Се гледам со двајца

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од kalinka89, 4 јули 2011.

  1. kalinka89

    kalinka89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    8
    Здраво мои феминки баш ни сакала да добија мислење за следнава моја ситуација си имам дечко, долгс 7 и пол годишна врска типот е стварно згоден симпатичен доминантен одличен во сексот речиси совршен но незнам ете што ми се дешава но постојано кога не сум со него добивам желба да се видам со еден друг тип кој незнам зошто ми е интересен мистериозен и понекогаш дури и се гледам со него си врвиме лудо правиме луди работи а за тоа никој не знае кријам дури и од најдобрата другарка а и тој крија од другарите но ете супер си врвиме кога сме заедно се бакнуваме страсно имаме луд секс а физички е мн полош од мојот дечко во сексот исто е полош но незнам шо има ете баш се возбудувам ко ке треба да се видам со него кефој сум значи барам размислувања па макар биле и осудувања отворена сум да прифатам секакви размислувања. поздрав
     
  2. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    дали сум чудна девојка

    Мхм, за чудна , неможам да кажам дека си но, ете има нешто што те пали кај тоа момче... Овде кажуваш дека имаш долга врска, а има причина да го вараш твојот дечко !?
    Лично јас сум била секогаш против неверствата , и ке останам таква на таа тема, а тебе не ти смета тоа !? Зошто да го вараш кога со таа една личност можеш да имаш се што правиш со оној другиот !?
    Јас несфаќам, како успеваш да се гледаш со друг, а твоето момче да не дознае :o !?
     
    На ki-ki-ch-ka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека го сакаш вториот, ама се срамиш од неговиот физички изглед, па затоа потајно се гледаш со него. Треба да си расчистиш сама со себе, овие приказни обично не завршуваат со среќен крај, па можеш и без двајцата да си останеш.
     
    На coki35, Saki15, ki-ki-ch-ka и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.050
    Допаѓања:
    155.009
    Мислам дека ти здодеало од долгата врска и бараш само возбуда на страна која брзо ќе ти мине,затоа што овај нали,ќе стане позната и предвидлива и ќе ти стане јасно дека ти го сакаш дечко ти...
     
    На M.V131993 и snegulka21 им се допаѓа ова.
  5. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе, но ако не и се допаѓа физички, како може да има сеск со него !? И тоа како може да остане без ниту еден :о ....
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Абе види, на неа и се свиѓа, ја пали, ама е свесна дека физичкиот изглед не му е јака страна. Затоа може да се срами од него. А колку време си со овој вториов?
     
    На M.V131993 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kalinka89

    kalinka89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    8
    па околу 6 месеци али се гледаме ретко.

    Значи ми се допага типо физички но изгледа полошо од мојот дечко. а и не мислам дека го сакам овој вториот затоа што никогас не би можела да се замисла во врска со него. но дефинитивно марам да прекинам да се гледам со него затоа што ова не води на добро знам и самата. ова е прв пат да го изневервам дечкото се почна така спонтано но ова трае предолго и мислам морам да соберам сили и да заборавам на овој вториот зашто се што посакувам имам со дечкото но ете пуста желба го барам и овј другиот :@
     
  8. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Го поддржувам мислењето на Lilit, монотоноста на една врска мислам и не е малку време 7години се во прашање те натерало да бараш нешто ново. Со друг имаш секс, повозбудливо е се палиш повеќе и слични такви работи. Ај присети се дека така ти беше на почетокот на врската и со дечкоти :?: А што твојот дечко не е способен да е** па да бараш друг за авантури. Седни размисли и направи план како ќе го изненадиш дечкото, направи нешто што не сте направиле одамна. Дефинитивно на вашата врска и треба еден добар рефреш или пак во краен случај рестарт.
    Само никако не сум да се гледаш со другиот :!: Си имаш сериозна врска, ако мислиш да бидеш со него продолжи мислам никој не заслужува да биде ИЗНЕВЕРЕН, строго сум против тоа!
    И знај кој седел на два стола на крајот паднал.
     
    На M.V131993 и ki-ki-ch-ka им се допаѓа ова.
  9. fatbeautiful

    fatbeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    58
    Браво,и јас би играла така :D . Терај штом се гледаш со друг значии има нешто проблем со првиот.
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Е па штом е таква работата што се мислиш тогаш? Или сакаш и дечко ти да го изгубиш? Прекинувај додека не се дознала работата.
     
  11. kalinka89

    kalinka89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    8
    сексот со дечкото ми е прекрасен возбудлив и секогаш поинаков значи проблемот не е во сексот. но ете незнам што има кај овој вториот што ужасно ме привлекува и повторно го барам. типот е мистерија мн чуден е и иако мн му се допагам и понатаму се гледа со мене знаејќи дека нема никакви теоретски шанси да се разделам од дечкото ради него. а знам морам да прекинам пред да биди доцна и недај боже да дознае дечко ми така ќе се уништам и јас без него а и него ке го уништам. и често размислувам како би ми било кога некој вака мене би ми праел и стално се убедвам дека е погрешно и неморално но ете во моменти на слабост пак се гледам со него и за чудо секој пат си врвам убо и пак дома се каам за се што сум направила и знам узасна личност сму дефинитивноооо
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.050
    Допаѓања:
    155.009
    Имаш 22 години побогу.Не е чесно да,не е фер,да...ама на 22 години шо може да ти биде опростено,на 50 сигурно дека нема.Само опрај си ја грешката со време и не си лоша личност,туку само си млада,веројатно со малку искуство и желба за повеќе.
    Ова не е охрабрување,сепак имај на ум,за себе престани.Можам да замислам кој стрес ти е само помислувајќи дека си згрешила или пак да се прикриваш постојано...
     
    На srcekrsacka, snegulka21 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Немој со вториот, пошо многу е тешко да идеш со некој 1 година, па да изгубиш за џабе време.. А не па 7 години. :worried:
     
  14. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Имаш врска долга 7 години, со дечкоти имаш се што посакуваш, среќна си, те задоволува.. тогаш што мајка бараш да се гледаш со другиов? Викаш дека не би се замислила во врска со него, епа ако е така што побрзо прекини со него. Искрено јас не те подржувам. За таа глупост можеш да се каеш цел живот и да си расипеш нешто што одлично функционира. Ако не се работи за заљубување во другиов, ако е само авантура, верувај дека може многу лоши последици да ти донесе. :!: Прекинувај со него што е можно побрзо. Тоа е мојот совет.
     
    На Redrosses му/ѝ се допаѓа ова.
  15. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    130
    Има на форумов цела една тема за средношколските врски и колку од нив имаат шанси да опстанат, таму се дискутирани и причините зошто, да не ги повторувам. Оваа твојава е класична "средношкоска врска" за која е дискутирано во темата. Ако одите 7 и повеќе години а сега имаш 22 значи сте започнале врска кога ти си имала 15-тина години и си ги поминала со него тие тинејџерски години и си "неиживеана" (не ми се свиѓа зборов ама не ми текнува некој посоодветен). Многу е логично после толку време да посакаш да пробаш нешто ново, жив човек си. Мислам дека и тоа е причината што толку време се гледаш со другиот тип, што не значи и дека е за оправдување тоа што го правиш. Ако си сигурна дека го сакаш официјалниот дечко, расчисти со другиот, а ако не си сигурна можеби најдобро е доколку имаш можност да отпатуваш некаде на неколку дена надвор од местото каде што живееш без дечкото и настрана од другиот и да си размислиш убаво со кого би сакала да продолжиш.
     
    На M.V131993, snegulka21 и sesilija им се допаѓа ова.
  16. BV87

    BV87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    81
    Само малку, како што те добро разбрав ти го вараш дечко ти 6 месеци, а пред него глуматаш како ништо да не си направила? Дали имаш грижа на совеста кога си со дечкото, или немаш проблем да го гледаш во очи и да го лажеш? Ти си со него во врска 7 години, значи во неа сте стекнале љубов, време, почитување, доверба, сигурност... и ти тоа го коцкаш само ради љубопитност да видиш како е да се е...ш со друг? АКо добро разбрав! извини што вака осудувачки сум настроена ама според мене ти го лажеш човекот кој тврдиш дека го сакаш веќе 6 месеци. Значи ајде да си го преварила еднаш, момент на слабост и што знам што уште не, па и да ти прости (ако му признаеш). Ајде замисли да дознаеш дека и тој тебе те варал континуирано, како би се ти чувствувала? Дали и утре ако би се омажила со него и би имала деца, а се најдеш во слична ситуација, неодоливо те привлече некој друг и ти пак ќе легнеш со него? И уште еднаш да те прашам дали имаш грижа на совеста, како се чуствуваш кога си со дечко ти а знаеш дека го вараш, како можеш пред него да се преправаш дека ништо не си згрешила? И ако случајно дечко ти дознае што му правиш зад грб, немој да плачеш и кукаш што ќе го изгубиш - што сееш тоа жнееш ( а ако ти прости случајно - тогаш да продолжиш да го вараш чим е толку глуп :D )
    п.с Навистина извини ако те навредив со овие мои осудувачки прашања
     
    На EmilijaEmka, M.V131993, Anon и 3 други им се допаѓа ова.
  17. kalinka89

    kalinka89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    8
    нема зошто да ме навреди твоето мислење кога знам дека се што напиша е чиста вистина и верувај и често пати неможам да го гледам во очи знејќи што се сум направила. а ако недај боже дознае некогаш не би ми простил и би го изгубила за секогаш зашто тој е доминантна личност и никогаш неговата гордост не би му дозволила да биде со некоја која така го изиграла ко мене. дефинитивно кога би се омажила за него не би прела вакви глупости зашто ова не е прифатливо сега а камоли кога би имала деца со него. фала за искрените совети и за расмислувањето
     
  18. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884

    Во целост се сложувам со горенаведеното.
    Потполно истото би го напишала и јас.



    Незнам како немаш грижа на совест и како можеш дечко ти да го гледаш во очи. :x

    Некои луѓе се би дале да имаат врска како твојата,само толку ќе ти кажам!


    Поздрав! :hai:
     
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Па не би рекла дека некој би сакал да си фати дечко на 15 год. да биде со него 7 год. со можност и до крајот на животот...Кој и да е ќе се запраша што има на другата страна од реката? Не е чудно и ако дечко и има или имал друга...а и да немал не верувам дека така ќе остане...
    Не сум за неверство, али уште помалку сум за тоа да животен сопатник ти биде некој што си го одбрала на 15 години...
     
    На Summerbeauty и snegulka21 им се допаѓа ова.
  20. kalinka89

    kalinka89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    8
    Токму тоа лубопитство што има на другата страна и ме тера да се гледам со овој вториот. но сепак јас сум сигурна во својот избор. и сега кога би бирала некој за себе би го одбрала мојот официјален дечко зашто физички има се што посакувам и сонувам е можеби проблем е емотивноста и тоа што понекогаш грубо се однесува кон мене и доста ладно но тоа се ретки ситуации