Jas mislam deka ne postoi decko ili devojka vo denesno vreme sto ne izneveruvaat. Mene izneveruvanjeto mi e odvratno, no toa e vistinata. Vo nasevo denesno vreme se slucuva I vo brak da izneveruvaat pa kamoli vo vrska.....
Девојче ако сакаш да пробуваш нешто ново прво остави го дечко ти бидејќи не заслужува така да му правиш, па после ако сакаш со сите пробувај.
Не оправдувам нигде, ама ај во брак, врзани со деца, имот, кредити... ама во врска па и на 20+ години, оди раскини прво па прави шо сакаш :/
Највеќе го направив тоа бидејќи тој си дојде од работа и одма спие. Кога е прва смена си доаѓа во 2-3 околу 4-5 легнува да спие и станува во 8 околу 8 ипол испаѓаме до 10 и одма ме носи дома. Кога е 2 смена се гледаме после работа во 10 часот навечер завршува и тогаш остануваме до покасно. Кога е 3 смена во 9 ипол сум дома.
Од досада де, јасно А другиот знае за дечкото? Како се чувствуваш ти кога после овој вториот одиш кај првиот? Никој не ти суди, ама ферски е крај на едно и старт на друго да биде,вака само ти ќе си патиш највеќе
И јaс мислaм кaкo тебе.Нaјoдврaтнo ми е кoгa ќе ми пише некoј, a имa девoјкa ем штo не е ибaвo дa јa прaви девoјкa му нa будaлa негo и мене ме oмaлoвaжувa тoј чин кaкo јa дa сум зa пoпoлнивaње нa дoсaдa!!!
I jas se soglasuvam so ova. Tuku zborot mi bese za denesnava mladina retko nekoj da mu e veren na partnerot, site izneveruvaat.
Има решение.. Предложи му да не оди на работа и издржувај го ти и така ќе може цело слободно време да ти го посвети тебе . Бракови и врски опстојуваат на далечина и по 6м а ти заради револт оти го гледаш 3-4ч дневно го заменуваш со друг.. Деца..
Не е тоа оправдување бидејќи спиел. Дечко ми оди на стража една недела го нема и јас треба да го изневерувам бидејќи тој не е дома или што ти знам друго Ако не го сакаш дечко ти остави го и терај си работа.
Ах, море дете. Досадно ти било ами оди играј си со кукли да ја исполниш досадата. Што ли не ќе прочита човек на форумов уште. Почувствувај на твоја кожа како е тебе така да те омаловажуваат. А бре деца си играте со оган. Сеуште не си дорасната за да носиш важни одлуки во животот. Судејќи по твоето пишување леткаш со паметот, затоа остави го дечко ти, а ти удри бриго на весеље проживеј го животот што е имаш само 22 години досадно и било .
Да тој знае за дечко ми. Тој сакаше да го оставам дечко ми и да бидам со него, но јас му реков дека може вака од досада да испаѓам со него. Додуша сега 2 недели немаме испаднато односно јас несакам, наоѓам причина за да не испаднам.
Поарно раскини му на дечко ти па подоцна испаѓај со овој вториов, него ли вака будала да го правиш човекот. Али пази чим овој вториов знае дека имаш дечко и пак ти пишува, можеби и на други девојки го прави истото. Сепак не се седи на две столчиња бидејќи можеш да се треснеш на земја.
Немa везе си искoчилa си искoчилa. Амa пред дa решиш сo кoј би прoдoлжилa прoвери дaли oвoј втoриoт сaмo сo тебе се гледa или сo уште некoјa,рaзмисли кoј ти пружa пoгoлемo внимaние и кoј нaвистинa те цени, a не дa си му сaмo зa спиење зoштo цел живoт немa дa мoжеш и сo двaјцaтa дa се гледaш.Инaку тргни oд твoј aспект дaли тебе би ти билo ибaвo дa дoзнaеш декa дечкoти се гледa сo уште некoјa. Зaтoa дoдекa уште не е дoцнa рaзмисли убaвo зa пoследиците. И јaс сум нa твoи гoдини и пoтпoлнo те рaзбирaм зoштo и мене честo ми е дoсaднo и имaм мoменти нa испaди, нo не е мерoдaвнo дa пoвредaм некoј или јa дa сум пoвреденa. И дo негде е oк ,зoштo сaмo мaшките дa имaaт мoжнoст дa се гледaaт сo 2 3 девoјки тaкa дa и ние женските не сме ништo пaмaлку вредни , нo сепaк јaс мислaм декa би требaлa дa прекинеш сo пaрaлелнoтo гледaње зoштo дa те викaaт пoгрднo и дa бидеш етикетирaнa.
Зошто секогаш кога сакате да пробате нешто ново мора да е со некој друг? Разговарај со дечкоти за се што ти смета, пробај да ја зачиниш врската, додај нешто ново за да ви биде интересно и на двајцата.... ако после се не функсионира тогаш барај ново
Долго размислував дали да пишам на темава од проста причина уште од самиот наслов некако ми е многу детска т.е тинејџерска, вели се гледам со двајца? Ако љубовта не е само прост нагон за парење и ако треба да имаш емоција за да со некого го споделиш најинтимниот чин бакнежот, тогаш се поставува прашањето, како некој може да се бакнува со две особи во исто време? Сексот намерно го оставам на страна затоа што за мене бакнежот е нешто посебно, а секст е само финишот кој може а и не мора да се случи. Постојат многу разочарани луге воопшто па и овде кои велат нема такви што не изневеруваат, сите се покварени.... Јас верувам и знам дека повеќето луге дури и во овие времиња се верни на своите партнери. Неверство не оправдувам под никаква причина, доколку не можеш да бидеш со некоја особа раскини или разведи се а не да правиш будала и од себе и од неа или него. Мојата покојна сопруга уште на почетокот на бракот ми рече вака, знам дека не сум најубавата особа на светот, ниту најпаметната, знам дека со годините и моето тело ќе се смени, но оној ден кога нема да ти бидам привлечна и нема да сакаш да бидеш со мене затоа што си запознал помлада, поубава... те молам кажи ми да си заминам пред да го направиш тоа, глупаво би било да ме брукаш и мене па и себе и да ни се смеат лугето зад грб а ние да глумиме среќно семејство. Така да јас со неа бев 19 години во брак и 4 години во врска иако за мене се 20 години во брак затоа што можеби физички таа не е тука но јас сеуште ја чував во моето срце и сеуште мојата љубов кон неа не е згасната. Јас вака велам, зарем лугето кои работат во странство не треба да ги брјат годините кои ги поминале а биле физички раздвоени? И така сите сме за кратко на овој сет како и да е еден ден повторно ќе бидеме заедно но овој пат вечно. За овие 20 гдини во ниту еден момент не почувствував потреба да ја изневерам, ја сакав не како првиот ден туку секој ден се повеќе. Кога се разболе и кога сфати дека нема понатаму во еден разговор ми рече, Не сум од оние кои ќе патетизираат и ќе ти кажат дека сакаат да бидеш со друга затоа што сакаат да бидеш среќен, а всушност не го мислат тоа туку само сакаат да добијат одговор кој нивните уши сакаат да го слушнат, јас сакам да си среќен и благодарен на бога за секој ден поминат со нашите 2 ангелчиња, да си среќен заради себе а не да ја црпеш среќата од некоја друга, затоа што таа може еден ден да те напушти а ако таа е причината за твојата среќа и среќата ќе исчезне со неа. Љубовта не се дели на две, или е цело или ја нема, ако се препуштите само на сексуалниот нагон тогаш го губите она човечкото во вас кое не прави поразлични од животните.
Здраво на сите. Сакам да кажам нешто за мене па барам ваши размислувања па макар и осудувања.. Имам дечко веќе полни 7 години,пред 2 години ми пиша едно момче на фб као демек ме бендисувал од стално сакал да биде со мене итн..мене апсолутно ич не ме привлекуваше ,каде каде дечкоми е поубав..пишувавме многу време со него од никогаш сум нејкела такви работи,но почнав да пишам заради тоа што дечкото многу пати ме имаше изневерувано и секогаш простував заради што го сакав премногу..со овој со кого пишувавме прифатив да се видеме дури по 3 месеци пишување..многу е добар спрема мене се прави за мене едноставно не мислев дека нешто ќе биди со него ..кога ништо не очекуваш тогаш ке биде нели? Тој пред мене имаше девојка со која беше истотака во долга врска..и до ден денес ми кажува дека ако му се скарам на дечкото одма ке ме фати зс женска ..едноставно одвај чекам да го видам ,кога и да го видам ми трепери срцето за него..знам дека исто и него за мене .. многу работи ми има докажувано дека многу му значам..прифати значи да се гледа со сомене иако знаеше дека имам дечко..каде и да одам сегде ме прати иди по мене ми е многу љубоморен секогаш ми вели чудно ми е како ти толку многу поубава од мене се гледаш со мене..и јас никогаш не мислев дека ќе се гледам сонего,но сфатив дека не е се до убавината..ете веќе 2години се гледаме ми е преубаво ..другарите негови а и моите другарки знаат..ми велат сите да му се скарам на дечкото бидејќи се гледа дека овој другиот ме сака,а дечкото многу ме понижува,ме лажи..ама незнам и неможам да го оставам сум навикната со него ..сега последниов месец бившата го побара да се видат овој другиов..тој излегва и со неа ..ми вели со неа излегвам онака колку да врви времето оти ти имаш дечко..минатиот викенд тој беше со неа ми рече ќе неможам да ти пишувам добро прифатив нема што тука..само што ќе се раздели од неа одма мене ме бара...незнам што да правам искрено .. сакам да слушнам ваши мислења се прифаќам. Позз
Ни првиот не те сака, ни вториот. Остави го првиот ако е ѓубре, не си троши време со него, а другиот те влече за нос, се гледа и со бившата. Остави го и него.