Значи вака цели две години одиш со двајцата, а дечко ти се уште не приметил дека го изневеруваш? Абе женска глава, после машките биле вакви онакви... Ама едно не ми е јасно КОЈ КОГО ОВДЕ НЕ ИЗНЕВЕРУВА ? Ова бетер и од шпанските серии бре. Најди си трет, може ќе ти се посреки, трета среќа.
Од кај знаеш, можеби се родил, еве на пример вчера. Е сега ќе треба да го почека малку да потпорасне, за да не и вадат муабети педофил ова она знаеш.
"...а ти о том појма немаш." чупе, како престигнуваш?! Јас мислам, бившата на овај новиот, да му ја местиш на сегашниот дечко и сите среќни.Ем ќе го шутниш, ем нема на душа да го носиш дека сам останал. #многуфилмојгледам#
До сеа бев само збуњена , ама сеа сум луда , збуњена , нормална во ова ненормално време девојкава ме направи да се осетам ко да сум од времето на прабаба ми Менка ова новиве генерации многу напредни биле кај да е со телефон во рака ќе се раѓаат
то кај тебе се појавува некоја страст за промена на партнерот, тоа може да биде од многу причини, е може да ти помине меракот, а може и да ти стане во навика
Има и за тоа решение, се вика one nigt stand...или two nights stand, зависи како сте разработиле техника. Не ти одзема време а ги трошиш ко пазарски сапуни. Зошто ништо подобро не заслужуваат овдешните мажи, само да ги лизгаш.. Спојлер Не "сексизирам", се шалам.
Нема шо да те осудува никој.Мене овие ситуации ми се најјаки и најинтересни.Зошо да полудуваш психички,”мажен”/“женет” да атакуваш низ светот по сто години и на крај ранет/ранета да излезеш од канцерогената врска а психата,се разбира на 0.Ич да не ти е гајле.Да ти е ако не бил тој идиот,ако не те лажел,не те понижувал и изневерувал...тој истиот шо се води во врска со тебе 7 години заради тоа шо е сигурен греач во кревет коа ќе нема никој а не е свесен дека врската ви е завршена при првата негова грешка шо те натерала да се свртиш кон друг.Од убаво никој не бега,посебно не девојка од долга врска,ние секоаш глеаме на таквите мажи како иднина брак и семејство.Значи тој ја почнал играта.Јас да сум ко тебе ќе ме снема со овој шо се глеате и допишувате 2 год.Дајтеси внимание љубов меѓусебе без скривање и страв,дајте им на другите време да сфатат па појавете се.Времето е лек за се.