1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сериозна врска со муслиман

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од inlove80, 27 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. INSIDIOUS

    INSIDIOUS Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    512
    WildCherry и WomanInRed ви благодарам за подршката :* мило ми е што има луѓе кои не не осудуваат за ваква врска, од различи вери.
    Да и јас самата го забележувам тоа, многуте проблеми ме направија позрела. Сфакам колку е тежок животот и иако сега сум уште мала барем со учење се обидувам да си помогнам колку толку. Ако не друго барем работа да си најдам (кога ке тргнам на факултет) па сама да се издржувам не сакам да чекам на моите. Се чуствувам неугодно тие се да ми овозможат и јас на крај така да ги издадам. за жал тоа е животот. Ама јас знам дека ке успееме со дечко ми :) сето ова вреди за него затоа што тој е една прекрасна душичка и се чуствувам исполнето кога сум со него. Го сакам најмногу на свет и дај боже да успееме :)
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Каде и да си на Балканот секогаш ќе бидеш осудувана. За да се искорени тој балкански синдром треба многу време. Ти престои голема борба со родителите и многу потрошени нерви. Сепак, зависиш од нив и играш по нивни правила. Скромна си, колку што можам да разберам од твојот пост и потекнуваш од мал град од Мк, така да имаш уште многу да откриваш во животот. Млада си, созреваш.
    Честопати велиме ,, ако има љубов се се може,, да, ама ги забораваме останатите Х фактори кои влијаат на една врска.
    Твое е да размислиш дали можеш да ја извојуваш таа битка. Би те советувала да не гледаш слепо (не ме сваќај погрешно дека не ја одобрувам твојата врска) и кога тогаш ќе мораш да се соочиш со реалноста.
    Школото на прв план па потоа се останато ;)
     
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.293
    Допаѓања:
    101.377
    Пол:
    Женски
    Еве и од мене подршка. И јас како и Womaninred имав врска со муслиман, Турчин од турција, кој ме сакаше и јас го сакав. Можам да кажам дека со него имав најубава врска. Моите никогаш не се противеа и неговите исто, се уште контактираме и со него и со неговите. Баш пред 2 месеци мајка му беше на гости кај мајка ми и се утепаа од шетање и дружење. Раскинавме зашто мислевме дека во тој момент така треба. И не можам да ти опишам колку се каам за таа врска што ја прекинав. Ако треба да биде да бидеме заедно, не се мислам ни две минути. Така и ти, иако си сеуште дете, зрело размислуваш и ако се сакате се е можно. Ајде само среќа да те прати :*
     
    На tessie и nasmevnise им се допаѓа ова.
  4. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    абе вие може најмногу на свет да си се сакате, ама кога ќе треба детето да си го крстиш Мухамед или не знам како, се паѓа во вода.
     
    На baby-star му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Ако се сакате ќе успеете верувајми и ништо нема да ве спречи знам мн.двојки кој се во ваква состојба неможат да се разделат оти срцето му се кини и мислат дека се еден за друг јас ти ја давам мојата подршка и ти ја пуштам целата моја среќа ;)
     
  6. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕеј значи колку се нервирам со коментари од таков тип!!! Каша и моите се од мешан брак и не се викам Џемиле!! (смајлиштосекрсти) не ви држат едноставно некои коментари место!!
     
    На lolita97, Cynthia, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    ja се извинувам , не сакав никој да навредам. на национална база особено пошто знам колку е осетливо.
    кажав само дека ја што ги знам примерите на мешани бракови во 95% случаи децата имаат муслимански имиња и вера. јас колку и да сакам некого не би можела тоа да им го направам на моите деца.
     
  8. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    нема врска!!! и тој човек што зима жена од друга вера мора да мисли дека она живее друг живот и дека треба да ја прифати таква.. нема она да иде во таа куќа да му биде роб негов.. мора да има некаков компромис.. тргни ги тие мислења бидејки се погрешни
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Нашиот менталитет е таков што ако те виде со некој од друга националност, веднаш те критикува и осудува. Не е верата она што го прави човекот, не е убавината, изгледот. Она што имаш внатре те прави човек. Јас ти посакувам се’ најдобро, сепак мислам дека ти е рано за обврзување,но ако се сакаш со дечкото и да е силна вашата љубов, се’ можете да пребродите. Сепак верата е чувство,таа не е во крвта.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Јас како што гледам ни еден од двајцата не е побожен, верата ви е кажи речи одлучена од родителите и сте ја прифатиле дека припаѓате на таква, оти ако толку бевте по религијата самото тоа немаше да ви дозволи да се фатите, а не некој друг ќе одобри или не. Какви ќе бидат децата меѓу мешани, вашите религии не значи дека за нив ќе одлучат. Јас сум растена како христијанка па не верувам во ниедна вера, ни Исус, Алах, Буда ни Вишну, и види чудо во ниеден законски документ не ми пишува што сум по вера! Добро што не им е текнало да пишуваат де, оти кој ли ќе се открстуваше преку нотари :lol:
    За венчавање ако е работа, единствена венчаница ја признавам онаа со закон, од матично. Утре ако се разведам нема некој чичо господ да ми дели, туку суд.

    И ајде, кога не одобруваат родителите. Во ред е да се мешаат додека сте малолетни, се обидуваат да ве истераат на еден според нив прав пат. Си ја вршат работата на родители како најубаво знаат така. Еден ден кога ќе пораснете во очи на законот, кога родителите имаат право да ве исшутираат на улица ако ги погледнете попреку,тогаш што сакате тоа можете да правите, а вашата одлука направена кога сте возрасни ќе тежнее повеќе во очите на родителите затоа што знаат дека навистина тоа го сакате, а не да речат абе деца, им лета мозокот.

    За финансиите, дали ќе ве поддржуваат финансиски ако се решите еден ден да се земате и стварате дом против нивна воља, епа гледајте да не зависите од родителите кога ќе пораснете, кога дојде ред за брак и семејство, затоа во меѓувреме концентрирајте се повеќе на учење а помалку на љубов водење. :inlove:
     
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.293
    Допаѓања:
    101.377
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се соглаувам. ЈАс навистина не знам што слика имате за другите вери?? Било муслиманска или хинду или не знам што, дека кога ќе се омажите ќе ве направат РОБ?? Дека ќе ве тепаат, малтретираат или понижуваат?? Боже прости ми ненормална работа. И јас сум христијанка и не дека се гордеам ама не се ни срамам да кажам дека 3 години не сум влегла во црква. И сега што?? Тоа ме прави лоша личност?? Убаво кажаа погоре, верата си ја носиш со тебе во душата. И да ви кажам уште нешто, кај муслиманите кога влегува христијанка не ја тераат да се преобрати во муслиманство, ни децата по дифолт се муслимани туку ги воспитуваат во духот на двете религии па кога детето ќе созрее доволно да знае што е што , и кон што е духовно понаклонето самото бира што ќе биде. Така е барем во турција а и овде знам многу културни и современи албански семејства.
     
    На tessie и Cancer-4 им се допаѓа ова.
  12. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    епа нена и јас сум од мешан брак и моите ме оставиле сама да си одбирам за која религија ке се определам .. нивно било да ми кажат и за двете и јас сама да си одлучам во што сакам да верувам..
    затоа и спомнав дека моето име не е Џемиле или муслиманско :)
     
    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Познавам еден човек 20 и кусур години што е муслиманин. Работи како наставник. По цел ден е несмеан од уво до уво, пријатен збор има за секого. Пред две-три години со ожени со македонка и сега имаат детенце. Сега па уште повеќе блеска човекот, абе да ти е мерак да го гледаш. А и убаво скоцкан, шармантен... Жена му убава, детето им е срцка. Си живеат заедно се е во ред. Никој не дигал галама поради тоа што се од различна вера...

    Ама знаат си луѓето дека не треба да комплицираат. Сакат се бе.
     
  14. Cancer-4

    Cancer-4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    4
    Знаеш.. да бевте исти, вашата љубов немаше да биде толку убава и цврста. Сакајте се, само тоа е битно. Кога ќе дојде време за деца ќе си ставите интернационални имиња (Сара, Јасмина, Сузана, Ема, Ена, Диона, Дино) и готово :)) Ти посакувам многу среќа од се срце!
     
  15. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Баш ме изнасмеа. Во секој случај апсолутно си во право. Тоа е тоа кај нас е тоа така. Искрено имам сестра која беше во 4 годиншна врска со муслиман. И тие се договараа да бегаат ова она. Неговата мајка навидум немаше проблем со религијата на сестра ми се додека не сфати дека работата е сериозна. Се договорија да бегаат и типот не се појави на договореното место. Сам замина во друга земја и ја остави сестра ми ( за срека) Не го велам ова затоа што имам предрасуди но очигледно несакал да се бори за сестра ми, а јас па верувам ако се сака се се може. Исто познавам и една да кажам познаничка. И таа отприлика на твоја возраст и почна врска со муслиман. Луѓе гордо си искачаа во јавност и на сите покажуваа дека неможе никој да ги раздели, па на нивните не им остана ништо друго освен да прифатат. Љубовта нема граници и не познава ни религија ни раса, но сепак мислам само вистинската љубов!
     
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Во нашава земја повеќе се признава врска со личност од истиот пол, него врска со личност од различна вероисповед. Имаше овде една тема како девојчето бара мислења за нејзината врска со друга девојка, а овде фрчат коментари со подршка на таквата врска, додека во друга тема која е заклучена сега, а се работи за врска со муслиман имаше мислења и совети да го остави, дека ќе имала проблеми во животот итн. Ова покажува каков народ сме.
     
    На lolita97 и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  17. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    од моја гледна тоЧка мислам дека треба прво да се спреЧи, а не да се леЧи... као и да е како што повекето каЖуваат дека се несвесно се слуЧило, океј сакај те се љубовта е убава и не гледа граници али потоа треба да бидете свесни и да се сооЧувате со последиците :)
     
  18. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    464
    Голема поддршка од мене за сите тие што успеале да догураат до крај со оваа работа, и им држам среќа на сите што имаат намера тоа да го направат. Мислам дека ова е еден од најголемите чекори за искоренување на предрасудите во нашиве простори, и сепак верувам дека како што оди времето и прашањето на оваа тема полека избледува и веќе и ова станува нормално.
    Зошто сепак, сите ние сме луѓе , еднакви! Па ајде ве молам, ако зборуваме за сваќања и сл. многу поразлични сме со некои христијани на пример што живеат во Америка, а сепак тој брак никој не го осудува, а овде за да земеш балканец, само со различна вера, и демек имало нешто различно! Баш напротив! тоа што сме од исто место, имаме и исти обичаи! ама буквално!
    Сепак, мислам дека единствената поделба за сите треба да е, добри и лоши. и точка. Во секоја националност, вера и во секоја држава, постојат овие два вида. Друго за мене на пример, не постои!. и многу мразам коа се праат муабети на вакви теми,и коа ги слушам тие што се против, а сепак не изнесуваат некоја нормална причина! што е проблемот, тоа што е муслиман?? и? .... па нели верата е и лична определба, духовна работа... што вас ве засега?!?! Искрено, би сакала да се мажам ама онака до крајност да ја донесам работата,да направам свадба голема, и да живеам со маж ми муслиман среќно ама онака се нормално да ни се одвива, и да им ги затворам устите на сите одоколу. И затоа ви викам на сите што имате намера, со среќа нека ви е, и секогаш ама баш секогаш борете се за љубовта, зошто не знам дали на овој свет и во овој живот постои нешто поубаво од искрена и чиста љубов! и од врвот на таа љубов и сплотеноста на вас двајца, ќе се роди дете. Ете тоа е семејство, конструирано на основа на љубов. А другото не е ич битно, ако ова го имате!
     
    На lolita97, MarchelineAmaru, fierce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Јас немам ништо против ваквите врски, тоа е право на избор, кој како сака може да си го живее животот. Се додека на вас ви е убаво, се сакате и го имате се она што ви е потребно во врската, не треба да се замарате за мислењето на другите.
    Е сега, факт е дека ваквите врски кај нас потешко се прифаќаат од општеството, ама ако сте спремни да се борите за вашата љубов-само напред.
     
  20. Iva.T

    Iva.T Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2011
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    64
    Добро, а зашто воопшто си почнала да се гледаш со него, сепак имаш 30год. и свесна си и самата до што може да дојде.. али веќе се десило.. и назад нема..
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.