Мене малку ми е чудно да ја поврзам оваа тема: http://forum.femina.mk/ljubovni-problemi/vrskata-so-nego-mi-e-cudna-t5637/ со оваа сега што си ја отворила. Сте биле раскинати со официјалниов дечко (од 7 годишнава врска) па си започнала со другиов, па си се смирила со првиот и си продолжила и со вториот? Во првата тема според она што си го напишала ми се чини дека ти се свиѓа вториов и можеби си се смирила со првиот затоа што вториот не ти го овозможил тоа што ти требало ама не си расчистила со вториот затоа што навистина ти се допаѓа и си продолжила со гледање и по смирувањето со првиот (доколку е таква ситуацијата како што напишав погоре).
Според мене одговорот еве ти го If you love two people at the same time, choose the second one, because if you really loved the first one you wouldn't have fallen for the second. Паметна мисла од паметен човек, патем го имам истово на потпис ама еве и да ти го ставам подоминантно да биде, па да не не приметиш потписче. Така да, ако стварно си го сакала немаше да бидеш со вториов. Патем, со среќа
Извини што вака ќе се изразам, ама прибери си ја опашката на време, додека не се знае ништо, за да не се каеш.Со овој вториов секако не сакаш ништо повеќе.Ако добро сфатив најмногу те привлекува зашто е мистериозен и не го познаваш, за разлика од дечко ти кој за 7 години сигурно многу добро си го научила. Си поминала убаво за тие 6 месеци, било интересно и возбудливо, време е да размислуваш малку позрело и да прекинеш додека е време
Не си смеела да си дозволиш вакво нешто,можеш само во мислите а не и во реалноста,но реши се што ке правис.Ти досадило кога веќе не си во брак а едно исто 7 години многу е. Мораш да се решиш брзо ако сакаш да не се дознае.
Многу девојчина се гледаат со двајца,ама не знам како можат тоа е напетост на душата постојано да се замараш да не дознае да не ти звони другиот и слични работи.Познавам многу девојки што одат долго време со дечковците и ги лажат интензивно,и кога се со дечкото глумат заљубени се бакнуваат го гушка се лигајчат,е од такви ми иди да повратам многу дволичност на едно место Исто мразам кога за Св.Валентин ке излезат сите лажно заљубени паровии и ке се праваат дека се сакаат и слично. Едноставно тие што одите со дечковците 7 години ако сакате да видите што има на другиот крај од реката или како да било скарај му се и прај што знајш,секој сака да проба нешто и ако си со него од 15 години прави си што сакаш,скарај му се и уживај,нема врска дали и тој те има изневерено,ти прај си како мислиш И некаде прочитав декадевојката го сакала дечкото тој имал се што сакала и барала ма го изневерва еј жити се аман ми се гади од такви коментари
Ауу Зарем не те гризе совеста? Како успеваш сега со вториот да легнаш, а утре со дечко ти? Греотаа за дечко ти земи смени си број и секаков контакт со тај 2 и задржи си го дечко ти за подоцна да не се каеш! Позз
Незнам како немаш грижа на совест ова да му го правиш на дечко ти, мислиш ништо нема никогаш да дознае? Срце лагата е шиена со бел конец за да се гледа! Или раскини му на тој што одиш 7 години со него или прекини да се гледаш со другиов.
Девојкооооооооо внимавај што правиш,немој на крај сама да останеш.Кутриот дечко твој со кој си 7 години,мисли го сакаш а ти го лажеш.Ке разберев да имаше 15 години ама на твоја возраст?незрело однесување.Одлучи се веке еднаш,мисли малку и на двајцата а не на себе како да си удоволиш.
Прочитав добро се што си напишала и гледам дека споменуваш само секс и физичка привлечност,а никаде нешто посаглам и посериозно не кажуваш така да не сум сигурна дека навистина сакаш некој од овие 2ца.Ако го сакаш првиот нема да гоизневеруваш-мое мислење,и тоа го правиш свесно и постојано и самата кажуваш дека кога би разбрал дечкоти дека ќе ти раскине што значи свесна си за се,и упорно одиш со глава во зид.Ако го сакаш вториов нема да сакаш да ја продолжиш старата врска ќе ставиш крај и ќе бидеш со првиот,јас не би се трошела на 2ца истовремено посебно ако некој од нив не го сакаш и така тврдиш барем така се изјасни. Не осудувам никого но не ми е јасно како можете такви грешки да си дозволите,разбирам да си се презаљубила и полека од нејаснотија и борење со сама себе да сватиш дека тие 7 год ти се навика и дека си сватила дека сакаш друг,дека си била дете кога си тргнала со првиот па ај не зи знаела што точно сакаш,да раскинеш и да си почнеш со другиот,тоа е ОК го разбирам.Ама ти упорно тврдиш дека не го сакаш бре девојче и само си се е...ш извини на израз ама така е,со него што нималце неможам да сватам како се осеќате после тоа не знам и не сакам да знам ама и за тоа треба способност-јас не би можела пошто совеста би ме убила. Јас мислам дека не сакаш никој ти,така да расчисти со 2та и во потрага по авантура тогаш слободно препушти се ќе немаш морални обврски спрема никој,само спрема себе. А ако се каеш тогаш ПРЕСТАНИ СО ТОА-од шала испаѓа трагедија да знаеш,ти не би сакала да си на место од дечкоти.Некои луѓе не знаат да ја ценат љубовта значи,а некои се прават за неа и не им е дозволена освести се малце. Се ова ти го кажувам за да те натерам да ги прошириш своите размислувања и ДА РАЗМИСЛИШ ЕДНАШ АМА УБАВО,И БИДИ СВЕСНА И СПРЕМНА НА СЕКАКВИ ПОСЛЕДИЦИ,само нека не ти биде после криво зашто ти ќе бидеш виновникот а не ќе можеш ништо да поправиш. Се најдобро,и да знаеш само дека авантурите не траат цел живот,стварно се слатки ама се опасни,а уште некоја год да наполниш е тогаш ќе бараш стабилност,а не авантура.
Мене не ми е јасна логиката дека штом си со некој 7 години имаш оправдување зошто си бараш на страна (за да видиш како е со друг?)... Јас би ја прашала дали некој со стап ја тепа да биде со тој првиот? Приморана е? Нема избор? Не! Неа само и одговара да си го прави ќефот со кој сака, а да си има златна резерва (и тоа баш златна) во официјалниот дечко. Едноставно, оди по линија на помал отпор, а потоа демек има грижа на совест. Патем, таа грижа на совест не те прави одеднаш добар човек (ама да не навлегувам сега во тоа). Ако не ти чини да бидеш со некој, ако нешто ти недостасува, тогаш го оставаш и си бараш друг кој можеби ќе има сè што ти треба... Според мене, треба да си ептен со образ ѓон да бидеш со некој, да се е...еш со друг и на крај да кажеш „ама не ми е лесно, имам грижа на совест“,а треба да си ептен егоцентричен после сè да останеш со него. Без разлика дали ќе се дознае, дали ќе се покаеш, ти него си го изневерувала со месеци и тој факт нема ништо да го смени. Најмалку твојата лошо одглумена грижа на совест.
па зашто воопшто си со двајцата? одлучи со кој сакаш да бидеш, обично секој што седи на две столчиња завршува на подот, внимаај и кај тебе да не биде така.. преиспитај си ги своите чувства и види што всушност ти сакаш !
Ако го сакаш твојот официјален дечко нема да го изневеруваш-барем не 6 месеци. Тој ти е само маска за да може настрана да ти мрцка газето. И џабе ќе ти кажуваме овде да престаниш да се гледаш со типацов отстрана, бидејќи ти си свесна дека не треба, а продолжуваш. А знаеш зошто продолжуваш? Бидејќи не чувствуваш грижа на совеста! Претпоставувам дека дечко ти е прекрасна личност, само го жалам што заглавил долги 7 год од својот живот, со некоја како тебе! Само да знаеш what goes around, comes around! Поздрав.
Целата ситуација ти е резултат од досада и монотонија во првата врска. Ако продолжиш да се гледаш со вториот ке ти биде интересно се додека има новинки т.е максимум до една година гледање, потоа се се сведува на механизам, со тоа ке ти исчезне и страста спрема него и пак ке си се вратиш кај првиот. Размисли си убаво, сепак со 22 години и 7 годишна врска, јас лично би рекла батали ги и двајцата. Ти кога требало да менуваш партнери си заглавила со еден , па сега носмално е да те чеша газенцето (да се изразам така, без навреда)
На две столчиња не се седи. Или одлучи се, или остави ги двајцата затоа што ваквите работи обично не завршуваат добро. Кога тогаш се излегува на виделина. Тоа што го правиш не е фер ниту човечно за никој, а ни за тебе, затоа што самата на себе си правиш лошо а очигледно не го разбираш тоа. Можеби ти било досадно и монотоно во врската па си почнала да се гледаш со друг? Незнам само како немаш грижа на совест од ова што го правиш. Освести се додека сеуште има време!
како можиш да излезиш на крај со двајца , некој одвај со еден не можат на страна зафрканција, немој да се навредиш од ова-АМА без разлика кога сте се фатиле и каква ви е врската СЕ додека си со него срамота е да се плеткаш со друг! Сепак 7 год. не се малку и човекот сигурно не го заслужува ова што му го правиш, стави се на негово место!!!!! Јас да сум на твое место не би имала ни лице да прашам вакво прашање, ако ти самата не знаеш што правиш и што сакаш, од кај ќе знаеме ние за да ти кажиме???? Не го заслужуваш ни едниот, ни другиот!!!!
а нели имаш односи со двајцата во исто време, и што ако несакајки т.е. случајно останеш бремена од вториот што ке правиш тогаш затоа седни размисли убаво и расчисти ги работите додека е време оти после ке биде доцна и ке се каеш ама ке биде доцна