1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сериозна врска со муслиман

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од inlove80, 27 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Имам едно прашање. Ако не е во соодветна тема ве молам преместете го не бришајте го мислењето.
    Вујко ми се ожени со албанка, муслиманка. Не се венчани во црква само во матично, а наскоро ќе им се роди дете. Е сега ме интересира дали ке може да го крстат детето или..? :?:
     
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.311
    Допаѓања:
    101.469
    Пол:
    Женски
    детето може да го крстат но ќе се води во црковните книги како вонбрачно дете, затоа што не е слкучен црковен брак. Нема врска ова што е мајката албанка туку важи и за православни парови кои не се венчани во црква.
     
    На tessie и Ognenija им се допаѓа ова.
  3. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    А обратно за брак на македонка со албанец?
    Може ли да му се прави сунет на детето ако родителите не се венчани во џамија?
     
  4. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Кај муслиманските бракови, венчањето во џамија не е задолжително. Бракот се склучува и дома, само треба да има сведоци дека се сложуваат двајцата, по можност треба да биде присутен оџа, може и некој друг учен човек што ги познава исламските закони за бракот и семејството, и жената го кажува мехрот. Мехрот е една вредност, може пари, злато или нешто друго (не мора парична вредност, било што) што доколку мажот ја разведува жената, додека оној бара развод, би и го платил на нејзе како вид на надомест на штета.
    Ова е исламски брак, но во Македонија исламските бракови не се така чести, браковите се склучуваат традиционално, се запознаваат двете страни, се согласуваат и тоа е тоа. Во Македонија никој не се венчава во џамија.

    А сунетот нема врска со бракот,
    но секој родител е задолжителен да го сунети машкото дете, ако тоа не го прави родителот, во исламските држави од страна на самата држава се организираат сунетења на машки деца без разлика на нивната возраст.
     
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050

    Мајка ми и татко ми не се венчани во црква, а јас сум крстена, разликата е во тоа што кога го издаваат она извод на крстени , така некако беше(пред некоја недела го најдов моето), мајката ја пишува со нејзиното моминско презиме, друго ништо не пишува, дали е брачно или вонбрачно.
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.311
    Допаѓања:
    101.469
    Пол:
    Женски
    Не знам како био порано, но сега баш другарка ми кршетваше дете а они не се венчаа во црква. Затоа знам. :)
     
  7. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Значи и јас сум вонбрачна, па шо :D
     
    На UbavkaBube му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Miss-Depp

    Miss-Depp Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    32
    Да надополнам секаде е така не е само кај нас една девојка од Пакистан што живее како втора генерација доселени во Англија кажуваше дека таму не се прифатени таквите врски и неретко се осудувани,така да без разлика дали е Балкан или не тоа е тоа.....
     
  9. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Јас пак знам многу примери на девојчиња од Индија и од Пакистан кои живеат во Англија како јавно си идат со Англичани и Англичанки кои одат или се мажени за Турци пример...значи сепак не е секаде во Англија така. Башка, во Англија толку се испомешани, што ни самиот не си сигурен со кого идеш.
    Пример колешка од факс еднаш се фати со Англичанец и тоа баш англиска фаца, све. Кога на крај испадна дека по мајка имал некои латвијски корени, од страната на татко му имал некои источни корени (Индија, Пакистан, не сум сигурна). На крај дојде до заклучокот дека тој е 1/4 Англичанец по татко...по мајка ич. Англија стана новата Франција каде што најмалку можеш да најдеш Французи...

    Taка што, ако навистина ви е битна верата и потеклото а идете / се мажите за странец од овие западниве земји, сепак убаво проверете си дали е тој навистина Англичанец/Германец/Французин и тн.
     
  10. Linda.A

    Linda.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Леле ова ите како е вистина за Европските земје,
    можда не се само Англија и Франција,

    имам братучетка што живее во Шфајцарија, беше мажена имаат син,
    се заљуби во еден на работа, тој навидум Швајцарец,
    како да не, на крај излезе дека е КУРД од Турција, но одамна живее во Швајцарија, дури ни Турски не зборува или не знам негов јазик Курдски.
    Брадучетка ми многу го сака, уште се заедно, го остави мажот, сега заеднос е борат за детето, тој е постар, има жена деца но одамна се разведени. Брадучетка ми многу го сака, не ја препознавам, толку се сменила но мене ми се допаѓа, се сменила на добро, има толкаво разбирање за него, вика дека не му пречи што контактира со првата жена зашто децата живеат со неа па мора да се грижи за нив и нормално е да имаат приателски контакти. Толку многу се сакаат, јас ги подржувам но за жал целото семејство и се налути. Не и помагаат судски да го добие детето, многу ми е жал за неа.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Miss-Depp

    Miss-Depp Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    32
    ^^Во ред tessie не негирам можеби е така,јас си кажувам девојчето како што ми кажа,најверојатно средината во која што таа живее е таква,а башка и она и нејзините се порелигиозни така да се си влијае...поентата ми беше дека не секогаш во западните европски земји е се розево и не се секогаш толку либерални за се
     
  12. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Јас не би можела да бидам во врска со некој од друга вера,а најмалку сериозна,на долги стази..Љубовта е убава но исто и минлива,а проблемите кои ги има во секоја врска додадени на овие(ако сте од различна вера)би направиле повеќе штета,отколку убавина,со чест на искучоци..Да живееме на друга планета каде на верска база луѓето не си чинат зло едни на други туку се ценат како чеда Божји без да им биде битно кој е чедо на Исус,Алах,Буда...тоа би било поинаку-би се сакале луѓето меѓусебно и би си помагале бидејќи сите имаме очи,раце,нозе,чувства,иста физиономија..сите сме луѓе.Бидејќи не живееме на планетата каде љубовта и почитта се битни вредности кои треба да ни бидат двигатели низ животот,приказната е таква каква што е-САМИ СМЕ СИ ЈА ИСКРЕИРАЛЕ.
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Не, зборот ми беше дека религијата е индивидуална работа, а не обележје на сите Турци, Англичани, Руси и тн. Како што и самата рече, има некои повеќе и помалку религиозни. Има некои на кои верата им е наметната. Сунет и крштевање обично им прават кога се премногу мали за да можат правилно да рассудуваат во што ним им одговара да веруваат и кој е нивниот позив крај краева. Има мн христијани/муслимани кои не се такви по сопствен избор, некогаш треба со поширок видик да посматраме некои работи.


    Тие две земји ги дадов како пример, инаку во Шведска/Белгија/Холандија/Италија/Швајцарија и многу други ја има оваа ситуација. Офф леле што ми е жал значи вака кога ќе слушнам...некогаш родителите упорно мислат дека нештото што го прават е за наше добро, но за жал не секогаш е така. Се надевам дека се` ќе се среди со детето иако мислам дека кога ќе дојде до одредена возраст, детето самото си има право да одбере со кој родител ќе остане. Од се`срце и` посакувам многу среќа иако не ја знам. И јас сум поминала низ проблеми и знам како е, затоа и` посакувам многу среќа и еве уште еден показател дека самите разлики како такви не се проблем, туку оние кои сакаат да ги елиминираат.
     
    На Miss-Depp му/ѝ се допаѓа ова.
  14. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    195
    Јас не можам да ги разберам некои од вас...извинете но да ги правиме тие поделби во 21 век |( . Оваа година бев за Германија..таму ако треснете нешто од типот: "Лелеe врска помеѓу Христијанка и Муслиман" или обратно ќе те сметаат за ненормална личност, нарцист, егоист.
    Озбилно!
    не можам да се начудам колку сме далеку по култура од нив.
    Едноставно неможам... :x

    Што се однесува до мене, сите што сте заљубени во момци/девојки од различни вери имате максимална поддршка од мене!

    Сакајте се, нема поубаво нешто од тоа да бидеш среќен...па макар да си и во врска со атеист.
     
    На nena2010 и WomanInRed им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.081
    Допаѓања:
    11.224
    И јас не верувам дека тие бариери така лесно се надминуваат. Ние Македонците без проблем ќе се мажиме , жениме со Срби, Хрвати, со било кој што е католик или православен. Ама муслиамните штом ќе помислам на ниванат вера кожа ми се ежи. Кај нив жените се многу покорни, мажот може да ја убие ако иам љубовник, да ја тепа и остави ако не е девица кога се мажи, се молат 5 пати на ден, чевли пред втара се собуваат, многу строги правила. И многус е насилни за мене. Па гледате ли за овој филмот во кој е навреден пророкот Мухамед колку проблеми направија. Тие нас не гледаат како неверници, а тие се прават верници и дури се воз аблуда можам да кажам. Што и да го навредила Мухамед во филм, па тоа е филм, што треба да запалат цел православен свет и да убиваат?Јас не ги оправдувам, ниту ај сакам вертаа нивна. За католиците да, многу се фини, културни, баш аристократка вера, а муслиманите, па 21 век кога ќе видам жена џип вози по град и забулена?На ништо не личи.
     
  16. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Секако кога некој ќе каже дека комшивката христијанка, има момче или маж муслиман, цела зграда, со крст и лук излегува и три пати вртат околу зграда |( Кога ќе поглднете малку подлабоко од она што однадвор гледате, ќе сфатите, дека сите сме од крв и месо, и сите сме исти. Има само мали разлики, кои се прашање до избор.


    Па мене не би ми пречело, се додека човекот е нормален, чувствутелен и зрел. И да знам дека навистина го сака тоа- да биде со мене. Но доколку има само една пречка, тоа с емоите родители, кои се конзервативни, и не е дека не би ми дозволиле, но би им ги скршила срцата. Едноставно, имаат такви сфаќања.
    Не сакам да правам расна, полова или дискриминација на национална база, како сакате сфатете го ова. Живеам во населба со многу албанци . :!: Но не се од оние ситурани и културни, туку овие се нешто како од племе излезени. Не се знае, кој пие кој плаќа. Секој ден од сабајле до 4 саат наутро има дерење викање, како на смени да се. Не смееш сама да излезеш, те знаат дека си им комшика, ама они свират, се лигават. И мислам дека отпорот кој моите го создаваат кон муслиманите е само од она што секојдневно го гледаат. Но, еве кај баба ми во населба има комшии албанци кои ми помогнале, кои се нормални луѓе и културни. Ни се напле, сме им се нашле.
    Е сега, јас сум опкружена со многу Турци, и ги гледам дека и они се само обични луѓе, со нормални сфаќања, модерни, и имаат исти сни и мечти како нас. И кај нас и кај нив има расипани луѓе, но тоа не ги прави на верска база, сите расипани. И мислам дека е крајно време да се престане со дикриминација.
    За мене се сите луѓе.
    Но ако на некои им успеала врската межу муслиман и христијан, не значи дека на сите ќе им успее, или нема да им успее. Се е до човекот. Ако и ти и он сте спремни да ја ставите верата и обичаите во втор план, а себе си во прв, тогаш е во ред. Ако си закоравен македонец, христијанин, а они закоравени албанци или турци, тогаш ништо од бизнисот.
    И уште нешто :!: никако не прифаќам мењање на вера за љубов. Едноставно јас сум христијанка он муслиман, или ќе најдеме заедничко, вака - или ќе го сакам каков што е и ќе ме сака, без разлика на бариерите од општеството или воопшто нема потреба ни да се размислува за нешто повеќе.
     
    На anabel-a, Filiposka, bitter-girl и 2 други им се допаѓа ова.
  17. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    E кога ке слушнам вака, тие се молат 5 пати на ден, па ако ме фатат ке ме тепаат?! па мора имињата да бидат муслимански?!!
    Господе боже какви филмови сте гледале бе луѓе? Па и јас имам читано книги и имам гледано филмови со такви содржини ама Алооооо што ви е на вас што имате такво размислување?! од каде тоа?
    Не сме во саудиска арабија, и не живееме во 6ти век?
    Не судете тоа што ви е непознато!1 Значи прво запознаете некој па послем судете го како е!!
    многу е лесно да се збори за нешто што не ви е познато,..
    И јас стојам на тоа дека човек е човек, од месо и од крв и дека сите сме еднакво исти и дека се додека се сакаме ке можеме да напреднуваме, прво како луѓе па послем и како држава..
    а се додека мислиме на тоа дали да ги мразиме албанците или русите или грците?! забораваме и други повредни работи во животот..
     
    На tessie и meandyou им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.081
    Допаѓања:
    11.224
    Ова го акжувам сум имла колега Албанец еден, ама секој ден се моли по 5 пати, и вика дека тоа е малку не е многу. Немој да мислиш дека тие нашата евра ја сакаат. Не не третираат како неверници, како поган народ. Сум имала Турци исто неколку колеги ама тие се многу лојални како граѓани и посовремени. Да бидеме реални Албанците не се многу цивилизирани. Босанците ми се пола - пола, ама и тие не сакаат сопруга од друга вера. На фб Албанец од Кичево што живее во Америка ми се закануваше дека ќе ми прати луѓе да ми прават се и сешто. Вели за нас дека ќе не снема, дека ќе бидеме народ без држава, епа како да се заљубиш во такво племе?Прво како да го третираш за нормален кога само за АХмети и за терористи знае да збори, тоа ми е муабетот, друго не знае. Ние сме два различни света, не еврувајте многу во тие приказни дека се современи. Од нив допрва ќе страдаме, и со такви јас ен очекувам ни пријателство, а не па љубов.
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.311
    Допаѓања:
    101.469
    Пол:
    Женски
    а зашто обележуваш една вера и нација спрема еден ненормален примерок? Се молат 5 пати на ден, па што ако се молат, тоа си е нивна вера! Кој си е верник си ја практикува, кој не не. И кај нас одат секој ден во црква тие што се побожни, и кај нас палат кандило дома тие што се побожни и имаат икони дома и сега што? И ние на некој сме му чудни. А некој кој што е вон твојата вера, нација или боја на кожа ти е чуден ( ова не ти го кажувам лично тебе туку општо), тоа е затоа што не си отворена кон нови работи. Не сум голем верник, одам во црква само на големи празници ( ако и тогаш), не плукам по господ, не навредувам вера, ги имам исчитано и Куранот и Библијата, честитам и Божик и Велигден на Христијанин и Курбан Бајрам и рамазан на муслиман, и што ? Ми падна круната од главата?

    Што се однесува до филмот за Мухамед, можам да ти кажам дека како Христијанка толку се осетив долно и понижено зашто некој кој е моја вера, навредува светец од друга вера. Тој што го снимил филмот е за казнување. Не можеш ти да исмејуваш религија, било муслиманска, христијанска, будистичка, хинду и слично. И јас би се навредила некој да го исмејува Исус и Богородица и би барала да се казни. А за католиците, аристократски?? не би рекла. Ако мислиш на тоа што го гледаш на филмовите како одат со шапки и дотерани во црква тоа драга моја се Протестанти, и други а не Католици. Католиците, зборувам за оние побожните се бетар од муслиманите, кај нив нема абортус, нема заштита при секс, нема предбрачен секс и да, ако не си девица и таму си обележена.
     
    На tessie, Filiposka и WomanInRed им се допаѓа ова.
  20. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Љубовта нема граници. Ако двајца се сакаат, зошто да не бидат заедно?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.