Штом дечкото те изнерверил требало веднаш да раскинеш. Сега што и да слушнеш овде џабе ти е. Ти си влегла во триаголник во кој ќе си останеш сама
Ова ми падна во очи. Изневерувањето значи дека не те цени... дека му било поважно убаво да си помине со другата. Тогаш што бараш со таков кој би те шитнал? Можеби е време да ставиш крај на таа врска. А овој вториот, штом со бившата излегува, не се надевај ни на него.
Да повториме. Имаш дечко, се гледаш со друг. Дечко ти се гледа со други. Другиот со кој се гледаш, има бивша и се гледа со неа ама тебе те сака. Ова не е љубовен триаголник, нема ни таква категорија. Кој да ти даде совет девојче? Премногу е комплицирано.
Првиов те изневерува, а идеш со него и понатака. Вториов не ти се свиѓал, одеднаш коплимент а у да те легне и одеднаш срцето ти трепери за него. Девојче ај научи да се сакаш и почитуваш себеси.
Што све не прочитав не осудувам никој али тоа што го правите стварно не е убаво. Дали сте се ставиле на местото на тој што е изневерен како му е?Дали добивте грижа ,дали мирно спиете? Имајте свое јас бидете си свои и размислувајте со ладни глави ,а не све што лета да се јаде. Пред да изневерите раскинете му на прантерот и одете со некој слободен ,а не со зафатен дечко/девојка. Значи викавме маживе се никакви само изневеруваат ,али изгледа женскиов пол владее со изневерување.
И тоа што викаш .... али тука негде се изгледа. И најстрашно нешто што се пуштат на зафатени ,како да нема слободен во градов
Мислам сесре треба уште двајца да си фатиш , вака само со двајца ништо Алоооо прекини со двајцата , првиот ти набил рогови до плафон , а другиот си има женска и те користи за прочиставање муда !!! Рачисти со двајцата и ке видиш дека ниту едниот ниту другиот ке те побара . Гледај почни нов почеток со друг
Отсекогаш ми било мистерија изневерувањево (обострано), кај парови кои идат со години. Обично, македонска традиција е да се запознаеш со родители и поблиско семејство. Идење на гости е исто така често. И добро вака, кога ќе појдеш кај дечкото/девојката, еве на кафе и треба да се поздравиш со родителите. Не ви е барем малку непријатно? Шврљате наоколу, а потоа се глуми поштење и традиционални вредности. Кога ќе ми текне само, ако разберат традиционалниве девојки дека некоја имала секс за една вечер, одма ја спремаат кладата за палење вештерки, ми текнува одма за двојниве стандардни. Значи, добра девојка си ако имаш дечко/муж. Го вараш со 1-2 (колку повеќе, толку поголема фраерка). Се покоруваш на патријархат, ги хејташ тие што немаат дечко оти сигурно кријат некој. Ај мрш!
2 години ти го изневеруваш дечко ти, така? Јас не знам како тој досега не приметил дека имаш и некој друг на страна, очигледно е дека не се замара ногу со тебе. А и овој вториот ниту те сака, ниту пак се грижи за тебе очигледно е дека само се лади со тебе од досада. Прекини со двајцата и смири си ги малку страстите.
Едно не ми е јасно, ЗОШТО фаќате дечковци за озбилно коа мислите да ги варате? Се врзувате за луѓе кои не ги сакате? Бидејќи штом сте помислиле да ги варате, сигурно не ги сакате. Да ги сакавте не ке помислевте на тоа. Барате подобар од овој со кој сте 5-6-7-8 не знам нема врска времето колку одите, што барате со друг човек штом барате некој подобар од него. Зошто штом бараш подобар, овој не ти одговарал, епа како издржавте толку време со човек што не ви одговара? Ајде машко ко машко, ма да машко кога ке се заљуби и не вара, ако сака да е со тебе ке биде ако не нема. Немате ли гордост бе? До толку ли да се понижувате? Со двајца? Толку лицемерни игри, само од жена може, не велам дека машкиве се цвеке за мирисање, ама жениве убедливо водиме. Ни едниот ни другиот го сакаш, утре тие ке најдат други а ти ке останеш со таквото во рака, заради памет. Штом не ти било убаво како 7 год. сте заедно? Зошто не расчисти со дечково прво на време,па да си фатиш друг? Kога си дознала дека те изневерил зошто не го остави? Зошто сега? Мислиш дека нема сегашниов да се сомнева во тебе, па на крај краева и со него кога си била си имала дечко, па зошто да не го вараш и него м? И така после ке ти почнат кавгите со овој вториов па ке бараш друг,па трет итн..
Ја би и со повеќе да се гледам ако во ист период налетам на повеќемина кои ми се допаѓаат, ама немам време за такви глупости.