Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сериозна врска со муслиман

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од inlove80, 27 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Не сакам да кажам „Никогаш не би“ затоа што никогаш не се знае.

    Ама знам дека во ова наше општество и балканскиот менталитет кој го имаме, таква врска тешко дека ќе успее. (симнувам капа на тие кои успеале, посебно на ikame чиј пост над мојов го прочитав)

    Мислам дека притисокот од блиските, особено од родителите, на крај ќе го направи своето. Сепак поговорката дека „од љубов се живее“ за мене не е баш точна. Има многу пречки кои можат да створат кавги во врската. Големи разлики би постоеле помеѓу двајцата. Особено со тензиите и случувањата на кои сме сведоци секојдневно во последниве години.
     
  2. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    јас не би....темата е болна нема да коментирам многу. Сум против стереотипите и ограничувањата, ама јас не би сакала да сум со човек од друга вера (било која)
     
  3. HplsRomantic

    HplsRomantic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    23
    Е значи не можам да ги разберам овие “сериозни“ врски! Македонка и шиптар за пример... хахаха или македонкава е многу глупа или он нема пари за да си плати нусе забулено...хахаха бог да чува. Кога ќе видам млади девојчиња како толку лесно дозволуваат да бидат заведени од шиптари ми се темни!!! Ама сите си го плаќаат скапо тоа на крај... знам многу, за среќа туѓи искуства на темава... Никогаш не би оправдала!!
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    па не се само шиптарите у мкд со исламска вероисповед има и други народи со таа вероисповед на пр. македонци муслимани(торбеши) босанци турци
     
    На Limpan му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.982
    Допаѓања:
    12.683
    Да,ама види ја статистиката дека сите Босанци, Торбеши, Турци, попрво ќе земат жена Албанка, отколку Македонка. Се е тоа заради верата. Туците кај нас се помешаа со Шиптари.

    Јас врска би прифатила ама со католик, не со муслиман, па да имам свекрва забулена, маж терорист, шверцер на дрога. Не верувам во нивните добри намери воопшто, и како што кажа погоре девојките што одат со Шиптари на крај скапо плаќаат кога ќе бидат отфрлени. Па видете врска со Македонце постои големи шанси да ви заврши лошо, да се разочарате, а што со шиптари мсилите ќе имате љубов како во Ромео и Јулија. Јас си ги сакам Македонците, најубави се.
     
    На HplsRomantic му/ѝ се допаѓа ова.
  6. the-dark-angel

    the-dark-angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    38
    не ми се коментира на темава пошо е осетлива.

    имав друагрка идеше со турчин и на почеток јас се зезнав и и реков дека нема да и трае долго дека нашето општество е друго, општеството нема да ја прифати ко првво..и ме сфати многу лошо и после година дена почна да и смета тоа бевме поканети на две свадби и он нејкеше да иде..пола од другарките останати се тргнаа од нејзе пошо он ни носеше негови другари итн...и раскинаа..и сеа некако со други очи сите ја гледаат..

    не иде тоа некако, не иде едно со друго..незнам зашто ама имам многу другарки кои се излажале по некој од др.вера..
    од друга страна глеано ни еден македонец неам сретнато со некоја од др. вера..

    сепак мислам дека си имаме најубави македончиња :D
     
    На Tanjamm и Ketrin.Moon им се допаѓа ова.
  7. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Не можам да сфатам како може да помислите на врска со некој од друга вера,а камоли да бидете со него.Јас сум против и секогаш ќе бидам.Зарем малку наши Македонци има па ќе идете по шиптари.Срамота.Веднаш би ве гледале со други очи.Според мене тоа е толку јадно и бедно.Ама сепак вие си знаете.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.522
    Пол:
    Женски
    А по кое сфакање и размислување,сите албанци,турци и тако звани муслимани се терористи,шверцери и криминалци? (смајлиштосекрсти)

    Демек Македончето е најчесно,највредно и никогаш на мравка не гази,а сите други не чинат. ЦЦЦ до кога бе волку ке се величаме ,до кога?

    Него да не бидам оф топик. Ниту сум имала ниту ке имам врска со некој од друга вера,иако јас на ниту една вера не припагам. Лугето ги прифакам такви какви што се без разлика во каков храм се молат,во која религија веруваат,кој празник го слават. Но, едноставно не можам и не сакам да им дадам повод за зборење на плитки и злобни ликови, за тоа како јас со Албанец на толку Македонци.Не сакам безпотребно да си го комплицирам животот. Simple as that.
     
    На Limpan, Dgirlll, Rose96 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    supergirlсекоја чест за мислењето.. Значит никој не ме терат да бидам во врска со некој од друга религија ако јас не го сакам тоа!!! а за тоа дека дека сите муслимани се шверцери на дрога и терористи Ве молам! Ги читав останатите мислења и едноставно се згадив,немат потреба да употребуваме погрдни зборови за припадниците на други религии. почитувај ако сакаш да те почитуваат. Секој имат право на сопствен избор. никој никого не присилуват да вервит во нешто за кое мислит дека не е правилно! поз
     
  10. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Веќе пишав и во друга тема ама еве и овде ќе пишам.. Јас сум дете на мешан брак, поточно мајка Христијанка и татко Муслиман. Исто така и баба ми и дедо ми се мешани. Да не испадне да се фалам, ама ние сме многу сложно семејство. Еве и мајка ми и татко ми, и баба ми и дедо ми ПРЕКРАСНО функционирале :!: кога доаѓаат празници, од почит сите празници се слават, еднаш кај едните на ручек, после на другите празници кај другите. Нема расправии која вера е поважна, во која треба да се верува, и двете вери подеднакво се почитуваат. Јас и брат ми имаме интернационални имиња, нит се христијански, нит се муслимански. На пола пат си се нашле мајка ми и татко ми :D ни едниот ни другиот родител не не форсирал на едната или на другата вера. Ништо не ни фали. Си зборуваме два јазика, си познаваме две култури, две вери...
    До сега сум имала врски и со Христијани и со Муслимани, и можам да кажам дека ниту едните ниту другите не ме гледале поинаку. Не ми се случило да ме двојат или да ме избегнуваат. Ниту пак другари другарки од школо иако учам на македонски не ми се случило некој да ми пререче нешто за верата или за националноста.

    Од една страна сите викате дека сите сме исти, од друга страна викате дека се грозите од тоа да сте со некој од друга вероисповед? Па не сфаќам искрено. Не секој муслиман е дилер на дрога, не секој муслиман е терорист и ДЕФИНИТИВНО не секоја муслиманка е забулена и носи шамија.
    Во мојата фамилија (а верувајте многу голема фамилија сме) нема ниедна забулена, сите се пристојни луѓе, добри ситуирани, културни, образовани луѓе, сите зборуваме одлично македонски (бидејќи учиме на македонски, дома си го збориме нашиот јазик).
    И не малку од вас се жалите од дечковците какви ви биле, ве варале, ве игнорирале, ве форсирале на секс, ве искористиле, незнам ти што таму.. А тие нели Христијани се? Подобро тоа би го трпеле само затоа што се Христијани или би биле со некој што ќе ве почитува но нема да биде од вашата вероисповед?
     
    На Limpan, eloves, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  11. jagoda1979

    jagoda1979 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    227
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе за се што кажа и мило ми е што вака добро објаснување даде баш поради тоа што на своја кожа осеќаш како е да си во мешана фамилија. Е сега имам едно прашање до тебе: ДАЛИ ОДИШ ВО ЦРКВА ИЛИ ВО ЏАМИЈА? бидејќи се убаво си објаснила за имињата ваши, за празниците, за ручеците, ова си го избегнала. Зошто?
     
  12. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Затоа што јас не сум религиозна и не верувам во такви работи. Не се молам на никого, не одам ни во црква ни во џамија. Иако муслиманките не ни одат во џамија. Ни брат ми не е религиозен ама ко што знам си се прекрстува така да би требало да си верува во Исус.
    А и сите за тоа сте се фатиле демек КАКО МЕ УЧЕЛЕ ОД ДОМА, ВО КОЈА ВЕРА ДА ВЕРУВАМ. А како што реков ниеден родител не се фатил ко слеп за стап за да трди дека неговата религија е поважна, подобра па според таа да не воспитува. Религијата е нешто што сами си го бираме па оставиле на нас, за еден ден сами да одлучиме во што ќе вееруваме. Океј, муабетов отиде на скроз друга страна :D

    Зборот ми беше тоа во болдираното, да ги отфрлите стереотипите, не се сите муслимани терористи, дилери на дрога, мафијаши и не се сите жени забулени.

    А да :D и не се само АЛБАНЦИТЕ муслимани во земјава :!: (бидејќи гледам само на нив алудирате)
     
    На Limpan и ikame им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.982
    Допаѓања:
    12.683
    Тоа за терористи и криминалци, мислам на Албанци. Босанци,Турци сум иамла колеги, па и Торбеши и се сосема ок, современи. Ама за албанците нема да сменам мислење во блиска иднина. Турчинките и Босанките не одат забулени, ама погледнете колку млади девојки албанки идат забулени. Ако веќе се они толку еманципирани и ако сакаат “каури“ како што не викаат што не им дозволат нивни девојки да се мажат за Македонци. Еден дечко во мојот град идел со албанка, и го фрлиле од мост од каде што починал, бидејќи мостот е 27 м. Полицијата претпоставува дека не е самоубиство,а нема докзи, и така се се заврши дека е самоубиство. Не, го убиле затоа што одел со албанка. Па сега виделе кој е кој. Исламот има мноу строги правила, за неверство,за обреди околу мажачка за се.

    Не се сите албанци терористи,туку 80% чуваат пушки, пиштоли дома. Да бидеме реални, се знае дека се како дивјаци. Во овие 22 год во мКД само на нив нешто не им чини, само тие бараат права, само тие со убиства се гордеат, само тие викаат “учк“ на цел глас, значи или биле терористи, па сега се шетаат како цивили, или морално поддржуваат тероризам. Тие нас не не сакаат, и јас нив не ги сакам и врска со нив не. Можам да ги поздравам на улица ако ме поздарват, ама врска не бидејќи тоа за мене се нелуѓе. Тоа ти е рани куче да те лае. Или рани куче, утре да ти ги убие децата без причини. Како и да свучи ова тоа е моето мсилење за нив, и не верувам дека 90% од албанците имаат добри намери кон нас.

    Таков дечко или маж не сакам.
     
    На Valentina.Vaki и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  14. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Јас верувам, барем сакам да верувам во љубов која ги руши стереотипите и предрасудите..

    лично јас, се вљубувам во човек, независно од неговиот господ.

    како и да е...
    познавам пар каде жената е македонка, а таткото ром. Да ги видиш одстрана имаат навидум сложен брак...имаат и дечиња...е сега следи мојот омилен дел...они како родители решиле на своите деца, сеусте малечки 5 и7, да им кажат дека татко им е турчин, затоа што срамота било дека е циган( без навреди)
    Епа што мислеше , што мислеше кад се онадеше со циган--дека деца турци ке му родиш...неверојатно ми е...
    мажот е целосно тргнат од своето семејство, неодат никаде каде се збори неговиот јазик, и влегол во улога дека е турчин...а мајка му и татко му--црни-ќумур...
    родендени прават посебно, за посебни националности, не ги мешаат...не си одат на слави, празници...
    и веруваат дека децата никогаш нема да дознаат дека татко им е ром/циган...

    зарем тоа е живот?? и каде е тука љубовта и почитта...
    чудно ми е и нејасно...ама ете-за нив функционира...
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    потполно се слагам со Sanjichka007 и мојот брак е мешан 10 години сме заедно и имамае прекрасно бебе
    баба ми е атеист таткоми у живот не влегол во црква мајка ми чат пат неговите неодат во џамија ниту пак он така да не треба да се генерализираат работите а демек ако се оди у било кој верски храм бољи човек ке бидеш како не и во цел свет има разни религии и нации кои забрануваат се и сешто па пак луѓето и шверцуваат и дилаат и пијат и се дрогираат и свашта нешто а ZA TOA ШTO ЌE KAЖE KOMШиJATA SAVRШENO ME NEZANIMA I NA KRAJOT JAS SUM MNOGU SREKNA ZENA STO IMAMA TAKOV MAZ PORED MENE :D
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Мразам да генерализирам и сум против стереотипите и предрасудите, но мора да се признае дека се ретки таквите хепи енд случаи.
    И да се почести не сакам. По тоа што гледам дека го прават ми стануваат одвратни веќе. Па што уште сакаат жити се? Кога ќе убијат некој Македонец, некое младо дете тие велат оф наместо ние. Ми се гади од нив.
    Имав другарка циганка (се извинувам на изразот), се омажи. Ми беше најдобрата другарка досега во мојот живот, тоа што се мажат млади е според нивниот менталитет и е оф топик тука.
    И турчинка имав другарка и немам ништо лошо од неа само се оддалечивме. Повише се педантни и почисти од нас. :!:
    Ама Албанците ми се сосем друга приказна. Неможе бре он во туѓа држава лом да прави. :fubar:
    Ако сака и ангел нека биде, како попарена ќе бегам од врска со некој таков. А против најнормално дружење немам ништо против. Како што јас никогаш нема да се завртам против македонскиот народ, така неможам да барам и од него нешто такво.
    Моето размислување може е примитивно и глупаво и не знам какво, ама не ми е гајле. Едно девојче неможеше да се оттараси од еден, се заканувал нејзините дома ќе ги убие - свашта.
    Без навреди, по ова што се случува во мојава земја, невозможно е на друг начин да размислувам.
     
    На Tanjamm, Ketrin.Moon и sadgirl21 им се допаѓа ова.
  17. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    и јас сум против тоа што го прават албанците али тоа тие им дадоа и сега нема крај и јас не ги сакам ниту пак мажот ми ако се иста религија али многу се разликуваат и во понашање и во размислување со останатите муслимани
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Ние и двајцата сме православни христијани, така да од лично искуство неможам да зборувам. Но, околу мене имам 5-6 примери на кои веднаш ми текнува со мешани бракови кои совршено опстојуаат. И Албанци, и Турци и Торбеши и Бошњаци. Ништо не им фали. Имам пример дури и на маж од Јордан жена наша, православна. Ништо не им фали, другарка ми е мажена со Албанец, не е забулена исто како и свекрва и и золва и и јатрва и. Се зависи од фамилијата, не се сите албанци терористи, Господе боже. Друга работа, одма се зборува македонци и албанци, абре луѓе, здрави ли сте? Исламот е ислам, има едно чудо нации и Куранот е мирољубива книга, само што се нашле радикалисти кои лошо ја толкуваат. Христијани не значи македонци! Повеќето македонци сме од православна вероисповест, да. Не ми се допаѓаат размислувањата на млади луѓе, кои ја водиме борбата на нашите баби и дедоци а поим немаме зошто. Млади сме, треба се напред да оди, а не назад! Ние во иста вера па гледам се ружи ни цветаат... Ако се сака се се може!
     
    На Dgirlll, Hipica, WarriorAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  19. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Јас имам професорка мажена со муслиман и едноставно да ти е мило да ги гледаш.
    Но, таа антипатија што се јавува кај мене не знам како може да се искорени. Во мојата родена држава да не смеам да се движам поради тоа што на некои многу паметни ќе им текне воопшто не ми е во ред. :x
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.087
    Пол:
    Женски
    Еден ден пред некоја години кога имаше нешто мали немири низ местово, не е битно што и како. Почна групата една да оди во моја насока. Имаше и една малку постара женичка Албанка. И таа кутрата беше исплашена и само се вртеше. И ја гледам почна да потскривнува од правецот, како да ќе паднеше. И јас се стрчав кон неа, силно ја кренав за рака и седнавме заедно кај едно ѕитче тука што беше во близина. Тука имаше една трафика и јас отидов да купам мало сокче и и` дадов да се напие да се поврати малце пошо ептен беше исплашена. Поминаа покрај нас, за среќа на тој начин се заштитив да не се закачаат со мене. Кога си заминаа, таа само рече „Не сме сите вакви, девојче. И јас имам синови и внуци и они на твое место би го направиле тоа што ти го направи.“
    Сакам да кажам бандити не` има од сите страни на светов. Е сега ситуацијата ни` е таква што на бандити од одредени демографски структури им се може повеќе отколку на останатите, но тоа не е причина да свртиме грб на љубовта, доколку со таа личност немаме други проблеми. Не се тие виновни за тоа како што се родиле, тоа никој од нас не може да го избере.
     
    На eloves, Dgirlll и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.