Ништо,засега ништо, само се допишуваме чисто онака на зезање и пријателски, ме покани на кафе неколку пати ама го одбив, побарав пауза на дечкото некое време, да имам мир малку, да видам како ке се одвиваат работите некој период далеку од него, не за да најдам некој друг, не би го повредила на тој начин никогаш. Му кажав да не ме бара, дека јас ке го побарам ако е тоа потребно.Морам да признаам дека ми се допаѓа вториот ама засега ништо нема да има.
Снегулке мислам дека најдобрата одлука ја донесе, ти треба малку свеж воздух во душата. Периодов и самата си свесна и си знаеш што треба да правиш што не. Земи одмори низ дома, излези со другарки, замини кај раднини во друг град, освежи се и за некој период сами ке ти дојдат работите и чуствата на место. Доколку имаш уште чуства за ексот направи пак да бидете заедно, доколку не ако сака одржите некоја пријателска врска ако не здравје- чао пријатно ! Со другиот ако и после тој период ти се допаѓа, значи тоа е тоа, види пробај со него, само пополека без трчање Ти посакувам мир и ти поскаувам да се средиш , го имаш цело време на светов, исполни го во твоја полза
Девојки убаво ми е кога читам дека ме поддржувате во ова што го направив. Морам да признаам дека ми е тешко, кнедла ми стои во грлото, не можам да подголтнам, сакам да сум сама, да слушам музика, да мислам на се што се случуваше, го вртам филмот назад 6 години, се подсеќам на убавите мигови, сликата кога си заминав вчера не ми излева од глава, солзите негови ми се пред мене...ама не можам повеќе да го лажам, можеби сето ова немаше да се случи ако не го запознаев другиот човек, можеби без него ке ја продолжев лагава и ке бевме заедно без никакви чувства, само од навиката што ја имаме создадено еден кон друг.... се ке биде добро, знам, морам да се носам со ова што го направив, затоа што сепак јас го почнав!
Чек чек чек Зашто се обвинуваш самата себе чоек ? Тоа се чуства кои неможеш да ги контролираш, и со тој тип и без тој тип тебе пак ке ти овенале чуствата, мислам немој да си земаш на срце дека си крива, едноставно за ладење на врската вие двајцата сте си криви, не некои од страна. Патем можеби така требало и да биде. Биди силна во периодов, да тешко е ама стисни заби, и он ке се смири, ке биде и он добро не му мисли многу, Одмори овој период, понатаму само по себе ке си дојде моментот на кого треба да му ги поклониш твоите чуства. Сепак реално гледано 6години е многу време и доста логично да сте се оладиле. Спомени се тоа, ке останат засекогаш врежани во твое срце тоа да, ама мораш понатаму. Life goes on .
Јас сум добро, не чувствувам потреба да го видам, да го гушнам, да му се јавам, ама он очигледно лошо се чувствува, ми ѕвони постојано, пораки ми пишува, знам дека му е тешко ама мора вака да биде, а за спомените секако дека ке останат засегогаш во мене, имам доста убави спомени со него, прв дечко ми беше, со него ги поминав сите тие ПРВИ НЕШТА ВО ЉУБОВТА, и дали ке се смириме повторно или засекогаш ке се разделиме, нема да промени ништо, засекогаш ке се сеќавам како на едно прилично убаво време! Животот си тече, не не чека нас да одлучиме што понатаму!
и јас имам 7 годишна врска и се гледам со еден прекрасен човек................тоа што ми фали го најдов надвор а морав бидејќи кога зборев како канта да тропаше.....сега и јас сум среќна а и мајка му......
Јас цела ситуација извини,ама не можам да ја оправдам. Имам долга врска, сум имала моменти на слабост, сум имала причини и шанси ама не сум се смувала со никој, а не друго...Зошто? една многу проста причина - без разлика дали заслужил некој или не, дали го сакам или не, одамна одлучив дека секој кој е во врска со мене првенствено ќе го почитувам,за да можам со чист образ да барам почит. И нема да бидам со друг,никогаш! Тоа сум јас,човек, девојка исто како тебе... зошто ти би имала поинакви потреби?
Jas imam slicen problem na tvojot...so taa razlika sto so tipot so kojsto ne sum vo vrska, a strasno me privlekuva (iako ne e kvaliteten vo nikoj pogled kolku decko mi-nit ubav, nit elokventen,..a ne e ni bas intelegenten) ne sum spiela. Go gledam cesto niz grad, koga e so drustvo, znam kade raboti, od vreme na vreme i na rabotno mesto go gledam (kao nesto kupuvam od tamu), se ubivam od sedenje na chat so nego...i tuka zavrsuva se-gi odbivam negovite pokani za na kafe muabet vo grad...plasejki se od rizikot-sto bi se slucilo koga bi imale zaednicki pet minuti. A vamu se poizvesno mi deluva deka kako i da e ke zavrsam so nego za skoro..i ke go napravam toa sto tolku go izbegnuvam-da bidam intimna so nego. Me macat mnogu raboti...megju koi najmnogu vozdrzuvanjeto od sredba so tipot, i razmisluvanjeto na tema zosto voopsto mi se slucuva ova koga imam prekrasna vrska so decko mi-polna so ljubov, razbiranje, odlicna vzaemna komunikacija, neverojaten seks, i cuvstvo deka decko mi e mojata srodna dusa!
Јас сум била во слична ситуација. Идев со еден дечко 4 години и последните 6 месеци почнав да варам. Го изварав со еден тип(само еднаш) затоа што ми беше желба дури и пред да се фатам со дечкото па некев да си го кршам меракот кога конечно ми се пружи шанса. Да се вратам на темата. И јас мислев дека го сакам бившиот и дека цел живот ке бидам со него и немав воопшто да кажам гз да му раскинам. Се заколнавме дека секогаш ке се сакаме и дека нема никогаш да се напуштиме па можеби несакав да бидам таа која повредува. Но уште полошо да биде јас и покрај тоа осеќав потреба за нешто ново, па почнав да излегувам скоро секоја вечер со еден "ДРУГАР" и после 2 месеци се смувавме. Ми беше како зараза. Неможев да сфатам па тој и не ми се допаѓаше нешто посебно, искрено си тепав време со него и ми беше интересно. Башка тој е помал од мене 3 години и можеби тогаш се осеќав подоминантна. Како и да е несакав да прифатам дека не го сакам всушност дечко ми туку она што не спојува е само обична навика. Терав така со двајцата некои 6 месеци се додека не дозна мајка ми односно почна да се сомнева и секој ден ми збореше и еднаш премногу ме испровоцира што му се јавив на дечко ми и му раскинав. Ден денес еве 2 години сум со овој помалиов во врска и воопшто не се каам за мојата одлука.Заљубена сум до уши. Не беше фер спрема бившиот а и спрема мене да си го губиме времето. Го повредив многу но се погрижив за не дознае дека сум го варала, не заради мене(ич не ми беше гајле) туку заради него затоа што навистина беше предобар душичка, јас А тој НА секогаш. Сега врската ми е супер, воопшто не е монотона ниту пак сум доминантна, иако е помал, а сексот е друго 20. Најубавиот секс што сум го имала во животот. Па мој совет ти е да си се преиспиташ дали стварно го сакаш дечко ти со кој идеш 7 години или па се работи само за страв од тоа што ке речат твоите. неговите, околината. Ако раскинеш, потруди се никој да не дознае за врската со другиот па дури и откако ке раскинеш некој месец, па после ке си ја официјализираш врската. Јас кога раскинав моите лелееее ме побудалеа ама еве денес после 2 години се супер кон "новиот" дечко иако на времето многу се противеа. Сега ми вика мајка ми ако раскинеш со него ке те скршам. Баш го засакаа сите.
Да додадам само нешто Во ваква ситуација секогаш гласам за вториот, затоа што да е се ок со првиот никогаш нема ни да помислиме на втор!
има исто и народна поговорка ако треба да бираш помегу двајца избери го вториот затоа што да го сакаше колку што треба првиот немаше да гледаш во втор но секогаш не е така има и слуЧаеви од кои си имала момент на слабост (што јас не го оправдувам но има за Жал) да пробаш со вториот и пак да се вратиш на првиот, али слуЧаевите се ретки..
ke se onesvestam....kako si mozela da si dozvolis da imas skoro 8godini decko i da go izneveruvas so drug i toa seksualno???????????????????????????????prvo decko ti od 8godini ne go zasluzil toa veke koga idete tolku dolgo i ste se sakale ...osven ako on prethodno te nema iznevereno vtoro mnogu e bezobrazno od tvoja strana sto ne go pocituvas ...ako veke ti e zdosaden napravi mu ubav muabet deka ti treba malce pauza...i togas ke vidis ostani so vtoriot i ke vidis dali ke ti fali prviot...ako ti e ubavo poveke so vtoriot ostani so nego....a ako sfatis deka prviot decko ti si go sakas togas ako nemas griza na sovest a po ova so si go pisala ocigledno e deka nemas...togas smirete se i nisto ne mu kazuvaj... [mod-kirilica:11bvlvzl][/mod-kirilica:11bvlvzl]
Мене проблемот малце поголем ми стана...Имам дечко 3 годинии веќе...пред неколку месеци почнав да се допишувам со едно дете...почна многу да ми се допаѓа и почнавме да излегуваме...на овој вториов му велев дека не сум веќе со дечко ми, а уствари не беше така ...и сега работите се искомплицираа...незнаем што ми текна и на дечко ми му кажав дека сум го изневерила, но дека тоа се случило само еднаш ( иако јас повеќе пати излегов со него)...дечко ми реши да ми прости, но јас не сакам да престанам да излегувам со другиов...ауу незнам што да правам...
Мочли едни, ц ц ц... Абе некои се арно ке направат да им се погоди со еден, душата ке им излезе, и пак нема да чини, а таквите го вас ке си ладат п*****е со двајца тројца, и пак ке ви одат по газот. Ако, да си продолжите. Игрње со луѓе кои ве сакаат најскапо се плаќа во животот.
Седете си вие на две столчиња, само кога и двете ке се скршат па ке паднете на газ, е тогаш ке ве заболи, ке имате проблем и ке си ја чукате главата. Ова сега не ви се проблеми. Ова е само недозреаност, хирови, лекоумност и неодлучност т.е. слаб карактер. И повеќето приказни овде што ги гледам се само раскажувани, никаде не читам некоја да бара помош, туку повеќе ми личи на fuck me I'm famous and many guys love me. Call us when you grow up.
Офф многу страшен проблем си имала!!! Сакаш совет? (верувам дека не сакаш, ама сепак ќе ти дадам). ОСТАВИ го дечко ти од 3 години, препушти го на некоја што ќе го цени и почитува а не како што ти му забиваш ножеви зад грб а и рогови.
Вакви т.н. проблеми како што си ги викате не се проблеми,него се од збеснат газ густирања ваши. Не мислам да ти солам памет и да ти кажувам ова,она вака, онака затоа што мислам дека не заслужуваш!Извини можда сум груба али некои работи човек не може да ги прифати на убав начин колку и да сака.Ти не си згрешила случајно,туку тоа свесно повеќе пати ти се случило,сите грешиме но зависи какви грешки се тоа.Не можеш некои работи да си ги правиш постојано и да се оправдуваш дека си згрешила се случувало.И што совет бараш?ние да ти кажеме што да правиш?од каде да знаеме ние што осеќаш?По тоа што читам гледам дека не го сакаш дечкото,ако некого сакаш како можеш да го изневеруваш константно?Ма дај! Најпрво гледај среди се ти,подигни го својот морал,види што сакаш во животот,одлучи и донеси си правилна одлука САМАТА,ние не можеме да ти помогнеме.И МИСЛАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ ЗАСЛУЖУВА ТАКА ДА БИДЕ ПРЕЛАЖАН ВО ВРСКАТА.
слушај викторија не сакам да ти судам што си направила вистина но ке ти каЖам 2 3 работи во кратки црти. зарем немаш Чиство на совест? гриЖа? како Живееш и се споравуваш со ова?? воопшто не свакам. зарем за подзамисли додека му го правеше ова на деЧкоти??! зарем посмисли на него??! зарем тој ова го заслуЖува??! -јас мислам дека воопшто не! зарем другиот деЧко-муваЧот го заслуЖува сево ова лаЖање и непоЧит од твоја страна??! -секако дека не. со оваа твоја себиЧност и немарност ке ги изгубиш и двајцата и потоа ке ти биде тродупло тешко од овашто ти е сега. мој совет до тебе доколку дојде да бираш помегу две особи како во твојот слуЧај, секогаш бирај ја втората затоа што ако доволно си го сакала првиот немало да гледаш во втор, верувај.
Побаравте совет, не осудување, точно. Но, ајде сега вака, сменете ги улогите и замислете си: Вашиот дечко додека се лиже со вас и ви симнува ѕвезди, копнее по друга, се гледа со неа.. и тн. Притоа, ви признава дека го направил тоа само "еднаш" му простувате (истовремено си напрцувате на глава рогови со големина на ракета), и он повторно скришум, молчешкум си продолжува без никаква грижа на совест. Доволна е само комарација, замена на местата и се ќе ви стане јасно! Богами и јас би му простила да ме прави будала на здрав памет, мхм.... и тоа во "Све за љубав" ќе му приредам изненадување во знак на благодарност, аха да!
Дури и секс имаш со него,а викаш дека го сакаш првиот и дека ти е убаво со двајцата..Офф леле ти незнаеш што збориш бе... ..