Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сериозна врска со муслиман

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од inlove80, 27 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.797
    Пол:
    Женски
    Tessie јас сум растена со муслимани-Албанци, во еден кревет сме спиеле што се вика ние децата, од еден тањир сме јаделе, со нив и ден денешен сме блиски вака семејно, сите сме тука во околинава на куп.
    Не сум растена во Мк со предрасуди или такво нешто меѓутоа од мала сум гледала дека има разлика помеѓу нив и нас и затоа никогаш не сум гледала на нив како материјал за врска, сум проценила сама од мала дека тоа едноставно не би успеало и не сум си дозволила да ја преминам границата на другарството. Со тие што сум растена веќе не ни можело да станува збор за љубов затоа што си ги рачунав и тогаш и сега како браќа а и тие на мене гледаат како на сестра.

    А колку сакаме можеме да го оспоруваме фактот дека верата не е препрека или не би требало да е меѓутоа е и тоа голема и да не си некој којзнае каков верник ако некој почне да ти ја негира или омаловажува верата ќе почнеш да си ја браниш и ете ти конфликт.

    Се надминуваат препреките онаму каде што или не се верници или верата е слична или си доволно созреан да направиш компромис онаму каде што е потребно.
    Јас сум мажена за католик, компромисот го направивме со тоа што иако многу сакав да се венчам во црква не сакав да му вршам притисок на мм да менува вера, затоа ќе си гориме и двајцата во пеколот не венчани :D ама децата се сложивме по моја желба да бидат крстени во православна црква.
    Тоа е договор/компромис на двајца возрасни, созреани, независни од никого личности, така може да се успеа поинаку според мене многу тешко.
     
    На Valerin, Hipster и Daydream им се допаѓа ова.
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.087
    Пол:
    Женски
    Секои двајца луѓе имаат различни па и спротивни мислења по одредени прашања во животот па ете егзистираат како заедница. Во зрела врска истите тие погледи треба да се почитуваат и туѓи да не се наметнуваат. Прво, не го сфаќам истото како суштина на религијата. Во Библијата се вели дека треба да се молиме сами во нашата соба кога сме сигурни дека никој не не` гледа/слуша.

    Затоа јас верата ја сфаќам како дел од приватниот живот на личноста кој не треба да биде маркантно и вознемирувачки нагласено присутен во нечиј живот. Дури и кога правиме добри дела, како вели „да не знае левата рака што прави десната“. Така и во ваквите спојови. Не мора да НЕ БИДАТ религиозни, туку да ја сфатат верата како дел од нивната личност, од нивната лична филозофија и приватност, а не како почитување на честа на фамилијата, комшиите и тн. Доволно е нашите дела да ги види Тој. Едноставно кога се со различни убедувања, нека не се ни убедуваат, ниту едните ниту другите, како за било што во животот. Да ја сфатат и се помират со нивната различност и да ја почитуваат истата, а да дискутираат за нешта за кои имаат сличен поглед.

    Наметнување и негирање на ставот на партнерот за било што, јас го сфаќам како не чувстувување вистинска љубов кон партнерот. А доминантни „Шо знаеш ма ти, ја сум у право“ ги има и меѓу едните и меѓу другите.

    А за католиците, баш се сетив малку е офтопик, имав еднаш една бурна дискусија со еден католик кој ме убедуваше дека Православието било секта, убедувајќи ме дека нивното било вистинско Христијанство. Па ете, тој примерок не може да влијае на мојот впечаток како би било во врска со Католик или пак да влијае на моето мислење за католиците. Јас за него заклучив дека не гледа подалеку од носот и дека не ги почитува луѓето и нивните избори и си реков „тешко си на жена му, дури и да е католикиња“.

    Имав и другар атеист. Буквално се служеше со лични навреди заради туѓиот избор. Мене ми оддаде впечаток на прост и ограничен човек. Знам атеисти кои не се замараат или ко шо вика другарка една „Кога не верувам во нешто, која е поентата да дискутирам за истото? Моја работа. “

    Сепак, ова е мое мислење, не сакам да го наметнам како вистинско/погрешно.
     
  3. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    6.519
    според се што прочитав на оваа тема можат да се јават неколку проблеми.
    1.како ќе прифатат родителите
    2.што ќе кажат комшиите
    3.дали ќе се вклопиш во неговата средина

    епа вака,родителите кога ќе видат дека си среќна ќе прифатат и тие бидејќи на секој родител најважна е среќата на своето дете.
    што се однесува на комшиите нека зборуваат што сакаат.секако тоа е нивна работа да го стават носот таму каде што не им е местото.
    а ако навистина има љубов и се сакате не гледам причина да нема компромис.на многу места прочитав дека девојката морала да ја менува верата.а зошто да ја менува ако тој навистина ја сака и ја прифаќа таква кава што е.децата можат да имаат интернационални имиња а кога ќе пораснат сами ќе одлучат на која вера сакаат да припаѓаат.што се однесува на празниците ќе ви се изедат рацете ако за Бајрам направете баклава?
    само нашиот пуст балкански менталитет е таков.ако не се мешаме во друг живот и ако таму не направиме проблеми тогаш не сме балканци.дај бре луѓе еднаш веке почнете да живеете за себе и оставете ги другите што сакаат да прават секако ако тоа ги прави среќни.
     
    На Angelllla, glosipgirl, LilMissBossy и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    E dobro de :D ,mislam deka jasno napishav,deka devojkite gi kupuvaat(logichno e nekoj da gi prodava ,taka ;) ,se podrazbira deka doagaat od familii kade nemaat uslovi na nedovolna egzistencija ;)
     
  5. cokolatcee

    cokolatcee Нов член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    јас имав врска со муслиманин и супер е
     
    На Angelllla му/ѝ се допаѓа ова.
  6. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Ако е било супер зошто велиш дека си имала?? Врската не продолжи ??
     
  7. dojcfrau

    dojcfrau Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Не е лесно да се сменат мислењата на луѓето во Македонија што и да се по вера или националност. Толку далеку имаме стигнато што родителите треба да знаат што превиме со дечкото/девојката, што има имот, каква е мајката и каков е таткото на дечкото/девојката, колку плата земат, се за братот или сестрата на дечкото/девојката, што прават дома, пак кој биле преткодни девојки/дечковци тоа мајките сакаат да го знаат и што уште што треба и не треба. Нели е ова апсурдно, не мислите дека ова е голем притисок, дали сите ние сме совршени ако ја ставиме настрана религијата и националноста, дали една личност има потреба само од партнер или пак само смејството на сите овие прашања и други воопшто не помислува семејството и општеството, туку само себичноста и личниот интерес, кој што ке каже и дали тоа ќе им се допадне на опкружувањето. Како пример Германија што е разликата меѓу нив и нас што не им смета да имаат дечко/девојка Јапонец, Кинез,Индиец со црнец/ка, а тоа значи со различна боја на кожа, различна религија, различна националност.
    Сите овие проблеми што би можеле да произлезат преходно сте ги спомнале повеќето од вас, сепак моето мислење е друго. Јас мислам дека условите во Македонија не ни дозволуваат кога ќе завршиме факултет или средно да се осамостоиме, да живееме на друго место од родителите на водиме нормален живот е само тоа што не многу лесно може да најдеме работа, трошоците и платата се скоро еднакви па дури и повеќе трошоци отколку плата кога би живееле одделено. Кратко парите не ни дзволуваат да живееме како цел нормален свет.
    Ако семејството е важно за нас и дечкото/девојката е од голема важност со него/неа треба да минеме многу поголем дел од животот. Ако родителот не натера да се откажеме од дечкото/девојката заради различноста со закана дека нема да постоиме за семејството повеќе тогаш за што не направиле нели штркот не носи деца па да се откажат лесно од своето дете заради изборот на партнер.
    Ова е Македонија па кој колку е храбар да се бори за себе и заедно со својот партнер/ка да се заедно ако навистина се сакаат е прашање на карактер на личен став. Размислете нели не е фер да им пречиме на тие парови заради нашиот избор да имаме партнер од иста вера и националност или најмалку иста вера.
     
  8. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Сериозна врска со муслиман? Некој можеби ќе рече еј од толку машки зарем до муслиман ли ти дојде?! Ако е вреската ,,сериозна,, со христијанин има повеќе можности да биде успешна или да функционира подоцна бракот? - Не. Но сепак ние сме балканци и нештата поинаку функционираат кај нас. Најпрво семејството, потоа следат роднините што најмногу ни го копаат гробот, потоа комшиите и се со ред. Според мене сепак нема да функционира. Посебно кај муслиманите сметам дека тие сакаат да земат муслиманка. Снаата нема да биде од нивните. Зарем не гледате дека кај нив сеуште се прави проблем ако е нивна па зошто не сакала да се забули а не да се дозволи брак. и сметам дека муслиманите нема да си дозволат колку и да е таа врска ,,сериозна,, да се одлучат за брак. Почитувањето кон своите родители, семејството и потесната фамилија нема да го погазат. Тука не го мешам моментот со љубовта. Девојката ќе биде сакана можеби цел живот но не и нивна сопруга. По однос на прифаќање на празниците не гледам проблем зашто сите празници носат радост, љубов и секако се споделуваат емоции на среќа.
    По однос на верата секако и јас како христијанка ја сакам мојата вера но одам на празници кај муслимани, читам за муслиманскиот свет - секако дека ако не ја почитуваш туѓата вера како можеш да очекуваш некој да ја почитува твојата? _ Но проблемот е друго? Дали таа врска ,,сериозна,, ќе биде толку сериозна или ќе биде една илузија на времето секако изгубено и еден до крај не завршен сон? Секој нека размислува во овој контекст. Ако смета некој дека грешам нека ме поправи.
     
    На Bojana.20 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Мое мислење е дека не грешиш, во право си со тоа што велиш дека се почитуваш со муслиманите, и нивните обичаи. Во ред е да сме во пријателски односи со некого. Сепак сите се луѓе, но за да оствариш семејство со некого од друга вера треба и двете семејства да се премногу либерални по тоа прашање, треба да има преголема љубов и доколку семејствата се против младите и сами да се доволно добри парично за да се осамостојат и да не зависат од никого. Денеска во христијанските семејства снаа со свекрва не се трпи, и доаѓа до разор меѓу партнерите, излегуваат 300 проблеми и едвај се спасува бракот а камоли некој да може да се избори за љубов меѓу различни вери.
    Најдобро е секој со секого да се почитува ама љубовта да ја бира, не е таа толко мноогу слепа, иако на тоа се вадат и оние во врска со оженети и зафатени.
     
    На Tanjamm, vatrenas и Daydream им се допаѓа ова.
  10. slash00

    slash00 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Епа штом мислите дека е во ред да се биде во врска со муслиман тогаш слободно идете со нив ... Ама утре тоа ќе биде ваш проблем дали нема да бидете прифатени во дружтвото,дали во семејството вие ќе бидете како етикетирани. И ќе ве избегнуваат! Ама слободно додека не увидите какви се навистина тогаш слободно одете. Они се добри се додека не ве усвојат не ве земат во куќа после ќе ве забрадат,и такви работи. Абре нема да видите сончева светлина а не па во кафич да седите .. Бог да чува нема што да кажам ! А тоа секој има свој избор и менувањето на менталитетот на нашиов народ попусто не се трудете. Знаете што рекол иго ? -кога едно дете ќе се роди... или прифатетего такво какво што е или препуштетего на судбината. Така да сите ќе видите еден ден коага ќе ни ја земат државата истите што ги браните ! Нема што разочарана сум од денешниов народ ...
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    На луѓе како тебе очигледно треба да им се забрани да имаат деца! И малце смири страсти, ти си спремна чедоморство а демек си подобра од муслимани,демек они под тебе се а, ти јаката ми христијанка. Ова е форум и да секој има слобода да искаже свое мислење, ама ти очигледно си националист. И да, nе се само албанците муслимани, тука спаѓаат и бошњаци и турци и горанци и тн. Не во секоја националност бара да се полрие жената...информирај се!!!
     
    На glosipgirl, tessie и Dinsyyy им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.087
    Пол:
    Женски
    Супер статија, поврзана со оваа проблематика. Ми делува убаво разработена и непристрасна... и укажува на тоа што е и мое мислење... самата РЕЛИГИЈА како таква (без домашно воспитување, закоравени сфаќања и други фактори) нема голем удел во предрасудите на луѓето. Со што и се согласувам. Живееме во секуларно општество, а во такво општество, за сопствената религија треба да учиш цел живот, не пак за туѓата. А да судиш за нешто што не го ни познаваш е неосновано.

    Мешовити бракови: Грк да, Албанец не
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.486
    Допаѓања:
    55.059
    Пол:
    Женски
    Како да се многу сјајни Грците :D сто пати имам кажано до човекот е не е до вера, нација или култура. Како малку да има Македонци бетер од Албанци . Ама битното е што ќе си од иста вера и нација, а што ќе ти врши тортури не е важно ќе трпиш од него Македонец е :tmi: не знам што да кажам, кај нас секогаш ќе биде вака, секогаш ке те осудуваат и нема да го прифакаат тој факт за мешан брак или врска.
     
    На tessie, nena2010 и Filiposka им се допаѓа ова.
  14. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    Дајте бе луѓе 21 век сме. Умот е далеку поразвиен од времето на баба ми. Но буквално се е до човекот со кој си фаќате работа.
     
    На nena2010, Rama, H.VAGA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.087
    Пол:
    Женски
    Вчера ми текна ова побудена од една ситуација па сакав да споделам.

    За главниот момент на сродниве теми тука: дали детето ќе се вика Александар или Искендер, Марија или Мерјем...

    Е вака. Колку пати, во религиозно хомогени семејства, мажот вршел притисок детето да го добие името на еден од неговите родители додека пак мајката сметала дека треба да се даде модерно име? Во колкав дел од случаите (на наше поднебје) последниот збор го имала мајката? Ретко нели?

    Е сега за мајките кои дозволиле децата да го земат името на нивниот свекор или свекрва, се вели дека се домаќинки, брее колкава почит си има за својата фамилија, алал да и` е.

    Еее, ама мислењето е различно ако едната се вика Лејла а другата Лелица, нормално. Тогаш снаата е предавник.

    Значи, само некој со ограничени сфаќања, може да те притисне и наметне нешто. Неговата вера нема никаква врска со тоа. Отворете која било од светите книги, ќе видите дека не е способен да ги чита и разбере оној кој има ограничен и затворен ум. Испраќаат многу пораки кои на прв поглед не се гледаат, за кои треба визуелизација, размислување, наоѓање симболика, поистоветување со денешново време во кое се живее, дочитување што е многу битно, затоа што во спротивно ќе мислиш дека книгата порачува дека има само црно и бело. Тоа не може да го постигне еден насилник и тиранин, затоа не ни може да биде верник. Затоа се викаат СВЕТИ книги, учат на една крајно позитивна, возвишена, а сепак скромна култура на живеење.
     
    На glosipgirl, Cleonika, Hipica и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    465
    Пошто долго пишував по форумов за ваквите врски, и проблеми поврзани со ова, што самата ги искусив, (благодарение на тоа што многумина во минатото, па и сега сеуште не се научиле што е човечно и природно), а веќе долго време помина од завршувањето на мојата љубовна приказна од ваков вид, сега се навратив и исчитав некои од мислењата... решив да пишам мое мислење и одговор на многу други мислења што ги сретнав, и не инспирирана од тоа што јас самата сум се нашла во таа ситуација, туку и фактот што тие мислења многу кажуваат за нас како општество и народ, а јас едноставно не можев да најдам оправдување, и да се согласам со многу од коментарите.
    Ете јас лично сум против, секој вид на ограничување, дискриминација по било која основа, општествено наметнати непотребни норми и пранги што се главните причини за формирање на т.н огради околу нашите умови. Мене едноставно, самиот код во мојата ДНК, и развитокот до кој што веќе дошол овој човечки вид на оваа планета, не ми дозволува да сочувствувам и да го разберам и прифатам како нешто што е логично и сфатливо и вистинито и како единствен факт што постои, тоа дека не е можно да функционираме на пр. во врска и однос со различна вера, националност, боја, религија, пол, раса, и тн и тн и тн.
    Би сакала сите да го имаат ова чувство што го имам ја во однос на овие работи, и најверојатно светот би бил многу поинакво место во тој случај, ( да наведам, не осудувам никого што има поразлично мислење или став, нити не навредувам нити па мразам, само искажувам свој став, и кажувам дека не се согласувам) .
    Според мене, по сите можни логики на нештата, не постои начин, да сфатам како може било која од овие разлики горенаведени, да е пречка за тоа да некој се приврзе кон некого, го чувствува, се заљуби, почитува, сака, цени, посакува...
    Љубовта едноставно се случува. И не не прашува всушност никогаш. Нели? Тоа е вкрстување на меѓусебни аури на две личности....некоја хемија....некој начин (што луѓето сеуште,( но не значи дека и никогаш ) не можат да го објаснат), на поврзување помеѓу нас луѓето.
    Мене ми е несфатливо, зарем може интелектуално развиен човек, во денешно општество, да не е свесен дека не постои ни една единствена разлика во однос на тоа како ние функционираме, какви коски и органи мозок срце имаме, и дека едноставно и просто, има само еден одговор на тоа, СИТЕ СМЕ ИСТИ, Човечка раса, и тоа е тоа. Со кој дел од ова многу од нас не се запознаени, или не го сфаќаат?
    Не можам сеуште да зборувам , и не сум запознаена како тоа би се одвивало со некоја друга раса на битија, од друга планета или слично, бидејки никој не знае, но за луѓето секогаш имало и ќе има само еден одговор.
    Се она што сме научени да го гледаме околу нас, начините на кои ги перцепираме нештата, и тн, во голема мера зависат од општеството, начинот на кој функционира и се развивало човештвото, и машинеријата што нас од мали не учи дека женско си игра само со кукли, а машко само со количиња на пр.
    Според многу спроведени истражувања, анализи и аналитичари, дојдено е до заклучок дека насоката во која се движи човештвото во однос на ниво на развиток на интелектот, и однесување и функционирање, води кон глобализација, и т.н соединување, сплотување и претопување, а не кон поделби, племенски, национални, или не знам какви. Тој степен веќе оддамна сме го надминале!
    Јас потполно ги разбирам оние, кои што наведоа дека тоа со таканаречените мешани врски од било кој вид, ќе е тешко за прилагодување, кон околината, местово на живеење, особено нашево тука,прифаќање од околина семејство пријатели,па осуди, па судири со самите себеси во подоцнежни години од заеднички живот на една таква (несфатена) заедница...двоумења, препирања...и тн. Се согласувам. Нашево конкретно општество, сеуште не е доволно зрело и дораснато за прифаќање и прилагодување кон такви несекојдневни нешта... за прилагодување кон новиот кревет дома ви треба време, а не па на цело општество,кон нешто ново.
    но дали тоа значи, дека поединците, ние, треба едноставно да се предаваме кон незрелоста на општеството, без да се обидеме да научиме повеќе од недозреаново општество, и да му помогнеме побрзо да се придвижи на напред, огледувајки се на позрелите од нас, и како тие тоа го прифатиле, и живеат со тоа, да научиме да сфатиме , разбереме, логично размислиме, и со тоа побрзо и прифатиме, дека тоа едноставно се случувало, се случува, и ќе се случува и во иднина, и можно е, и по никои основи не е болно или па нечовечно? .... од нас нели зависи тоа колку ке созрее и ке се унапреди едно општество, така што, всушност, и немаме друг избор! временската стрела се движи во една насока колку што на човекот му е познато, а конкретно за темава, таа насока, како што горе наведов, значи се поголемо прифаќање, соединување, и прилагодување кон се тоа. Нема да се случи да се вратиме во почесто стеснување во затворени заедници, ограничување, несплотување со другите, тоа едноставно поминало, нема да биде!
    Па затоа, зошто, зошто едноставно не се обидеме да сфатиме и прифатиме полека? ...... братучетка ми има фобија од пајаци, но едноставно, нема сите пајаци да можат да бидат истребени од земјава,..па преостанува само да научи да ги прифати и да се прилагоди и живее покрај нив, да го прифати фактот дека постојат, и ќе постојат секад,природата го сакала тоа, или пак да ја снема неа. нели?
    Разбирам дека можеби моментално не се може, дека можеби од оваа comfort zone, во која што сме во моментов, не би посакале никакви перипетии и заплети во нашата животна приказна, и се тоа ни изгледа можеби и просто несфатливо и невозможно,... го разбирам се тоа. Па и јас некогаш сум се соочувала со се тоа, додека не сум научила.
    Но нештата , според сите параметри, секако ќе се менуваат,.... и без наше сегашно сфаќање и одобрување. Порано или подоцна, човековата природа ќе си го направи своето. Но ако ние помогнеме, и поскоро разбереме, и прифатиме, ќе спасиме многу души од патење, ќе отвориме нови врати, ќе прошириме видици и нема да станеме ништо помалку од она што сме, туку повеќе луѓе. Зарем има нешто поприродно, од тоа човек да се роди, и да сака да најде сродна душа? Тогаш зошто да му ги ограничиме местата на кои што може да си ја бара? И онака ограниченоста што постоиме во познат број, и само на оваа земја, е доволна. :) Имајте убава вечер. И размислете за ова!
     
    На Angelllla и glosipgirl им се допаѓа ова.
  17. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.442
    Искрено... за другите луѓе не ме интересира, што сакаат нека прават, но јас лично не би си дозволила такво нешто. Како прво и основно знаеме каде живееме и какви се размислувањата и дека сите луѓе ќе озборуваат. Ај да го тргниме тоа на страна, сериозна врска значи дека од таа врска понатака нешто поголемо ќе произлезе, а со самото венчавање девојката ќе е таа што ќе треба да си ја смени верата и од тој ден па натака да почитува други обичаи... Ама кому како му одговара нека си прави.
     
    На Tanjamm и Pelikan им се допаѓа ова.
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.376
    Пол:
    Женски
    Темава е многу тешка.И зависи од кој агол на Земјинава топка ја читате.За некого разликата во верата не значи ништо,за некого значи се.Некој може само да одмавне со раката ,некој да спреми еден тон објаснувања.За и против.Мене не би ми пречело некој друг да створи семејство од друга вера,навистина ,им ја посакувам цела среќа на овој свет.Имам познаничка Македонка мажена за Албанец.Човекот гледано од страна е на место.Но...имаат 3 деца ,две машки и девојче.Сите три деца имаат муслимански имиња.Машките се обрежани.И во нивната куќа некако многу повеќе внимание се обрнува на муслиманските обичаи...Тоа е само еден пример и верувам дека во повеќето случаи е така.И пак ќе кажам,бидејки живеам на Балканов така размислувам.Да живеам на пример во Бразил или Холандија можеби не би ми било гајле дали посетува црква или џамија.А вака ,сега и во овој момент...не...премногу си ја сакам верата,црквата како објект не како институција,нашите преубави цркви и манастири,па нека се и од камен направени.На мојата душа повеќе и годи нивната скромност отколку богатството на џамијата.
    Имам две деца што не значи дека еден ден можеби нема да се судрам со ваков проблем. :sweat:
    И длабоко сум уверена дека таков брак може да успее само надвор од Балканов,и за тие кои длабоко ги исекле корените на своето постоење.
     
    На okcenzi, Dvolicen и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  19. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    6.519
    оваа е болна тема.и само ке кажам дека секој си има право на свој живот.дали ке биде тоа со човек од друга вера тоа е негов избор и никој нема право да му се меша ниту да го осудува.

    толку од мене на оваа тема.
     
    На fighter му/ѝ се допаѓа ова.
  20. miss.bitch

    miss.bitch Активен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2013
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    18
    Какви проблеми,какви дрангулии ... Демек ако бидеш со христијанин проблемите ќе бидат непознат поим кога ќе се земете? Се е до личноста !!!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.