Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сериозна врска со муслиман

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од inlove80, 27 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    @okcenzi како што кажав погоре, немам намера да се натегам со тебе.
    Тие што те читаат, сигурна сум дека ќе се согласат со мене, дека немаш основни познавања од темата религија, а ниту за некоја религија специфично.

    Ако христијанството го гледаме преку тебе како следбеник, ехх, ај да не излегувам од темата.

    Имам далеку пошироки познавања од тебе, во тоа сум сигурна.
    Да ти напоменам дека своите верувања и убедувања треба да ги браниш исклучиво со аргументи и факти, а секако и цитати, доколку сакаш јас како читател да ги сметам за веродостојни.
    Тоа што си го ишарала постот и си прогуглала неколку клучни поими не те прави доволно компетентна, да се разбереме.

    За крај, нема потреба да одиш од тема на тема со исти аргументи. Опушти се малку, ова е форум, само изнесуваме мислења. Возрасни личности сме, нема потреба од ниски зборови.
     
    На CameliaMiller, blueberry93, eloves и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.270
    Ако некој/ја навистина сака да биде со муслиман/ка или обратно со христијан/ка ке бидат заедно и тоа е ај не тупете :)
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Јованоска ајде пред да се избришат овие мислења ке ти кажам уште неколку работи. Тие што ме читаат по теми за религија ке знаат дека ти си неинформираната што се лупа во гради а јас сум таа информираната. Извини на израз ама на инаетите и тегавиците ко тебе така им се обракам. Домашно воспитание де.

    Не немаш ти никакви познавања , да имаше ке пишеше, а не само тврдиш дека ги имаш. Нели бараше докази, ајде докажи де дека има некое познавање, не само млати слама. Сите изнесуваме мислење ама глистите се тука да ја матат секоја тема. Темаа е врска со некој кој е различен од тебе, а не цитати од куран, о и покрај тоа ти ги доби.
    Тоа што го избоив постот е за ти да РАЗБЕРЕШ послесно, ама со инка никој неможе да ти стави. Пак ке кажам нема потреба темава да има цитати за ти да ги сметаш веродостојни. На крај пребарај сама тоа што не го знаеш, а ако те мрзи пиши во соодветна тема и ке ти одговорам.
    И да доволно компетентна сум да ти одговорам на тема ислам, за разлика од тебе кое не го ни знае своето а не пак тугото.
    Мене ми велиш дека не прифакат различни мислења а ти од петни жили се извади. Ах бе девојче ах. Знаеш понекогаш полесно е да признаеш дека не знаеш, отколку да се бламираш ко сега.
    Она за олабавувањето треба да важи за тебе, пошто ти ми мешаш баби и жаби и бараш некои веродостојни неаучни и незнам какви факи. Смешна стана.


    Еве срцка доказ за тоа какви се тие врски и дека сум во право цело време што пишувам. Не ризикуваат тие религија за никаква љубов на светов.
    http://forum.femina.mk/threads/Сериозна-врска-со-муслиман.6051/page-6


    ајде сега поздрав и не се напнувај те молам. Делата нивни зборуваат што е вистината, а не две три феминки тука. Реланоста надвор е друго.
    И сеуште на мои 30 год не сум запознала ваков демократ муслиман ( тие две раб не одат заедно)
     
    На marristovska1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    @okcenzi зошто толку се напна? Кој ти е проблемот? Бре бре, одиш низ темите и делиш од твојата мудрост и твоите широки познавања во однос на христијанството и исламот. Треба да се благодарни луѓето што постојат така возразни и мудри, 30- годишни христијанки- пример ти, кои не информираат со маубети од прва рака, факти и истражувања.

    Јас никого не се обидувам да убедам, ниту се бранам од нешто. А уште помалку се трудам со сите сили да бидам над некого и мојот збор да биде последен.
    Изградените личности имаат мислење надвор од коцката, а тоа се стекнува со многу стручна литература, социјализација и разгледување на најразлични мислења.

    Стојам позади тоа дека одредена група, нејзини делувања и недоволен капацитет да се разбере одредена вера, не можат да го искажат вистинското значење на самите Свети писма.
    Имај убава и опуштена ноќ.
     
    На CameliaMiller, Sanjichka007 и theowndemon им се допаѓа ова.
  5. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Еј јовановска, ти ме цитираше мене, ти ме нападна мене. Кој ти е сега тебе проблемот. Те побив па не знаеш како да свиткаш опаш. А нели тоа го кажав уште одма. Не ти немаш изградено мислење, ти го менуваш мислењето ко што се менува часот. Тој што има мислење свое, не му треба поддршка и одобрување од другите како тебе (“ се надевам дека и другите ке се сложат со мене“ “ останатите делат мислење со мене“ бла бла твои зброви.
    НЕ срцка ти немаш поим и не излагаш надвор од коцката да истражиш и да донесеш свој заклучок. Смешна си ти кажав и предходно. Смешна си и кога напаѓаш, а не сакаш да бидеш нападната. Таа стручна литература за која зборуваш можеби е право или кама сутра, ама не и религија.
    И нека не те боли тоа што знам повеке, нека те боли тоа што ти знаеш помалку. Знаеш кој признава поламу се простува.
    И после толку твои изнапишани редови, не најдов ништо конкретно од твоето знаење, за кое се фалиш цело време. Боже мили какви људи има.

    Ке те побарам утре на тема за библија и куран, па ке продолжиме со твоите “знаења“ и моите информации од “рекла-казала“. Само немој да испариш и да не се појавиш, со изговор дека не мораш да се докажуваш ( кога цело време тоа се обидуваш и лизгаш). Биди достојна до крај и сподели го твоето научно истражување. Те молам воодушеви ме.

    п.с Ако не си знаела, на форумов има копче за игнор, па така нема да ме читаш.

    Убава нок :*
     
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Искрено, не планирав пак да пишувам, ама поради коментариве од последниве неколку страници сакам да додадам уште нешто иако знам дека е малце надвор од темата.

    Многумина на темава се претставија како либерални – у смисла, немаат ништо против муслиманите, некои дури и кажаа дека имаат пријатели и познаници муслимани, а некои и рекоа дека не би осудиле христијанско-муслиманска врска. Е арно ама, после своите слободоумни излагања кажаа и едно ама после кое се што претходно кажаа паѓа у вода и од кое се гледа дека нивната либералност е само декларативна, а уствари имаат исто толку предрасуди како и оние кои се отворено против ваквите врски.

    На што поточно мислам?

    Мислам на изјавите од типот „Немам ништо против муслиманите...“ , „ама никогаш не би била во врска со муслиман“ или „врска некако ќе разберам, ама брак не“ или „не би сакала моите деца да имаат врска со муслимани“. И како причина за сето ова – таква е реалноста во Македонија, односно – јас не, ама другите луѓе се со предрасуди, ваквите врски ќе наидат на осуда итн. итн.

    Факт е дека реалноста во Македонија е таква каква што е, ама да ве прашам, кој ја прави таа реалност, односно кој е одговорен за ваквата ситуација? Реалноста не е нешто непроменливо или запишано во камен, реалноста ја прават самите луѓе. А ставовите од типот „таква е реалноста, нема разбирање за ваквите врски“ дефинитивно не помагаат да се смени таа реалност што сите не мачи.

    Да елаборирам малце поише за примерите кои погоре ги наведов. Неми е јасно, како тоа е ОК да бидеш пријател со муслиман, ама не и да имаш врска со некој? Како ја правите таа дистинкција? Ако си го имаш муабетот со некој, ако сте по многу работи слични и ако развиете чувства еден кон друг, зарем само различната вера ќе ве спречи да бидете заедно (во врска, пошто нели обично дружење е ОК)? Друго – зошто може да се разбере врска со муслиман, но не и брак? Што е бракот освен обично озаконување на една врска? И зошто едното е во ред, а другото не?

    Разбирам дека за луѓето во чиј живот религијата има голема улога врската или бракот со муслиман (или обратно, со христијанин) може да биде непремостлива пречка. Но, за сите останати, стварно не сфаќам во што е проблемот. Нема да можете да се венчате во црква – ОК. И? Ако една духовна церемонија за која плаќате недуховна (туку материјална) сума од 100 евра на лице кое (најчесто) и самото не живее според принципите кои ги проповеда ви е побитна од тоа да го поминете животот со личноста која ја сакате, тоа е ваша работа, но немојте тоа да го претставувате како нешто со кое никој не може да се справи. Кој друг проблем може да има – имињата на децата? Ма дај. 90% од православните деца имаат неправославни имиња (а по најновиве треднови, имаат имиња како домашни миленичиња), па никој не се потресол ради тоа. На крај краева, се се решава со договор меѓу родителите. Друго – кои празници ќе се слават? Зошто да не и едните и другите? Онаму кај што има љубов и разбирање меѓу партнерите, овие „проблеми“ не се проблеми, воопшто.

    Еве еден утописки пример како многу лесно би можела нашата реалност да се смени. Кога, на пример, сите млади луѓе (да речеме помлади од 30 год.) заеднички и одеднаш, би решиле да раскрстат со глупавите предрасуди за другите религии и националности и наместо тоа, да ги ценат луѓето според карактерот и другите човечки вредности. Тогаш, само родителите и бабите и дедовците би останале да негодуваат против ваквите врски. Ама, на крај, би се помириле со ситуацијата. Они негодуваа и против менување на дечковци и секс пред брак и живеење надвор од родителскиот дом, мажите да работат по дома и уште неброено многу работи, па тоа не ве спречило, нели? И за помалце од 50 год. веќе не би имало муабети од типот „Ми се допаѓа дечко од друга религија, што да правам?“

    Ама јас тука опишувам некоја утопија, а реалноста во Македонија е, нели, поинаква. Е поинаква е. Затоа што, пред се, родителите сопствените предрасуди и стереотипи ги всадуваат во своите деца (свесно или несвесно) уште од најмала возраст и од нив ретко кој може да се ослободи понатаму, во својот живот како возрасен човек. Ама дури и оние квази-либерални ставови кои ги опишав погоре помагаат во перпетуирање на стереотипите, предрасудите и верската нетолерантност со тоа што им придаваат значење и ги одржуваат во живот.

    Нашава реалност не може да се смени преку ноќ, но работите можат да се подобрат многу лесно. Како? Така што, за почеток, секој ќе си ја гледа својата работа. Така, што ако чуете за некоја ваква врска во ваша близина, нема одма да ширите глупи и безвезни муабети. Така, што ако некој ваш близок или роднина се одлучи на ваква врска, нема одма да го разубедувате и плашите со страшни приказни, туку ќе го поддржите или, во најмала рака, нема да го спречувате. Така, што во вашето семејство влезе некој од друга религија нема да го присилувате сите заедно да ја смени верата. Така, што ако вашите деца си најдат партнер од друга вера, нема да им ја забранувате љубовта.

    Ништо од ова не е невозможно и неостварливо, само треба да се има малце отворен ум и добра волја. Но, се додека си наоѓаме оправдување за сопствените (притаени или отворени) предрасуди во некој или нешто друго (реалноста во Македонија, нели), работите ќе си останат такви какви што се.
     
    На kjukli, CameliaMiller, Rose96 и 12 други им се допаѓа ова.
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ama i vie preteruvate so toa shto kje kazhele drugite, kako kje ve prifatela sredinata, ova-ona. Pravete kako sakate i kako znaete, koj smee neshto da vi reche. Samite si postavuvate barieri.
    Za drugite ne me interesira, ne beram tugjo gajle, a mene lichno toj mentalitet ne mi e privlechen za da go gledam kako moe zhivotno opkruzhuvanje i poradi toa ne mozhat da mi se razvijat chuvstva kon musliman. Ne deka nema iskluchoci, ama tie se tolku retko shto moram da zboruvam generalno. Duri i nekoj random da ne e vernik, cela familija kje mu bide takva zatoa shto 99,9% muslimani se religiozni. Jas ne mozham intimno da se povrzam so nekoj shto srede 21. vek, vo drzhavi so poinakov zhivoten ritam odi vo djamija, ili so nekoj shto bara da jade baklava za Bajram, ili so nekoj shto gi sledi tie tradicii. Bez vrska mi e, toa ne sum jas, sakam neshto drugo za sebe.
    A da ne meshame raboti. Ja pochituvam i orientalnata kultura i filozofijata na islamot kako interesen predmet za prouchuvanje. Ama ja pochituvam i mi se dopagja vo drugi kraishta od svetot, a tuka mi se malku nesoodvetni takvi elementi.
     
    Последна измена: 23 септември 2015
    На oblace1 и mims-89 им се допаѓа ова.
  8. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.423
    Љубовта не познава граници!
     
  9. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Некаде на темава прочитав дека постои разлика помеѓу муслимани и муслимани, како на индивидуално, така и национално ниво. И се согласувам.
    Јас не одраснав со муслимани Албанци, ама со муслимани Босанци. И разликата во менталитетот е огромна. Со албански муслимани тешко да би можела да имам нешто подлабоко, зборувам генерално, додека со другите не можам да кажам не. Начинот на размислување, менталитетот, опшествено живеење ми е многу поблиску и поприфатливо.
    Едноставно муабет е поинаков.
    Тоа е моето мислење кое никогаш сега нема да го проверам само онака хипотетички размислувам нели :D
     
    На ANGIE1 и sjdgo им се допаѓа ова.
  10. marristovska1

    marristovska1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2015
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би била со муслиман, па макар и последен да биде. НИКОГАШ..
    Сите имаме право на свој живот,свое мислење, ама искрено кога ќе видам во денешно време како секоја втора Македонка се е*е со муслиман ми иде...
    Пак ќе кажам, мое мислење е ова, живеам во околина каде што муслиманите се мнозинство и многу добро гледам што и како им прават на наши девојчиња од по 15-16 години. Самата имам слушнато муабет од нив дека со еден ШКАРТ парфем и едно сепаре во диско ги купуваат нашиве... Јадно и бедно..
    Ова се примери за една вечер што се дешаваат, а не па за сериозно ... Боже сачувај... Пријателка на мајками си го уништи животот... Имаше долга врска со муслиман која заврши со брак. Откако роди дете сакаше да го крсти во црква, да му даде православно име. АХА, СИГУРНО.. Остај тоа што детето им се вика Адем, ете ја сега и забулена шета....

    Поздрав и пак ќе кажам, мое мислење е тоа. Јас сум против и секогаш ќе бидам против.
     
    На bibiiii, ladyySi и okcenzi им се допаѓа ова.
  11. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    ^ А зошто си го уништила животот кога се земала со човекот кого го сакала и ја сакал и веќе деца имаат? :^)
    Чим е со муслиман во брак автоматски значи дека и е уништен животот?

    И не ми е јасно ова, „откако роди дете сакаше да го крсти во црква и да му даде православно име“.
    Ако си го крстела детето и му дала православно име и покрај тоа што е мажена за човек од различна вера, ондак немало да се рачуна дека и е уништен животот?

    Ептен ми се нелогични размислувањава ама ај. :D
     
    На CameliaMiller, tessie, blueberry93 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.097
    Пол:
    Женски
    Едно не разбирам зошто не постои тема - сериозна врска на мслиманка со православен????
    Иако религијата е алатка за разлики меѓу луѓето кои се исти пред Бога ама никогаш на таква тема и дилема не сум налетала, нели е малку симптоматично...
     
  13. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    ^ Прашај и тука што те интересира. Дискутирај си. :D
     
    На CameliaMiller и tessie им се допаѓа ова.
  14. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.097
    Пол:
    Женски
    Што да прашам? дека девојките муслиманки се попаметни од православните? па тоа што таа тема непостои доволно зборува за тоа.
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Можда не се девојките муслиманки попаметни туку машкиве православни што не фаќаат муслиманки.
    Или да кажам другачје, несмеат бе златна да се плеткаат со нашиве, што не е јасно. Има исклучоци не дека не.
    Од се има исклучоци нормално без разлика на религијата, ама дајте ви се молам не мижете пред фактот што го пиша погоре девојката, хотелине се пуни со тие девојчиња што им се продаваат за ефтин парфем и некоја илјадарка. :puke:
     
    На simoncelicius и Rama им се допаѓа ова.
  16. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Попаметни како? :drunk:

    Еве тогаш јас не сум била толку паметна значи....:|
     
    На CameliaMiller и tessie им се допаѓа ова.
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Саркастична бев.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.097
    Пол:
    Женски
    Тоа е болното, да се работи за љубов која не бира вера и нација и возраст ОК ама ова не бре ... просто срам да те фати од туѓи постапки.
     
  19. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    За чупето над тебе ми беше коментарот, не видов дека си пишала. :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.097
    Пол:
    Женски
    Ако мислеше на мене, јас не одобрувам како нашиве не смеат момци нивните се смеат, смеат зш некој си дозволил ... понижувачко е, како и да кажете.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.