1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сериозна врска со муслиман

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од inlove80, 27 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Прво да ти кажам дека не те осудувам и те подржувам за таа врска затоа што не сум од тие што мислат дека ако не е од НАШИТЕ не чини.......А што совет би ти дале освен да оставиш на времето и да видиш што ќе се случува понатаму.Самата кажуваш дека тој не е доволно храбар да ја изнесе врската во јавност можеби после оваа разделба ќе свати што ќе изгуби и од тука ќе најде храброст за да ја каже вашата врска и на домашните,според мене се останува на времето и на него ако тој доволно те сака за да не те изгуби сигурно ќе преземе нешто во врска со тоа.Се надевам дека ќе го решите овај проблем и нема да имате потреба да се разделувате.
     
    На Cleonika и babymama им се допаѓа ова.
  2. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Нормално дека ке ти биде тешко ако те остави,ама малку размисли за иднината и за тоа со какви очи ке те гледат неговите доколку се земете
    знам тешко и јас имав врска со муслиман и една од најтешките одлуки во животот ми беше да го оставам,ама пребродев се и сега сум си срекна со дечко христијанин
    да сум знаела никогаш немаше да се впуштам во такви води,ама биднало
    љубовта е убава знам како се чуствуваш,а да те прашам што викат родителите за твојата врска????
     
    На Cleonika му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    464
    Фала ви на одговорите. Инаку, ние ја имавме доведено нашата врска во најнормално ниво, и никогаш не дозволувавме да се потенцира било каква разлика од ничија страна, излегувавме секаде заедно, на одмор на славење, на се... врската ни беше најнормална, кај мене брат ми знаеше, ама не ме осудуваше, ок тој млад е, ама дозна само мајка ми,и разговаравме , беше секако насекирана, ама како што реков, јас би се борела за мојата љубов, и на тој начин и кажав и нејзе, дека сеуште ние за брак не сме размислувале дека сме само дечко и девојка, ама дека поради никого друг не би ја прекинала таа врска, освен ако ние двајца не одлучиме самите.
    И неговите знам дека знаеа оддамна, ама тој сепак е машко, од тогаш уште се спротивставувал, дек аедноставно прави што сака, дека сум му девојка, и не сакал ни да разговара повеќе на оваа тема.
    И така беше останато тоа, се до сега, кога најверојатно повеќе го напнале од дома,.. ии дојдовме до овој момент да бораме да се разделиме за да би се оддалечиле еден од друг полесно, одколку да седиме уште подолго време заедно па после да е уште потешко..
    Сепак, јас би сакала уште да се бориме, да знам дека барем едниот од нас не е сигурен дека тоа што го сака во животот е оваа врска, тогаш би се откажала побрзо, ама разговаравме мн, и знам дека и тој не сака, не го смета ова за негова желба, туку само како правење услуга на другите..или така нешто..
    зошто не сакал да е себичен и да мисли само на себеси...
    А јас не можам да сфатам да се откажам во ваква ситуација, кога знам дека и тој нема да е среќен, а ни јас. значи оваа одлука не е за доброто на ни едниот. туку за добро на други..
     
  4. Flavoraid

    Flavoraid Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    Видете сите сме луѓе , стварно има некој албанци што не заслучуваат ни да живеат ама има и такви македонци , као што кај нас има добри и лоши има и кај нив .. инаку турците се многу културни и фини и човекот не се глеа по религија,вера,боја на кожа , се глеа по карактер ,така да додека не го запознаете немојте да судите за тоа дали е црн/бел ,шиптар/турчин/англичанец и тн . :)
     
    На booba му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Едно е да осудуваш а друго е мешање на различни светови кое кога тогаш ќе се мавне некому од глава-ако не на мешаните бракови тогаш на децата.Не осудувам никој,сите ги почитувам како човечки суштества на планетава но тоа не значи дека би се впуштила себе во љубовна врска со некој различен од мене во секој поглед.Љубовта колку што е убава толку е и опасна,па убаво размислете со кого сакате да ја доживеете.Самоконтролата е човечка особина која по сопствена волја може да ја искористи секој.
     
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    А јас пак не знам зошто луѓето имаат тенденција да ги ставаат во ист кош сите жени кои ја смениле верата покрај мажот. Тие што го направиле тоа под притисок и јас ги осудувам, т.е. ги жалам што немале доволно сила да застанат зад сопственото јас и сопствениот духовен повик, ако имаат таков. Затоа што според мене, верник е оној кој самиот ќе почувствува дека припаѓа некаде, а не може некој да се почувствува така доколку истата му се наметне и се користат само закани. Тогаш и тој другиот не е некој голем верник, напротив, тоа е човек кој се`уште не научил вистински да си ја сака својата религија, па не му текнува ниту еден друг начин да ја претстави на другиот освен со притисок, насилство, закана, уцена...
     
    На Cleonika и booba им се допаѓа ова.
  7. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Можеби сум мала за да коментирам на вакви теми, но за среќа имам оформено мислење за оваа вечна дебата.

    Значи ко прво секој има право да си го живее животот како сака и со кој сака.Не сме ние никој да осудуваме, а уште помалку да попуваме на некој што да прави.Секој има право на свој избор.
    Љубовта не е само во тоа да најдете човек како вас и само таков да го сакате.Каде што има љубов има и компромис.Ако нема компромис, почит, искреност, тогаш љубовта не е доволна, во твој случај љубовта е ништо.Љубовта иде заедно под рака со почитта, компромисот..итн.
    Љубов и среќа може да ти подари и христијанин и муслиман и будист и евреин, исто така и муслиманот може да те тепа, да те вара, да не те почитува исто како и христијанин.
    Религијата не го определува карактерот на една личност, мислам дека тоа треба сите да го сватиме..Сум запознала толку Албанци,Босанци,Турци.. што се многу фини и културни, ги почитувам исто како секој друг човек на светот.И да би била со некој од друга вера во врска се додека нашата љубов е искрена, има компромис, почит итн.
    И најважното е.. Немојте да мешате вера и религија, едно е НЕКОЈ ДА ИМА РЕЛИГИЈА, А ДРУГО Е НЕКОЈ ДА ИМА ВЕРА...
    Очите немаат вера..

    Некој е спремен на таков чекор, некој не, се тоа зависи до личноста.

    Бтв, не е христијански да се осудува, а уште помалку да се наверува друга вера(ко што на темава се прави) ;)
     
    На Cleonika, senjorita.lombardi и Filiposka им се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски

    Cleonika според ова што го прочитав дојдов до заклучок дека најдобро ќе ти биде да се откажеш од оваа работа. И да продолжи таа борба, како што гледаш, дефинитивно ќе се бориш сама. Тој самиот ти кажал јасно и гласно дека не сака да ја секира мајка му (бре, бре, ко човек да треба да утепа). Всушност, јас мислам дека вистинската причина е тоа што тој нема храброст и зрелост пред се` да се избори за она што го сака. А можеби со самата негова постапка и се изборил за тоа што го сака (мамичка :angel: :clap: ).

    Покажи малце гордост и засекогаш затвори му ја вратата на човеков затоа што во никој случај не вреди. И мој совет, ако некогаш те побара, немој ни случајно да си му дала втора шанса. Кога тој ќе те моли, ти речи му „Извини душо, јас те сакам, ама не можам мама да ја секирам, малце ли грижи и` ставив на врат жената со нашата врска до сега.“ Кога тој една врска во која е вложено толку време, труд и емоции, се` тоа фрла во вода за мамичка да не се секира, не ти треба таков, верувај! И иста вера да бевте, исто ќе беше, секој човек може сечии маани да наоѓа, ретки се оние кои можат да го бараат она што е добро во луѓето. Затоа толку време и поминуваме во потрага по вистинскиот човек за нас, затоа што ги бараме вториве.

    И во иднина, те советувам како мажена жена, барај си човек кој ќе те става на прво место во животот и кој не чека дозвола од мама и тате за да биде среќен со жената која ја сака.
     
    На minne992, MIA-SK, danielka0507 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Многу убав совет. Сите мажени жени викаат - ма гледај како тебе ти одговара, гледај тој да се прилагоди на тебе , а не ти на него.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Flavoraid

    Flavoraid Активен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    Значи тоа дали би се впуштиила ти во таква врска или не твое си ,никој не те тера на тоа .
    На мешаните бракови според мене не им фали ништо а ни на децата од мешани бракови ,познавам многу такви деца и си се добро прифатени. Попрво би се омажила со муслиман што ќе ме сака и почитува него христијанин што ќе ме малтретира , понижува .. со ова несакам да кажам дека христијаните се лоши а муслиманите не. Како што кажав погоре како што има добри христијани има и добри муслимани ,како што има лоши христијани има и лоши муслимани . :)

    П.С во љубовта верата и не е толку битна.
     
  11. Leonaaa

    Leonaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4

    А само да те прашам нешто...во првиот твој текст прочитав како сте се решиле да се разделите зашто он не можел да дојде на право на глас во неговата кука за тоа за која сака ОН да сеж ени,а во вториот прочитав како ти кога си и кажала на мајка ти за него она била насекирана но СЕПАК ти си била/си спремна да се бориш за својата љубов...од целиов муабет заклучив дека тоа со ке каже дотичната му мајка е нешто што треба да се почитува па макар и по цена да треба да се разделите вие и он да е "несрекен" цел живот, а додека доколку би наишле на отпор от твојата фамилија тогаш заеднички ке се борите против непријателот...Или можеби се грешно сум сватила??? слободно поправиме ако е така
     
  12. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.580
    Допаѓања:
    3.204
    А можеби едноставно тој не ја доживува вашата љубов исто колку ти што ја чувствуваш. Можеби тој повеќе не сака да е со тебе и тоа што го кажа е всушност изговор само за да не те разочара. Многу е лесно да ја накривиш друга личност кога всушност кривицата е сама во себе. Размисли и од овој аспект. Можеби и грешам, не велам не... АМА немој да ја исклучиш и оваа варијанта. Доколку мислиш дека сегашните чувства му се вистински, прашај го дали е спремен да се бори... ако речи не, тоа е тоа. Во таква борба треба двајца... Ако е само еден, битката е автоматски изгубена. Со среќа.
     
    На Leonaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Па во ова време невреме зар остана љубов, а вие сакате да ја доживеете со муслиман. Тоа се реткост такви бракови. А си чула ли за случаи каде татко муслиман се откажува од синот и го брка од куќа затоа што се оженил со хистијанка. И тоа живот е ?Да те осудуваат цел живот. Па влегуваш во брак со човек од иста вера, човек со кој на почеток немаш проблеми и пречки и на крај испаѓа брак за никаде, а вие верувате дека со некој од друга вера ќе ви биде идеално. Жал ми е, ама не сум оптимист за такво нешто.
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Да ви кажам нешто на оваа тема...
    Имам другарка имаше врска со момче од друга вера и имаа проблеми од дома кај 2та.а се сакаа многу ама на крај врската се прекина.
    Потоа тој си најде друга и таа друг дечко од иста религија.И знаете што се случи?Се верија другарка ми и дечкото а се колнеа на вечна љубов,се сакаа,и таа го засака а и он неа,така изгледаше.Потоа тој и раскина поради личност т.е.женска од друга вера :o ---катастрофа.Домаму не му ја сакаат ни под разно,другарками уште контактира со неговите,со него не.Незнам до кај ќе тера тој со другата ама не верувам дека ќе завршат среќно,имаат проблеми,а тој кога ќе се освести што направил ќе му биде касно.
    Тешко успеваат вакви врски,најдобро е секој да си бара партнер од своја религија.Некогаш само љубовта не е доволна,сакаш нејќеш постојат и други фактори,а треба и разумот да биде вклучен тука,разговарам за личности веќе зрели над 24години,е ајде сега.....Јас лично не сум против ништо и никој,али сум за тоа да секој си гради љубов и врска со личност од своја вера.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226

    Не е работата да ја доживееш со муслиман, христијанин, евреин.. него со човек!
     
  16. Cleonika

    Cleonika Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    464
    Повторно ви благодарам на сите за одговорите и мислењата.
    Секако, би можела да влезам и во дебати со оние што потенцираа дека немаат разбирање и не ги сфаќаат ваквите врски, и не ги оправдуваат, но секој со свое мислење.
    А благодарам на Tessie i Leonaaa ..
    Теси ми даде стварно издржан совет... и се согласувам во потполност... секако, јас сум заљубена, но ова ми е и мене најлогично и најблиску до реалноста, дека тој немал смелост да се избори за нас, и дека можеби ни самиот не е сигурен во тоа што го сака.
    А леона, да во право си, Јас бев таа што имав смелост да се спротивставам на мој родител заради него, а тој не. Но тоа што ние сме христијани, и можеби кај нас сеуште со поотворени сфаќања од муслиманите тука, не значи дека мојата мајка таква вест нема да ја загрижи воопшто, а неговата (божем) може да умре од тоа.. Ова стварно не е фер вака да се гледа... Така да, најверојатно, тука не е проблемот САМО и само нашата тешка ситуација , туку и општо, односот и врската како врска, нормална, помеѓу двајца, како што се и врските помеѓу христијанин и христијанка, или муслиман и муслиманка. Значи најверојатно, за него ова не е тоа тоа вистинското.. но ме зачудува начинот на кој што тој ми зборуваше за оваа врска и за неговите чувства... и дека стварно било така како што викал,дека е бескрајно заљубен, само што проблемов ни бил божем нерешлив..
    Ама како и да е.. поминати се скоро два месеци... јас се трудам да продолжувам некако.
    Секако дека сеуште тешко се бришат спомените, и навираат многу почесто од порано, ама мислам дека тоа е нормално во процесот на страдање после раскинување... така да, само се молам и се надевам побрзо и полесно да ми помине.
    А сум разочарана од неговата постапка, и несмелост, така да, ... не гледам зошто и да му простам..
    А инаку, од моја страна, секогаш давам поддршка за сите што сакаат да се борат за својата љубов, зошто верба во љубов не сум изгубила и нема да изгубам. Знам дека постојат и луѓе заљубени, кои што стварно заслужуваат и двајцата да бидат среќни заедно, а имаат проблеми од страна на семејства, средина, и сл. Не зборувам само за врски меѓу различни националности и вери, туку и секакви други, што имаат било каква потешкотија и пречка од некој трет, за да се среќни, ги советувам доколку се и двајцата сигурни, да се борат до крај за тоа што го сакаат.. зошто нема поголемо достигнување во животот да им се случи, од тоа да успеат да се изборат за она што навистина го сакале, и да го задржат за цел живот, да градат семејство заедно, наместо подоцна во животот да се сеќаваат на неуспешна љубовна приказна поради други луѓе, со солзи во очи. Нема работа,кариера, нити пари, нити имот на светов , за кое што би се труделе да го постигнеме во животов, што е повредно и што би
    не направило посреќни, од тоа со сите сили да се избориме и да успееме за вистинската љубов.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Бог не` створил исти, не` поделил само карактерно, а луѓето се оние кои дискриминираат и прават разлики според други одредени критериуми: финансиски, социјален, религиозен, национален и тн.

    Е сега, во еден пар тие “разлики“ може да се наметнат од другите, а самиот пар да не ги гледате како препрека. Во тој случај, доколку љубовта е вистинска и обострана, може да се изборат за своето место под сонцето. Поточно, доколку љубовта е вистинска и силна, а партнерите се доволно зрели за да бидат свесни дека врската со тие разлики реално никого не треба да повредува. Значи, кога ќе размислам подобро, освен храброст, на дечкото на Клеоника можеби му недостасувало и зрелост.

    Но, има и такви парови во кои едниот (свесно или потсвесно) ја прифаќа предрасудата за другиот дадена од околината и 1) или го остава без збор, ; 2) или останува со таа личност за кратко (или за подолго, но во никој случај не планира јавна и сериозна врска) затоа што така му е убаво, што е погубно за другиот затоа што предрасудите не може да се скријат.

    Лошите работи и разликите секој може да ги најде во еден човек ако сака. Ретки се оние луѓе кои во другиот го гледаат доброто и заедничките работи.

    За една врска да опстане потребна е љубов, смелост и зрелост од двете страни . Тоа е рецептот.

    Не велам дека не треба да се одбира партнерот, да, во секој случај, но според други критериуми, пред се` карактерни црти на човекот. Дали и двајцата имаат исти гледишта и приоритети во животот, или доколку им се разликуваат, дали придонесуваат за некој вид на баланс, дали и двајцата партнери се чувствуваат добро и комотно во присуство на другиот и сл.

    Се` додека во животот луѓето ги отфрлаат тие покрај себе поради разликите, без притоа да се потрудат да ги најдат сличностите и особините кои им одговараат кај другиот, па сличностите и разликите да се стават на кантар да се увиди дали се тие разлики вредни и имаат влијание на врската, многу тешко ќе оди наоѓањето на сродна душа.

    На нашиве простори во многу случаи овие предрасуди и влијаат затоа што исконски и генерациски мислам дека ни` е вгнезден тој страв: Леле што ќе каже комшијата? Леле што ќе каже фамилијата? Леле, а ако друштвото не ме дружи веќе? Леле овој што ќе помисли, леле оној што ќе помисли.
    Зачудена сум од тоа колку многу луѓе постојат кои во друштвото се понашаат како да нема веќе да најдат друштво никогаш во животот и дури и по цена на сопствените убедувања и среќа, си ги создаваат предрасудите. Е и тој елемент има огромно влијание врз неуспехот на “врските со разлики“ (како само тоа смешно звучи).
    Мене пример, не ми е важно колку на број и колку отмено друштво ќе имам. Важно ми е, да, но не поважно од сопствената среќа. Никогаш во животот не сум се ни потрудила да ги импресионирам другите. Од облека до однесување. Да, се дотерувам, понекогаш и со саати :lol: но додека јас во огледалото не видам личност која ќе ми дозволи да се чувствувам пријатно, комотно...и убаво во сопствената кожа. Исто и со однесувањето и донесувањето одлуки во животот. Не се устручавајте, можеби кругот на луѓе ќе се намали, но и плевелот ќе се намали, т.е. ќе останат луѓето кои заслужуваат да се во ваше друштво. Кога сите би почнале вака да гледаат на животот, не би имало толку разводи, пропаднати врски или чувство на неподнослива осаменост среде толпа луѓе.
     
    На Cleonika му/ѝ се допаѓа ова.
  18. unforgettable.u

    unforgettable.u Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2012
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    11
    Ми смета! Доколку друг некој може да биде со муслиман, ок ми е. немам предрасуди за никого. Секој го живее животот како што мисли дека треба. Никој не знае како му е на другиот. Но јас не би била со муслиман. Католик, Евреин...да. Но моја вера не би сменила. Не дека како слепец за стап се држам за христијанство, туку бидејќи ми нема логика 25 години да верувам у едно нешто,и потоа преку ноќ во друго. да сменам празници, црква, верувања... нема логика. Секој со својата вера. Но со муслиманите ми е подруго. Ги почитувам, за пријатели немам НИКАКОВ проблем, но не верувам дека би се вклопила во таа религија. поради тоа само.
    Ти девојко, терај напред. Кај вистинска љубов- НЕМА ШАНСИ на 30 год да те остави поради мајка му. Друго нешто има тука. Можеби на него му смета повеќе верата отколку на тебе, иако не признава.
    Се ќе си дојде на свое :* Се најдобро!
     
    На Tanjamm и Cleonika им се допаѓа ова.
  19. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Ќе земам еден пиштол и ке се пукам во глава! поради нискиов муабет, не друго.

    Добро бе луѓе во кој век живеете? Какво бркање од дома поради тоа што некој засакал христијанка/муслиман.
    Нели религијата не учи да се сакаме и почитуваме? Нели љубовта е над се? Или ке излезе дека донесува само омраза. Односно ние самите луѓето си наметнуваме омраза со поделбите што ги правиме.
    Што е некој/а крив/а што се родил/а во Христијанско/Муслиманско семејство?
    и ТИ да си се родил/а во муслиманско семејство ке си бил/а муслиман/ка и готово. Ова општеството ни го наметнува, не бираме ние така да неможеме да осудуваме никого.
    Стварно колку и да сакам да ве разберам едноставно неможам. За мене сите се исти, а фала му на бога и моето семејство е вакво.
    Немојте да мислите дека имам дечко муслиман па сега судам овде, баш напротив дечко ми е христијанин, ама ако еден ден се заљубам во некој муслиман ни пет минути нема да се двоумам околу тоа дали да сум со него или не.

    Господ е еден.

    СИТЕ СМЕ ИСТИ!
     
    На Cleonika, encimenci, AloneM и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. AnjaLazanja

    AnjaLazanja Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    34
    офф топик....
    Сите сме исти но не сме исто воспитани....понекад љубовта победува по некогаш не но некој работи остануваат како дамка...На некој вакви врски се нормални на некого не...Се во зависнот од каква фамилија како воспитување и каква традиција...Само од едно човек се плаши (добро прави грешки во кој за себе се оправдува дека несе за др со др сфаќања да ) да не му прости некој што во иднина ке му значи...Според мене најважно е какви гледишта имаа двете фамилии некој се со 21 век некој со мислње од 19век...не осудувам никого но јас не подржувам...Како ид да е со среќа на сите !
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.