уште не е определено. Доволно е да седнеш на кафе со нив. Не мора ни збор да речат, самата енергија, погледи, гестови укажува на љубов која ништо не можело да ја убие.

    Taка што, кога само јас познавам толку многу такви примери, луѓето полека но сигурно почнаа да не се замараат со тоа што ќе речат комшиите, а и тук там и некои од нивните родители. Или пак намерно мене ме одбираат за другачка бидејќи не ги осудувам. :lol: :D
     
    На Dgirlll, H.VAGA, Ingvild и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. slash00

    slash00 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    За таквите како вас треба само најлошо.. Имате ли воопшто памет ?! Тој ви значи повеќе од смејството па да избегаш заедо со него и повеќе никогаш да не го видиш ,и пази добро заради муслиман ! Па и христијанин да беше не вреди заради него да го напуштам семејството. Не филозофирам премногу само ќе кажам не дај боже да имам дете кое ќе има врска со чове од друга вера или уште полошо ист пол ќе го убијам со своите раце..
    Исусе Христе што не ќе видам на овој свет повеќе... |(
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.642
    Допаѓања:
    22.107
    Пол:
    Женски
    И ќе се покажеш како права Христијанка пошо чедоморството ти е тикет за у рајот според Христијанството. |( И така ќе ја одбраниш честа на верата и фамилијата... no comment. Попрво би му дозволила таква врска на мое дете отколку ли да се меша во туѓи фамилии и да оди со дечковци за пари. А ги има многу такви. :puke:

    И луѓе со вакви сфаќања не би требало да имаат деца. Ќе го убиела ако оди со некој од друга вера ... Па раѓаш човек со слободна воља а не твој роб, сопственост и марионета која на конче ќе ја шеташ низ животот. Немајте деца, штом имате вакви сфаќања, не уништувајте невини животи.

    Aко не сакате такви врски, не влегувајте во нив (право на избор, на сопствен став, сосема океј), но оставете и другите да имаат избор како што имате вие.

    Пак ќе речам, фала му на Бога што не сум се нашла во ваква ситуација. Кај нас поарно ко проститутка да се декларираш, полесно ќе те прифатат стопати.
     
    На glosipgirl, Emotional123, MaggieTatum и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Средината,опкужувањето ни наметнало многу сфаќања.
    Секој според своите принципи,јас не би направила вакво нешто.
    Не би можела.
    Но,љубов се раѓа..како таа љубов да се потисне како да се надмине се ,сите тешкотии што доаѓаат ако се одлучиш да се бориш и ако се одлучиш да се откажеш.! :|
    Страшно.
    И за дечкото и девојката.
    Во мојата фамилија имав случај,имено братичед ми кој не живее во Мк и не размислува како нас имаше девојка Египјанка со муслиманска вера,е сега одеа 4 години скоро,татко и не го сакаше братучед ми бидејќи е христијанин,сплетки се случија но не поради верата...едноставно раскинаа.Можеби подобро можеби не. :|
    Но се сакаа.Љубов постоеше.
    Оф и да познавам и девојка која оди со муслиман оженет со две дечиња од кое едното му се роди пред неполн месец.Страшно.
    Оваа не е чиста љубов колку и да се убедува.Да растураш фамилии и да оставаш деца без татко- типот е кретен,како и да е според мене е големмм,ГРЕВ!
     
    На Westlife и tessie им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.