Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сериозна врска со муслиман

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од inlove80, 27 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    34.501
    Пол:
    Женски
    Не се мешам, што сакаат нека праат.
    Како што пишав погоре во еден пост, нивен избор, нивно право ;)
    И секако не ми е блиска тетка, туку само ја дадов како пример.
     
  2. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Не дека не се мешаш, туку и сама знаеш дека тоа дете носи исламско име и ке ја има таа религија, ама ај форум е па ке се лажеме.
    Небитно, мое дете нема да дозволам да биде со друга религија.
     
    На bibiiii и sadgirl21 им се допаѓа ова.
  3. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.414
    Допаѓања:
    38.375
    Пол:
    Женски
    Јас не сум против такви врски или бракови, ама толкав притисок од околината и семејството ретко кој пар може успешно, без некаква жртва од едниот или другиот, да успее.
    И јас имам пример со тетка, прва братучеда на мајка ми, мажена за турчин. Неговите ја прифатија одлично, а нејзините прекинаа контакт. Двете ќерки имаат турски имиња, се мажија за турци, децата нивни имаат турски имиња. Тетка ми уште кога бев мала не викаше за Бајрам, правеше баклави итн. а наши празници не слават. Човекот е предобар, имаат одличен брак, ама мислам дека нејзината жртва и откажување од се е преголемо и не го оправдувам.
     
    На bibiiii, Rama, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    34.501
    Пол:
    Женски
    И што доколку знам? Ќе сменам ли нешто? Треба Револуција да кренам?
    Ве молам, не ме цитирајте за прашања што се офф од темава ;)

    П.С детето атеист ќе биде :rofl:
     
    Последна измена: 22 септември 2015
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Тебе никој за ништо ни те нападна ниту те навреди. Него кога веке пишуваш дека имаат убав брак, пиши и колкави се откажувањата на тетка ти ( празници, крштевки, имиња на деца) за да тој брак така функционира. Да не се лажеме, не живееме на друга планета. Не викам дека не е почитувана, ама почитувана е затоа што прави големи жртви и компромиси.
    Уствари кога подлабоко ке размисли човек, ке свати дека е себична и мисли само на нејзиното добро.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    34.501
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да знаеш тоа, она слави Велигден, Божиќ, и сите останати македонски празници.
    Мажот ги почитува празниците, и тој исто ги слави.
    И она исто нивните празници ги почитува
    Доволно е?..
    Патем членката праша за пример, а не да набројувам откажувања и прифаќања на тетка ми :)
    За тоа претпоставувам има друга тема, зошто овде ќе е офф :)
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Не е офф, напротив, се зборува за врски и бракови од различна религија и сите предности и негативности што идат со тоа. Не кажа детето на која религија припаѓа и какво име има. Сигрно не се вика Христијан или Христина. ;)
     
  8. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    34.501
    Пол:
    Женски
    A, дали воопшто сум должна да одговорам?
    Не ;)
    Ако сакате, одете кај тетка ми, прашајте ја, ја немам врска со неа, ниту пак со детето ниту пак со мажот.
    И од толку примери, баш за детево се запнавте, аманте бе.
    И тоа е човечко битие, како и вие :)
     
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Те молам не се навредувај ама ова се типични детски муабети и демек нападно ( ама дискретни) повлекувања. Ме насмеа искрено иако го очекував одговоров. Не беше должна ни да се пофалиш за тетка ти, ама сепак се пофали, демек е многу срекна во бракот. Можеби и е. Веке кога започнуваш со примери, доврши ги. Или сакаш само да каеш дека си современа и без предрасуди. Ок стани мајка па ке зборуваме.
    Јасно е дека таквите врски и бракови бараат големи жртви, но не од страна на муслиманите, бидејки за нив религијата навистина е најважна, па колку и да се либерални, современи, демократи ..... ( на збор и во ограничени ситуации)
    Јас не би била во ваков брак, па макар и сама останала. Не би да родам дете и да е приморано да прифати религија од раѓање ( кај нив тоа така иде). Нема да ми биде поважна мојата срека, одколку таа на децата.
    Си се запрашала зошто кај нив е дозволено муслиман да ожени девојка од друга религија, ама муслиманка мора да се мажи само за муслиман. Одговорот е да се раѓаат муслимани. Тоа јасно го пишува во нивниот куран и тоа им е целта, на тој начин да го завладеат светот.
    Сеуште не сум сретнала таков муслиман, кој би сменил религија само за жената. Можеби би се декларирал како атеист, ама нема тој да прави компромиси и откажувања само за да усреки жена. А верувај живеам во место каде 80 % се мусулимани.


    Да не зборуваме за генетиката. Не може турчин или албанец да ми е генетски близок, како што може србин или бугар. Ако мојата керка ака да се мажи за бугар или србин со срека нека и е, ама со другиве никогааш нема да прифатам.
     
    На bibiiii, marristovska1, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Не се викало детето Христијан ама не се викало ни Мухамед па ај сеа? :D

    Мора ли исламско име да има? Мора ли христијанско име да има?
    Мора крштевка, сунет?
    Нас нит не крстеле, нит на брат ми сунет му правеле.
    И шо сеа?

    Мене татко ми не ме терал да верувам во Ислам затоа што тој е муслиман. Мајка ми не ме терала да верувам во Исус затоа што таа е христијанка.
    Сум пораснала, сум се пронашла во Ислам.
    Брат ми пораснал, не се пронашол нигде.


    Бидејќи пример баравте па еве ме да се јавам. Жив пример, меѓу вас. :)
     
    На kjukli, CameliaMiller, blueberry93 и 13 други им се допаѓа ова.
  11. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Браво за твоите. Искрено ти си првата што да речам ја познавам од ваков случај. Сите други што ги знам се такви какви што ги опишав погоре.
     
  12. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Па не сме единствена ваква фамилија, ама премногу стереотипи имате дека муслиманите ако земат христијанка, ја тераат да стане муслиманка.

    Дома сме славеле од страна на мајка ми Велигден, Божиќ (католички), од страна на татко ми Бајрам.
    Ничиво верување не било омаловажено или неиспочитувано.

    Значи до луѓето е дали ќе успеат или не, а не до верите.
     
    На kjukli, CameliaMiller, blueberry93 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Ок ти сакаш да кажеш дека ни татко ти не е муслиман штом не го почитува пишаното, па слави и други празници. Ок јас кажав дека попрво ке станат атеисти одколку да прифатат религија на партнерката.
     
  14. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    @okcenzi од каде го извлече заклучокот дека бугар или србин и е повеќе генетски близок од турчин или албанец?
    Кажи ми, мислиш ли дека 5 века турско ропство не оставиле никаков белег над нас, па ни генетски?



    Цитирај ми го делот од Куранот, каде е напишано следното:

    Сум те сретнувала низ темите, на многу недостоинствен начин сакаш да го величаш христијанството, а притоа исламот го ставаш на тапет, со сосема погрешни аргументи во негативна конотација.

    Значи темата соодветно насловена, и да, би се согласила дека во добар дел од случаите, жената е таа која се откажува, но, на крајот на краиштата тоа е личен избор.
    Без разлика под колкав притисок некој ја менува верата, факт е дека таа личност, тоа самата си го дозволила.
     
    На CameliaMiller, blueberry93, Sanjichka007 и 6 други им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.612
    Допаѓања:
    167.325
    Пол:
    Женски
    Е ова да го сфаќаа, светот подобро ќе функционираше. :*
    пс во врска со имињата - најчесто се муслимански, вистина ама многу често ги крстат едно со такво име едно со поинакво. Сунет или кршевта можи да почека дур пораснат и одлучат кај се пронаоѓаат или не се пронаоѓаат.
    Во глобала мислам дека доволно пати имам пишано во темава ама некако неможам да престанам. Мислам дека е време луѓето да ги гледаме како луѓе, а не како производи со бренд и рок на траење.

    пс извини само шо те исцитирав за една реченица а после забегав од цитираното, i completely agree with you :l:
     
    На CameliaMiller и Dgirlll им се допаѓа ова.
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Јовановска за почеток и 5 века и 10 да се, тие што конвертирале или се измешале се веке на другата страна. Тие што ми се генетски бликси ги споменав и да има докази и испитувања и истражувања за тоа. провери на генеа и ке видиш.
    Не знам каков е тој недостоинствен начин на велиење на христијанството. Што да величам будизам, хинду или ислам. Јас сум христијанка со причина, не дека некој ми наметнал да бидам тоа.
    А како што пишав и погоре дека исламот не дозволува мешање еве баш денес една вест, па прочитај.
    Трагична судбина на една манекенка: Родителите сакале да ѝ наметнат сопруг, па извршила самоубиство
    http://tocka.com.mk/1/171365/tragic...-1117-nametnat-soprug-pa-izvrsila-samoubistvo


    Е сега за делов што си ми пишала дека треба цитат од куран, дај молим те, значи ти навистина немаш поим од ислам. Не морам да ти пишувам цитати, еве муслиманките ке ти потврдат ( бдв има добра тема за тоа и тамо имам пишувано и цитати и се). И да исламот го ставам на тапет, веројатно затоа што добро го познавам и знам дека цел свет има проблем баш со него. ;)

    него ајде да се информираш и ти
    Услови за исламски брак:

    • Човекот кој моментално не е блудник може да се омажи за само една жена, која во моментот не е блудничка или е чиста жена од припадниците на Книгата. ( еврејка или христијанка)
    • Жената која во моментов не е блудничка може да се омажи само со човек кој моментално не е блудник.
    • Блудникот може да се ожени само со блудничка.
    • Муслиманките смеат да се омажат само со муслиман.
    • Дозвола за да се ожени жената девица мора да биде дадено од страна на нејзиниот старател, обично од нејзиниот татко.
    • Секоја жена муслиманка може да побара од нејзиниот старател да се омажи за својот одбран маж муслиман, доколку тој е погоден за неа. Ако старателот одбива, судијата ќе одлучи за бракот.[83]
    • Таткото, или во некои случаи дедото, може да избере соодветен партнер за девицата девојка.[84]
    • Секој брак мора да биде со согласност на жената. Во случајот на девојки девици, одговорот за одобрување не се смета поради срамежливост.
    • "Старателот" не може да ја омажи разведената жена или вдовица ако таа не побара да се омажи.
    • Задолжително е за мажот да и даде на невестата богатство (подароци): “Не се женете доколку не и го дадете на вашата жена тоа што е нејзино право""[85]
     
    Последна измена: 23 септември 2015
    На bibiiii и Valerin им се допаѓа ова.
  17. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    ^ Кај да проверам? :^) Ако е некоја интернет- глупост, не труди се да ставаш линк, почитувам само печатена литература со автор, лектура итн.
    Ти веројатно сакаш да живееш во некој друг свет, па ти изгледа дека 500 години ропство отишле со Вардар надоле, или евентуално испариле на некој магичен начин. Нема никакви последици, особено не во генетска смисла.
    Нема да се натегам по тоа прашање, но оние кои сакаат да гледаат реално на работите и да резонираат, сигурна сум дека го делат мислењето со мене.

    Ти очигледно немаш поим од религија.
    Не можеш да ја гледаш религијата преку делата на одредена група верници, кои за жал, ни сопствената вера не ја сфатиле, не ја имаат сконтано големата порака, а што останало за неистомислениците нивни.

    Не можеш да кажеш дека знаеш некоја религија, кога ја немаш прочитано нејзината света книга, ниту знаеш што таа религија има во позадина.
    Ако веќе се фаќаме за примери, да не бев запознаена со христијанството подлабоко, со исламот исто, би рекла првиот закон е: шири омраза, за оние кои не веруваат во истото како тебе.
     
    На CameliaMiller, blueberry93, Dgirlll и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.317
    Пол:
    Женски
    Учам во школо каде што една смена сме Албанци, а друга сме Македонци. И имаме по неколку Босанци во клас. Класната уште на прв час ни кажа дека не треба да се мешаме или пак да имаме врска со некој од друга вера, освен другарство ништо друго и она лично не би сакала нејзино дете да оди со некој од друга вера. И од дома кај мене искрено не би прифатиле.
    Јас лично не би одела со некој од друга вера, мој избор, мое право ама не осудувам таков избор, секој си има свој живот, ако му одговара тоа нека прави што сака.
    А луѓето многу се потресуваат за други и секогаш ќе има некој што ќе збори, луѓе се ќе зборат нормално е.
     
    На ***nekoja*** му/ѝ се допаѓа ова.
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Игенеа е швајцарски институт кој работи со ДНА ( капиш) бољи докази нема да најдеш во нидна литература. Не е некое интернет срање
    повели ИНФОРМИРАЈ СЕ пред да се лупаш во гради
    : http://vesti.mk/news/2904531/shvajc...i-za-genetskoto-poteklo-na-balkanskite-narodi

    Кои работи се реални ( чек ти бараш лајкови овде, па мешаш други феминки?) Реалноста е таа дека 5 ипол веке си била роб, а сега си потчинета и ке бидеш и понатака со вакви демек либерални мислења.

    Ако си ме читала до сега, ке знаеше дека знам многу повеке за религија од голем дел овде што пишувате информации од ракав или од рекла казала муабети.

    А преку што се гледа религијата ако не преку нејзините следбеници. Нели таа ги учи да бидат тоа што се? Во кој свет и каде ти живееш?

    Очигледно е дека ти си далеку од запознаена. Да имаше бар мала претсава и за двете религии ке знаеше за што зборувам, ама нејзе, ајде лупај се во гради на форумов, па посл магично повлечи се од темава. беке видено.
    За крај не ширам јас омраза, туку се бранам од туѓата, а ако некому му смета мојата искреност а секако и информираност, тоа е негов проблем, а нека проба да ме демантира слободно.


    Јовановска многу си контрадикторна. врати две страни назад и види што си пиашала пред неколку часа. Мислење за неколку часа знаен човек не менува. А ако е за поени собирање, тоа е др раб, не се мешам.


     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Значи религија како религија и не би рекла дека тука има толку голем удел колку што има менталниот склоп на личноста.
    Еве прочитавте примери како луѓе од различни религии најнормално си функционираат во брак, најверојатно затоа што љубовта им е поголема од фанатизмот за религија, си го тераат животот, си се чуваат еден со друг и не живеат по правила кои ги наметнува религијата туку по правилата кои ги одредува срцето и затоа успеваат да функцинорираат.
    Доколку се работи за некој тежок фанатик е тогаш треба многу да се внимава, зашто тој утре нема да те пушти од дома да искочиш, ќе те забули цела и ќе раѓаш деца само цел живот, ќе те присили да смениш вера и тоа е тоа... И да постојат од двата вида и еманципирани и заслепени од религијата.
     
    На kjukli, Jordanovska-K, Sanjichka007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.