Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сериозна врска со муслиман

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од inlove80, 27 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Никогаш не вели никогаш. Не знаеш што може да ти се случи,а ќе знаеш дури кога ќе ти се случи. И пак генерализирате. Не значи дека ако едни се такви, такви се сите, не значи дека ако повеќето се такви, едни нема да се издвојат.

    Се зависи од луѓето, стриктно. Доколку двајца се доволно зрели и подготвени, а не само заљубени :!: , може да успее. Но, треба да знаат дека нема да им биде лесно, посебно и поради околината во која живееме. И не само заради осудувањето од страна на луѓето, туку и од омразата. Зашто да бидеме реални, еве кога веќе се разговара за македонците и албанците ( бидејќи се побројни од другите), постои нула толеранција. Мислам летс фејс ит, јесте да живееме во 21 век, али не во Америка, во Македонија, каде уште со миленцата и гоблените по ѕидови сме. А само љубовта и фактот дека вие сте заљубени па сега врати се отвараат, не може да помогне. Посебно кога практично дури и најмала ситница ја размислиш.

    И како што tessie спомна не само заради различната религија туку и начинот на воспитување, кој е целосно различен. Значи не зборувам, за правилно, неправилно, туку различно и со самото тоа настануваат конфликти.

    Е оваа ситуација можат да ја „преживеат“ само двајца кои се самостојни, зрели, независни, знаат кој е кој и што е што и знаат добро што сакаат. А не некои мрсулковци ( со извинение) кој уште зад сукњата од мамичка се кријат и не знаат да застанат зад себе и оној кој го избрале, нивниот избор.

    Значи не е разликата во религиите толку важна, ниту верата, колку карактерите.

    Зашто теоретски во ред да и јас сум за, ама практично ако размислам, ме замислува, а опен мајндед човек сум, практичар повеќе, зашто не знам дали би си го комплицирала животот додатно, ама пак ако толку пак си најдам некој при мене може би се изборила. Зашто борба е да не се лажеме, и тоа целоживотна.

    Затоа пак ќе речам дури не се најдеш во таква ситуација можеш да претпоставуваш како би реагирала, а никако не можеш да бидеш сигурна. ;)
     
    На AloneM и danichap им се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.302
    Допаѓања:
    285.322
    Жалосно е кога љубовта не може да биде искусена и доживеана со сите нејзини благодети поради наметнатите окови од општеството и околината.

    Боли.

    Наметнат тест на издржливост, кој на жалост повеќето се неспремни или неспособни да го положат.

    Точно е дека од љубов не се живее.
    Точно е дека треба да се мисли на иднината.
    Точно е дека треба да се зедат во предвид многу други фактори.
    И проклето точно е дека на жалост во нашиот Балкан нештата се поинакви.

    Но зошто сето тоа?
    Зошто се користи наивноста, младоста на една личност и се уценува од најблискиот да направи животен избор.
    Да мора да бира.
    Помеѓу своето минато и сегашност, онакво какво што е и евентуална нова поинаква иднина, или личноста која е моментален партнер и да чекори во понатамошниот живот сам со него.
    Без поддршка на семејство и пријатели.

    Долно, мизерно, примитивно...а пред се болно.
    Личните фрустрации и некакви квази националистички, фанатски или патриотски побуди да преовладаат над она што е свето и искрено.
    Тоа наметнување и покажување надмоќ.

    А таа љубов...Најчесто младелашки, искрена но и кревка се крши прерано.

    Она излитеното дека вистинската љубов победува се, дека доколку било судено ќе траело |( ...употребив излитено бидејќи пасува за американски филм, не и тука.

    Толку многу љубов и емоции се претвараат во солзи и болка...а на крај останува само некое далечно сеќавање.
    На крај не е веќе важно зошто.
    Не е веќе важно кој бил послабиот од нив двајца и кој се скршил и потклекнал под притисоците на околината и фамилијата.
    Дај боже да не е ниту важно дека некогаш постоела таква голема љубов.
    Секоја наредна да биде толку голема што ги избришала трагите и раните од оваа.

    И не е праведно девојката да биде осудувана, обележана или на некаков друг начин етикетирана.
    Тоа што некој се борел за својата среќа, за својата љубов, за себе...не е издаица ниту кукавица.
    Само човек со :l:
     
    На Dgirlll, nena2010, Jagoda123 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.087
    Пол:
    Женски
    Е на ова мора да се надоврзам. Нешто што крајно ме изиритира деновиве.

    Муабет на иста машка особа за две различни ситуации

    1) Девојка се фатила со муслиман. И таа слободна и тој слободен, и двајцата фини, пристојни, без скандали, без глупости. Коментар: Ма к***иште! Издајник! Неморална! Да видиме дали некој наш ќе ја земе.

    2) Девојка оди со женет човек кој и` обезбеди убава работа. Коментар: Абе ајде што сте се фатиле да морализирате толку. Не е затуцана ко вас на пенџер да го чека принцот на белиот коњ. Современа жена, знае што сака. Вакви жени секогаш се сакани.

    Што и да кажам после ова, излишно е. :x
     
    На WarriorAngel, ikame, kate21 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    8.409
    Пол:
    Женски
    Неможам да сватам вакви врски, само поради фактот што сме два разлчни света (религиозни). Да ги ставиме на страна предрасудите и ситуацијата кај нас таква каква што е можеби некој успеал и ке успее да го надмине тоа, така да тоа е помалку битно. Едноставно неговата религија му ги наметнува навиките и начинот на живеење, за да бидеш со него ке треба да биднеш дел од неговиот свет што никогаш не би направила да менувам вера, име, да воспитувам деца во некој дух поразличен од мојот и ред други причини поради кои не би стапила во ваква врска,а камо ли брак. Така да ваква врска е не потребно коплицирање и малтретирање за двајцата.
     
    На Vetruska му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    oblace1 јас не се согласувам со твоето мислење бидејќи јас и мм сме од различна вера он је муслиман јас сум христијанка меѓутоа не ни смеќаваат религиите си се сакаме многу јас не би ја менела својата вера ќе си останам таа што сум... во брак сум 1 год и 1 месец но пред бракот со него идев 4 години и немаме никаква пречка со нацијата и родитителите го прифатија тоа.. бидејки видоја колку се сакаме и колку и пробуваа да не разделат не успеја ...

    значи љубовта е посилна од се.. :)
     
    На ikame му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.266
    Допаѓања:
    113.645
    Пол:
    Женски
    Кога се заљубуваш во некого се заљубуваш во се што е негово, неговите мани, добелсти, начин на живот , менталитет. Јас не знам од каде излезе тоа дека ако си во врска со муслиман треба да смениш име, треба да смениш вера божем со бракот со муслиман лоботомија ти прават и те бришат се што си била. Од вакви предрасуди верувајте ми е смачено веќе. Јас не знам како може некој да е толку тесноград, да е ограничен во се и да размислува така. Коалицирање велиш. Па не е исто разлика ако девојка / дечко од град земе девојка/дечко од село? Или ако едниот е од западна, а одруг од источна европа? Разлики има секаде!!!! Нешто не гледам по другиве теми дека сите што се со христијани им цветаат рози во животот, затоа што се венчале во црква или се двајцата православни христијани. Сто пати сум кажала и си стојам зад тоа верата, религијата треба да не` зближува, а не да не` дели. Бидејки сум го читала Куранот, го имам дома, ја имам читано и Библијата можам слободно да кажам дека начелата на кои овие две свети книги не учат се исти. Да сме чесни и добри луѓе, да не крадеме, убиваме, да не мислиме зло. Се друго се финеси. Дали муслиман ќе се клања, или христјан ќе склопи дланки во молитва не е битно. Сите сме исти пред БОГ, дали е тој Алах, Годпод, Исус, Мухамед или Буда и останати не е битно.
     
    На ikame, danichap, encimenci и 2 други им се допаѓа ова.
  7. AloneM

    AloneM Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    46
    Верник сум а сепак секогаш го гледам само човекот. И веќе ви одговорив се на оваа тема.
    Ама знаете лесно ми е на 35 години сега, сигурна во себе. А еве и јас сум имала врска со поинаква религија од мојата и што?? И знаете тоа беше најсовремениот дечко што сум го имала, ми викаше ту бе како уште живееш со твоите?! Се чудеше ама најозбилно.
    И зошто тоа не траеше, зошто он повеќе се зезаше со мене благо речено, или поискрено веројатно немаше некоја вистинска љубов од негова стран кон мене, сега годиништа подоцна можам да си го признаам тоа :) .. ама не зошто бев од друга религија. Значи пак да сумирам, јас индивидуално го гледам човекот и толку. А он ако е доволен маж никој и ништо не ќе може да застане меѓу нас. Ама за тоа мора да е мажиште. Е а јас и онака само такви сакам. И еве искрено до крај, јас сакајќи го него ги засакав и неговиот народ и религија, јазик.. неможе да биде поинаку.
    Затоа бирајте човек, и ја имате сета моја подршка. Истата која би ја добиле и моите деца некогаш.
    Почитувајте се при изборот на партнер.
     
    На tessie, ivana.0909 и encimenci им се допаѓа ова.
  8. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.688
    Допаѓања:
    12.612
    Пол:
    Женски
    Познавам млад брачен пар кој се од различна вера, жената е христијанка, а мажот е муслиман.Родителите на девојката беа против нивната врска, воопшто не ја одобруваа но на крај љубовта победи. Сега имаат и детенце, но родиителите на девојката се откажаа од девојката само поради тоа што е во брак со муслиман.
    Јас искерено единстевно што не сакам е да имам врска со Албанец, не знам зошто но ете не ги сакам албанците и имам ужасен страв од нив.Знам дека не се сите исти и се тоа но тоа е тоа :)
     
    На ivana.0909 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ivana.0909

    ivana.0909 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    228
    ако се замараме што мислат или што кажале другите кај ке ни биде крајот...демек ако идес со муслиман курва си абе бог да цува сто има врска мене не ми е јасно па сите сме бре луге алоооо....кога ке се освести овој народ и кога ке го снема овој мизерен простаклук :x
     
  10. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Не гледам причина зошто некоја христијанка не би била во врска со муслиман, ниту некој христијанин со муслиманка. Мислам дека веќе конечно треба да ги оставиме предрасудите на страна и да започнеме да живееме нормално. Грев е да си полн со предрасуди, а не да бидеш со некој од друга вера!
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    и братучетка ми се пушти во ваква врска,јас искрено не прифакам,ама ајде па нејно си е ,се знаат веке 3 год.,и сега дојде јајцето на гзот што велам јас остана бремена и незнае што да прави ,незнае дали да му каже или не :^),незнае дали ке ја прифати што и како ке биде,и велам направи си муабет со него ке видиш што и како ке реагира и ке знаеш а таа не и не :devil:,како што го видов не ми личи баш на стабилен човек па незнам што ке направат
     
  12. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    98
    Јас никогаш не би била во врска со лице од друга вера. Постојат прекрасни момци православни христијани и вистински Македонци, и не ми паѓа на ум да бидам во врска со муслиман, а особено не со Албанец. Прва и основна причина зошто не со Албанец, е затоа што се многу себични, тие кога е*ат девојка на пример христијанка, велат љубовта нема врска со релиѓијата, љубо си е љубов бла, бла, бла. Но ако некој посегне по „нивното“ недај боже, посебно ако се работи за деволка е тогаш спремни се и да убијат. Затоа несакам воопшто ниту да размислувам за таква комбинацја.
    А што се однесува до верата мислам дека преголеми се разликите и тоа не би било тоа да ти газиш по неговата а тој по твојата вера. Сега некој моралиста ќе рече доволно е ти да ја почитуваш неговата атој твојата. Но не е така.
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.087
    Пол:
    Женски
    a.c.k.a, шо напраи братучетка ти?

    **********************************************************************************

    Го сметам за далеку помал грев од тоа да ровариш во туѓа фамилија.
    И не сум моралист, туку морална личност. А на тие кои не почитуваат морални вредности, не сум им ја крива.

    А вие кои попрво оправдувате неверство отколку врска со човек од друга вера ... па јаки верници сте... :D
    Попрво би била со муслиман кој ме почитува и сака и ме третира како заслужувам отколку со некој кој ме мафта наоколу али битно крстот околу врат го носи и кршиме лепче на иста маса на Бадник.

    И да, сигурно никоја македонска жена која е малтретирана, изневерувана и непочитувана на било каков начин, не вика „фала Богу барем иста вера сме.“

    Сакам да кажам дека разликата се состои во нешто друго, не во верата, туку во воспитувањето, во околностите, местото, времето, што ќе кажат роднините/комшиите/Миле/Тошо/мачорот на Тошо и карактерот на самата личност воопшто, затоа што ѓубриња има и меѓу едните и меѓу другите, исто како и современи едуцирани и изживеани луѓе...

    Оној кој барем малку се води по начелата на било која од светите книги, не е способен да ја повредува на било каков начин личноста покрај него, без разлика дали збориме за Библија или Куран.
     
    На nasmevnise, Sanjichka007, deliza и 4 други им се допаѓа ова.
  14. lexi

    lexi Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    17
    Искрено, не ми сметаат врски кога луѓето се со различна религија, ама сепак како многу напоменаа друг е менталитетот во нашава држава. Јас никогаш не би се впуштила во таква врска ама не ради моралот или нешто слично туку секогаш ке ми останат во глава зборовите на татко ми(Бог да го прости), "без разлика на верата, воспитувањето и самото растење на двете личности е различно." Љубовта е само дел од една врска, сепак треба да се има и основа да се гради таа љубов па понатаму и семејство. Разликите се огромни, традицијата и самото однесување. Но додека личностите си одговараат и се надополнуваат еден, друг не гледам никаков проблем. Доколку постои вистинска љубов, партнерот никогаш не би барал/а од другиот да ја смени својата религија и обичаи.
     
  15. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Која е гаранцијата дека нема да добијам навреда или ќотек од христијанин (македонец,србин,хрват,афро-американец) како што гарантирате дека тоа ќе го добијам од муслиман (ром,албанец,турчин,босанец) ?

    Овој простотилак на оваа тема не можам а да не го искоментирам!! Кои ви се тие назадни размислувања? Секогаш во животот треба да се одбере добро воспитан и културен човек,а не ХРИСТИЈАНИН ИЛИ МУСЛИМАН! Тоа е не ви е етикета за добра личност. Може и секој петок да оди во црква/џамија па пак да неможе да си ги испере гревовите што ги прави секој ден. Па и Папата е педофил и ? И поповите не треба да земаат пари за својата работа па земаат! И кога се дарува покуќнина во џамија таа е за сиромасите,а не за продавање па се продава. И? Толку сте заслепени од тие поделби (но не зборувам за сите на темава да се разбереме),греота сме,мал народ а толку поделен!

    Прочитав прашања од типот како ќе се вика детето? Универзални имиња нема?! Каде ли ќе се венчаат? МАТИЧНО, побогу! Дали ќе се прави сунет на детето? Немора. Денес и од хигиенски причини и христијани прават со операција! Зошто не одбере детето само кога ќе порасне ? На која вера детето ќе припаѓа? На онаа која само ќе ја избере кога ќе може да разбере што е тоа! Како ли ќе живеат со различни празници? СО ПОЧИТ и кон едните и кон другите. Нема да ви се исуши устата ако пробате баклава на Бајрам,ниту него ќе му паднат рацете од раменици ако офарба јајце!

    Потоа гледам некои фустрации од типот они е*ат наши, па се фалат, а ние нивни не! Ви забранува некој да имате девојка муслиманка? НЕ.. Се` додека имате почит,љубов и разбирање.Истото важи и обратно.
    Но да е*ете некоја,безразлика на која вера и да припаѓа и да се фалите за тоа, прво не ви е СЕЉАЧКО?! Од дома така ве учат дека треба да се однесувате со девојките? Па кој сакаш биди втор пат со очи не ме гледаш. Само овде има девојки кои им смета кога се фали некој муслиман со тоа,а кога е христијанин не ? Сељаци се и двајцата! На што се должи тоа? Типче е тој,па ви одговара кога цел град знае какви сте во кревет и ви го храни егото тоа што тој дотич ве ''пофалил'' ?!

    Зборувате за разлики.. Кои разлики? Што веруваме во исто само што сме му дале различно име? Што одиме во исти верски објект со различно име? Различни традиции за свадби? Кој во ова време денес прави свадба каква што имала вашата прабаба? :^) Разликите ги наметнуваат луѓето кога тие навистина не постојат.

    Верата е нешто неопипливо и е во сржта на луѓето.Таа треба да е граница што ќе не држи подалеку од работите кои ќе ни наштетат во животот и ќе не држат далеку од тоа да бидеме добри луѓе или барем луѓе,а не граница да ги дели луѓето,зошто пред Бог сме сите исти! Ниедна вера не пропагира несоживот!
    Сите зборови во религиите се оние истите што ни ги кажуваат нашите родители додека сме мали.Не судете,никој ја нема таа доблес освен Бог. Можеби звучам клише,но животот е поубав без омраза и предрасуди! Престанете да мешате вера и националност Ве молам! Отворете ги очите и срцето и запознајте ги луѓето околу вас. Не е се` розево,Балканов е ужас,но има добри луѓе секаде,па и тука.
     
    На MISSLY, nasmevnise, WarriorAngel и 7 други им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.087
    Пол:
    Женски
    :clap: :bow:

    Само уште ова ќе го додадам.
    За оние кои велат „при толку наши фини дечки православци, кај најдовте со муслиман?“ а ги има многу, ќе кажам, тоа ми е исто апсурдно како да речеш „кај баш најде да фатиш и да засакаш дечко од тој комшилук, кога ги има толку пофини на километар подоле.“ :D

    Шала на страна, каков што е изматеријализиран и студен станат човекот и шансите да доживееш голема и искрена љубов се сведени на минимум, доколку ете се случи да биде со некој од друга вера, навистина ми е глупо да се пребира и да се поттиснува истата од тие причини.

    Во една слична тема, Пирамида имаше едно мислење кое според мене е можеби и најмногу на место.
     
    На Cleonika, Sanjichka007 и Dgirlll им се допаѓа ова.
  18. Antula

    Antula Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    91
    LilMissBossy, го читам твојот пост и можам да ти кажам од пример во мојата фамилија дека работите не се баш така како што ги пишуваш. Моја братучетка е мажена за муслиман и верувај ми дека не е баш така едноставно. На почеток е интересно да видиш други обичаи,друг начин на живот,интересно е, но кога е секојдневие да живееш со фамилија чија вера нема допирна точка со твојата веќе станува проблем.Ние сме поднебје каде мешани бракови со православни и муслимани ретко успеваат. Не викам дека нашиве се поарни или повоспитани од другиве,секаде има и добри и лоши луѓе но кога ќе дојдат децата на свет тогаш работите многу се менуваат.Секој си влече накај своето посебно ако машкото е муслиман. Немој да мислиш дека ако децата имаат универзални имиња проблемот е решен,тие деца се во средина и нив им е најтешко. Мешани бракови се нормална работа во Австралија,Америка итн. но кај нас тешко проаѓа.
     
    На oblace1, Daydream и Lepaaa им се допаѓа ова.
  19. rustiko

    rustiko Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2013
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    125
    :( имам тажна приказна,само се смувавме 2 пати и му кажав се в лице,а навистина ме сака и со его би можела и сериозна врска да имам(и јас го сакав/м)но тоа е тоа,што да се прави кога сум несреќна.. :(
     
  20. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203

    Не знам братучетка ти дали е во семејство кое е многу традиционално или помодерно.Има врска и тоа.И христијански фамилии што се традиционални се Бог да чува. Во модерните тоа не е така. Религијата веќе не ги заслепува луѓето. Кој денес од младите не пие,пуши.. да не зборам за полошото? Ретко. И христијани и муслимани. Друго,денес веќе реееетко младите живеат со старите. Тоа дека живеела со неговата фамилија носи други проблеми,не од гледна точка дека верите им се различни. Па што различно од човечкото прават во текот на денот? За наметнување мислења старците се први.Но пак,не е битно дали се христијани или муслимани.Јас знам за себе,не е битно која вера или националност и да ми биде идниот мој маж,мајка му и татко му,и моите ќе си знаат каде им е местото и до каде можат да си го пикаат носот. Не можеш да генерализираш по еден случај и мислењето да ти се базира на приказната на твојата братучетка. Колку луѓе толку приказни,секој со својата среќа на крајот на краиштата.

    Јас познавам семејство каде муслиман (не е битна националноста,тој се осеќа Македонец,зошто тука е роден) на 18 години смени презиме,се зема со Македонка и смени вера,стана христијанин. Добро живеат,имаат ќеркичка,има 27 години. Друг пријател,има 25,зема жена Албанка од него постара 2 години,веќе се две години во брак. Семејна пријателка,Албанка се разведе од мажот со кој има една ќерка и се премажи за Македонец.Немаше проблеми со претходниот маж,како што знаат обично одма да си замислат луѓето,ги гонел со калашников,со тенк.... Му кажа жената како секој нормален човек и кажа битна е нејзината среќа... Се повеќе и повеќе има вакви примери..
     
    На Sanjichka007 и tessie им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.