Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сериозна врска со муслиман

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од inlove80, 27 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. shining_star

    shining_star Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2015
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.258
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со @x.Daisy.x.

    @Sanjichka007, како што кај нас има нецивилизиран и прост народ, така и кај нив има, никој не спомна дека сме или се некое племе. Според твоите постови мислам дека си имала или имаш врска со некој од муслиманска вера, но не сум јас никоја и ништо да ти судам, кажав и претходно дека немам ништо против ваквите врски, се додека истите се од љубов, но и ние имаме право да го искажеме своето мислење и расудување.

    @s1a1n1d1r1a1 е за ова зборувам. :)
     
    На tessie и s1a1n1d1r1a1 им се допаѓа ова.
  2. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Еве ја како неписмена и нецивилизирана шиптарка може да те замолам да ми објасниш што е тоа христијан? Мене ми пречат луѓе коишто не си го владеат убаво мајчиниот јазик, а фрлаат вредносни судови наоколу чиниш интелигенцијата од националноста и верата произлегува.
     
    На CameliaMiller, Kukla994, Sanjichka007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. shining_star

    shining_star Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2015
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.258
    Пол:
    Женски
    А ти од една правописна грешка запримети дека не си го владеам убаво мајчиниот јазик?
    Христијанин* - припадник на христијанска религија. Сакаш и поопширно да ти објаснам?
    И размозгај го убаво мојот одговор пред да ме цитираш. Никаде не пишав дека ти, баш ти си нецивилизирана и неписмена, туку дека тие што ги знам, односно што учеле со мене или ми се колеги немаат однесување какво што преферирам како критериум што ми е предуслов за една добра и успешна врска.
     
  4. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Многу убаво ти го сфатив одговорот, само ти не си свесна колку е навредлив иако сакаш да го претставиш дека не е. Разликата помеѓу мене и тебе е што јас можам да зборувам албански, турски, македонски (итн), да комуницирам со секоја нација што живее тука и доколку јас не ти кажам, ти никогаш не би приметила дека јас не сум Македонка. Затоа што го имаш стереотипот дека муслиманите тука се грди, полуписмени, затуцани.
    Се кладам дека не си прошетала во Приштина, еве татко ми е по потекло од таму и често одам (не ти споредувам со Албанија пошто некои аналфабети од тука често знаат да истресат дека Албанците од таму се католици, немајќи појма од процентуалната верска поделеност, што пак е ирелевантно кога праиме муабет за национални карактеристики, ама ај). Дека не си видела какви дечки и девојки има во Приштина. Дека за тебе е незамисливо некогаш да почнеш да учиш албански. Јас напротив, сакав да се образовам на македонски затоа што сум со мислење дека секој јазик, секоја дружба со луѓе од различни националности ме прави побогата.
    И не, ти никогаш нема да помислиш да бидеш со Албанец, пошто си имаш психичка бариера и некоја замислена супериорност над секој еден Албанец во земјава.
    Никогаш нема да ги сфатам овие "љубовни калкулации". Онака, сретнувате човек, сфаќате дека е прекрасен, ваша сродна душа, љубовта на вашиот живот. Одеднаш дознавате која е неговата националност и магично престанувате да го сакате? Ако љубовта така лесно се калкулира, тогаш зошто толку ја спомнувате и воздигнувате. За мене тоа не е љубов.
     
    На eloves, CameliaMiller, Dushica-sk и 10 други им се допаѓа ова.
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Познавам многу луѓе Муслиман со Христијанка во брак и Христијан со Муслиманка во брак.
    Функционираат нормално со едно големо оптеретување односно некои негодувања од средината која ги опкружува.
    Сепак ако некој се одлучил да го одбере партнерот од друга религија,боја или националност,тоа е негов живот и негово правило.
    А среќни бракови никаде нема...така да секој си ја гради својата среќа.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Реално гледано, и од она јас што сум го видела,овие врски се осудени на пропаст.

    Познавав две девојки кои поминаа многу лошо ( ова „лошо'' е благ израз ) поради тоа што имаа врска со муслиман. Едната беше од многу патријархално семејство, а другата од семејство без верски предрасуди.
    Првата беше осудена од семејството и свирепо казнета, а вторава осудена и притисната од средината.
    А и двете беа буквално распнати од злобните и непријатни коментари, соочени со куп препреки секаде. така да освен тоа да се разделат со партнерот, друга опција и немаа.

    Според мене, за да успее една ваква врска, доколку е голема љубов во прашање, најбезболно решение е да си ја бараат иднината некаде надвор од оваа закоравена средина наречена Македонија. Нема друго !
    А кога велам закоравена средина, мислам и на верските предрасуди и кај едните и кај другите, зошто колку што има забрани и ограничувања и кај христијаните, толку има и кај муслиманите во поглед на прифаќањето на ваквите врски.

    П.С. Многу сум разочарана од напливот на исламофобијата во земјава. Се додека се гледаме со омраза, недоверба и непочитување, а мораме да живее заедно во оваа мултиетничка средина, нема да имаме никаква иднина.
     
  7. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Не мислам дека недоличното однесување на дел од албанската младина за кое се зборуваше овде е резултат на нивната вера, туку одраз на нивното домашно воспитување или култура, односно недостатокот од истите. Смешно е да се каже дека некој манијачи девојки или галами у автобус и прави неред е затоа што е муслиман.

    Муслимани на овие простори имало отсекогаш - да земам пример - за времето на Југославија, кога воопшто не беше битно кој припаѓа на која вера и кога муслиманите, христијаните и католиците можеше да се разликуваат, евентуално, само по името и презимето. Па, зборот ми беше, карактерот, културата и воспитувањето не прават да бидеме „добри“ и „цивилизирани“ или „лоши“ и „нецивилизирани“, а не религијата или вероисповеста.

    На темава, лично мислам дека не би можел да бидам во сериозна врска со било која девојка во чиј живот религијата има голема улога - не затоа што имам нешто против муслиманките (или припадничките на било која друга религија), туку затоа што самиот не сум религиозен, па мислам дека, пред се, тоа нејзе би и било непремостлива пречка.

    Од друга страна, не би имал проблем да бидам со девојка која потекнува од муслиманско семејство. Ако во другите работи се сложуваме, имаме слични сфаќања и погледи на светот и постои привлечност или љубов меѓу нас, искрено - баш би ми било гајле за тоа од која вероисповест се нејзините.

    Ваквите врски тешко успеваат кај нас не поради разликите во религиите, туку поради предрасудите кои луѓето ги имаат и малограѓанската средина во која, за жал, живееме. Се додека ова не се смени, ќе постојат (за мене, смешни) прашања од типот „Ми се допаѓа момче/девојка од друга религија, што да правам?“ и ќе има растурени врски и несреќни љубови меѓу млади од различна вероисповест - а ние и понатака ќе си живееме во затворот од ксенофобија, омраза и предрасуди што самите сме си го изградиле.
     
    На gothchick, Umbrella22, kjukli и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Јас не поднесувам врска помеѓу различни вери. Таков е мојот став. Јас сум верник и си ја сакам верата и не сакам спојување со исламот.
     
    На fighter, okcenzi, t-sweet и 2 други им се допаѓа ова.
  9. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    @Bender Rodriguez Баш истово сакав да го напишам. Јас со дечко ми кој бил христијанин, сме имале пожестоки дебати затоа што ми пречело што е верник (а не христијанин). Него му пречело што не верувам во Бог (а не тоа што моите се муслимани). Има голема дистинкција, едноставно ме иритирал моментот што голем број човечки неправди и катастрофи ги препишувал на "волјата божја". :x
     
    На CameliaMiller, eloves, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.034
    Пол:
    Машки
    Интересни сте со темава :D хаха
    Видете, факт е дека секој без разлика дали помалце или повеќе, зборам од родителите, си сака своите деца да "завршат" со личност од својата религија.
    Само незнам кој ви е тој рефлекс што секоја тема која има дискусија во која се спомнува религија мора толку да се сфаќа лично, било од едните или другите, почнувате да браните личности што не ги знаете т.е многу други од вашата религија или да напаѓате туѓа религија што опфаќа илјадници ако се задржиме само на оние што нас не опкружуваат.
    И коа сме кај темава, никогаш сум немал такво искуство, меѓутоа од секогаш сум сакал да пробам таков тип на врска, дали дека е невообичаен или дека забранетото е секогаш послатко, али сум сакал и тоа не зборам од типот само да пробам, туку и би бил спремен тоа и да оди до крај. Еднаш во разговор со мајка ми на оваа тема во врска со девојка од друга религија и реков , "другарка ми е, но утре може и да ми биде нешто друго", секако дека не и се допадна тоа што и го реков, но и реков, "мамо не ми врши притисок, знаеш добро дека нема да те послушам за тоа, како што и до сеа не сум те слушал".
    Значи направете си сами математика, дали можете да го направите тоа или не пред да се впуштите во било какви авантури, бидете решителни или воопшто не тргнувајте по патот :)
     
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Се слагам, ова може да е уште поголема пречка од тоа да си со некој од различна религија - верниците (на пример, муслиман и христијанин) барем се слагаат за тоа дека (некаков) Бог постои. Ама ова е више муабет за друга тема - „Сериозна врска со атеист“. :)
     
    На CameliaMiller, Umbrella22, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Јој брее, човек од форум да не се исклучи, одма интересни дешавки има. :D

    На темава, @shining_star, не само што сум имала врска со Муслиман, туку и самата сум Муслиманка.
    Од друга страна, и со Христијани сум била, па разлика скоро никаква и не сум видела. Се било индивидуално и во зависност од тоа каква била личноста.
    Како што рече @crimson, цивилизирана Турчинка меѓу вас на форумов има.
    Замисли.
    Мада океј, пола Албанка, ама еве не се заканувам со „што си ми го чепкал брат ми Африм“ :D

    Интересното е што на овие теми, најчесто вриштат навреди кон муслиманите, потоа со објаснување ама Албанциве вака, Албанците така.
    Да беше темава сериозна врска со Албанец/ка ајде ајде, да разберев вакви муабети.
    Муслимани не се само Албанците, муслимани не сме само Турците, Босанците итн.
    Националност и вера не е исто, притоа има разлика од човек до човек без разлика на националноста.

    Пред се да е човек бе луѓе, во права смисла на зборот.
    Да ве почитува, да ве сака, да ве чува како капка вода на дланка.
    Или поарно нека ве млати, нека ве изневерува, ама океј, иста вера сте си.

    Ево вала, не знам. :D
     
    На ANGIE1, CameliaMiller, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 12 други им се допаѓа ова.
  13. dottie

    dottie Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2015
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Реченица во која се` е кажано. Јас сум искусила нешто на своја кожа. Се гледав одреден период со некој кој што не беше од мојата вера и ни одеше супер. Никогаш не беше ништо тајно, па тоа уште повеќе ги натера другите да зборуваат. И на почеток ме иритираа коментарите од типот, "Знајш со кој се гледа?", "На толку машки него го најде?", "Кај му се очите?", "Шо си мисли, до кај ќе тера се ова?". Тогаш бев средно, па тоа дополнително додаваше жарчиња во оганот (деца како деца изгорени за да коментираат и трачарат). Како и да е, прекинав само заради тоа што тој се повлече и ми кажа дека ова е за мое добро, бидејќи знам како и до каде одат овие работи кај нас. По некој месец си бегав заедно со едно дете, со кој се знам од порано, ама секогаш имаше некои симпатии меѓу нас. И така бегајќи накај дома се осмели да ми искоментира, да испадни дека тој се секира за мене и ми рече, "Стварно се гледаше со него? Не се мешај во такви шиптарски работи" - и да, тоа ме извади од такт. Па еве ден денес немам баш добар контакт со него...
     
  14. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Далеку од тоа дека го кажав барем јас во тој аспект,јас си ги почитувам муслиманите,имам доста другари/ки муслимани.Сакав да кажам дека и од таа вера има супер и добри луѓе.
     
    На shining_star му/ѝ се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.727
    Допаѓања:
    322.841
    Јас имам пишувано на оваа тема и нема да се повторувам

    Само еве ќе замолам некого да напише за врска (за која тие знаат, значи од нивната блиска околина) која завршила со брак и бракот трае и се е ОК.

    И муслиманите не одобруваат мешани бракови, бај д веј
     
    На okcenzi, shining_star и Скопјетесакам им се допаѓа ова.
  16. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    За последново потполно се согласувам,ако кај муслиманите влезе христијанство тој човек повеќе не е дел од таа фамилија и едноставно го бришат од живите(сведок сум на вакви 2 случаеви).
     
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.727
    Допаѓања:
    322.841
    Не сум јас ,,фри мајнд,, за да одобрувам такви работи.
    Додуши и не судам никому, ама во своја фамилија т.е. за свои деца не го одобрувам тоа.
    Да не бидам сватена грешно - јас не ги мразам, ниту имам предрасуди, но ете несакам за своите деца снаи муслиманки или уште полошо керка ми да се омажи за муслиман.
     
    На okcenzi, poenta, shining_star и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Потполно те разбирам,кога се работи за свое се гледа многу по друго од она од страна нели.Јас би се согласил со тебе,и во мојата фамилија со векови,нема влезено друга религија освен христијанството.
     
    На poenta, shining_star и referentka им се допаѓа ова.
  19. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    34.501
    Пол:
    Женски
    Еве, ќе пишам ја пример, бидејќи @referentka напиша да пишеме доколку знаеме некој што ни е во блиска околина, во брак со муслиман.
    Тетка моја, одеше долго време со муслиман. Врската им беше стабилна, дури тек сега се земаја, роди бебенце, се е океј и со бракот
    Се почитуваат меѓусебно, ја третира како што секоја жена треба да биде третирана и почитувана од страна на мажот.

    П.С ја не осудувам, не сум Бог за да судам, секој има право и личен избор за тоа што ќе одлучи во неговиот живот.
     
    На CameliaMiller, Valerin, Sanjichka007 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Теткати која религија е сеа?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.