Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сериозна врска со муслиман

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од inlove80, 27 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    34.501
    Пол:
    Женски
    Тетка ми ја нема сменето религијата.
    Не секогаш мора да значи дека, доколку влезеш во брак со муслиман - треба да ја смениш религијатa ;)
     
    На CameliaMiller, gothchick, anakonda88 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Како прво значи не се венчани во црква,бидејќи доколку останала на својата религија се две различни религии.Ако решиле да се венчаат во црква,мажот нејзин ке требал да ја смени верата,а муслиман да влезе во христијанство тоа само на филмови го има.Или едино она да влегла и да се венчале во џамија.
     
    На Rama и okcenzi им се допаѓа ова.
  3. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    34.501
    Пол:
    Женски
    Сигурен ли си дека само на филмови има?
    Пример: пријатели (албанци) од татко ми, ја имаат сменето верата, а има и други примери :)
    Не е само во филмови, постои и во реален живот.
     
    На CameliaMiller и Dgirlll им се допаѓа ова.
  4. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Смениле да ама тие повеќе не се живи за нивните роднини.
     
    На bibiiii и Rama им се допаѓа ова.
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.835
    Пол:
    Женски
    ^ ви даде пример, шо сакате повеќе, матичен број и адреса од луѓето?

    Според мене не е океј било кој да менува вера, освен ако самиот не се пронајде повеќе во таа.
     
    На CameliaMiller, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, kjukli и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @referentka, и јас имам таков пример-братучед мој е женет со албанка муслиманка. Единствената разлика меѓу неа и него е различната вера, толку! Ама, да не се лажеме, женава не е типична албанка - потекнува од многу еманципирано семејство, основно, средно и факс учела на македонски, цел живот излегувала, бркала дечковци, имала (и уште има) куп другарки македонки.

    Ни таа ни братучед ми не смениле вера (нема потреба за тоа) и дефинитивно се многу живи за нивните роднини :)
     
    На CameliaMiller, gothchick, kjukli и 10 други им се допаѓа ова.
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ако двајца припадници на различна религија решат да стапат во брак немора да се венчаат ни во црква, ни во џамија може само да се потпишат во матично и толку. Никаде нема правило дека мора да се венчаат во некој верски објект.
     
    На CameliaMiller, RedWine, kjukli и 14 други им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.612
    Допаѓања:
    167.325
    Пол:
    Женски



    Двајца мои пријатели.
    Едните се во прехармонична врска, предобри родители. Заедно постигнале премногу, нова уба куќа, воспитани деца, блискост со двете фамилии. Значи ги гледаш по шеталиштетп за рака фатени и пресреќни и к*р не ги боли некои шо велат за нив и секоја им чест. Јас се дружам со син им и детето е чиста 10ка и не му забраниле да оди со некоја шо не е турчинка.
    Другите не се толку хармонични ама се во брак доволно добро, и тие заедно и во добро и во лошо. Кога влегов кај другарката знаејќи дека е пола пола како поќето тука мислев дека икона да видам - не. Напротив видов икони и често за наши празници мажот ја носеше жената со децата в црква.
    Не знам какви албанци гледате, да не речите ја само за турци зборам, девојките и едното момче шо учеле со мене и биле албанци биле најшармантното нешто шо сум видела. Едната беше поповлечена другата подива, никогаш не и забраниле да има дечко и сл. Дечково беше во чекор со модата, бркаше женски и кој ниш не му велеше.

    И вчера почнав да пишам мислењенкое сепак го избришав во врска со недолично и нецивилизирано однесување на муслимани и ќе речам повеќето кои сите тие свирлања, сељачење, изненадно мавање поо газ и џарење в цицки, и пцуење и пратење до кола и свирење од кола - ретко кој бил муслиман. Можеби вие во ск и др градој имате поќе муслимани па затоа тие повеќе ги забележувате ама то е релативно. Секој можи да е кретен и религијата не го определва то за нив туку то е индивидуално и плод на воспитањето.


    Пс простете за грешки се отепав со кириличната тастатурс на таблето, мн ретко ја коростам...
     
    На CameliaMiller, gothchick, kjukli и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Значи да се разбереме,да не ме сватите погрешно.Јас немам ништо против ни една вера,кој што сака може слободно да си прави,јас го кажувам само она што мојте очи го виделе.
     
    На shining_star и referentka им се допаѓа ова.
  10. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.511
    Допаѓања:
    10.358
    Пол:
    Машки
  11. ***nekoja***

    ***nekoja*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    496
    Допаѓања:
    873
    Пол:
    Женски
    ima eden slucaj sto mn go znaat duri na vesti imase no ne znam kolku se sekavat na slucajot posto mn odamna e msskoto bese muslimsn a devojkata bese na pop(svestenik)kerka mn se sakaa i devojceto izbega za nego imaa mn problemi celngrad bese protiv niv tatko i ja kidnapirase pa prijavi deka toj sto i e mas ja kidnapiral bre karastrofa.....da skratam imaa problemi strasni na kraj otidea za germanija zaedno se....sakaa se i im uspea vrskata msm ti go kazav za primer zs gi minaa site prepreki i se zaedno sepak ti si znaes sto e najdobro....
     
  12. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Не може некој да ти биде супер човек за дружба, да го почитуваш, да го сакаш како личност ама ако дојде момент за врска - Mуслиман/ка е па не може.

    Или не делиш луѓе по вера и националност, или имаш предрасуди.
    И тоа е тоа.

    Двата случаи се океј, додека не бркаш туѓо гајле. :D
     
    На CameliaMiller, Marossa, Ketchup и 8 други им се допаѓа ова.
  13. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    На теми од сентиментален карактер како оваа, може да глумиме големи космополити и демократи, да ги негираме туѓите ставови како предрасуди, да убедуваме во моќта на љубовта и да бидеме либерални за се што на овие простори е еден вид табу-тема, но кога ќе ја погледнеме проклетата реалност обременета со провиден менталитет, а уште полошо ако сме дел од предмет на расправа на некој малограѓански собир, тогаш мора да бидеме сурово објективни и да си признаеме едни на други дека за некои работи сме далеку од зрело општество. Тоа што го посакуваме и тоа што реално може да успее сосема е различно кога ќе погледнеме околу нас.
    Многу е лесно да го вкусиш плодот, да посакаш да го изедеш и да го фрлиш. Тежината зема сила кога ќе треба да ја одржуваш неговата вегетација, да го чуваш и заштитуваш од (не) време, а најсуровиот момент стапува на сцена кога ќе треба да го принесеш на другите и заедно да го споделите вкусот за неговите позитивни страни. Така е и во овие врски...
    Секој од нас го знае епилогот откако ќе ја соопшти шокантната вест пред своите, која најчесто се чува во тајност се до изборот на најповолниот момент, а дотогаш се добива во денови за да потрае нешто што е осудено на крај.
    Чест на исклучоците од двете страни кои прифатиле се што е туѓо и одлучиле да не ги делат празниците на наши и ваши, туку заедно да ги прославуваат затоа што љубовта не подразбира поделба.

    П.С. Не би сакала да ме сфатите погрешно. Секој ја кова сопствената среќа и има право да биде среќен на свој начин.
    Имам пријатели муслимани со кои одржувам долгогодишни пријателства и не сум против ниедна вера. Само се базирам на објективните причини за врските меѓу припадници од различна вероисповед во нашето "модерно општество".
     
    На ***nekoja***, Nausicaa, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    ^ А зошто треба да е тоа толку шокантна вест за домашните?
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Zoshto se ubeduvate sebe deka samo vo mkd postoi islamofobija i predrasudi kon muslimanite?
    Vo red, mozhebi tuka E poizrazeno, ama jas lichno poznavam nekolku Italijanci, eden Germanec i eden dechko so mkd poteklo - roden i izrasnat vo Shvedska, shto zhiveele/zhiveat vo sredina zaedno so muslimani i poradi negativnite iskustva ne sakaat da chujat za islam, ne podnesuvaat muslimani ednostavno. Pogotovo Italijancive, kolku im se nastrveni, duri se iznenadiv ( vo niven sluchaj stanuva zbor konkretno za omraza kon Albanci). Za otporot na moi poznanici Grci kon islamot ne pochnuvam, posho toa e sepak Balkan i tuka kje go barate izgovorot.
    Ova e off topic, svesna sum, ama na temava chesto se spomnuva oti lichnite stavovi bile pod vlijanie na balkanskava sredina, a mozhete da bidete lesno demantirani. Sekade ima tolerantni i sekade ima lugje na koi im puka film i ne podnesuvaat svashtarii vo nivnite zemji. Ok, musliman ne znachi neciviliziran, kriminalec ili terorist. Ama znaete kako, metaforichki kazhano, pokraj suvoto, gori i surovoto, nekogash nekoj nesvesno kje izgeneralizira.
     
    Последна измена: 22 септември 2015
  16. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Јас пак за чудо што ги познавам луѓето од такви (мешани) врски знам дека не завршиле добро.
    Обично подебелиот крај секогаш го влече девојката. Познавам православен македонец што пред неколку години правеше свадба со албанка. Нејзините не сакаа да слушнат за него. И кажале дека не постои за нив, и кажале дека се откажани од неа и одбиле да имаат секаков контакт.
    Ама и на девојката изгледа и пукнал филмот па решила да си ја смени верата и името. Отишла во манастир ја променила верата, и истиот ден се венчале. На свадбата нормално никој немало од нејзина страна, замислете само како и било најубавиот ден да го прославува со непознати (фамилија и пријатели на мажот).
    Ист случај само заменети страните. Девојка православна, со муслиман....и кај неа нешто слично се дешавало. Значи како што реков секогаш девојката го влече подебелиот крај, без разлика дали е православна или муслиманка.
    Сепак еве прочитав дека познавате среќни, весели такви парови.
    Чудно ми е ама кој како му одговара така нека прави.
     
    На oblace1 и shining_star им се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.372
    Пол:
    Женски
    Не знам...
    Врска како врска и да сфатам,ама кога треба да прерасне во брак е нешто сосема поинаку.
    Не велам не,кој има храброст и доволно љубов нека си го живее животот како што сака.Еве посовремениве бракови и да не промени вера оној кој не е муслиман ,децата во најголем друг случај се муслимани,или им се остава избор сами да си го најдат својот пат.
    Овие врски ги гледам како мешање на слатка и солена вода.
    И навистина не би сакала моите деца да имаат врски со припадници на муслиманска вероисповед.
    Не знам,ми се чини да ми се случи такво нешто ќе си приумрам од мака.
    Нема да ми е сеедно.
    Не зборувам тука за тоа колку се разбираат или колку е фина личноста и добра и се по ред.Според мене има нешто што е над љубовта.Она кога не можеш да се венчаш во црква,да крстиш дете,...има многу разлики кои не можам да ги објаснам.
    Баш ме интересира оние кои се изјаснија дека имаат партнери од друга вера,дали нивните родители знаат за таа врска и како се чувствуваат.
    Пријатели може,одење по гости,почитување,помагање,соживот да...ама не сум за такви бракови.
     
    На oblace1, butterfly4, poenta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Ме интересира оние кои се во сериозна врска со муслиман, дали под таа "сериозност" подразбираат појавување во јавност држејќи се за рака, семејни веселби со партнерот и ред други работи кои покажуваат дека врската навистина е таква?


    Доколку две личности верата ја имаат прифатено бидејќи се родиле во христијанско или муслиманско семејство, а всушност се атеисти и не сметаат дека венчавката треба да ја направат со поп или оџа, туку единствено за нив бракот е потписот во присуство на нотар, тогаш има реални шанси таа љубов да опстане.
    Но, се додека едниот треба да ја смени верата, да ја прифати верата на другиот- тоа не е љубов, тоа е уцена и понижување, на наводно саканата личност.
     
    На CameliaMiller, blueberry93, Sawyer и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Камо среќа да е само чинот на венчавката проблем ?
    А и тоа со различните религии, партнерите меѓу себе можат да го решат доколку има доволно волја од двете страни за компромис.
    Неприфаќањето и осудувањето од фамилиите и средината се најголемите пречки за овие врски.
    Нема простор за идеализирање тука, зошто реалноста во Македонија е таа, овие врски се science fiction.
     
    На oblace1 и shining_star им се допаѓа ова.
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    а бебето како се вика? Сунет или крштевка ке му прават?
     
    На Скопјетесакам и shining_star им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.